Турскиот фудбалски гигант Фенербахче, предводен од португалскиот стратег Жозе Мурињо, покажува голем интерес за играчот од средниот ред на ПСЖ, Марко Асенсио (29) и напаѓачот на Ница, Еван Гесан (23). Асенсио се врати во ПСЖ од позајмицата во Астон Вила, но нема долго да остане во Париз. Според француските медиуми, Асенсио не е во плановите на Луис Енрике за новата сезона и шпанскиот играч од средниот ред ќе мора да бара нова клупска средина. ...

Женската јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија отпатува за Литванија каде од петок ќе биде дел од Европското првенство Б дивизија за кошаркарки до 18 година. Македонија е во А групата, а натпреварите ќе ги игра во градот Алитус. Ривалки на Македонија ќе бидат репрезентациите на: Романија, Германија, Шведска и Република Ирска. - Во изминатите четири недели кошаркарките работеа со максимална енергија на секој тренинг. И на секој нов ...

Српската жандармерија доцна синоќа употреби физичка сила врз студенти пред Правниот факултет во Белград, по што според студентски тврдења, привела четириесетина студенти како и професорка. Жандармеријата потоа се обиде да влезе во факултетот, но командирите ја спречија во тоа, јавија белградски медиуми. Студентите до доцна синоќа улицата пред факултетот. „Полицијата дојде со возила и ги нападна студентите. Тие се повлекоа кон и во зградата на ...

Повеќе лица се повредени во пукотница доцна синоќа во третиот по големина град во САД, Чикаго, соопшти полицијата. Властите сè уште не дале дополнителни информации за причината за пукотницата или точниот број на повредени лица. Инцидентот се случил во ресторанот „Артис“ во населбата Ривер Норт во Чикаго. Службеникот на полицијата во Чикаго, Хулио Гарсија, изјави дека органите за спроведување на законот ќе дадат дополнителни информации како што ...

Под влијание на топла воздушна маса од југ, од денеска до средината на следната седмица, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а наместа ќе надминува 40 степени Целзиусови, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи. Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Институтот за ...

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува расправата за ребалансот на буџетот што започна вчера. Главната цел на измените, како што посочуваат од Министерството за финансии, е да се обезбеди непречено извршување на буџетот во услови на позитивни економски трендови и динамика на реализација, со цел навремено и ефикасно финансирање на сите програмски определби, обврски и капитални инвестиции. Со ребалансот се врши ...

Пет лица, меѓу кои и деца на возраст од 7 и 9 години, се повредени во масовниот руски напад со дронови врз Одеса во текот на ноќта, изјави началникот на регионалната воена администрација на Одеса, Олег Кипер, на апликацијата Телеграм. -Децата се отруени од производи на согорување и се хоспитализирани. Тројцата повредени возрасни жители на градот исто така добиваат медицинска помош, рече Кипер. Нападот предизвика штета на повеќекатна станбена ...

Министрите за внатрешни работи, надворешни работи и култура – Панче Тошковски, Тимчо Муцунски и Зоран Љутков – се во посета на македонската заедница во Мала Преспа, Албанија, каде присуствуваат на фестивалот „Македонско културно лето“. Во рамки на посетата, делегацијата оствари средба со градоначалникот на Пустец, Пали Колевски, на која се разговараше за конкретни форми на поддршка за жителите со македонско државјанство, како и за олеснување на ...

Данска го отвора своето шестмесечно претседателство со Советот на ЕУ денеска со официјална церемонија во вториот по големина град во Данска, Орхус. Владата на данската премиерка Мете Фредериксен ги покани претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и нејзиниот тим, како и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, на оваа пригода. Данската влада и Европската комисија прво ќе учествуваат на заеднички состанок на ...

Гори мешана шума бор, сува трева на подрачјето на село Длабочица во општина Старо Нагоричане, информираа денеска од територијалната противпожарна единица од општината и од регионалниот центар за управување со кризи Куманово. На терен сè уште се екипи од ТППЕ Старо Нагоричане како и од кумановската подружница на „Национални Шуми“. -Пожарот избувна после 13 часот. На терен бевме осум пожарникари и две противпожарни возила, на помош дојдоа колегите ...

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје денеска соопшти дека е регистрирана енормно зголемена потрошувачка на вода, особено во попладневните часови. Според податоците од системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка, на 23 јуни биле потрошени рекордни 356.000 кубни метри вода, што значи дека просечната потрошувачка изнесувала околу 700 литри по жител. Од претпријатието апелираат до граѓаните на градот Скопје на совесно и ...

