Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Ким Јо Џонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, предупреди дека Пјонгјанг ќе усвои „дополнителни воени опции“ како одговор на она што го нарече трансформација на Јапонија во воена сила, откако Токио тестираше крстосувачка ракета „Томахавк“ од американско производство. Во соопштението што го пренесе севернокорејската државна агенција КЦНА, Ким ја обвини Јапонија дека го надминала одбранбениот став и ги претворила своите вооружени ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Ормуската Теснина, која е блокирана од иранските сили, ќе биде отворена „многу брзо“ или Иран ќе биде „многу силно“ погоден во напад на Соединетите Американски Држави. - Протокот ќе биде отворен многу брзо, или тие (Иран) ќе бидат многу силно погодени, а потоа протокот ќе биде отворен – рече Трамп во интервју за Фокс њуз. Трамп во јужна Калифорнија присуствуваше на вечера за собирање средства ...
Најмалку едно лице загина, а 22 се повредени во руски напад со балистички ракети извршен ноќеска врз украинскиот главен град Киев, соопштија денеска украинските власти. Градската воена администрација соопшти дека е регистрирана штета во најмалку седум градски окрузи. Притоа загинала една жена, а најмалку 22 лица се повредени. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека две лица се извлечени од урнатините на срушен магацин. Во тек е ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски вечерва изјави дека Киев е подготвен за сите формати на состаноци со САД за постигнување мир преку преговори. Украинската дипломатија е „во секојдневен контакт со претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп“ за процесот на преговори со Русија и е подготвена за „сите формати на состаноци, изјави Зеленски во секојдневното вечерно обраќање до нацијата. Сметаме на (американските пратеници) ...
Франција од почетокот на сезоната регистрирала околу 14.000 пожари, а безбедносните служби привеле повеќе од 400 лица поради намерно или ненамерно предизвикување пожари - соопшти денеска францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез. Како што пренесе телевизијата БФМТВ (BFMTV), Нуњез посочи дека од почетокот на сезоната биле регистрирани 14.000 пожари, а безбедносните сили уапсиле 402 лица поради пожари кои биле намерно предизвикани ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени Целзиусопви. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени. Според највите од Управата за ...
Водата во Гостивар се уште е небезбедна за пиење. Може да се користи само за техничка употреба односно одржување на лична хигиена и хигиена во домовите. За да се тргне забраната за пиење и подготовка на храна потребни се три последователни исправни анализи. Министерот з внатрешни работи Панче Тошковски по завршувањето на состанокот на Кризниот штаб рече декаво наредниов период ќе се зголемат мерењата за квалитетот на водата со цел да се има ...
Продолжува битката со пожарите. Втор ден гори во близина на Кавадарци. Огнената стихија е под контрола но поради високите температури, постои опасност од повторно активирање на поединечни жаришта. Зафатена е површина од неколку километри, претежно нискостеблеста шума и ниска вегетација, а во гаснењето покрај противпожарни екипи од Кавадарци и Неготино, помагаат и армиски и полициски хеликоптери како и ер трактори. Стојанче Ангелов - директор ...
Серија драматични инциденти, пожари на пловни објекти и итни спасувачки акции го одбележуваат езерскиот сообраќај на Охридското Езеро во досегашниот дел од летната сезона. Невниманието, но и лошата проценка на временските услови, повторно ги ставија на сериозен тест безбедноста на капачите и наутичарите.Во засилените акциски контроли што ги спроведоа СВР Охрид, Езерската полиција и Капетанијата на пристаништа, само во една голема акција беа ...
Жешка политичка есен се очекува во Уставниот суд , откако висок владин функционер за ТВ 24 најавува дека планот е уште во септември Собранието да ја почне постапката за избор на нов уставен судија по оставката на Гоце Наумовски, со што судот би бил конечно комплетен. Комплетирање на Судот чека одлуката за дел од оспорените одредби на законот за употреба на јазиците , кој е со најдолг стаж на чекање во Судот, односно предметот е од 2018 година ...
