
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



Владата на Унгарија ќе продолжи да се бори против планот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ќе ја стави енергетската безбедност на Унгарија во сериозен ризик и ќе ги зголеми трошоците за сметките на домаќинствата, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто. Тој додаде дека Владата ги проценува минатонеделниот предлог за забрана за купување евтина руска нафта и природен гас, изнесен на Самитот на ЕУ. Според ...
Сè уште е активен шумскиот пожар на вториот крак на Халкидики во регионот на Вурвуру, меѓутоа не се во опасност населени места, според информациите од противпожарната служба на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот што избувна околу 16 часот по локално време, гори густа борова шума и е во непрооден дел, а над три часа подоцна сè уште не е ставен под контрола, иако интервенираат голем број пожарникари и дополнително се засилени ...
Пожарот во валандовско Грчиште, кој избувна вчера попладне, утринава повторно се активирал поттикнат од силниот и топол ветер и во моментот е зафатена голема површина при што пожарот е распространет во два огнени крака од кои едниот се движи кон селата Казан Дол и Фурка, а вториот кон општина Богданци, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во гаснењето се ангажирани повеќе од 50 лица, а градоначалникот на Валандово, Перо ...
Да му набави храна, лекови, да го однесе на лекар - на прошетка со него. Антонио 24 часа се грижи за својот брат Ментор Лимани од Скопје, лице со сериозно нарушено психичко и физичко здравје. Антонио му е практично старател, но помош за него од друго лице институциите одлучиле да ја укинат. Тој со куп документи - четири години води борба со институциите за да обезбеди помош за него од друго лице. Во неколку наврати здравствената комисија не му ...
И официјално во Кичево ќе се гради нова болница на друга локација,a постоечкиот објект кој се градеше цели 40 години ќе биде пренаменет или срушен бидејќи на истиот се евидентирани бројни недостатоци велат од Министерството за здравство. ,,Поради сериозни конструктивни и проектни недостатоци кај постојниот објект на Општата болница Кичево, Министерството предложи изградба на целосно нова болница на нова локација.Новиот објект ќе биде планиран ...
Наместо на црна листа на забавата по повод 4-ти јули...Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вака ја критикуваше поканата на американската амбасада во земјава, меѓу гостите, како што тврди градоначалничката, да бидат поканети актуелни функционери од албанскито политички блок...Во јавно обраќање до амбасадорката Анџела Агелер, арсовска праша - зошто што меѓу ВИП гостите биле повикани лица против кои, како што вели градоначалничката , ...
Струмичкиот градоначалник лаже и ја манипулира јавноста. Вака му одговори Агенцијата за храна и ветеринарство на Костадин Костадинов, откако тој вчера на фејсбук објави пресуда од Апелација, за која тврди дека е доказ, оти лани во Струмица немало загадена вода за пиење и ја обвини Агенцијата за храна и ветеринарство дека лажела цела година, предизвикувајќи страв и паника кај населението од општина Струмица за наводна неисправноста на водата. Од ...
Поради топлотниот бран што ја зафати јужна европа и северна африка, температурите ги надминуваат температурните параметри за периодов. Се активираат алармите за здраствените опасности и можностите од пожарите на отворен простор. Почнаа пожарите и во Македонија. За неколку дена се регистрирани десетици, гореле диви депонии, шуми. Само за изминатото деноноќие биле евидентирани 16. Последниот извештај на ЦУК до 14:00 часот нотирани се пет, два ...
Резидентното население во државава ќе биде основа на методологијата при вработувањата на лица од заедниците во јавниот сектор, вели министерот за јавна администрација – Горан Минчев. Министерот Минчев се пожали дека околу 40% од вработените во јавниот сектор не работат ништо, а се вработени токму поради непотизам, партиска и етничка основа. За таа цел, во јавната администрација ќе се воведе нов систем на оценување, дисциплинска одговорност и ...
Со набројување на неколку успешно спроведени економски политики започна експозето на заменик министерот за финансии Николчо Јанкуловски. Во неговата одбрана на ребалансот на буџетот владиниот претставник го потенцираше планот за зголемено трошење на пари од државниот буџет, за плати, пензии, и други социјални трансфери. Николче Јанкуловски заменик министер за финансии: „Вкупните приходи се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари, или ...
