Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Политичката изолација води директно кон економски колапс – предупреди утрово лидерот на СДСМ, Венко Филипче, коментирајќи ги последните пораки на еврокомесарката Марта Кос за руското влијание и „тројанските коњи“ како сериозен аларм за Македонија. Тој ја обвини власта дека свесно го кочи евроинтегративниот процес и дека наместо неповратни милијарди евра од европските фондови, земјата ја задолжува со сомнителни кредити, додавајќи дека ...
Рокот за донесување на изборниот законик се поблиску, власта и опозицијата се подалеку до заеднички договор за една од поважните реформски агенди. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продолжија со меѓусебните обвинувања за закочениот процес, но и предлози за постигнување на решение, на само 5 дена пред истекување на крајниот датум за донесување на новиот закон - кој треба да ги регулира изборите. Претседателот на СДСМ Венко Филипче - со предлог за формирање ...
Станарите на улица Коста Веселинов во Дебар маало стравуваат дека ќе се соочат со голем пробелм поради реконструкција и изградба на мал плоштад што треба да го реализира општина Центар. Пред околу две недели општинските власти дошле со булдожери, но биле спречени за активности бидејќи веќе имало паркирани автомобили на станарите пред зградите. Во меѓувреме, станарите не добиле официјално известување дека ќе има некакви активности. Марија ...
Уште двајца доктори и едно друго лице се приведени во проширената истрага за нелегален увоз, дистрибуција и употреба на медицински препарати и помагала, во јавноста позната како случајот со ботоксите. По судски наредби биле извршени претреси на пет локации во Скопје, меѓу кои и во две здравствени установи. Врз основа на прибраниот доказен материјал, јавниот обвинител наредил истрага против четири нови лица. Тројца се осомничени за ...
Во главниот град на Германија, Берлин во тек е полициска акција за ослободување на жена која синоќа беше земена за заложник во еден супермаркет. Жената е заробена синоќа околу 22 часот по локално време, но засега не е познат мотивот на киднаперот. Инцидентот се случи во јужниот берлински кварт Мариенфелде. Во моментот двајцата се во супермаркетот. Операцијата е во тек и во ова етапа не можам ништо повеќе да изјавам, наведе портпаролот на ...
Од северните и источните делови на Тајван евакуирани повеќе од 14.000 луѓе, првенствено од планинските региони, поради тајфунот Бави. Иако Бави слабее и не се очекува да го погоди брегот на Тајван, властите во Тајпеј презеде мерки на претпазливост за да спречат евентуални жртви. Откажани се 917 меѓународни летови, како и сите 274 домашни летови Во речиси сите градови и окрузи на Тајван денеска е неработен ден поради тајфунот. А железничкиот ...
Шпанија е вториот полуфиналист на Светското првенство, откако во четвртфиналето во Лос Анџелес ја совлада Белгија со 2:1 и си закажа полуфинална пресметка против Франција. Шпанците поведоа во 30. минута преку Фабијан Руиз, кој ја искористи одбиената топка по ударот на Дани Олмо и ја смести во мрежата за 1:0. Белгија возврати пред паузата, кога Тимоти Кастање прецизно центрираше, а Шарл де Кетеларе со удар со глава го совлада Унаи Симон за ...
Илјада ракети се распоредени и насочени кон Исламската Република Иран, а уште илјадници се подготвени веднаш да следат доколку иранската влада ја исполни својата закана, упатена на многу места низ целиот свет, за атентат или обид за атентат врз актуелниот претседател на САД – во овој случај МЕНЕ!, објави Трамп на сопствената социјалната мрежа „Трут соушл“ (Truth Social). Илјада ракети се распоредени и насочени кон Исламската Република Иран, ...
За вкупна почетна цена од 2.457.000 евра, државата повторно ги стави на продажба трите луксузните станови на Водно, кои Обвинителството ги презентираше како скриен имот на екс премиерот Никола Груевски, а кои беа конфискувани со пресудата за случајот „Плацеви на Водно“. Овие апартмани досега два пати беа ставени на продажба, но немаше заинтересирани купувачи. Станува збор за три стана во Панорама резиденс, со вкупна површина од 750 ...
