Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Продолжува конфликтот на Блискиот исток. Израел е подготвен за продолжување на борбите во Иран следните недели, додека Врховната команда на Иран објави дека вооружените сили на земјата ги спречиле погрешните непријателски планови. Додека траат дипломатски напори за ставање крај на војната, САД повторно се закануваат дека ќе ги уништат енергетските постројки на Иран ако не се постигне договор и не се отвори Ормускиот теснец. Американскиот ...
Десетти самит на верските лидери на Балканот, кој годинава е во организација на Исламската верска заедница во Скопје. Реисот Ул Елема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи со порака за обединување, соживот и надминување воените проблеми кои се настанати. Претседателот на Дирекцијата за верски прашања на Турција, Сафи Арпагуш со поздрави од претседеталеот на Турција, Реџеп Таип Ердоган потсетувајќи дека исламот има значајно влијание кон животот. На ...
Во 2025 година до антикорупциската комисија биле доставени најголем број пријави со наводи за постоење сомнежи за коруптивно однесување на службени лица, покажува извештајот за работата на ДКСК. Примени се вкупно 455 пријави по оваа основа, а ДКСК има поднесено седум пријави по сопствена иницијатива. Најголем број од пријавите за сомнежи за корупција се во единиците за локална самоуправа по што следуваат извршната власт, правосудството, ...
Доаѓам како пријател кај пријатели, дури и како брат во една братска држава и благодарам поради тоа. Нашите две држави ги поврзува искрено пријателство, заемна почит, а нашите билатерални односи се пример за доброседска соработка во регионот - изјави претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на заедничката прес-конференција во Вила „Водно“ со неговиот домаќин, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Милатовиќ, кој е во официјална ...
Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања при Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) ќе го испитува постапувањето на 39 полициски службеници во случаите на пријавено семејно насилство извршено од Стојанче Јовановски врз неговата сопруга Ивана и малолетната ќерка Катја. Известувањето на МВР за полициските службеници поврзани со случајот на Стојанче Јовановски, ...
Поднесена е иницијатива до Владата за законски измени кои ќе овозможат полагање на стручните испити на мајчин јазик, соопшти народниот правобранител Фатон Сељами, на денешната прес-конференција по повод Годишниот извештај за состојбата со обезбедувањето, почитувањето, остварувањето и унапредувањето на човековите слободи и права за 2025 година. Одговарајќи на новинарски прашања, Сељами информираше дека по сопствена иницијатива отворил предмет ...
Министерството за животна средина и просторно планирање денеска најави пакет засилени мерки со кои ќе се зајакне контролата врз индустриското загадување и ќе се подобри управувањето со природните ресурси, при што фокусот, како што беше нагласено, се префрла кон институциите и индустриските оператори. Централно место во најавите доби воспоставувањето на регистарот на загадувачи, нов систем кој ќе собира сигурни и споредливи податоци за ...
Под влијание на циклонска активност, утре и в четврток во Северна Македонија се очекуваат врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, над 20 литри на квадратен метар, односно над 30 литри в четврток, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Поради продор на постудена воздушна маса, на повисоките места и планините дождот ќе преминува во снег. Утре и в сабота ќе дува засилен, повремено силен ветер, кој локално ќе достигнува брзина и ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска на аеродромот во Скопје го пречека претседателот на Република Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Претседателот Милатовиќ престојува во официјална посета на земјата на покана на македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова. - Во текот на следните два дена претседателот Милатовиќ ќе оствари неколку билатерални средби со македонскиот државен врв, насочени кон зајакнување на ...
Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, денеска беше пречекан со највисоки државни и воени почести во Вила „Водно“ во Скопје од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Како што информираат од кабинетот на претседателката, по официјалниот пречек следуваат тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на делегациите на двете земји. Во рамките на официјалната посета ќе биде потпишан меморандум за соработка помеѓу ...