Со два автомобили и со полициска придружба од Кочани во Скопје транспортирано е досието за катастрофалниот пожар во “Пулс“. Документите на кои работеше тим од над 10 обвинители од Кочанскиот суд се донесени во Скопскиот кривичен суд каде че се оденува обвинението и ќе стартува судскиот процес за еден од најголемите и најтрагичните предмети во историјата на државата. Од Кривичен суд потврдуваат дека допрва следува оценка на обвинението кое веднаш ...
Во пресрет на гласањето на Резолуцијата за Македонија во ЕП базирана врз извештајот на Томас Вајц за напредокот на Македонија шефот на диполоматијата Муцински денеска не прошушти прилика уште еднаш да го впери прстот кон одредена група на европратеници од Бугарија кои како што вели се обидуваат преку пропаганда да наметнат теза за модренизација на македонскиот идентитет . Со порака дека земјата останува посветена на европскиот пат но без ...
Ставајќи го идентитетот преку погача, сервиран со тавче гравче, помалку пинџур и полнети пиперки не заборавајќи ги манастирите, еврокомесарката Марта Кос дојде а зад себе остави поделена македонска јавност која се обидува комуниколошки да ја разоткрие пораката. Од СДСМ велат дека еврокомесарката немала лоша намера со изјавата со која го спореди идентитетот со пиперки, тавче гравче и пинџур. „Не сметаме дека еврокомесарката имаше лоша намера, но ...
Пензионерите, кои пред повеќе од една година протестираа за линеарно зголемување на пензиите, денеска од Свети Николе побараа и годинава да добијат линеарно покачување на пензиите, наместо процентуално. Трајче Станојков член на Иницијативниот одбор од Општина Свети Николе вели дека актуелните мерки за усогласување на пензиите, кои се засновани на процентуално зголемување, не се доволни и не обезбедуваат фер распределба на средствата. -Бараме на ...
Министерот за економија Бесар Дурмиши денеска најави дека доколку со следните извештаи се покаже девијантно однесување од трговците ќе следат ригорозни мерки. Министерот појасни дека кај основните производи за мај очекувано било зголемување на цената. Посочи дека од друга страна, пак, има домашни производи кои се со намалена цена. -Во март инфлацијата беше околу 2 проценти, тоа за нас е стабилна состојба, а ќе правиме напори до крај на годината ...
Во Истанбул денеска се одржа третата средба од Дијалогот на високо ниво меѓу Турција и Европската Унија за безбедносни и миграциски прашања. Средбата ја водеа турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја и европскиот комесар за внатрешни работи и миграција Магнус Брунер, јави „Туркије тудеј“. Според соопштението на турското Министерство за внатрешни работи, биле разгледани тешкотиите што ги имаат турските граѓани при добивањето шенген ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека војната во Украина нема да се реши на бојното поле, туку дека за решение се потребни дипломати, а не генерали. „Клучот е во преговорите. Потребни ни се дипломати, а не генерали“, објави Орбан на платформата Икс. Премиерот коментираше статија на порталот Јуроњуз (Euronews) во која беше објавено дека францускиот претседател Емануел Макрон вчера, за прв пат од 2022 година, имал „значаен“ ...
Ако сакаме да ја градиме Европската Унија како „мултифункционална зграда“, тогаш паралелно со реформите што ги преземаат земјите кандидатки за членство при процесот на проширување, мора да се извршат и внатрешни реформи во рамките на институциите на ЕУ за да се обезбеди нејзино прилагодување, изјави претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта во интервју за португалската агенција Луса. - Ако во иднина сакаме да се движиме во нови области, ...
Американски претседател Доналд Трамп денеска се обидува да обезбеди конечно усвојување на сеопфатен закон за даноци и буџетска потрошувачка, за кој републиканците се надеваат дека ќе стане негово трајно политичко наследство. Законот, кој Трамп го нарекува „голем и прекрасен“, вчера беше одобрен во Сенатот со тесно мнозинство по 27-часовна дебата. Одлучувачкиот глас го даде потпретседателот Џеј Ди Венс, кој има право да „пресече“ при изедначено ...
Секое доцнење или прекин на американската воена помош за Украина само ќе ја охрабри Русија да ја продолжи инвазијата, соопшти украинското Министерство за надворешни работи откако го повика на разговор американскиот вршител на должноста амбасадор во Киев. „Украинската страна нагласи дека секое одложување или прекин на поддршката за одбранбените способности на Украина ќе го охрабри агресорот да продолжи со војната и теророт, наместо да бара мир“, ...
