СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТОТ вреден 6.328.023 денари, освои играч од Враниште Најпосакуваната ВЛТ добивка е освоена на видеолотариските терминали кај деловниот соработник „Спортлајф", на 25.03.2026 година, во Враниште. Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија искрено му честита на добитникот. Во периодот од 23.03.2026 до 29.03.2026 година, Видеолотарија Касинос Австрија исплати вкупно 12.042.726денари кон играчите на ВЛТ терминалите низ Македонија, ...

Кошаркарите на скопски ТФТ испишаа вечерва нова страница во клупската историја, откако обезбедија дебитантски настап во полуфиналето на АБА 2 лигата, триумфирајќи во решавачкиот трет натпревар од четвртфиналето против Златибор на гостински терен со 90-80. Македонскиот состав одлично го почна натпреварот и по водството од 28-15 по првата четвртина, на средина од вториот период ја зголеми предноста на +15 (30-15). Сепак, Златибор одговори со ...

Портланд ги победи Лос Анџелес клиперси утрово на гостински терен во натпревар од регуларната сезона на НБА со 114:104. Гостите клучната предност ја остварија во втората четвртина која ја добија со 28:15. За Клиперс ова е прв пораз по петте врзани победи. Резултати на другите натпревари од НБА-лигата играни ноќта вторник кон среда: Орландо – Феникс 115:111 Бруклин – Шарлот 86:117 Детроит – Торонто 127:116 Хјустон – Њујорк 111:94 Милвоки – ...

Со одигрувањето на финалните средби од баражите, познати се сите учесници на фудбалскиот Мундијал 2026. Ирак стана последен учесник на Светското првенство, откако рано утрово во Монтереј (Мексико) ја совлада Боливија со 2:1. Синоќа преку европските баражи, пласман на планетарниот собир изборија, Босна и Херцеговина по победата над Италија на пенали (4:1), Турција по триумфот над Косово (1:0), Чешка над Данска (на пенали 3:1) и Шведска над ...

Дефанзивно ориентирана и со само еден удар кон противничкиот гол, македонската фудбалска репрезентација одигра вечерва во Даблин нерешено 0-0 против Ирска во пријателски натпревар на двете селекции кои минатата недела со порази во полуфиналните баражи останаа без пласман на Светското првенство. Македонскиот селектор Гоце Седлоски направи четири измени во почетниот состав од дуелот во четвртокот против Данска во Копенхаген, давајќи им шанса на ...

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, го критикуваше тврдењето на американскиот министер за финансии, Скот Бесент, дека економските последици од војната со Иран би биле краткотрајни, јави Блумберг, повикувајќи се на извори. Таа за време на видео-повик зад затворени врати со гувернерите на централните банки, министрите за финансии и министрите за енергетика на Г7, истакнала дека последиците ќе се чувствуваат ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека Вашингтон е задоволен од напредокот постигнат во Венецуела во последните три месеци и повтори дека планот на Соединетите Американски Држави предвидува стабилизација на земјата, економско закрепнување и политичка транзиција со слободни избори. Рубио во интервју за Фокс њуз изјави дека првата цел на стратегијата на САД е да се стабилизира ситуацијата во Венецуела со цел да се спречи ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, доцна синоќа изјави дека изборите во Србија, без да прецизира дали тоа се однесува и на парламентарни и на претседателски избори, ќе се одржат до крајот на годината, а можеби и до Видовден, 28 јуни. - Ги бараа, ќе видиме кога ќе бидат изборите - изјави Вучиќ за телевизијата Информер. Тој додаде дека владата ќе ја почитува одлуката на народот на тие избори, како и да одлучи. Вучиќ по повод синоќешниот ...

На сцената на Македонскиот народен театар денеска во рамки на роденденското одбележување 81 година МНТ, ќе гостува Словенечко народно гледалиште од Марибор со претставата „Амадеус“ од наградуваниот Питер Шафер и во режија на меѓународно признаениот македонски режисер Александар Поповски. Како што информираат од МНТ, претставата е псевдобиографска комична драма за еден од најславните композитори на сите времиња, напишана од англискиот ...

Папата Лео Четиринаесетти вчера изрази надеж дека американскиот претседател Доналд Трамп бара „излезна рампа“ за војната со Иран. „Се надевам дека бара излез“, рече папата кога го праша новинар пред неговата резиденција во Кастел Гандолфо во близина на Рим. „Се надевам дека бара начин да се намали количината на насилство, на бомбардирањето“. 70-годишникот е првиот поглавар на Католичката црква од Соединетите Американски Држави. Папата беше ...