Во Истанбул вечерва ќе се одржи концерт насловен „Романтични летни ноти“ на кој ќе настапат две истакнати имиња на македонската и европската музичка сцена - виолинистката Сихана Бадивуку-Хоџа и пијанистката Маја Кастратовиќ. Концертот претставува свечено одбележување на 30 години уметничка соработка на овие две музички имиња. Концертот ќе се одржи во Ерменската католичка црква „Сурп Левон“ во Кадиќој во организација на македонскиот ...

Во Македонскиот културен центар во Загреб утре со почеток од 19 часот ќе биде отворена изложбата „The Vlatko Stefanovski Experience“, посветена на 50-годишната музичка кариера на Влатко Стефановски. Изложбата претставува избор од концертни фотографии кои ги документираат различните фази од солистичката кариера на Стефановски. Автори на фотографиите се Ангел Ситновски, Стефан Рајхл, Огнен Ацевски и Немања Ѓорѓевиќ, фотографи кои долги години го ...

Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии - Комисијата за култура и туризам и Законодавно правната комисија. Пред членовите на Комисијата за култура и туризам се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство и Предлог законот за изменување на Законот за библиотеките, и двата во прво читање. На дневен ред на Законодавно правната комисија се Предлог законот за изменување на Законот за државните ...

Времето денеска се очекува да биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Според синоптичарите, минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. Од УХМР информираат дека под влијание на топла воздушна маса ...

Директорот на МКЦ, Арбен Бени Шаќири во 24 анализа рече дека долговите во МКЦ се натрупуваат со години. Според него, сите задоцнети хонорари на вработените ќе се исплатат. „Долговите се трупаат и се наследуваат во МКЦ. Јас наследив долгови и се бориме со тоа. Одеднаш се натрупаа многу но чекаме ребалансот на буџетот на градот и сум убеден дека ова ќе се надмине. Бифето ќе работи, ќе си добијат сите хонорари. Не е точно дека 3 месеци не заемале ...

Композиторот Симеон Митов во 24 анализа рече дека доколку државата сака да ги поддржи младите артисти тоа за почеток може да го направи со обезбедување превоз за настапи низ државата. „Во Норвешка има случај каде бендовите добиваат од општината картца за бензин и комбе за превоз. Има начин. За почеток нека имаат превоз низ дражава за да може насекаде низ Македонија да настапат. Да не се мислат за тоа. Да знаат дека може да направат мали турнеи. ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара повторно доверба кај граѓаните, Филипче смета дека „актуелниот градоначалник на Струмица треба да се стави на располагање на партијата чесно, исто како што партијата била тука за него во изминатиот ...

Композиторот Никола Коџабашија во 24 анализа рече дека турбофолк музиката не може да се забране но може да се направи стратегија за се исфилтрира. Според него, доколку има поголеми даноци за пејачите од странство кои доаѓаат на настап во Македонија, парите може да се прераспределат и вложат во младите. „Одговорно тврдам со ниски културни вредности не може да се справите со забрана. Треба да има поширока стратегија. Порано на првиот наплив на ...

Продуцентот Костадин Шурбановски во 24 анализа рече дека македонската музика е конкурентна. Според него, на младите пејачи и музичари треба да им се овозможи да патуваат низ светот и да го покажуваат својот талент. „Треба да се зборува за работи кои треба да се поттикнат. Имаме добра продукција на музика во Македонија. Ако во нешто сме конкурентни, тоа е музиката и тоа треба да се фоксуираме. Имаме добри уметници но со музиката сме на повисоко ...

Струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов, вечерва им се обрати на своите сограѓани и најави дека го замрзнува своето членство во СДСМ. Ова следува откако на денешната прес конференција Венко Филипче, лидерот на СДСМ, објави дел од кандидатите на партијата за градоначалници на претстојните локални избори. Меѓу општините за кои беа соопштени имињата се Карбинци, Сопиште, Дебарца, Демир Хисар и Струмица –но, кандидатско место за нов мандат за ...

Романскиот десничарски европратеник Георге Пипереа вечерва побара во Европскиот парламент да се гласа за недоверба на Европската комисија, предводена од претседателката Урсула фон дер Лајен. Претседателката на ЕП, Роберта Мацола ги информира лидерите на парламентарните групи за барањето на европратеникот Пипереа, во кое се обвинува ЕК за недостиг на транспарентност и лошо управување, особено во справувањето со пандемијата Ковид-19. Гласањето ...