Кремљ ја поздрави веста дека САД ги прекинале испораките на одредени видови оружје за Украина и оцени дека секое намалување на американската воена помош значи поблиску до крајот на војната. - Сфаќаме дека причината за оваа одлука е недостиг на оружје во американските магацини. Во секој случај, колку помалку оружје се испорачува на Украина, толку поблиску е крајот на специјалната воена операција, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска, во рамки на македонско-италијанскиот бизнис форум ги претстави националните заложби во областа на технолошките иновации, дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. На форумот беше истакната посветеноста на Македонија кон исполнување на реформската агенда на Европската Унија, при што новите реформски закони, особено Законот за сајбер безбедност, како што беше речено, се ...
Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство за постигнатиот напредок меѓу Скопје и Софија за доизградбата на Коридорот 8. Посочи дека така треба соседите да градат доверба. -Што се однесува до Коридорот 8, јас се радувам и би рекол аплаудирам на постигнатиот напредок, којшто го имаа на состанокот потпретседателот на Влада и министер за транспорт, Николоски, со неговиот колега од бугарската Влада. Тоа е чекор напред. Така треба да градат ...
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, јавно го обвини полицискиот службеник Синан Алили дека ѝ упатил заканувачки коментари на социјалните мрежи. Во објава на својот профил на Фејсбук, Арсовска напиша дека по нејзино прашање дали се работи за закана или ѝ се причинило, Алили го избришал коментарот. „Сигурно од Министерството за внатрешни работи и Панче Тошковски се исклучително горди на овој свој полицаец“, напиша Арсовска. Таа посочи ...
В.д. директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилота за противпожарнита авиони „ер трактор“, Стоје Арсовски и Васко Михалчев. Со ова, како што соопштија од ДЗС, авионите ќе бидат оперативни за противпожарно дејство за гаснење на опасните пожари на отворено во државата. Од ДЗС информираа дека вториот авион се очекува за кратко време да биде вратен од редовниот ...
Во пресрет на најавениот топлотен бран и зголемениот ризик од шумски пожари во текот на летниот период, повеќе од 50 возила кои се дел од застарената и магационирана опрема на Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи ќе бидат пренаменети за гаснење шумски пожари. Ова го потврди денеска премиерот Христијан Мицкоски, по свечено отворање на најновата инвестиција на производствените капацитети на компанијата „Реплек“. Нагласи ...
Манасиевски истакна дека во изминатите седум години образованието било урнисано под власта на СДС и ДУИ, додека наставниот кадар бил омаловажен, а студентите и средношколците оставени сами на себе. Според него, од ветувања како нов студентски град, студентски домови, вработувања на најдобрите студенти и модерен образовен систем, се дојде до состојба во која учениците немаат учебници, студентите немаат стипендии, студентските домови се со ...
Предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“, оформен од Основното јавно обвинителство – Кочани, денеска е префрлен од Основниот суд Кочани во Основниот кривичен суд Скопје, согласно решението на Врховниот суд на РСМ, со кое се утврдува дека скопскиот суд е стварно и месно надлежен за оценка на обвинителниот акт. Како што соопштија од Основен кривичен суд Скопје, Основниот кривичен суд Скопје е опреден како надлежен за постапката, па во тој ...
Движењето ВЛЕН најави поднесување кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против тогашното раководство на Државниот завод за статистика, одговорни и раководни лица од поранешната Влада предводена од ДУИ и СДСМ, како и други лица со моќ на договарање во тогашната политичка власт, во врска со Пописот на населението од 2021 година. Како причина за пријавата, ВЛЕН го наведува сериозниот сомнеж за политичко договарање и ...
Мартин Костовски, актуелниот организациски секретар на СДСМ и екс пратеник кога партијата беше на власт според инфорамциите на ТВ 24 најверојатно ќе истрча да ги брани боите на Венко Филипче во Куманово против поранешниот сопартиец и коалицикси партнер ан Христијан Мицкоски , Максим Димитриевски. Според висок партикси функционер Костовски бил најдобар на анкетата на која СДСМ тестирала повеќе имиња. Костовски е првиот фунционер од актуелното ...