Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини, е уапсен во утринската полициска акција спроведена од Министерството за внатрешни работи во соработка со Јавното обвинителство. Сејдини се товари за сериозни финансиски злоупотреби поврзани со средства доделени од УЕФА. Според првичните информации, станува збор за проневера на 700.000 евра, пари кои биле наменски доделени од европската фудбалска куќа за ...

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, денеска ќе ја посети општина Струга како дел од иницијативата за информирање на јавноста со цел приближување на ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалните заедници. Посетата на Рокас ќе почне со средба со градоначалникот на Струга, Менди Ќура, која ќе се одржи во 15 часот во општинската зграда. По средбата, предвидени се изјави за медиумите на евроамбасадорот Рокас и ...

Во Гевгелија денеска ќе се одржи јавна трибина „Актуелни состојби и еколошки предизвици на Вардарскиот речен слив“, на која ќе бидат презентирани клучните наоди од мониторингот и документот за јавни политики „Од локални инциденти до потенцијална екокатастрофа: како да се подобри управувањето со водите во Вардарскиот речен слив“. Како што велат организаторите, документот нуди препораки за јавните политики и институционалната координација. ...

Независниот академски синдикат (НАкС) вечер од 18 часот на Институтот за хемија при Природно-математички факултет – Скопје организира дебата за претставување на кандидатите за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за мандатниот период 16 септември 2026 – 15 септември 2029. Изборите за ректор на УКИМ ќе се одржат на 28 април, со тајно гласање на сите единици во состав на Универзитетот. Во трка за ректор се проф. д-р Дарко ...

Партијата на пензионери соопшти дека целосно го поддржува влегувањето во собраниска процедура на предлог-законот со кој би се забранило пратениците во Собранието да поседуваат двојно државјанство, што отсекогаш е едно од нашите залагања како партија, се наведува во соопштението ан Партијата на пензионерите. Исто така, бараме и ја подржуваме идејата ова правило да се имплементира за сите избрани функционери на сите рамништа на управа во целата ...

Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, од 4.30 до 15.30 часот денеска без електрична енергија ќе бидат корисниците од фирмите „Стил железо“, „Електроводомонд“, „Европа 92“, како и корисниците од улиците „1506“, „1550“ и „Дани Калош“ во Индустриската зона Момин Поток во општина Карпош. По известување добиено од ЕВН Македонија АД, РЦУК информира дека 8.30 до 14 часот денеска струја ќе немаат и корисниците од ул. „Роман Каскалиевиќ“ во ...

Во согласност со Законот за ученичкиот стандард, Министерството за образование и наука организира стручен испит за воспитувачите и стручните соработници во јавните ученички домови, кои по истекот на приправничкиот стаж се должни да го полагаат испитот. Полагањето на стручниот испит Министерството за образование и наука ќе го реализира во текот на идниот месец. Во објавата на веб-страницата на МОН се наведени документите кои кандидатите треба ...

Изградбата на граничниот премин меѓу Бугарија и Македонија, Струмјани – Берово, може да почне по потпишаните потребните еколошки процедури во Министерството за животна средина и водни ресурси, пренесува БНР. – Најтешкиот пат со одобрување на извештаите за влијанието врз животната средина е веќе завршен, и тоа во пократок временски период од очекуваниот. Во меѓувреме, се координираат барањата за инфраструктурата на самиот премин во однос на ...

Додека другите шират паника, магла и дезинформации, ВЛЕН работи со факти, одлуки и конкретни чекори за албанската култура. За нас, образованието и културата се столбовите на нашата визија за развој на албанското општество. Во овој поглед, албанските културни институции не само што не се во опасност, туку влегуваат во конкретна фаза на зајакнување и функционализација, се вели во соопштението од ВРЕДИ. Посветеноста на Владата на ВЛЕН и ...

Генералниот секретар на СДСM, Александар Саша Димитријевиќ одржал средба во Скопје со српските опозиционери Бранко Ружиќ и Јован за формирање опозициски фронт, по директни инструкции на Заев и Башановиќ, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Јован Ратковиќ е меѓународен секретар и член на претседателството на Социјалдемократската партија (СДС) во Србија, која е дел од Партијата на Европски Социјалисти (ПЕС) во која членува и македонската ...

