Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Општина Битола ја информира јавноста за постапката за начинот на исплатата на средствата за избирачките одбори кои ги реализираа локалните избори 2025 година. Од секторот за односи со јавност соопштуваат дека од буџетот на Општина Битола исплатени се 25 проценти од вкупната сума согласно законската обврска и за истото се информирани претседателите на избирачките одбори. Остатокот од 75 проценти од средствата се интегрирани во предлог буџетот на ...
Со цел побезбедни празници – да не се употребува пиротехника, апелираат утрово од Министерството за внатрешни работи. Министерството ги повикува граѓаните за време на новогодишните празници максимално да се воздржат од употребата на пиротехнички средства. Петардите не се играчка, нагласуваат, нивното користење е строго забрането, а празничното пукање со петарди може да биде исклучително опасно по животот и здравјето, оставајќи екстремно тешки ...
Нивото на водата во Дојранското Езеро е 102 сантиметри под договорениот минимум, покажуваат најновите мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Под просекот за месец декември е и водостојот на Преспанското Езеро, кој се наоѓа 4 сантиметри под апсолутниот појавен минимум. Според денешните мерења регистрирано е покачено ниво на повеќе реки во земјава. Зголемување има кај реката Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и Демир Капија. ...
Во Собранието денеска почна расправа по Дополнетиот предлог буџет, со кој, според ресорната министерка Гордана Димитриеска Кочоска, се продолжува со макроекономската стабилност, фискалната консолидација, се обезбедува економски раст, како и средства за сервисирање на сите обврски вкучително и исплаќање на еврообврзницата. Растот на БДП во 2026 година е проектиран на 3,8 проценти, а инфлацијата на 2,5 проценти. Вкупните приходи треба да ...
Четириест и седумгодишен штипјанец синоќа е лишен од слобода, откако на неговата тезга на Градскиот плоштад „Слобода“ биле најдени 1.340 паричиња пиротехнички средства. Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип денеска информира дека синоќа во 20:15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода М.Н.(47) од Штип. При преглед на неговата тезга на плоштад „Слобода“ во Штип, полициските службеници пронашле и одзеле 1.340 парчиња ...
Пратеникот Беким Сали кој е предложен за вицепремиер и министер за европски прашањае е избран за вршител на должноста претседател на политичката партија Алтернатива, откако досегашниот лидер Зеќирија Ибрахими поднел неотповиклива оставка на вчерашната седница на Централното собрание на партијата. Ибрахими во објавата на Фејсбук, каде информира за оставката, посочува дека таа е резултат на неговите политички убедувања и визија, а не поради ...
Фото-кино клуб „Козјак“ од Куманово го објави конкурсот за осмото издание на „ФИЛМАЈ“-фестивалот на краток филм, информираа денеска од клубот. Заинтересираните можат да се пријават преку платформите „FilmFreeway“ и „festhome“. – Може да се пријават кратки играни филмови со траење до дваесет минути, изработени по 1 јануари 2024 година. Конкурсот ќе биде отворен до 8 март, наредната година, информираа од фото-кино клуб „Козјак“. Филмовите може да ...
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, денеска ќе го прими американскиот командант на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт и на свечена церемонија ќе го одликува со Орден за воени заслуги. Генерал-мајор Најт, како што информираат од Кабинетот на Сиљановска – Давкова, се одликува со Орден за воени заслуги за неговиот особен придонес во продлабочувањето на македонско-американското пријателство и воената соработка што ...
Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт. -Во разговорот се осврнавме на продлабочување на соработката меѓу нашите институции, особено во домените на обуката, размената на искуства и поддршката во изградбата на модерни и ефикасни одбранбени капацитети, напиша Мицкоски во објавата на Фејсбук. На средбата присуствуваа и министерот за одбрана ...
Спиновите на СДСМ и хистеријата за наводен криминал не поминува. СДСМ во очај од своите егзистенцијални проблеми почна да конструира наводни скандали за некакви тендери, постапки кои се согласно закон, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Секоја фирма и компанија во државава кои ги исполнува условите и критериумите има право да учествува на постапки за јавни набавки, а на крај да се избере најповолната понуда. И во двете постапки кои СДСМ ...
