Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Ова е куќата во која утрово синот си ја уби мајката. Во тивката улица во Росоман, каде што соседите се навикнати на секојдневниот ритам на животот, денот започна со злосторство. 27-годишниот Игор со нож во вратот ја уби својата мајка, 54 годишната Сијка, во семејниот дом, по што викнал полиција и и се предал. Но, соседите велат, трагедијата не дошла од никаде. Со години, тврдат, од куќата се слушале кавги, викања и закани. Раскажуваат дека ...
Стојанче вршел контрола врз Ивана, бил љубоморен, вршел психичко и физичко насилство, сведочеше денеска мајката на Ивана во судот. Со погрдни зборови покрај Ивана понекогаш ја нарекувал и малата Катја, неговата сестра и мајка како и мајката на Ивана. Стојанче бил пријавуван во полиција и од неговата мајка за малтретирањето кон Ивана. Еден период Ивана не ѝ признавала на мајка си дека модриците и црвенилото околу вратот ѝ се од Стојанче. ...
Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска го потпиша колективниот договор за вработените во Министерството, со кој се предвидува зголемување на платите на административните службеници. Како што соопшти МЈА, зголемувањето на платата на административните службеници ќе биде до 40 проценти и ќе се реализира во три фази, од март 2026 до март 2028 година. МЈА во соопштение нагласува дека се прави значаен чекор кон унапредување на ...
Максималната малопродажна цена на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за 2,5 до 3 денари за литар, а цената на дизелот останува иста - одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,41 отсто. Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се намалува за 2,5 денара за литар, а ...
По неколку дена прикриена дипломатија, Пакистан објави дека ќе биде домаќин на мировни разговори меѓу САД и Иран по средбите на министрите за надворешни работи на Пакистан, Турција, Саудиска Арабија и Египет во Исламабад за ставање крај на војната на Блискиот Исток. Ишак Дар - министер за надворешни работи на Пакистан „Разговаравме за можните начини за брзо и трајно завршување на војната. Среќни сме што и Иран и САД изразија доверба во ...
Лишен од слобода е 27-годишен жител на Росоман, кој утрово со остар предмет ја убил неговата мајка, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. - Полициски службеници од ОВР - Кавадарци денеска го лишија од слобода И.Р., на возраст од 27 години од Росоман. Во СВР - Велес, тој сам пријавил дека утрово околу 07:30 часот во семејниот дом со употреба на остар предмет ѝ нанел убодни рани на неговата 54-годишна мајка, која од ...
Преживеаните и повредени лица од пожари се соочуваат со сериозни психолошки последици - потенцира проф. д-р Славица Арсова, директорка на Универзитетската клиника за психијатрија, на втората научна конференција на Универзитетската клиника за дерматологија, што се одржа викендов во Скопје. Ова го покажа истражувањето на Универзитетската клиника за психијатрија спроведено кај 50 повредени лица во трагичниот пожар во Кочани - испитаници што биле ...
Водата на скопската територија е квалитетна и безбедна за пиење, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје. Јавното претпријатие го објави неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите, спроведени во Секторот за санитарна контрола. - Секторот за санитарна контрола во периодот од 23 до 27 март зема 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа ...
Утрово е најстудено на Попова Шапка, -3 степени, а максимални 9 степени се измерени во Гевгелија, информира УХМР. На Попова Шапка има и 59 сантиметри снег. До 08:30 часот се измерени и -2 степена во Mаврови Анови, -1 во Битола и Претор, 0 во Тетово, Прилеп, Охрид и Kрушево, 2 во Берово, 4 во Крива Паланка и Виница, 5 во Куманово, 6 во Штип, Велес и Струмица, 7 во Скопје-Петровец, Демир Капија и Кавадарци, како и 8 степени во Скопје-Зајчев ...