Утрово најстудено беше на Попова Шапка, каде беа измерени -4 степени Целзиусови. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, -1 степен е измерен во Mаврови Анови, 0 во Kрушево, 1 во Крива Паланка, 2 во Берово и Претор, 3 во Тетово и Охрид, 4 во Виница, Битола, Прилеп и Штип, 5 во Скопје-Петровец, Кавадарци, Демир Капија и Струмица, 6 во Куманово, 7 во Скопје-Зајчев Рид, Велес, како и 8 во Гевгелија. Најмногу дожд во изминатите 24 ...

Пораката од роденденот на СДСМ е поразителна. Одушевувањето, еуфоријата и восхитот од пристигнувањето на нивниот врховен лидер и ментор на Филипче, Зоран Заев јасно покажа кој ги држи конците во СДСМ, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Пречекот и аплаузот за Заев се доказ дека Филипче и истите лојалисти на Заев продолжуваат по старата матрица, на заштита на поединци, затворени кругови и игнорирање на гласот на сопственото членство. Во ...

Во Виена се одржа значајна средба помеѓу делегација на Македонија и делегацијата на Австрија, во атмосфера на отворен и конструктивен дијалог. Разговорите беа фокусирани на унапредување на соработката во повеќе области од заемен интерес, со посебен акцент на економијата, инвестициите и идните заеднички проекти, информира попладнево премиерот Христијан Мицкоски. -Ја потврдивме подготвеноста за продлабочување на партнерството и зајакнување на ...

Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје известува за повикот на шпанското Министерство за надворешни работи за прием на магистерски студии по дипломатија и меѓународни односи на Дипломатската школа во Мадрид, за 2026 – 2027 година, насочени кон дипломатски службеници и кон кандидати што не се дипломати. -Магистерските студии се консолидирани и познати како светска референца за подготовка на аналитичари и експерти за меѓународни односи и ...

Ако ЕУ смета дека е геополитичка неопходност проширувањето со Западен Балкан, основата е да направи конкретни чекори во тој правец, а не само реторички да повторува дека е геополитичка нужност. Геополитичката нужност може да биде присутна, но ако нема конкретни чекори тоа ќе бидат празни зборови, истакна во разговор заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски, по неговото учество на Економскиот форум во ...

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари средба со амбасадорот на Италија во Македонија, Паоло Палминтери. На средбата, како што соопшти денеска општинската прес-служба, била истакната важноста на Струга како еден од најубавите и најпрепознатливи делови на државата, како и традиционално блиските врски со Италија, особено имајќи ја предвид бројната струшка заедница која живее и работи таму. Амбасадорот Палминтери, наведува ...

Штипскиот гимназијалец Даниел Христов освои бронзен медал на престижната Менделеева олимпијада по хемија – натпревар каде се соочуваат најдобрите млади хемичари од целиот свет, соопштија денеска од гимназијата „Славчо Стојменски“-Штип. -Со особена гордост објавуваме дека нашиот амбасадор Даниел Христов освои бронзен медал на овој значаен успех е резултат на огромен труд, посветеност и љубов кон науката. Даниел достојно ја претстави нашата ...

Во рамки на официјалната посета на Австрија, денеска во Виена се одржа пленарна средба на двете владини делегации, на која министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, се осврна на приоритетите во процесот на зелена трансформација. Хоџа нагласи дека земјата се соочува со наследени еколошки предизвици и дека фокусот е на нивно решавање преку трајни системи и капитални инвестиции. Меѓу приоритетите издвоени пред двете ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој е дел од владината делегација што ја предводи премиерот Христијан Мицкоски во Виена, на денешната средба со австрискиот канцелар Кристијан Штокер ги истакнал регионалните развојни проекти, со фокус на коридорите како инвестиции со најголем економски потенцијал. Николоски, како што информира преку својот фејсбук профил, се осврнал и на изградбата на брзата пруга на Коридорот 10. ...

Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин на телевизија Алфа, каде се осврна на актуелната тема за укинување на техничката влада. Според него, оваа техничка влада е резултат на политички договори и не треба повеќе да постои, бидејќи ја нарушува демократијата. Тој смета дека власта треба да произлегува директно од волјата на граѓаните, а не од политички договори, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. -Предлогот за измени и ...

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа попладнево учествуваше на деловната средба помеѓу бизнисмени од Македонија и Австрија, одржана во рамките на официјалната владина посета на Виена. Во своето обраќање тој ја претстави Македонија како дестинација за зелени инвестиции, нагласувајќи ги конкретните можности во секторите на управување со отпад, пречистување на отпадни води и обновлива енергија. Како што информира ...

