Затворањето на Ормутскиот Теснец поради војната меѓу САД, Израел и Иран го преполови глобалното снабдување со нафта, а авиопревозниците се соочуваат со парадокс кој би можел да ја преобликува индустријата каква што ја познаваме – горивото стана многу скапо, а покачените цени на билетите ја задушуваат побарувачката која би требало да ја спаси. Цената на млазното гориво во февруари изнесуваше околу 96 долари по барел. До 20 март таа скокна на ...

Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска повика на деескалација во војната на Блискиот Исток, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека целите се постигнати. Албанезе рече дека американско-израелските напади ги ослабнале воздухопловните сили, морнарицата и одбранбената индустрија на Иран. „Сега кога целите се постигнати, не е јасно што останува да се постигне или каков треба да изгледа исходот (од војната)“, рече тој во ...

Земјотрес со јачина од 7,4 степени по Рихтер рано утрово погоди во близина на Тернате, остров во индонезискиот архипелаг Молука, соопшти Геолошкиот завод на САД (УСГС). Едно лице загина, предизвикани се материјални штети, а регистрирано е и цунами, соопштија индонезиските власти, иако агенциите за катастрофи изјавија дека веројатноста за штети е мала. Индонезиската метеоролошка агенција соопшти дека цунами се регистрирани на пет локации, при ...

Амбасадата на САД во Тирана предупреди дека групи поврзани со Иран можно е да нападнат субјекти поврзани со САД во Албанија. Во објава на Фејсбук, Амбасадата соопшти дека иранските опозициски елементи со седиште на албанска територија, исто така, би можеле да бидат цел. - Американската амбасада во Тирана издаде предупредување до своите граѓани, наведувајќи дека цел на ирански напади може да бидат субјекти поврзани со САД или елементи на ...

Едно лице загина како последица на невремето што зафати повеќе региони во Грција, проследено со обилни врнежи, грмотевици и силен ветер. Противпожарните служби рано изутринава извлекле безживотно тело на маж од под автомобил во реонот на Неа Макри, во источниот дел на областа Атика. Во интервенцијата учествувале четворица пожарникари со две возила. Според медиумските информации, станува збор за маж од полско потекло кој живеел во сутерен. За ...

Седуммесечно бебе во количка смртно настрада при пукотница во њујоршката населба Бруклин. Инцидентот се случил кога маж од мопед во движење пукал кон група луѓе на тротоар на улица во Бруклин. Првичните проценки на полицијата се дека пукотницата што се случила вчера во попладневните часови е пресметка на банди, а бебето е случајна жртва. „Нема зборови што можат да ја излечат болката на семејството. Едвај започнат живот е одземен во миг“, рече ...

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за Стојанче Јовановски, обвинет за повеќе дела поврзани со семејно насилство и трагичната смрт на неговата сопруга Ивана и нивната 6-годишна ќерка. Случајот се однесува на настанот од 2 март, кога мајката и детето скокнаа од стан во скопската населба Тафталиџе. На вчерашното рочиште сведочеше Мартин Саздов, кој бил присутен во последните моменти пред трагедијата. Тој опиша сцени на ...

Во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје, вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи промоција на збирката раскази „Ништо нормално“ од Симона Јованоска, во издание на издавачката куќа „Или-Или“. Збирката е објавена во едицијата „ПРОаЗА“ како книга број 246, а низ разговор со авторката ќе ја промовира писателот Иван Шопов. Според издавачот, со „Ништо нормално“ Јованоска, по два романа и една книга за деца, повторно му се враќа на ...

Еден од најдобрите кошаркари на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ е предводник на својот тим и во оваа сезона и веќе имаат обезбедено плејоф. Но, аналитичарката во НБА лигата Рејчел Николс има свое видување за игрите на словенечкиот репрезентативец. Таа истакнува дека Дончиќ не е главен кандидат за наградата МВП и објаснува. „Мора да играте на двете страни на теренот во текот на сите осум месеци. Тој напредува, но одбрана не е одговорен како ...

Сан Антонио спарс рано утрово го победи Голден Стејт вориорс на гостински терен со 127:113 во натпревар од регуларниот дел на НБА-лигата. Центарот на Спарс, Виктор Вембањама, беше најефикасен на натпреварот со дабл-дабл ефект од 41 поен и 18 скока за 28 минути поминати на теренот. Сан Антонио е во серија од десет победи. Тимот има биланс 58-18 (победи-порази) за во моментов второто место во Западната конференција на НБА. Голден Стејт со ефект ...

