Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Како што соопшти Автомотосојузот на Македонија, поради зголемена фреквенција на возила на граничниот премин „Богородица“ времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 до 40 минути. -На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез ...

Милијардерот Илон Маск најави формирање на нова политичка партија во САД наречена Американска партија, еден ден откако спроведе анкета меѓу своите следбеници на социјалната мрежа Икс за потребата од нова политичка опција. - Со оглед на соодносот 2 спрема 1 во корист на нова политичка партија, ќе имате една!, објави Маск на Икс, додавајќи оти партијата треба „ја врати слободата на народот“. Најавата за нова политичка партија доаѓа по нарушените ...

Времето и денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а освежување се очекува од средината на следната седмица. Минималната температура денеска ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. За попладневните и вечерните часови денеска УХМР прогнозира локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава ...

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе отпатува за Катар. Претходно, Израел соопшти дека подготвува одговор откако Хамас изрази подготвеност да преговара за прекин на огнот и ослободување на заложниците. Хамас синоќа потврди дека е подготвен да се вклучи во разговори за предлогот ...

Францускиот напаѓач Анж Јоан Бони е нов фудбалер на Интер, објави попладнево италијанскиот гигант. Според италијанските медиуми, трансферот е вреден 23 милиони евра. Бони доаѓа во Интер од редовите на Парма и беше еден од клучните играчи минатата сезона. Францускиот репрезентативец до 21 година во својата дебитантска сезона во Серија А одигра 37 натпревари во дресот на Парма и постигна шест голови. Бони е 37 француски фудбалер во клупската ...

Фудбалери на Ливерпул и на португалската репрезентација се собраа денеска во португалското гратче Гондомар на погребот на нивниот соиграч Диого Жота, кој загина заедно со својот помлад брат Андре Силва во сообраќајна несреќа во Шпанија во четвртокот. Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, голманот Каомиин Келехер и тренерот Арне Слот беа меѓу поранешните и сегашните соиграчи кои пристигнаа во Португалија доцна во петокот за да им оддадат ...

Директорот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, изјави дека Макс Верстапен има намера да остане во австрискиот тим следната сезона, и покрај шпекулациите за евентуален трансфер на четирикратниот последователен шампион во Формула 1 во тимот на Мерцедес. „Неговата намера е да остане и да вози за нас во 2026 година. Јасно е дека има интерес од другите тимови“, рече Хорнер на маргините на Големата награда на Велика Британија, која викендов се взи на ...

Молчат инстотуциите, молчиме и ние. Вака родителите и роднините на настраданите во кочанската трагедија денеска ги испратија пораките до надлежните. На 12-тиот по ред Марш за ангелите, денеска во Кочани, овие луѓе кои пред речиси четири месеци ги изгубија најмилите, повторно ја поминаа истата рута. Свирчиња и молк и пред кафе барот на сопственикот на дискотеката Пулс и пред здрадите на Општина Кочани, полицијата, судот и обвинителството. Сепак, ...

Во 95-тата година од животот денеска во Скопје почина писателот Цане Андреевски. Роден е 1930 година во Кратово каде што завршил основно училиште, а во Скопје завршил Учителска школа и Филозофски факултет. Како помлад новинар учествувал во уредување на списанија за деца и на весникот „Млад борец“, но најголемиот дел од својот работен век, сè до пензионирањето, го поминал во Радио Скопје, каде многу години бил уредник на Културната редакција и ...

Главниот град на Хрватска, Загреб, втор ден по ред, е преполн со обожаватели на контроверзниот пејач Марко Перковиќ – Томпсон, кој вечерва ќе одржи концерт на Хиподром. Досега 16 лица побарале медицинска помош поради алергии, гадење, дехидрација и прекумерна консумација на алкохол. Вкупно 44 лица се приведени – едно за нарушување на јавниот ред и мир, а 43 за пиротехнички средства. Конфискувани се 91 парче пиротехнички средства. Обожавателите на ...

Светскиот рекет број 1, Италијанецот Јаник Синер, на убедлив начин се пласираше во четвртото коло на Вимблдон, откако попладнево триумфираше над Шпанецот Педро Мартинез со 6-1, 6-3, 6-1. Следниот противник на Синер ќе биде победникот од дуелот меѓу Бугаринот Григор Димитров и Австриецот Себастијан Офнер. Во женска конкуренција, шампионката на Вимблдон од 2022 година, Казахстанката Елена Рибакина, го заврши настапот во третото коло, откако ...