СДСМ ја обвини Владата дека повторната продажба на запленетите станови на поранешниот премиер Никола Груевски не претставува вистинска правда, оценувајќи дека Груевски и понатаму живее во луксуз во Унгарија, додека, според партијата, државата не прави доволно за негова екстрадиција. Од СДСМ наведуваат дека во момент кога граѓаните се соочуваат со економски тешкотии, државата повторно продава дел од конфискуваниот имот на Груевски. „Додека ...
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска во 11:00 часот ќе ја продолжи амандманската расправа за ребалансот на Буџетот. За ребалансот на Буџетот поднесени се вкупно 224 амандмани од кои 90 се од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и пет од ВРЕДИ. Комисијата досега разгледа повеќе амандамани. Вкупните приходи во ребалансот се проектирани на 379,2 милијарди денари, што е зголемување за речиси 4,2 милијарди денари или 1,1 отсто во однос на ...
справата за ребалансот на Буџетот во Собранието ја отвори темата за станбената политика, откако Левица преку четири амандмани предложи обезбедување средства за изградба на јавен станбен фонд и социјални станови во Скопје, Велес, Штип и Кочани. Од партијата обвинија дека Владата и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не понудиле никаква стратегија за справување со растот на цените на становите и кириите. Според Левица, Владата и понатаму ја брани тезата ...
Поднесен е амандман на Законот за заштита од пушењето кој се наоѓа во собраниска процедура, со кој се бара пушењето цигари да биде дозволено само во „приватни клубови“. Министерот за здравство во заминување Азир Алиу, очекува Законот да биде изгласан наредните две недели и да стапи во сила. Приватен клуб, според дефиницијата во амандманот е „правно лице регистрирано со закон кое за потребите на своето работење користи затворен простор со ...
Денеска не очекува сончево време со мала локална облачност и со слаб до умерен променлив ветер, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Максималните температури во земјата ќе се искачат над 30-тиот степен, но веќе од утре се очекува краткотрајна промена на времето. Минимална температура ќе биде од 8 до 18 степени, а максимална ќе достигне помеѓу 29 и 37 степени Целзиусови. Во Скопје времето ќе биде слично – сончево со мала ...
Брисел на 30 септември ќе го открие новиот план за реформа на проширувањето на ЕУ. Европската Комисија треба да усвои и објави нова комуникација – документ со нови насоки за земјите кандидати за членство во ЕУ. Според агендата на Колеџот на комесари, документот ќе биде усвоен и објавен на крајот на септември, а на 15 октомври за него ќе дебатираат и лидерите на ЕУ за време на Самитот на Европскиот Совет. Европскиот портал - „New Union Post“ ...
Брисел на 30 септември ќе го открие новиот план за реформа на проширувањето на ЕУ. Европската Комисија треба да усвои и објави нова комуникација – документ со нови насоки за земјите кандидати за членство во ЕУ. Според агендата на Колеџот на комесари, документот ќе биде усвоен и објавен на крајот на септември, а на 15 октомври за него ќе дебатираат и лидерите на ЕУ за време на Самитот на Европскиот Совет. Европскиот портал - „New Union Post“ ...
Да се преживее со години во неизвесност, врзан за медицински апарати и во постојано исчекување на чудо. Ова е секојдневието на луѓето кои чекаат орган за да продолжат да дишат. Но, дека спасот е можен, докажуваат приказните на двајца македонци. За нив, надежта стигна од илјадници километри подалеку. Со трансплантација на срце извршена во Австрија и Шведска, тие добија нова можност да му се радуваат на животот. Денес, нивните сведоштва ја ...
Министерот за здравство во заминување, Азир Алиу потврди дека од нивна страна завршен е процесот за случајот со извршените непотребни операции на срце. Алиу рече дека извештаите се доставени до надлежните институции. Изминатиов период, министерството за здравство, формираше комисија од домашни експерти која утврди десет сомнителни случаи на операции на срце, а странската комисија потврди неправилности кај девет од вкупно анализирани 13 случаи ...
Македонија чекори кон енергетска независност, тврди Министерството за енергетика. Експертите пак предупредуваат - таквата цел е тешко остварлива, а фокус треба да биде енергетска отпорност. На Светскиот ден на енергетската независност, од Министерството за енергетика се пофалија со раст на домашното производство на струја, особено од хидроелектраните и ветерните паркови, како и со исполнетост на акумулациите од 80 проценти. Велат дека со ...