Фудбалерот на Ал-Итифак, Марио Балотели, изјави дека е горд што е Италијанец. Изјавата на „Супер Марио“ доаѓа по поразот на Италија од Босна и Херцеговина на пенали во баражот за Светското првенство 2026. -Горд сум што сум Италијанец - напиша Балотели на социјалните мрежи, објавувајќи фотографија по постигнувањето гол на Светското првенство во 2014 година. Балотели го постигна последниот гол за Италија на фудбалските Мундијали. Во 2014 ...

Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Енцо Фернандез, го споредува Мадрид со Буенос Аирес. - Секогаш ѝ велам на сопругата Вал дека ако треба да изберам град за живеење во Европа, тоа би бил Мадрид. Многу е сличен на Буенос Аирес, вклучително и храната, рече Енцо на „Лузу ТВ“. Оваа сезона, 25-годишниот Аргентинец одигра 46 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 12 гола и шест асистенции. Енцо се приклучи на Челзи од Бенфика во 2023 ...

Агентите на фудбалерот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали, му ги понудија своите услуги на Реал Мадрид. Според „TEAMtalk“, претставниците на играчот го информирале раководството на Реал Мадрид дека Њукасл е подготвен да го ослободи својот играч за 92 милиони евра. Тонали наводно се смета за резервна опција за „Лос Бланкос“ доколку не успеат да го потпишат играчот од средниот ред на Манчестер сити, Родри. Оваа сезона, тој има 47 настапи ...

Најстудено е утрово на Попова Шапка, -1 степен, каде што има и снежна покривка од 72 сантиметри. Како што информира УХМР, 1 степен утрово е во Mаврови Анови, 2 во Kрушево и Лазарополе, 4 степени во Претор, 5 во Охрид и Берово, 6 степени во Крива Паланка, Битола и Прилеп, 7 во Тетово, 8 во Скопје - Петровец, Скопје - Зајчев Рид, Куманово, Велес, Штип, Виница, Кавадарци, Демир Капија и Струмица и 9 степени во Гевгелија. Во изминатите 24 часа, ...

Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска од 07:30 до 15:30 часот, ќе сотанат дел од ул.Жан Жорес, РИО Кафе во Илинден, Дени Интернационал, Кромберт и Шуберт во Илинден, Делта Комерц и дел од Хиподром, информира РЦУК Скопје. Струја 08:15 до 14:00 часот, ќе немаат и дел од бул.Никола Карев (кај Мулти Бренд), СТОП & ГО, Момин Поток кај Рибокомерц, од 09:00 до 12:00 часот дел од ул.Ваташа во Општина ...

Американската армија соопшти дека извршила напади врз повеќе од 12.300 цели во Иран, од почетокот на конфликтот што трае повеќе од еден месец. Централна команда (CENTCOM) што ги надгледува американските сили во регионот, соопшти дека во нападите се „оштетени или уништени“ повеќе од 155 ирански пловни објекти. „Силите на CENTCOM изведуваат напади за демонтирање на безбедносниот апарат на иранскиот режим, со приоритет на локации што ...

Соединетите Американски Држави вчера ги укинаа санкциите врз венецуелската вршителка на должноста претседателка Делси Родригез, според објава на веб-страницата на Министерството за финансии на САД, додека Вашингтон продолжува постепено да ги ублажува мерките врз Каракас. Првично не беше наведена причина за одлуката. САД и привремената влада предводена од Родригез се согласија да ги обноват дипломатските односи откако САД го соборија ...

Израелската армија утрово соопшти дека одбила нов ирански ракетен напад, четврти по ред во последните шест часа. Израелските сили „идентификуваа ракетен напад од Иран во насока на Државата Израел“ и „одбранбените системи работат на одбивање на заканата“, се вели во соопштението на армијата објавено додека одекнувале сирени за воздушна опасност на многу места во северен Израел. Според израелските служби за безбедност, нема податоци за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека воена мисија во Иран ќе заврши „многу брзо“, дека досега се постигнати „убедливи победи“, и оти САД „исклучително силно“ ќе го нападнат Иран во наредните две до три недели. Трамп во обраќањето до нацијата од Белата куќа рече дека САД ќе ги уништат сите ирански електрани и дека ќе ги гаѓаат нафтените постројки, доколку со иранските лидери не се постигне договор. - Од почетокот на операцијата ...

Времето денеска ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m²), на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната ...

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за здравство, на чиј днвен ред е Предлог на законот за изменување на Законот за здравственото осигурување, во прво читање. Со Предлогот на закон за изменување на Законот за здравственото осигурување се врши усогласување со Законот за меѓународна и привремена заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр.64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.45/25), каде е уредено ...