Народната банка внимателно ги следи трговските и геополитичките тензии, особено по ескалацијата на кризата на Блискиот Исток и по блокадата на Ормутската Теснина, коишто ги зголемија светските ризици, создавајќи нов шок на страната на понудата и брз раст на цените на енергијата. Во услови на висока неизвесност, Народната банка е фокусирана особено на меѓународните и на домашните економски движења и е подготвена за соодветно реагирање. Ова ...
Во Гостивар, 34-годишен маж бил лишен од слобода под сомнение дека го убил својот 63-годишен татко во семејниот дом, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи. -Денеска во 01:50 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица - Гостивар го лишија од слобода М.Д. поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Имено, претходно во 01:30 часот во Полициската станица - Гостивар, машко лице пријави дека се ...
Украина воспоставува безбедносно-одбранбени партнерства со повеќе земји од Персискиот Залив, изјави претседателот Володимир Зеленски, посочувајќи „историски договори“ со Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Катар. Зеленски во своето вечерно видеообраќање по враќањето од посетата на Блискиот Исток и држави во Заливот, изјави дека Украина соработува уште и со Јордан и Кувајт, како и дека има интерес за соработка и во Бахреин и Оман. ...
Украински дронови повторно нанесоа штета на руското пристаниште Уст-Луга на Балтичкото Море, соопшти денеска Александар Дрозденко, гувернерот на Ленинградската област. Тој исто така рече дека три лица, вклучително и две деца, добиле медицинска помош за повреди, а неколку згради исто така биле оштетени во регионот при нападите со дронови, кои продолжуваат. Украински дронови повторно нанесоа штета на руското пристаниште Уст-Луга на Балтичкото ...
Властите во Дубаи потврдија дека нема истекување на нафта од танкерот кој беше запален по ирански напад со дрон. Танкерот „Ал Салми“ (Al Salmi) бил целосно натоварен со два милиони барели нафта и бил закотвен во Дубаи на пат кон Кина, кога бил погоден во напад со дрон и избил пожар, пренесе Би-би-си. Медиумската канцеларија на Дубаи оттогаш потврди дека тимовите за итни интервенции „успешно го локализирале инцидентот во кој беше вклучен ...
Стотици припадници на специјалните сили на американската армија пристигнале на Блискиот Исток, јавуваат американските медиуми. Според објавите на „Њујорк Тајмс“ и на „Си-Би-Ес“ кои се повикуваат на воени извори и лица запознаени со операцијата, распоредувањето вклучува припадници на „ренџерите“, елитни единици на копнените сили на САД, како и единици на морнаричките „фоки“, Новопристигнатите сили им се придружуваат на илјадниците маринци и ...
Вкупно 130 казни, поголемиот дел за поминување на црвено светло и неносење кацига од возачите на мотоцикли, биле регистрирани и испратени за два дена со помош на камерите со вештачка интелигенција поставени на осум локации во областа Атика, поширокиот регион на Атина и во десет автобуси со цел да „ловат“ сообраќајни прекршоци, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерствата за дигитално управување и вештачка интелигенција, за заштита на ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ...
Под мотото „Интегритет, реформи, правда“, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Здружението на јавните обвинители организираат свечен настан за одбележување на 31 Март – Денот на правосудството. На настанот во зградата на ЈОРСМ, воведни обраќања, како што е најавено ќе имаат новиот Јавен обвинител на Република Северна Македонија, Ненад Савески; заменик-претседателката на Советот на јавните обвинители, Марјана Илиеска и ...
Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе ја одржи 30-тата седница, на чиј дневен ред се повеќе точки меѓу кои и Годишен извештај за работа на ДКСК за 2025. Антикорупционерите треба да го разгледаат и годишниот извештај за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 за период 01.01.2025 година до 31.12.2025 година, како и завршниот извештај за спроведување на ...
Меѓународниот ден на лицата со аутистичен спектар на нарушување ќе биде одбележан денеска во Националната галерија, објект Чифте амам. Ќе биде отворена изложба на графики во техника монотипија изработени на работилниците одржани во текот на месецов, која ќе трае до 5 април. Темата на овие работилници била морски свет. Со графички бои, децата цртале риби, морски ѕвезди, октоподи, желки, школки, и полека навлегувале во графичката техника. Со ...
Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, таа ќе го пречека црногорскиот претседател со највисоки државни и воени почести на церемонија во Вила „Водно“. Потоа ќе следува тет-а-тет средба на претседателите, како и пленарен состанок на македонската и црногорската делегација. Во рамките на ...
Доцнење на исплатата на хонорари, намалување на часовите за лична асистенција, недостиг од услуги за бездомните лица, како и примена на двојни стандарди – се дел од проблемите со кои се соочуваат лицата со попреченост во земјава, обвинуваат од Коалицијата „Менуваме“. Оттаму ги повикуваат надлежните институции во најкус можен рок да излезат со конкретни мерки за надминување на состојбата. Тонско: Суаред Алишан, Коалиција „Менуваме“ ТАЈМ КОД: ...
По неколку дена прикриена дипломатија, Пакистан објави дека ќе биде домаќин на мировни разговори меѓу САД и Иран по средбите на министрите за надворешни работи на Пакистан, Турција, Саудиска Арабија и Египет во Исламабад за ставање крај на војната на Блискиот Исток. Тонско Ишак Дар - министер за надворешни работи на Пакистан „Разговаравме за можните начини за брзо и трајно завршување на војната. Среќни сме што и Иран и САД изразија доверба во ...
Цените на вештачките ѓубрива на светските берзи, но и кај нас, бележат вртоглав раст. Додека трошоците за производство се зголемуваат, земјоделците стравуваат дека годинашниот принос ќе биде драстично намален или дека ќе работат со огромни загуби. Поскапувањето на енергенсите и нарушените синџири на снабдување повторно ја брануваат агро-индустријата. Вештачките ѓубрива, кои се клучни за квалитетен род, сега се продаваат по цени кои за ...
Катастрофална откупна цена, зголемени трошоци и нова сеидба на праг. Ако минатата година беше тешка, оваа ќе биде уште потешка - констатираат производителите на “белото злато” од кочанскиот регион. За десеттина дена оризопроизводителите влегуваат во полето за обработка на површините, но во исто време влегуваат и во фаза на драстично зголемени цени на репроматеријалите во споредба со минатата година. Големите загуби за жал не можат да се ...
Советот на јавни обвинители едногласно, одбивајќи ја иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која тврдеше дека дека е изложена на политички притисоци и влијанија преку изјави на премиерот Христијан Мицкоски, одлучи дека премиерот во изјавите не ја нарушил нејзината самостојност затоа што не ја споменал со име и презиме кога кажал „медиокритет“. Во иницијативата која ја достави Ристоска до Советот на јавни обвинители тврдеше дека ...
Советот на јавните обвинители на Македонија одлучи да ја укине суспензијата на обвинителот Јован Цветановски и предметот да го врати на повторно разгледување поради утврдени пропусти во одлуката на Првостепената комисија. Претседателот на Советот, Башким Бесими, изјави дека по разгледување на жалбите било констатирано дека постојат недостатоци во постапката. Во однос на укинувањето на решението за суспензија, појасни дека согласно него, ...
„Да бидат спокојни и граѓаните и родителите дека државата и министерството нема да дозволат ниеден од нашите пациенти со ретки болести да чека ниту еден ден за лекарства“, еден месец по изјавата на министерот за здравство во која уверува дека терапија ќе има – пациентите со ретки болести алармираат за недостиг на дел од терапиите. Од пациентските здруженија велат дека тројца пациенти со ретка дијагноза биле вратени за терапија, а стравот е ...
Резидентните граѓани ќе можат да паркираат на сите зони на територијата на Општина Аеродром. Градот Скопје ретерираше. По лавина реакции на граѓаните - ја смени првичната одлука - ограничување на паркирањето само во зоната каде што живеат. Дадена е насока до директорот на ЈП ,,Градски паркинг”, во општина Аеродром, во Реонскиот центар каде се воведува зоната D12, останува да важи старото правило, се огласи првиот човек на Скопје Орце ...