Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Младо момче од Македонија утре ќе биде вратено во земјава со владиниот авион откако тешко се повредило при пад од тобоган на летување во Бодрум. Момчето се здобило со скршеница на вратен пршлен и е хоспитализирано во Турција. Поради сериозноста на повредите лекарите процениле дека транспортот со редовен комерцијален лет или со возило не е безбеден. Утре со владин авион ќе биде транспортирано во земјава. Младо момче од Македонија утре ќе биде ...
Турција, Саудиска Арабија и Пакистан денеска ќе потпишат заеднички договор за одбрана, откако земјите од Персискиот Залив се соочија со напади од Иран, соопштија регионални извори, Иако овој договор дополнително го зајакнува блокот на големите сунитски муслимански сили, не е познато какви специфични обврски очекува секоја земја, објавуваат британските медиуми. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф ќе се ...
Од Министерството за здравство утрово информираа дека се известени од компанијата - носител на одобрението за ставање во промет на лекот „Фостер“, што се наоѓа на Позитивната листа на лекови, дека се направени промени во интерес на пациентите на кои им е потребен. - Почнувајќи од овој месец, осигурениците повторно ќе можат да го подигнат лекот од аптеките без доплата, односно само со плаќање на законски утврдената партиципација за услугата по ...
Општина Гази Баба денеска ќе одржи комеморативен настан посветен на одбележувањето на 10-годишнината од катастрофалните поплави од 2016 година во Стајковци и други населени места и Сингелиќ, во кои загинаа 22 лица. На настанот ќе им биде оддадена почит на загинатите и ќе биде испратена порака дека споменот, солидарноста и одговорноста се трајна обврска. - Поминаа 10 години од катастрофалната поплава која на 6 август 2016 година ја погоди ...
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози. Како што соопшти Автомотосојузот на Македонија, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, ...
Цената на златото денеска достигна највисоко ниво во последните седум недели, поттикната од послабите од очекуваните податоци за вработеноста во приватниот сектор во САД, слабеењето на американскиот долар и очекувањата дека наскоро би можел да биде постигнат договор за повторно отворање на Ормуската Теснина. Спот-цената на златото во текот на денот достигна околу 4.300 долари за унца, пред да се стабилизира на околу 4.260 долари, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги повика европските лидери на поостри мерки против илегалната имиграција, оценувајќи ја заедно со енергетската политика како двата главни фактори што ја „убиваат“ Европа. За време на обраќањето пред новинарите во Овалната соба, Трамп посочи дека Европа се соочува со два клучни проблеми кои бараат итна реакција од властите. - Две работи ја убиваат Европа. Првата е миграцијата, а втората е ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе нови увозни давачки за полисилициумот, материјал што е клучен за производство на соларни панели и полупроводници, за да ги заштити домашните производители од евтината странска конкуренција. Трамп синоќа потпиша претседателска прокламација со која се утврдуваат минимални увозни цени за полисилициумот и сродните полупроизводи, како и царина од 15 отсто за производите изработени ...
Седум лица, вклучувајќи го и напаѓачот, се убиени во денешното пукање во училиште во округот Банг Круаи во покраината Нонтабури во Тајланд, соопшти полицијата. Во нападот, кој го изврши ученик од деветто одделение на возраст од околу 14 години, повредени се најмалку 15 лица, од кои двајца се во критична состојба. Претходно властите соопштија дека напаѓачот убил наставник и ранил четири лица, од кои тројца ученици. Тајландскиот премиер Анутин ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена ...
Камерниот оркестар „Профундис“ под диригентската управа на Ѓурѓица Дашиќ, на сцената на „Охридско лето“ вечерва ќе го донесе атрактивниот концертен проект „Концерт под свеќи“, во кој како солист ќе настапи еден од најпризнатите виолинисти на неговата генерација, Стефан Миленковиќ. Камерниот оркестар „Профундис“ е формиран во 2019 година од страна на диригентката Ѓурѓица Дашиќ, со идеја за создавање висококвалитетен професионален ансамбл што ...