Ценовниот шок не стивнува – по горивата, на удар се лебот и основните продукти.Пекарниците во Прилеп и Битола ја зголемуваат цената на белиот леб од 450 грама – од 35 на 40 денари.Слични најави има и во дел од пекарите во источниот дел на земјата, односно во Штип и Кочани.Во Скопје, пак, веќе неколку дена се забележува поскапување на бурекот, симитот и други пецива, за околу пет денари. Горан Малишиќ од Групацијата на мелничко-пекарската ...

Помал економски раст и повисока инфлација за македонската економија, во услови на засилени надворешни ризици и продолжена неизвесност на глобалните пазари прогнозира Меѓународниотмонетарен фонд во својот најнов извештај за земјава. Според Фондот, поскапувањето на енергенсите и случувањата на Блискиот исток може да ја забават економијата и повторно да ги кренат цените. Воедно, земјата ќе троши повеќе пари за увоз на енергија, па се очекува ...

САД ќе ја завршат војната со Иран за две до три недели ..Доналд Трамп убеден дека наскоро ќе заврши конфликтот на Блискиот Исток, дури иако Техеран не ги прифати планот од 15 точки кој САД му ги испорачаа на Иран..Додека расте бројот на држави кои не се согласуваат со американскитер политики, Доналд Трамп повторно се закани дека ќе ги повлече САД од НАТО..Од Белата куќа пак за вечерва најавија вонредна пресконференција на американскиот ...

Неколку часови пред трагичниот настан кога Ивана и Катја починаа при пад од тераса, Ивана го пријавила Стојанче дека ја тепа. По пријавата, полицајците извршиле службен разговор и со Ивана и со Стојанче и им рекле „да си го решат проблемот“. Бидејќи Ивана не одговорила на прашањата на полицајците кој ја малтретира и кој и се заканува и рекле дека ако уште еднаш пријави ќе добие кривична пријава за „лажно пријавување кривично дело“. Вака ...

Судскиот процес за тринаесетте полициски службеници кои се товарат за „тешки дела против општата сигурност“ за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ по барање на одбраната се одложи судењето. Одложувањето е по барање на одбраната на двајца обвинети, причината е заради друг притворски предмет во кочанскиот суд. Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска рече дека телефонски стапиле во контакт со бранителот и побарале да обезбеди присуство на друг ...

Премиерот без коментар за одлуката на државниот обвинител Ненад Савески - за одземените делегирани овластувања на обвинителите, вклучувајќи ја и обвинителка Ленче Ристовска. За одземените овластувања од Ристовска за Талир 1 и Талир 2 поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, за перење пари и незаконско финансирање на партиското седиште Мицковски одби да коментира, но пред медиумите отворено изнесе свои очекувања од новиот обвинител Савески набројувајќи ...

Нема поместување ниту милиметар , уставни измени без било какви гаранции нема да има ова е позицијата која и денеска ја бетонираше - премиерот Мицкоски во изјава за медиумите одговарајќи на новинарско прашање а во врска со реакциите на опозицијата дека тој само го кочел евроинтегративниот процес на земјата . Мицкоски пак и денеска со изјава дека уставни измени без ВМРО ДПМНЕ не се можни а немал намера како што вели да ги продолжел мекотелните ...

Ние сме единствена држава што ги намали цените, единствена држава во регионот и можеби најдобра во Европа што се однесува до цените на нафтата и нафтените деривати. Од аспект на количини, граѓаните да бидат спокојни, има доволно. Ситуацијата ќе ја следиме и во зависност од неа така ќе реагираме - вели премиерот Мицкоски. Тој додава дека предизвици ќе има, но, како што нагласува, иако тие не зависат од нас, туку од глобалната состојба, Владата ...

Меѓународниот монетарен фонд ги поздравува заложбите на Владата за фискалната консолидација и намалување на буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП во 2026 година - информира Министерството за финансии повикувајќи се на објавениот извештај на ММФ по редовната мисија спроведена во изминатите две недели. Според ММФ, фискалната консолидација треба да продолжи на среден рок и буџетскиот дефицит да се сведе на 2 процента до 2030 година. На ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
26%
1012
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
2.68
34%
1010
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
64%
1010
weather icon

Софија

24ᴼ / 23ᴼ
2.06
29%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
2.13
37%
1012
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
2.06
94%
1010
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
5.66
41%
1015
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
77%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
52%
1017
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
5.14
37%
1013
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 23ᴼ
7.2
42%
1009
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
34%
1016
Currency

61.635

Currency

52.6778

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Родиум

319899.93

Паладиум

48883.97

Калај

50.03

Злато

166450.52

Алуминиум

3.57

Иридиум

253540.09

Рутениум

51376.89

Платина

64172.89

Сребро

2840.84

Бакар

12.06

Кобалт

45.39

Цинк

3.35