Со поставени над 50 блокади низ цела Грција, меѓу кои и на граничните премини кон нашата земја, кон Бугарија и Турција, грчките земјоделци продолжуваат со протестите, планирани се нови затворања на границите во текот на денешниот ден, а во градот Ираклио на грчкиот остров Крит аеродромот беше затворен до рано утрово и беа откажани низа летови. Како и во изминатите денови, така и денеска, граничниот премин Евзони се очекува да биде неколку часа ...
Со цел побезбедни празници – да не се употребува пиротехника, апелираат утрово од Министерството за внатрешни работи. Министерството ги повикува граѓаните за време на новогодишните празници максимално да се воздржат од употребата на пиротехнички средства. Петардите не се играчка, нагласуваат, нивното користење е строго забрането, а празничното пукање со петарди може да биде исклучително опасно по животот и здравјето, оставајќи екстремно тешки ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски во рамки на посетата на Обединетите Арапски Емирати денеска оствари средба со министерот за надворешна трговија, Тани бин Ахмед Ал Зејуди. Двајцата соговорници, како што информира Кабинетот на Муцунски, ги потврдија одличните билатерални односи и го истакнаа растечкиот потенцијал за продлабочување на соработката. Посебен акцент беше ставен на економијата, трговијата и ...
Пред почетокот на денешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, уште еднаш јавно ги повикуваме пратениците од власта да не бегаат и да се одважат пред родителите и народот со присуство на седницата, се наведува во денешното соопштение на Левица. Нема простор за ароганција и партиски калкулации. Поминаа девет месеци од трагедијата што однесе млади животи, а Собранието за целиот тој период не ...
Општина Битола за претстојната зимска сезона и за мобилна зимска служба ќе издвои 17 милиони денари, а од нив 15 милиони денари се наменети за градежната оператива, а два милиони денари за индустриска сол, песок-ризла и ладна асфалтна маса. Според утврдената програма, зимската служба ќе се потпира на потенцијалот на локалните јавни претпријатија, а доколку е потребно ќе се побара поддршка и од друга градежна оператива во градот. Со одлука на ...
Најниска температура утрово е измерена во Крушево и Маврови Анови, -1, по што следуваат Охрид и Куманово, 0, Претор,1, Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид и Крива Паланка, 2, Прилеп и Берово, 4, Тетово, Битола, Штип, Виница, Велес и Гевгелија, 5, Кавадарци,6, Демир Капија и Струмица со 7, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Како што најави УХМР, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските ...
Два скандали, две објавени бомби од Антикорупцискиот тим на СДСМ чекаат соодветна институционална рекција од ДКСК и Јавното обвинителство, се наведува во соопштението од СДСМ. Првата бомба, фирма со двајца вработени основата минатата година добива 9 милиони евра договори за тендери од владата на Мицкоски, објавена пред 10 дена. Втората бомба, семејна фирма на Томовски, го чисти Буџетот на граѓаните со 5,5 милиони евра. Бројот е негов, таткото е ...
ВМРО-ДПМНЕ како државотворна и одговорна партија, носител на државноста низ изминатите години, уште еднаш ја потврди својата посветеност за развој на Македонија. На последниот партиски конгрес, покрај политички и партиски одлуки, донесе и важен државнички документ, „Ново поглавје – Стратегија Македонија 2030“, која претставува визија за модерна, стабилна и европски ориентирана Македонија, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Оваа ...
Пациентите со депресија и други болести коишто не реагираат добро на стандардните терапии, од следната 2026 година ќе може да примаат лековити препарати од „Псилоцибин“ – активната состојка во таканаречените „магични печурки“. Антидепресивите им помагаат на околу 70 отсто од пациентите, додека психоделиците може да понудат ефикасна алтернатива за преостанатите 30 проценти. Иако властите воведоа строги правила што дозволуваат терапевтска употреба ...