Иран сè уште не донел одлука за преговорите со САД, изјави министерот за надворешни работи Абас Арагчи. Арагчи вчера изјави дека неговата земја има резерви. „Немаме никаква верба дека преговорите со САД ќе дадат некаков резултат. Нивото на доверба е на нула“, рече високиот дипломат, додавајќи: „Не гледаме искреност“. Иран, исто така, би прифатил само целосен прекин на непријателствата во регионот, а не прекин на огнот ограничен само на Иран, ...

Државниот архив на Република Македонија денеска одбележува 75 години од основањето. На свеченоста што ќе се одржи во Порта Македонија, како што информираат од Државниот архив, ќе има обраќања и доделување благодарници на неговите верни поддржувачи и пријатели. -Овој јубилеј е момент да се потсетиме на значењето на Архивот како чувар на културната меморија и историското наследство, но и како институција што гради мостови кон иднината, се ...

На Клиниката за гастроентерохепатологија во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ – Скопје денеска ќе се одржи настан по повод започнувањето на две нови медицински процедури: Холангиоскопија и Апликација на ендоскопски стент под контрола на ендосонографија (LAMS). Настанот ќе се одржи во обновениот ендоскопски кабинет на Клиниката. Како што информираат од Клиниката почесен гостин на настанот ќе биде проф. д-р Петко Караѓозов, професор по ...

Први април, Денот на шегата, ширум светот се одбележува како ден посветен на хуморот, смеата и безопасните шеги. Во нашата земја, традиционално, најмладите маскирани во суперхерои, принцези, бубамари, пчелки, готвачи, лекари и ликови од цртани филмови дефилираат низ градот, создавајќи ведра и шарена атмосфера. Градот оваа година повторно ќе биде исполнет со детска радост на манифестацијата „Априлијада“. ЈУ Детски културен центар „Карпош“, под ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, а сите патни правци се проодни. Снег провејува во Маврово и Крушево и на планинските премини Стража и Ѓавато. Намалена видливост до 20 метри поради магла има на патниот правец Попова Шапка-с.Лисец. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената ...

ЕВН Македонија АД известува дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат жителите од неколку улици во Кисела Вода. Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците: Есенинова бр.8, Борис Трајковски бр.1 , дел од влез 1, и ул. Жил Верн бр.12. ЕВН Македонија АД известува дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат ...

Времето денеска под влијание на циклонска активност ќе биде врнежливо, а наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m²). Од УХМР информираат дека поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 12 ...

Собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите денеска ќе одржи седница, на чиј дневен ред е Предлог одлуката за одржување на Надзорна расправа на тема: „Спроведување на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство, од аспект на еднаквите можности, институционалната координација,предизвиците и можностите за унапредување на ефикасноста на постапувањето на органите на извршната ...

Ќе ги одземам сите делегирани овластување кои одредени обвинители ги добиле од поранешни јавни обвинители, но и од вишите обвинителства вклучувајќи го и овластувањето за обвинителката Ленче Ристовска за случајот Талир. Ова го изјави првоот човек на јавното обвинителство Ненад Савески - на денешниот прв брифинг со медиумите. Поради чуствителноста - предметот за Кочани нема да биде одземен, рече Савески. По реакциите во јавноста за одлуката да ...

Управа за јавни приходи соопшти дека студентите не се „на удар“ и не се воведуваат нови даночни обврски, туку се спроведуваат постојните закони. Институцијата нагласува дека целта е ред и еднаква примена на даночните правила за сите граѓани. Студентите кои работеле во странство треба да го пријават доходот, но нема двојно оданочување. Според договорот со Германија, данокот за краткотрајна работа под 183 дена се плаќа во македонија. Од УЈП ...

Десетти самит на верските лидери на Балканот, кој годинава е во организација на Исламската верска заедница во Скопје. Реисот Ул Елема Хаџи Шаќир ефенди Фетаи со порака за обединување, соживот и надминување воените проблеми кои се настанати. Претседателот на Дирекцијата за верски прашања на Турција, Сафи Арпагуш со поздрави од претседеталеот на Турција, Реџеп Таип Ердоган потсетувајќи дека исламот има значајно влијание кон животот. На настанот ...