Додека власта вели дека нема дипломатска операција за прифаќање на францускиот предлог а опозициската СДСМ тврди дека под радарот се договараат уставни измени, експертите велат дека ни се потребни јасни политики за деблокирање на евроинтеграцијата. Разговор со Симонида Кацарска од Институтот за европска политика. Додека власта вели дека нема дипломатска операција за прифаќање на францускиот предлог а опозициската СДСМ тврди дека под радарот ...
Мицкоски и Николоски се фалат со туѓа работа а единственото што го направија е што изгубија 60 милиони евра – регираат од опозициската СДСМ. Според опозицијата, финансиите за македонска железница се обезедени пред три години. Власта си присвојува туѓи резултати за да го скрие сопствениот неуспех – велат од СДСМ ... Мицкоски и Николоски се фалат со туѓа работа а единственото што го направија е што изгубија 60 милиони евра – регираат од ...
Единствена Македонија смета дека вчерашната информација за контакти на Иван Стоилковиќ со БИА не смеат да бидат предмет на селективен интерес. Ако веќе се отвора ова прашање, тогаш истрагата мора да оди многу подлабоко и да го опфати целокупното негово политичко и безбедносно минато. Јавноста има право да дознае како Иван Стоилковиќ од деведесеттите години на минатиот век се изгради во политички фактор, како го презеде лидерството на српската ...
Идејата за уставни измени стана политички токсична – Македонија заслужува праведен и предвидлив пат кон ЕУ. Ова го порача шефот на дипломатијата Муцунски во интервју за влијателниот бриселски „Политико“. Според Муцунски, граѓаните се фрустрирани и уморни од недостигот на резултати и не веруваат дека Бугарија нема да има ново барање за земјата. Вели дека Македонија станала „студија на случај“ за тоа како билатералните спорови можат да го ...
Иницијативата за подигнување споменик „Мајка Македонија“ во Нови Сад предизвика реакции во Србија, Грција и Бугарија. Предлогот го поднесе Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија по повод 80-годишнината од доселувањето на Македонци во Војводина, пишува “Данас“. Предлогот наиде на остри реакции од Граѓанската партија на Грците во Србија, која побара властите во Нови Сад да ја отфрлат иницијативата. Од партијата ...
Итна реакција од Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи побара претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по вчерашниот инцидент во струмичко Ново Село, каде што, според партијата, млади активисти на СДСМ биле нападнати од симпатизери и членови на ВМРО-ДПМНЕ. Инцидентот, според СДСМ, се случил за време на герила-акција, при што младите активисти истакнале транспарент со поддршка за граѓаните на Гостивар. Во тој момент, во ...
Средношколците со просек 3.66 ја завршија јуснката државна матура за сите три типа матурски испити. Паралелно со тоа министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека не очекува нов демографски удар во септември. Во училишните јкллупи ќе недостасуваат најмалку 3.000 првачиња. Министерката Јаневска потенцираше дека е задоволна од овогодинешната оценка од пполагањето на државниот испит. Потенцираше дека е задоволна од постигнатиот ...
Скопското обвинителство информираше дека е поднесена жалба на ослободителната пресуда за Никола Груевски за случајот ,,Талир 2″. Надлежниот јавен обвинител ја прими првостепената пресуда и вложи жалба, информираа од Обвинителството. Пред неполн месец во Кривичниот суд беше изречена ослободителна пресуда за екс премиерот Груевски, кој беше обвинет во ,,Талир 2″, за незаконската изградба на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Судијката Даниела ...
Дел од онколошките пациенти денеска пред Министерството за здравство се појавија и потенцираа дека не бараат виновник, туку сакаат решение. Ана Марјановиќ од Здружението „Хема-Онко“ посочи дека дел од терапијата е веќе пристигната но бараат континуитет. Таа вели доколку дистрибуцијата е проблем во Македонија треба да се разговара со комори и здруженија на веледрогерии во државата. Ана Марјановиќ-онколошка пациентка, Здружение „Хема-Онко“: „Во ...