Повеќе од 500 луѓе со мали чамци вчера го преминаа Ла Манш и илегално пристигнаа во Велика Британија. Вкупно 517 луѓе со осум чамци пристигнаа во Велика Британија, со што бројот на илегални имигранти од почетокот на годината се искачи на 21.117, што е за 56 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата година. Британската министерка за внатрешни работи Ивет Купер најави воведување на построги мерки во борбата со нелегалната миграција и ...

Актуелниот светски првак и возач на Ред Бул, Холанѓанецот Макс Верстапен постигна најбрзо време на денешните официјални квалификации за трката за Големата награда на Велика Британија која в недела ќе се вози на патеката Силверстоун. За Верстапен ова е 44 полпозиција во кариерата, оставајќи ги зад себе во квалификациите двајцата возачи на Мекларен. До него во првиот ред ќе стартува Оскар Пјастри, додека Ландо Норис ќе стартува од третата ...

Три тони кокаин, кои на пазарот достигнуваат вредност од 90 милиони долари, се запленети во Еквадор, кои, според тамошните власти ѝ припаѓаат на албанската мафија, која е поврзана со колумбиските и мексиканските нарко-картели. Како што јавија албанските медиуми, дрогата била откриена пред два дена на фарма во југозападниот град Гвајакил. Кокаинот бил скриен во камион полн со пакети со банани, кои биле спакувани со различни логоа, подготвени да ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ во извештајот од 18:00 часот. АМСМ препорачува ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната прес-конференција во Владата истакна дека државата покажува решителност во справувањето со организираниот криминал и корупцијата. Тошковски посочи дека изминатата година биле разбиени 14 организирани криминални групи, со над 200 сторители, меѓу нив и група вмешана во девет убиства. Во однос на дивоградбите во земјава вклучително и тие за кои алармира градоначалничката Данела Арсовска, ...

Скопското јавно обвинителство денеска соопшти дека ќе вложи жалба на одлуката на Кривичниот суд, поради тоа што наместо ефективен притвор, му одредил куќен притвор на 25 годишно лице кое со својот мотоцикл кој го управувал без возачка дозвола, смртно го прегазил Југослав Николовски буквално на пешачката патека пред неговата зграда лоцирана кај Паркот на франкофонијата на улицата „Јован Хаџиконстантинов-Џинот“. Мотоциклистот покрај што возел без ...

Родителите на загинатите во кочанската трагедија сега обединети во Здружението на граѓани „16-ти март 2025 Кочани“ денеска повторно ќе маршираат низ кочанските улици по предвидената маршрута која почнува од Паркот на револуцијата во Кочани, преку трговскиот центар и зградата на општината по што ќе се упатат кон полициската станица и пред зградата на Основниот суд и Обвинителство во Кочани. Маршот почнува во 18 часот и пет минути укажувајќи на ...

Мала поддршка и големи критики доживеа најавата на премиерот Мицкоски со која тој ја фрли ракавицата во насока како да се зголеми наталитетот и да се застане на патот на демографската рецесија , соопштувајќи дека се размислува да се воведат даноци за немажени и за неженети лица. Едни сметаат дека наместо ефекти ќе има контраефект во борбата со демографијата и уште повеќе ќе ги натера младите иднината да ја бараат во странство. Професорката ...

На трети јули годинава 76 годишно лице со иницијали Б.Д. од Берово во СВР Штип пријавило кривично дело – „измама“ против лице на возраст од 54 години со иницијали Д.И. од скопско Трубарево. Според пријавителот во период од 2022 до СЕГА пријавениот со намера за себе да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување на факти ги довел и ги држел во заблуда пријавителот и неговата сопруга М.Д. прикажувајќи се самиот себе како лице со ...

Отчетот на министерот за внатрешни работи Тошковски е далеку од реалната состојба во државата И Е УШТЕ еден обид за бегање од вистината. А вистината е дека за една година Македонија е далеку од држава во која владее ред, правда и одговорност, како што сака да прикаже Тошковски, реагират со соопштение од СДСМ. За една година, безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена – Македонија гори од насилство, убиства по улици, пресметки на криминални ...

Нов топлотен бран ја зафати Македонија со температури кои надминуваат над 34 степени. Жештините го зафаќаат цел регион а метеоролозите предупредуваат дека високите температури ќе се задржат до средината на следната недела. Екипата на Телевизија 24 направи обиколка низ Скопје, каде што речиси празните улици сведочат дека граѓаните ги избегнуваат најтоплите часови од денот. Оние кои мора да излезат, внимателно се заштитени – со себе носат шише ...