Над 200 повици на дневно ниво поради високите температури. Од Итната медицинска помош, Даниел Георгиевски за Телевизија 24 посочи дека граѓаните треба да бидат одговорни и да ги почитуваат препораките од здравствените власти. Вели дека лицата над седумдесеттата година најмногу бараат помош и помлади со претходни дијагнози и состојби. Даниел Георгиевски-Итна медицинска помош „Да се избегнува најтоплиот дел од денот, барем од 11-17 часот. Ако ...
Стојна Димитровска позната како жената која нелегално наплаќаше влезници на туристи за Кулкино заработи мерка притвор која и ја изрече судот, а по предлог на обвинителството. Во официјалниот допис од ОЈО наведуваат: ОЈО - Јавниот обвинител , го имаше предвид и фактот дека против ова лице веќе е во тек постапка за продолжено кривично дело узурпација на локалитетот Куклица во која и се изречени мерки на претпазливост , вклучително и забрана да ...
Завршен е вонредниот надзор во штипската и струмичката болница, а денеска ќе заврши и контролата во Универзитетската клиника за неврологија. Од здравствениот инспекторат за ТВ 24 велат дека утре ќе го комплетираат извештајот за 19 годишната Станка Михајлова, која по царски рез остана неподвижна. Инспекторатот ќе треба да утврди дали имало некакви пропусти во третманот на 19 годишната Михајлова од Струмица – мајка на две деца. Надзорот го ...
Продолжува битката со пожарите. Втор ден гори во близина на Кавадарци. Огнената стихија е под контрола но поради високите температури, постои опасност од повторно активирање на поединечни жаришта. Зафатена е површина од неколку километри, претежно нискостеблеста шума и ниска вегетација, а во гаснењето покрај противпожарни екипи од Кавадарци и Неготино, помагаат и армиски и полициски хеликоптери како и ер трактори... Стојанче Ангелов - ...
Високите температури, сушата и пожарите ги погодија Европа и Балканот. Нискиот водостој на Дунав создава проблеми за енергетиката – Романија минира карпи за да го расчисти коритото и да ја спаси нуклеарката Чернавода, додека Унгарија целосно ја исклучи нуклеарната централа „Пакш“. Петар Маѓар, премиер на Унгарија „Мораме постојано да го следиме енергетскиот биланс од час во час. И доколку е потребно, ако намалувањето на доброволната ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во периодот од 1 до 31 јули годинава како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 20.976 издадени платни налози, 4.241 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Како што посочуваат од МВР, лишени од слобода за безобѕирно управување на ...
До 13:00 часот во земјава се регистрирани пет пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а четири се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен е пожарот во Општина Кавадарци - села Раец, Ќесендре и Дреново, каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација. Изгаснати се пожарите во Општина Прилеп, ул. „Дебарска“, кај м.в. Теќе каде е зафатена депонија, Општина Теарце - села Шемшово и Сиричино каде гори ѓубре, ...
Главниот штаб за кризи попладнево ќе одржи седница посветена на состојбата со водата во Гостивар. На седницата, како што се наведува во најавата ќе присуствува и раководителот на управувачкиот комитет и министер за внатрешни работи Панче Тошковски, со претставници на сите релевантни фактори поврзани со кризната состојба со водата од градскиот водовод во Гостивар... Главниот штаб за кризи попладнево ќе одржи седница посветена на состојбата со ...
Хипокритот Филипче да не глуми како во политиката да е од вчера и да дава лицемерни изјави и да се однесува како јавноста да страда од колективна амнезија, велат од ВМРО ДПМНЕ. Постојат документи од кога Филипче беше дел од владата на Зоран Заев и министер за здравство, документи кои укажуваат на сериозни проблеми и нерегуларности. Наместо да се однесува очајнички, сега е должен да и одговори на јавноста зошто кога бил министер молчел, а ...
Пожарот во кавадаречкиот регион и натаму е активен, но неговиот интензитет е значително намален по целоноќната интервенција на пожарникарите, информираа од Дирекцијата за заштита и спасување... Од ДЗС и Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопштија дека од 6 часот утрово на терен се ангажирани повеќе екипи кои дејствуваат на два правци за локализирање на пожарот во Општина Кавадарци... Центарот за управување со кризи соопшти дека се ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за 41-годишна жителка на Кратово која беше лишена од слобода вчера и за која се водат постапки за спречување на службени лица во вршење службени дејствија и узурпација... Осомничената подолг период, и покрај сите досега преземени мерки, продолжуваше да го узурпира локалитетот „Куклица“, кој со указ е прогласен за споменик ...