Пекарниците подготвуваат нова цена на лебот. Според информациите на Телевизија 24 белиот леб од 450 грама кој се продава по цена од 35 денари, во периодот што следи ќе добие нова повисока цена од 40 денари. Оваа цена нема да важи само во главниот град, туку основниот прехранбен производ ќе се продава поскапо и во поголемите градови низ Македонија. Од почетокот на новата глобална криза во земјава како последица на поскапите горива повисоки ...

Матноста на водата во Струга го извади на површина долгогодишното лошо управување со Изворите Шум, кои со децении го снабдуваат градот со вода, а низ кој се преплетуваат дивоградби и децениски долгови кон државата. На денешниот брифинг во Министерството за животна средина беше потврдено дека Општина Струга цели 18 години не платила ниту денар за користење на водата од изворот. Дури по неодамнешниот колапс на системот, локалните власти поднеле ...

По СДСМ и ДУИ тврдат дека постојат не задоволни функционери од македонскиот политички блок кои сакаат да го напуштат владејачкото мнозинство иако како што велат интегративците не мора да значи дека промените би почнале директно од законодавниот дом, туку тоа може да се случи и во останатите институции. Сепак одговарајќи на новинарски прашања на оваа тема велат нема да ги изненадат било какви евентуални промени и во пратеничките групи но ...

Салмонела е причина за труењето со храна кај вработени во РЕК Битола. Центарот за јавно здравје ги соопшти резултатите од анализите спроведени заедно со Институтот за јавно здравје, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и агенцијата за храна, направени по пријавените случаи на стомачни тегоби по вечерата во мензата на РЕК на 24 март. Околу 120 вработени во комбинатот побараа лекарска помош и се пожалија на стомачни тегоби по ...

На денешниот брифинг за медиумите, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, информираше за тековните активности и политики насочени кон справување со аерозагадувањето и унапредување на заштитата на животната средина, нагласувајќи ја посветеноста на институцијата кон транспарентност и отворен дијалог со јавноста. Министерот нагласи дека подготовките за новиот Закон за индустриски емисии, кој стапува на сила во 2027 ...

Вкупно 39 припадници на Министерството за внатрешни работи постапиле погрешно по пријавите за семејно насилство кои досега биле поднесени против Стојанче Јовановски – сопругот на Ивана од Скопје која на почетокот на март годинава почина по пад од балкон со нивната шестгодишна ќерка Катја. Известувањето од МВР за утврдените пропусти кај полициските службеници веќе е доставено до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и ...

Ново убиство ја стресе земјава. Во Гостивар, син е уапсен под сомнение дека го убил својот татко, а потоа се обидел да го прикрие делото, тврдејќи дека починал по пад во бањата. Според информациите, случајот бил пријавен како несреќа, но по преземени истражни дејствија полицијата утврдила елементи на кривично дело и го лишила од слобода осомничениот. Ова е четврто убиство во последните пет дена, период кој започна со пронаоѓањето на ...

Двајца вработени во полициска станица Кочани денеска како сведоци предложени од одбраната сведочеа за контролите во „Пулс“ во периодот од 7 октомври 2023 до 7 февруари 2024. Продолжи судењето за Кире Богатинов, Горан Лазаров и Александар Темелков, полициските службеници кои не постапиле во целост по анекс-плановите за акциска контрола при изготвување записници. Во записниците биле констатирани прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир, но ...

Министерството за внатрешни работи изврши линеарно покачување на платата за вработените во бруто износ од 2.470 денари, соопшти МВР. „Согласно објавениот нов податок за минимална плата, Министерството за внатрешни работи изврши линеарно покачување на платата за вработените во МВР во бруто износ од 2.470 денари и тоа почнувајќи со исплата на плата за месец март 2026“, соопшти МВР. Од таму додаваат дека во наредниот период, со имплементација на ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
26%
1012
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
3.13
34%
1010
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
64%
1010
weather icon

Софија

24ᴼ / 23ᴼ
2.06
29%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
2.13
37%
1012
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
2.06
92%
1010
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
5.66
38%
1015
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
73%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
52%
1017
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
5.14
37%
1013
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
7.2
40%
1009
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
34%
1016
Currency

61.635

Currency

52.6778

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Калај

50.03

Родиум

319899.93

Алуминиум

3.57

Злато

166450.52

Кобалт

45.39

Паладиум

48883.97

Бакар

12.06

Иридиум

253540.09

Платина

64172.89

Цинк

3.35

Сребро

2840.84

Рутениум

51376.89