Продолжуваат реакциите за случајот на граничниот премин Ќафасан каде беше запрено едно лице да ја помине границата со Албанија а беше во придружба на функционери на ВРЕДИ кои имаа и дипломатски пасоши па беа задржани на границата. Денеска се огласи и поранешниот претседател и премиер на Албанија Сали Бериша а сега актуелен претседател на Демократска партија на Албанија кој јавно се извини на граѓаните на Македонија. Сали Бериша Претседател на ...
Од една до пет години забрана за живеење во студентски дом ќе добијат студентите кои од октомври ќе бидат фатени како консумираат алкохол во соба или како го уништуваат инвентарот во собата. Со предлог-измените на Законот за студентски стандард кој според министерката за образование и наука Весна Јаневска треба да се донесе месецов и да почне да се применува од октомври, меѓудругото ќе биде забрането и насилно, навредливо и заканувачко ...
Шестмина работници во штипска фабрика, лоцирана во индустриската зона пријавиле труење со храна. Неофицијално, станува збор за повеќе лица со истите симптоми, но според официјалните шест пријави поднесени на осми јули во Одделението за епидемиологија при Центарот за јавно здравје, првично четири лица биле хоспитализирани на инфективното одделение во штипската болница, а двајца од нив се јавиле на матичен лекар. Денес сите шестмина се на ...
Политички двобој меѓу Али Ахмети и Билал Kасами се наајвувa в понеделник на седницата на советот на Тетотоо, откако ДУИ побара, А Касами и Вреди прифатија седница на која ќе се распарава за иницијатаива за повторна пренамена на имињата на улиците на Тетово, откако Уставниот суд дел ги укина. Извори од ДУИ за ТВ 24 на најавата на Билал Касами и Вреди дека доколку се донесе повторно указот ќе се распушто советот им порачувата уште еднаш да ја ...
Изборниот законик е уште една лага на премиерот Христијан Мицковски - обвинија од опозицијата. За СДСМ електронското гласање без контрола или гласањето преку пошта без соодветни гаранции е опасно. Партискиот портпарол Богданка Кузевска - вели дека ваквиот модел на гласање кое го предлага власта отвора простор за масовна изборна кражба. Владеачката ВМРО ДПМНЕ пак очекува заедничко предлог решение од опозицијата за Изборниот законик - кое ќе го ...
Европскиот суд за човекови права во Стразбур донесе одлука со која Република Македонија е задолжена да му исплати 3.465 евра на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски. Тој беше обвинет во предметот „Организатори на 27 април“, се обрати до судот со тврдење дека му било повредено правото на слобода и безбедност откако шест месеци поминал во ефективен притвор, а потоа речиси 19 месеци во куќен ...
Официјалната посета на генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, на земјата ги потврди стратешката соработка и довербата во македонската полиција - соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Посочуваат дека дводневната посета била посветена на натамошното унапредување на соработката меѓу Министерството за внатрешни работи и Интерпол, јакнењето на меѓународната полициска соработка и развојот на професионалните капацитети на ...
Сребреница претставува траен и темен печат врз совеста на целото човештво - нагласи претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешното одбележување на Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница во законодавниот дом. Тој потсети дека 11 јули 1995 година е злогласен датум кога беа убиени речиси 8.000 бошњачки муслимани, чија единствена вина била нивната етничка и верска припадност. - Тоа утро згаснаа илјадници животи и ...
Соединетите Американски Држави и Иран продолжуваат со техничките разговори за нуклеарните прашања - соопшти неименуван американски претставник. „САД и понатаму се посветени на изнаоѓање решение, а техничките разговори продолжуваат. Иран никогаш не смее да поседува нуклеарно оружје“, изјавил претставникот за „Еј-би-си њуз“. Тој додал дека 60-дневниот прекин на огнот и меморандумот за разбирање се засноваат врз исполнување на предвидените ...
Вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали денеска оствари средба со директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ана Михајлова, на која било разговарано за можностите за унапредување на соработката во спроведувањето на европските програми, со посебен акцент на програмата „Еразмус+“. Информацијата за средбата Сали ја објави на својата Фејсбук-страница, посочувајќи дека во фокусот биле и ...
Ако погледнете каде е сега секоја од земјите по големото проширување во 2004 година, економскиот раст, животниот стандард и квалитетот на живот што им беа донесени на тие земји јасно покажуваат дека проширувањето е вин-вин ситуација не само за земјите што сакаат да станат членки туку и оние што веќе се дел од Унијата - посочи претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, за време на нејзиното учество на конференцијата на ...