Енергетиката денес е прашање на стабилност, безбедност и геополитичка позиција. Македонија има јасна амбиција да се позиционира како регионален енергетски јазол, преку интерконективност, диверзификација и силен инвестициски циклус во обновливи извори. Нашата порака е јасна – ние сме партнер што нуди предвидливост, стабилност и конкретни можности за инвестиции, рече министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на ...

Ја изразуваме нашата решителност, во духот и целите на Солунската агенда, активно да го унапредиме патот кон членство на сите партнери од Западен Балкан и да постигнеме конкретни резултати за време на грчкото претседателство со Советот на ЕУ. Во месеците до грчкото претседателство, нашата заедничка цел е да поставиме нови темели за приближување и европска интеграција на Западен Балкан, пишува во декларацијата усвоена на министерскиот состанок ...

Претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев, денеска на Регионалниот еколошки самит во Астана повика на засилена регионална и меѓународна соработка за справување со недостигот на вода, деградацијата на екосистемите, загадувањето и енергетската транзиција, додека претседателот на Ерменија порача дека неговата земја, и покрај минималниот удел во глобалните емисии, веќе се соочува со сериозни последици од климатските промени и ќе продолжи ...

Заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, денеска претседаваше со 14 состанок на Секторската работна подгрупа „Внатрешни работи“, која претставува форум за меѓуресорска соработка за спроведување задачи на експертско ниво поврзани со формулирање и имплементација на националните секторски политики вклучително и оние релевантни за интегрирање во ЕУ, како и користењето на донаторска помош и инструментот за претпристапна помош ИПА. На ...

Бошњачкиот демократски сојуз најостро реагира на неправилното и неприфатливо претставување на учесници на ракометниот турнир што моментално се одржува во државата, се наведува во соопштението од Сојузот, кое МИА го пренесува интегрално. Имено, во машкиот (детски/јуниорски) турнир – Група А, како „држава учесник“ е наведена „Република Српска“. Потсетуваме дека „Република Српска“ не е држава, туку ентитет во состав на Босна и Херцеговина, ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, остварил средба со делегација на инвеститори од Турција, од регионите на Истанбул, Анкара и Измир, кои доаѓаат од значајни сектори како енергетика, медицина, дигитализација, градежништво и земјоделство. На средбата, како што соопшти Кабинетот на Сали, се разговарало за конкретни можности за инвестиции во земјата, како и за унапредување на економската соработка ...

Македонија и Австрија имаат извонредни билатерални односи во сите сфери, но постои голем простор и потенцијал за интензивирање на економската соработка, оценија премиерот Христијан Мицкоски и австрискиот канцелар Кристијан Штокер на денешната средба во Виена. Како што истакнаа на прес-конференција, можност за јакнење на бизнис врските има во повеќе области, посебно во делот на инвестициите и туризмот. Мицкоски и Штокер информираа и за мерките ...

Има моменти кога Европа мора да избере дали ќе реагира или ќе води. Денес сме токму во таков момент. Живееме во време на преиспитување кога сигурноста не се подразбира. Во такви околности зборовите имаат помала тежина од одлуките, а декларациите вредат онолку колку што сме подготвени да ги спроведеме. Ни треба Европа што не чека, туку дејствува, што не се двоуми, туку одлучува, што не се плаши од конкуренција, туку ја создава – порача денеска ...

Делфи-декларација, продолжение на Солунската агенда од 2003 година за ЕУ-перспективата на Западен Балкан, усвоија шефот на грчката дипломатија, Јоргос Герапетритис, и претставниците на шесте земи од регионот, односно заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Ферит Хоџа, првиот вицепремиер и министер за надворешни работи и дијаспора на Косово, Глаук ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
26%
1012
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
2.68
34%
1010
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
64%
1010
weather icon

Софија

24ᴼ / 23ᴼ
1.54
27%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
2.13
37%
1012
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
1.03
91%
1010
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
5.66
38%
1015
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
73%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
52%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 24ᴼ
5.14
38%
1013
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
5.66
41%
1009
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
39%
1016
Currency

61.635

Currency

52.6778

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Кобалт

45.39

Платина

64172.89

Сребро

2840.84

Калај

50.03

Алуминиум

3.57

Бакар

12.06

Рутениум

51376.89

Злато

166450.52

Родиум

319899.93

Цинк

3.35

Паладиум

48883.97

Иридиум

253540.09