Поднесена е кривична пријава против 80-годишен грчки државјанин, а приведени се вкупно четири лица за убиството кое е извршено во Виница. По преземени мерки и активности од страна на ОВР Виница, во содејство со ОЈО Кочани, во насока на расчистување на кривично-правниот настан, извршени се претреси во возилата кои лицата ги управувале и во просториите во апартманите во Виница каде што лицата престојувале. При претресите пронајдени и одземени ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на вечрашната средба со јорданскиот крал Абдула Втори разговарал за актуелната ситуацијата на Блискиот Исток и во регионот на Персискиот Залив, како и за можностите за безбедносна соработка. „Украина е отворена за соработка во сферата на одбрана од напади со дронови и ракети. Од сопствено искуство знаеме дека без единствен систем е невозможно да се обезбеди целосна заштита на населението и критичната ...
Британската министерка за финансии Рејчел Ривс ќе ги повика земјите од Групата Г-7 да го забрзаат процесот на премин кон употреба на чиста енергија, како мерка за одбрана на националните економии од шоковите предизвикани од растот на цените на нафтата и гасот. Според британското Министерство за финансии, Ривс ќе укаже дека растот на цените на енергенсите оди во прилог на Русија и оти намалувањето на зависноста од фосилни горива го ограничува ...
Руската противвоздушна одбрана во текот на ноќта соборила 102 украински дронови над повеќе региони на земјата, соопшти Министерството за одбрана на Русија. Според соопштението, дроновите биле пресретнати над Белгородската, Курската, Воронешката, Ростовската, Волгоградската, Пензенската, Уљановската и Самарската област, пренесе РИА Новости. Се наведува дека украински беспилотни летала биле соборени и над Краснодарскиот крај, како и над ...
Од почетокот на војната во Украина во март 2022 година до денес турската армија пресретнала вкупно 275 сомнителни објекти во водите на Црното Море, вклучително подводни мини, беспилотни летала и поморски дронови. Во писменото соопштение на турското Министерство за одбрана се појаснува дека од 2022 година турската воена морнарица континуирано спроведува извидувачки, надзорни и патролни мисии со цел откривање и неутрализирање сомнителни ...
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почнува судењето за Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана Јовановска која на 2 март се самоуби заедно со нејзината 6-годишна ќерка. Јовановски е обвинет за три кривични дела - Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45, односно телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како ...
Мандолинскиот оркестар ХГГД Слога од Загреб денеска и утре ќе престојува во земјава и ќе одржи концерти во Скопје и Битола. Првиот концерт ќе се одржи вечер во Скопје, а утревечер е концертот во Битола. Диригент е Максимилијан Бориќ, а ќе бидат изведени композиции од хрватски композитори. Како што се наведува во најавата, „Слога“ има богата традиција и е еден од водечките мандолински оркестри во Хрватска. Почетокот на двата концерта е во 19 ...
Цивилен авион неавторизирано влегол во привремено забранета зона за летање околу имотот „Мар-а-Лаго“ на американскиот претседател Доналд Трамп на Флорида. Северноамериканската командата за воздушна одбрана (НОРАД) соопшти дека авионот бил пресретнат од ловци„ Ф-16“. Тие испукале сигнални ракети за да го привлечат вниманието на пилотот и да воспостават комуникација, по што леталото безбедно било изведено надвор од забранетиот воздушен простор. ...
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека започнале со напади врз цели во Техеран рано утрово. „ИДФ моментално ја напаѓа воената инфраструктура на иранскиот терористички режим низ целиот Техеран“, соопшти војската во објава на Телеграм, без да даде дополнителни детали. Околу 30 минути подоцна, ИДФ соопшти дека „идентификувале ракети лансирани од Иран кон територијата на Државата Израел“. „Одбранбените системи работат за да ја ...
Цените на нафтата денеска надминаа 115 долари по барел при отворањето на берзите во Азија, додека продолжуваат воздушните напади во земјите на Блискиот Исток, нешто повеќе од еден месец по почетокот на војната во Иран. Цената на суровата нафта од марката „брент“ изнесува 115,84 долари, што е зголемување од 2,9 отсто во однос на цената од петокот, пренесува Би-Би-Си. Цената на таа нафта по барел беше околу 72 долари пред 28 февруари, кога ...