Возачот на Ферари Луис Хамилтон следната трка ја вози пред домашната публика во Силверстоун. На оваа патека седумкратниот шампион има девет победи. Но, според најавите тешко е да се очекува триумф на Хамилтон. Од самиот почеток на соработката со Ферари, Хамилтон има потешкотии. Oва е првпат од 2007 година откако се појави во формула 1, по 11 изминати трки да нема пласман на победничкиот подиум. Поранешниот прв човек на формула 1, Берни Екелстоун ...

Со финалните натпревари одиграни на 28 јуни годинава, свечено беше заокружен детскиот спортски турнир „Биди шампион“, кој во изминатиот месец донесе натпреварувачки дух, спортски вредности и многу дружење на деца од целата држава. Во саботата на реконструираното игралиште „Драган Крстев“ во општина Кисела Вода, се реализираше финале на турнирот „Биди шампион“. Победник во мал фудбал стана тимот од Кисела Вода, додека во уличен баскет, најдобри ...

Украинскиот правобранител Дмитро Лубинец денеска изјави дека руската армија егзекутирала 268 украински воени заробеници по наредба на највисокото воено раководство на Москва. - Според нашите податоци, во тек се истраги за егзекуциите на 268 украински војници од страна на руските војници … Знаеме дека овој начин на постапување со украинските воени заробеници е контролиран од највисоките нивоа. За жал, ова е реалноста што ја набљудуваме, наведе ...

Две од фаворитките на годинашниов Вимблдон Арина Сабаленка и Медисон Кејс успешно ги минаа пречките од второто коло и се пласираа во третата рунда. Првата носителка и тенисерка број 1 Сабаленка во првиот сет имаше проблеми со Мари Бузкова од Чешка и со многу напор го „скрши“ отпорот и првиот сет го доби дури во тај брејкот, додека во вториот сет оствари предност доволна за 2:0 во сетови (7:6(4), 6:4). Американката Медисон Кејс (осма тенисерка на ...

Германија денеска се соочува со најтоплиот ден од почетокот на годината, со прогнози за температури до 40 Целзиусови степени, јави ДПА повикувајќи се на германската метеоролошка служба. Во некои региони веќе е издадено предупредување за екстремна горештина. Вчера во градот Кицинген во Баварија се измерени 37,8 степени. Според прогнозите, топлотниот бран ќе биде проследен со грмотевични бури, а поради високите температури се зголемува и ризикот ...

Потпретседателот на Партијата за демократски напредок (ПДП) и пратеник Игор Црнадак денеска изјави дека Република Српска (РС) не смее да прифати мигранти од Јужна и Централна Америка во замена за укинување на американските санкции против претседателот на РС, Милорад Додик. Црнадак на својот Фејсбук профил ја објави изјавата на Додик од интервју за „Њузмакс“, во кое претседателот на РС вели дека е „подготвен да направи одреден договор со Америка ...

Обрад Марковски и Никола Јовиќ остварија победа со неверојатен пресврт во решавачкиот сет и стигнаа до четвртфиналето во игра на двојки на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања. Тие ги елиминираа четвртите носители Алехандро Банкалари и Николас Виљалон Валдес од Чиле со победа од 2:1 во сетови. Првиот сет им припадна на тенисерите од Чиле со 6:3 во гемови, а македонско-српската комбинација го доби вториот сет со 7:5 во гемови. Во решавачкиот сет ...

Расправата за ребалансот на Буџетот продолжува утре во матичната Комисија за финансирање и буџет. Денеска на првиот ден од расправата, пратениците од власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за тоа кој повеќе направил на економски план за државата. За пратениците од владејачката ВМРО-ДПНЕ, ребалансот е реален и гарантира економски раст и подобрување на животниот стандард, а за опозицијата е доказ дека е направена краткорочна политичка ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
1.03
29%
1016
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
4.63
39%
1020
weather icon

Загреб

31ᴼ / 28ᴼ
3.6
43%
1023
weather icon

Софија

34ᴼ / 32ᴼ
3.09
28%
1018
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
2.38
17%
1015
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
4.63
54%
1023
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
11.83
24%
1011
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
2.06
16%
1013
weather icon

Подгорица

37ᴼ / 37ᴼ
3.6
25%
1014
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 32ᴼ
7.2
40%
1017
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 28ᴼ
1.34
40%
1023
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 30ᴼ
9.26
37%
1015
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326