Ова е последна шанса за иранскиот режим да потпише добар документ, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, алудирајќи на потенцијален договор меѓу Иран и САД. За време на обраќањето пред новинарите во Белата куќа, синоќа, Трамп рече дека преговорите „се во тек“ и дека тие „се движат брзо, на еден или друг начин“, објави Скај Њуз. САД, потенцира тој, се подготвени да го нападнат Иран „посилно од кој било воен напад од Втората светска ...
Данска денеска го продолжи траењето на воената служба од четири на 11 месеци, што е речиси трипати подолго од претходно, во рамките на зајакнувањето на одбранбените капацитети поради војната во Украина. Околу 1.600 млади Данци вчера ја почнаа воената служба според новата програма, јавија локалните медиуми. Воената служба во Данска е главно доброволна. Младите кои ги исполнуваат условите прво сами се пријавуваат, додека во ретки случаи, кога ...
Три кандидатки за функцијата генерален секретар на Обединетите нации истакнаа дека фокусот на нивната работа на оваа функција, доколку бидат избрани, ќе биде борбата против криминалот. Трите кандидатки говореа за време на настан во Монтевидео, Уругвај. Костариканката Ребека Гринспан, Марија Фернанда Еспиносаод Еквадор и Керолин Родригес-Биркет од Гвајана ги претставија своите изборни програми. - Ние сме регион на мирот, зафатен од насилството ...
Центарот за управување со кризи соопшти дека до 07:30 часот утрово се регистрирани 29 пожари на отворен простор, од кои два се активни, а 27 се изгаснати. Активни се пожарите во Општина Кавадарци (помеѓу с. Раец и с. Ќесендре, каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација), како и во Општина Прилеп (ул. „Дебарска“, м.в. Теке (депонија), а другите три правци се изгаснати). Според ЦУК, изгаснати се следните пожари: Општина Бутел – ул. ...
Поради најавените високи температури до 7 август, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од топлотниот бран, особено во периодот од 11 до 17 часот кога ризикот од изложеност на сонце е најголем. - Кога амбиентниот воздух се приближува или ја надминува нормалната телесна температура од отприлика 36,7°С способноста на човековото тело да се лади слабее. Дополнително, кога релативната влажност ...
Бројот загинати во двојните земјотреси што ја погодија Венецуела кон крајот на јуни се искачи на повеќе од шест илјади. Според најновите податоци на претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригез, досега се потврдени 6.125 жртви. Се очекува бројот на загинати дополнително да расте, бидејќи според неофицијални проценки меѓу 17.000 и 29.500 лица се уште се водат како исчезнати. Родригез изјави дека расчистувањето на урнатините ...
Најмалку тројца членови на екипажот се тешко повредени во напад со дронови извршен врз турски товарен брод во Црното Море. Генералната дирекција за поморски работи на Турција синоќа соопшти дека бродот „Надежда“ бил погоден на околу 20 наутички милји (37 километри) од руското пристаниште Новоросијск, додека пловел кон турскиот град Самсун Турските власти не наведоа кој стои зад нападот. Турските медиуми, повикувајќи се на изјава на капетанот ...
Шумските пожари кои веќе трет ден горат на периферијата на Спокен во американската сојузна држава Вашингтон уништија најмалку 700 објекти и принудија 64.000 луѓе на евакуација, соопштија денеска локалните власти. Три пожари во областа се прогласени за највисок приоритет за гаснење во САД, вклучително и пацифичкиот северозапад, кој е погоден од суша, каде голем број пожари веќе со недели горат и го влошуваат квалитетот на воздухот во ...
Министрите за внатрешни работи и правосудство на земјите членки на Европската Унија денеска ќе одржат вонреден состанок преку видеоконференција за да разговараат за масовниот влез на мигранти во шпанската ексклава Сеута. Ирска, која моментално претседава со Советот на ЕУ, соопшти дека го свикала состанокот на Советот на ЕУ за правосудство и внатрешни работи, а со состанокот ќе претседава ирскиот министер за правда, внатрешни работи и ...