Центарот за управување со кризи информира дека на територијата на државата се евидентирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои четири се уште се активни, а четири се успешно изгаснати. Во селото Бешиште, Општина Прилеп, има пожар во мешана шума. Во Општина Македонски Брод, гори деградирана дабова шума и грмушки. Во Општина Чашка, под Солунска глава, има чад на карпест терен, а во Општина Велес, гори ниска вегетација. Оd ЦУК апелираат ...

Андреј Жерновски, човекот кој не избламира пред земја членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор не може да зборува за дипломатија. Жерновски кој седеше со месеци во Букурешт без да предаде акредитивни писма, слуга на Заев не може да кажува како треба да се работи, се наведува во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ Според ВМРО ДПМНЕ Жерновски глумел дипломат, а всушност се работело за човек кој е следбеник на дипломатијата ,,еден народ, две држави". СДС ...

Разорните пожари во областа Измир во Турција се ставени под контрола, објави денеска турската влада, додека напорите за гаснење огнената стихија продолжуваат во југоисточната провинција Хатај. Службите за итни случаи во Хатај работеа цела ноќ за да го изгаснат пожарот што избувна во петокот попладне во шума во Дортјол и брзо се ширеше поради силните ветрови. Гувернерот на Хатај изјави дека досега се евакуирани девет области и речиси 2.000 луѓе. ...

Зградата на Собранието на Косово денеска беше евакуирана по наредба на обезбедувањето, непосредно пред почетокот на 42-то продолжение на конститутивната седница. Пратениците кои беа во салата веднаш заминаа од парламентот, додека во исто време новинарите кои требаше да ја следат седницата беа замолени да ја напуштат зградата. Според поранешниот претседател на парламентот Гљаук Коњуфца, обезбедувањето било информирано дека добиле телефонска ...

Коалицијата Маргини ја осудува изјавата на премиерот Мицкоски дека „време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца, младите ќе стапуваат во брак, а оние кои се отселени ќе се вратат“. Според нив, ова претставува редефинирање на државата како био-политички проект, во кој државноста се мери преку способноста да се дисциплинира телото, да се контролира приватноста и да се одреди кој живот вреди. Најавите за даночни санкции за немажени и ...

Топлотниот бран што ја зафати земјава и денеска носи многу високи температути кои ќе достигнат до 41 степен. Ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде меѓу 33 и 41 степен. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб јужен ветер и температура до 41 степен. Поради високите температури од вчера е активирана фазата 3 од Акцискиот план ...

Во изминатата година разбивме 14 организирани криминални групи, со над 200 сторители, а меѓу нив и брутална група која беше вмешана во девет убиства, изнуди, палења и напади врз полицијата. Ова е доказ дека државата си ја враќа силата и нема да толерира никакво насилство, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференција во Владата на која ги презентира резултатите на МВР и сработеното во изминатата година. Тошковски ...

Шест лица се полесно повредени на аеродромот во Палма де Мајорка за време на евакуацијата на патнички авион на авиокомпанијата „Рајанер“ поради мал пожар, пренесува ДПА. Според извештаите на шпанските медиуми, авионот требало да полета за Манчестер кога избувнал пожарот, предизвикувајќи паника кај патниците. Капетанот го известил екипажот за пожар на моторот, по што биле отвоени вратите за итни случаи и патниците биле евакуирани. Во паника некои ...

weather icon

Скопје

36ᴼ / 36ᴼ
3.09
23%
1014
weather icon

Белград

33ᴼ / 30ᴼ
4.63
33%
1019
weather icon

Загреб

32ᴼ / 30ᴼ
3.6
41%
1022
weather icon

Софија

35ᴼ / 34ᴼ
2.57
23%
1015
weather icon

Сараево

38ᴼ / 38ᴼ
2.85
14%
1014
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 28ᴼ
6.17
50%
1022
weather icon

Атина

36ᴼ / 33ᴼ
10.29
25%
1011
weather icon

Тирана

39ᴼ / 39ᴼ
1.54
13%
1012
weather icon

Подгорица

39ᴼ / 39ᴼ
4.12
17%
1012
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 32ᴼ
7.2
37%
1018
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 29ᴼ
3.09
38%
1022
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 31ᴼ
9.77
35%
1015
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326