Австралија привремено ќе ја преполови акцизата за гориво, бидејќи растечките цени на енергијата поврзани со конфликтот на Блискиот Исток ги зголемуваат трошоците, објави денеска премиерот Ентони Албанезе. Се очекува мерката, првично поставена за три месеци, да ги намали цените на бензинот и дизелот за околу 0,26 австралиски долари (0,17 американски долари) по литар. Владата, исто така, ќе ја намали таксата за користење на патиштата за тешки ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Сите патни правци во државата се проодни. Како што информира ЈП „Македонија пат“, на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. Претпријатието апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината кон условите на патот. Сообраќајот на државните ...
Санкционирано е лице од Радовиш кое управувало возило со брзина од 178 километри на час надвор од населено место. Како што информира МВР, станува збор за П.К.(33) против кого се преземени соодветни мерки. Мобилната единица на МВР вчера попладне, во 18:55 часот, на експресниот пат Штип - Радовиш, го пресретнала П.К. со специјално возило - пресретнувач и измерила брзина на движење на неговото патничко моторно возило „мерцедес" со скопски ...
Со проекција на филмот „Склоност кон пораз“ од Лени и Арпо Гит вечер во Кинотека почнува Неделата на франкофонски филм што ја организираат Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција во соработка со амбасадите на земјите-членки на Меѓународната организација на Франкофонијата. На отворањето ќе се обратат амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер и амбасадорот на Белгија во Софија, Пол Ламбер. Влезот за оваа проекција е слободен. ...
Времето денеска ќе биде облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната од 10 до 18 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 15 степени. Веќе од утре под влијание на ...
Обвинителството во целост се залага за почитување на членот 10 од Европската конвенција за човекови права и членот 16 од Уставот, кои ја гарантираат слободата на изразување и на објективно информирање на јавноста. Обвинителството ги штити човековите права и слободи и со тоа создава услови за нивно непречено остварување, се наведува во реакцијата од Јавното обвинителство. Обвинителството во целост се залага за почитување на членот 10 од ...
Министерството за внатрешни работи излезе со информација дека било расчистено вчерашното убиство кај Виница. Имено вчера нешто по 16 часот, во ОВР Виница, од Итната медицинска помош е пријавено дека во близина на градските гробишта во Виница, бил пронајден починат 56 годишен човек со иницијали Д.А. од с.Липец, Виничко. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. Во врска со настанот, ...
„Поготвени сме да чекаме и децении, нема да има уставни измени“ е досега најсилно признание на Мицкоски за изолацијата во којашто ја турка земјата. Со него и неговата Организирана криминална група Македонија никогаш нема да стане членка на ЕУ. Ова значи со децении загарантирана сиромаштија, уште поголемо иселување на младите, криминал и корупција без контрола врз грбот на граѓаните, реагираат од СДСМ . Мицкоски излажа дека ќе го врати името, ...
Ракометарите на ГРК Охрид ја постигнаа и седмата победа сезонава во ЕХФ Европскиот куп откако попладнево во Атина го победија Олимпијакос во првиот четвртфинален натпревар со 31:26. Македонскиот претставник има максимален ефект во европскиот куп и седум победи од седум натпревари. Ракометарите на ГРК Охрид од самиот почеток покажаа дека се подготвени за триумф и имаа целосна контрола над резултатот. Домаќинот Олимпијакос немаше ниту еднаш ...
Командантот на морнарицата на Иран, адмирал Шахрам Ирани, изјави дека американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“ ќе биде нападнат секогаш кога ќе се најде во дострелот на иранските ракети. – Веднаш штом ударната група на носачот „Абрахам Линколн“ ќе влезе во нашиот дострел, ќе се одмаздиме за крвта на мачениците од фрегатата „Дена“ со истрелување на различни видови противбродски ракети, предупреди Ирани. Фрегатата „Дена“ беше потоната од ...
Илјадници луѓе загинаа низ Блискиот Исток од почетокот на војната, по американско-израелските напади врз Иран, израелските операции во Либан и иранските напади врз Израел, американски бази и земји од Заливот. Следува преглед на најновите податоци, кои во одредени случаи варираат и не се независно потврдени, посочува Скај њуз. Иран Организацијата за човекови права ХРАНА со седиште во САД соопшти дека од почетокот на војната загинале 3.461 ...