Стручна комисија составена од специјалисти од земjaва, но и еден од странство ќе го истражува случајот со 19 годишната Станка Михајлова која по породувањето со царски рез остана неподвижна. Од министерството за здравство не соопштуваат информации што е утврдено од вонредните контроли на здравствениот инспекторат, но најавија формирање на комисија која ќе треба да утврди дали имало лекарска грешка. Министерство за здравство – Комисијата за ...
Од 40 до 50 луѓе дневно со симптоми одат на преглед и бараат помош во гостиварската болница. Дел од нив се со симптоми од загадената вода но дел со стомачни вируси и тегоби поради топлото време. Од министерството за здравство информираа дека состојбата се нормализира и се намалува бројот на пациенти кои пројавуваат здравствени проблеми поради загадената вода. Министерство за здравство: Состојбата се нормализира. Бројот на луѓе кои одат на ...
Кој и зошто овозможил разузнавачот Киро Тодоровски кој беше правосилно условно осуден да добие безбедносен сертификат со степен „државна тајна“ и да биде испратен како претставник на Агенцијата за разузнавање во Виена. Ова прашање го наметна политичката партија Левица кои бараа одговор од институциите но и претседателката на државата Гордана Сиљановска Дафкова и владејачката ВМРО ДПМНЕ . Во дописот од партијата наведуваат Левица: Разузнавачот ...
Пентагон подготвува нова нуклеарна стратегија со цел да се подготви за одговор на потенцијални напади од Русија или Кина - изјавија денеска за телевизијата Ен-би-си (NBC) извори од американското Министерство за одбрана запознаени со прашањето. Високорангиран претставник на Министерството за одбрана изјави за Ен-би-си дека ставот на Пентагон е дека на Соединетите Американски Држави „им се потребни кредибилни нуклеарни опции“. Според изворите, ...
Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонредни инспекциски надзори во здравствените установи во кои пациентката С.М. била прегледувана, породена и понатаму лекувана, соопшти Министерството за здравство. Надзорите се спроведени во Општата болница во Струмица, Клиничката болница во Штип и Универзитетската клиника за неврологија. Инспекторите извршија увид во здравствената евиденција и медицинската документација, а се земени и ...
Во учебната 2026/2027 година ќе има помалку ученици. Бројот не е конечен затоа што претстои трет упис во средно, каде што намалувањето не е драстично како во основните училишта. Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека значително помалку основци ќе следат настава од септември затоа што за разлика од лани, годинава се запишале околу 4900 помалку првачиња. -Бројот не е дефинитивен затоа што уште ќе се запишуваат, дел од ...
росечната оценка од полагањето матура во јуни е 3,66 од сите три типа матура - државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура, кои првпат се воведени оваа година. Два месеца по полагањето на првиот од двата екстерни испити, министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска на прес-конференција денеска ги соопштија резултатите кои се конечни и по ...
По повеќе од дваесет години, сестрите близначки Маријана и Росана снимија заедничка песна. Заедно со Дац и Александар ја објавија „Засекогаш млади“ и велат дека телефоните не престануваат да ѕвонат, а честитките пристигнуваат од сите страни. „Многу сме среќни што се случи оваа песна. Телефоните постојано ѕвонат, а честитките не запираат“, велат Драган Спасов-Дац и Александар Митевски. Тие додаваат дека идејата да снимат песна со сестрите ...
Денес пред точно 81 година, Америка го бомбардира јапонскиот град Хирошима со атомска бомба. Утрото на 6-ти август 1945 година, бомбата, која Американците ја нарекувале Little Boy (мало момче), беше „фрлена“ од авион, а само три дена подоцна, истата судбина го снајде и градот Нагасаки. Поради бомбардирањето, Јапонија официјално се предаде во Втората светска војна, на 2-ри септември истата година. Но, штетата што ја направија бомбите беше ...
Вкупно осум пожари на отворен простор се регистрирани до 13:00 часот, од кои два се активни, еден е под контрола, а пет се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Македонски Брод кај селото Грешница, м.в. Стојанова Населба, каде гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки и во Општина Гостивар кај селото Падалиште каде гори ниска вегетација и нискостеблеста шума. Под контрола е ставен пожарот во ...