Општина Новаци прв пат оваа година додели субвенции на млади лица кои одлучиле да посетуваат авто школа и да се здобијат со возачка дозвола за возила од „Б“-категорија. Решенијата за исплата на субвенциите за возачки дозволи од „Б“- категорија за сите млади лица до 26 години ги потпиша градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски. -Секој корисник ќе добие финансиска поддршка во износ од 10.000 денари, како дел од нашата локална политика ...
ВМРО-ДПМНЕ на својот 18.Конгрес усвои нов стратешки документ за развој на државата во следната деценија, под назив „Ново поглавје – Стратегија Македонија 2030“, се наведува во соопштението од СДСМ. Вака почнува најавата за уште еднаш копи-пејст (препишана) програма Србија 2030. Почнувате да читате. Вештачка интелигенција, стратегија, циклични импровизации, сајбер безбедност, геоекономска дипломатија, фонд за технологии, иновации, научни ...
Партијата СДСM, која е синоним за криминал и корупција, луѓето кои ја уништија државата како Заев, Филипче, Ковачевски, Николовски и многу други да не ги набројуваме ќе ни треба цел ден, истиве преку пресови и соопштенија секојдневно вртат една иста тема, колку да кажат нешто, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Па еве по 100-ти пат да им објасниме. Мигранти од Велика Британија нема да има. Томовски нема приватна фирма, ниту пак удел во ...
Иднината на една држава зависи од нејзината способност да изгради чисти институции, со интегритет и отчетност, вели претседателот на Собранието, Африм Гаши по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата. Овој ден не е само симбол, туку и сериозен потсетник, како што истакнува Гаши, да не заборавиме дека борбата против корупцијата не се води сама по себе и не се ограничува само на закони. -Борбата против корупцијата бара култура на ...
Eве што ви носат ѕвездите во љубовта, работата и здравјето! ОВЕН Дневниот хороскоп за 9 декември 2025 година ве вовлекува во ненадеен проект на работа кој на почеток изгледа хаотично, но ќе привлече внимание кон вас. Во љубовта може да ве изненади порака од некој со кој долго не сте биле во контакт. Бидете трпеливи и сослушајте ја другата страна во конфликтна ситуација. Можно е да имате несоница. БИК Неочекувана средба во продавница или на улица ...
Времето денеска во утринските часови ќе биде проследено со појава на магла по котлините. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и тивко, освен во југоисточните делови каде ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, соопшти УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени. Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот сончево ...
Советот на јавни обвинители на Македонија, денеска ќе ја одржи 32. седница на која треба да биде донесена одлука за избор на нов Претседател на Советот. Советот на јавните обвинители на 28-та седница одржана на 30 септември, донесе одлука за престанок на функцијата претседател на Советот на Душица Димитриеска, поради истек на мандат на 1 октомври годинава, а изборот на нов претседател го одложи поради локалните избори. До изборот на нов ...
Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во македонското Собрание денеска закажа седница, на чиј дневен ред е претставката поднесена од Здружение на граѓани „16 март 2025 Кочани“, во јавноста познато како Здружение на родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во писмото на Здружението се посочува дека ова за нив не е политичка тема, туку борба за правда за нивните деца и спречување на идни ...
Сојузот на стопански комори на Македонија денеска го организира настанот „Денот на коморите“ под мотото: „Економија и проекти – сегашност и иднина”. Од ССКМ информираат дека во период на динамични промени, продолжуваме напред со нова визија што ги обединува стратешките цели, тековните иницијативи и проектите насочени кон поконкурентна и одржлива иднина за сите. -Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ), како водечка независна деловна ...
Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, од денеска до 11 декември ќе престојува во официјална посета на државава. Како што соопшти АРМ, по пречекот со високи воени почести, генералот Најт ќе оствари средба со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски. Во текот на престојот, согласно агендата, предвидена е и средба ...
Предлог-буџетот за 2026 година, дополнет со усвоените амандмани, денеска е на дневен ред на 73. седница на Собранието. Во текот на амандманската расправа во матичната Комисија за финансирање и буџет, беа прифатени неколку амандмани од вкупно поднесените околу 200 амандмани. Предлог-буџетот за 2026 година е еден од стратешките економски документи што се усвојува при крајот на годината, а со кој се трасира патот на економијата во следната година. ...