Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека не им верува на медиумските извештаи дека САД размислуваат за замрзнување на членството на Шпанија во НАТО поради противењето на Мадрид на војната против Иран. Санчез ја дал изјавата пред почетокот на средбата на лидерите на ЕУ во Кипар. - Не работиме врз основа на е-пошта, туку врз основа на официјални документи и позиции кои ги формулира владата на САД – одговори тој на новинарско прашање. - Ставот ...
Тројца работници утрово биле затрупани со земја при ископ на темели на градилиште во Скопје, од кои двајца се извадени и пренесени на скопските клиники, а се работи на вадење и на третото лице, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). - Денеска во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на улица Козјак во Скопје, при ископ на темели со земја биле затрупани тројца работници. Од нив, двајца се извадени и со возило на ...
Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека техничката влада ќе остане за следните парламентарни избори, но ќе биде укината за изборите по нив. Според него, ова значи дека и на наредното гласање ќе има преодна влада со учество на опозицијата. Мицкоски смета дека противењето од СДСМ и Венко Филипче произлегува од страв од нов изборен пораз. Тој нагласи дека по следните избори победничката партија ќе владее без техничка влада. Дополнително, порача ...
Српската полиција приведе 42-годишен македонски државјанин осомничен за измама. Тој лажно се претставувал како хирург и барал пари за наводни итни операции на повредени лица. Бил уапсен веднаш по примање пари, при што кај него биле пронајдени 16.650 евра и 150.000 динари. Според Министерство за внатрешни работи на Србија, се сомничи дека со соучесници извршил повеќе измами во Белград и стекнал над 100.000 евра. На осомничениот му е одреден ...
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека вицепремиерот Арбен Фетаи најавил повлекување од Владата. Според него, Фетаи сака да ја продолжи кариерата во европските институции, каде веќе има искуство. Мицкоски оцени дека неговите контакти може да се искористат преку евентуален ангажман како специјален пратеник. Во меѓувреме, беше посочено дека Фетаи подолг период не присуствувал на владините седници. Премиерот најави реконструкција на Владата ...
На 23.04.2026 од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при под раководство на ОЈО за ГОКК се спроведува полициска акција при што е сузбиена организирана криминална група инволвирана во извршување на повеќе кривични дела. Во рамки на акцијата, врз основа на претходно обезбени наредби од Основен кривичен суд се вршат претреси на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола, при што лишени од слобода се повеќе лица, ...
Скопскиот Кривичен суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство и определи притвор од 30 дена за поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини. Мерката притвор, како што појаснуваат од Кривичен, е определна поради сомнение дека сторил кривично дело проневера во службата. Како што информираат од Кривичен, притворот е определен поради опасност од бегство и можноста од влијание врз сведоци и ...
Законот со кој се предвидува укинување на техничката влада по наредните избори, помина на матичната комисија. Власта не прифати ниту еден од 13-те амандмани поднесени од ДУИ. Министерот за администрација, Горан Минчев, изјави дека Владата има добиено поддршка од САД за укинување на „Пржинската“ влада. Законот треба да помине и на Законодавно-правната комисија, а потоа, според информации од парламентарното мнозинство, се очекува да се најде на ...
Цените на нафтата утрово забележаа благ раст на светските берзи, и покрај вестите за продолжување на примирјето меѓу Израел и Либан. Северноморската нафта „Brent“ поскапе за 0,7 проценти и достигна речиси 105,8 долари за барел, додека цената на американската сирова нафта порасна за 0,6 отсто на 96,5 долари за барел. Забележителна е загриженост на берзите дека продолжените борби меѓу Израел и Либан би можеле да го нарушат кревкото примирје ...
Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтер беше регистриран кусо пред 6.30 часот утрово по локално време во морскиот дел јужно од грчкиот остров Крит, а засега не се пријавени некакви проблеми. Според Геодинамичкиот институт, епицентарот бил во морската област седум километри југозападно од крајбрежниот град Гудура и на длабочина од 5 километри. Заменикот префект на областа Јанис Андрулакис за државната телевизија ЕРТ рече дека ...
Турските власти запленија шверцувано злато и валута во вредност од над 590 милиони турски лири (11,2 милиони евра) во специјализирана операција во областа на турско-сирискиот пограничен град Џизре (покраина Ширнак), објави ТРТ Хабер, повикувајќи се на соопштение од турската Генерална дирекција за безбедност. Во соопштението се наведува дека како дел од операцијата против шверц спроведена вчера во регионот Џизре, полициските единици запреле и ...
Следното дело на јапонскиот писател Харуки Мураками, кое во Јапонија ќе биде објавено во јули, за првпат ќе има женски главен лик, соопшти неговата издавачка куќа Шинчоша. Во книгата „Приказна за Кахо“, главен лик е авторката на книги за деца Кахо. Таа еден ден среќава непознат човек кој ѝ вели: „Да бидам искрен, никогаш не сум видел некој што е толку грд како вас.“ Според синопсисот, Кахо (26), која не е ниту неверојатно убава ниту ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави продолжување на примирјето меѓу Израел и Либан за три недели синоќа. Одлуката за продолжување на „примирјето“ меѓу Израел и милитантната група Хезболах во Либан беше донесена за време на состанокот одржан во Белата куќа од страна на израелскиот и либанскиот амбасадор во САД. Тоа беше втор состанок меѓу претставници на двете земји од минатата недела. Оригиналниот 10-дневен прекин на огнот со кој се ...
Пожарот во нафтена рафинерија во рускиот црноморски град Туапсе е под контрола, соопштија денеска локалните власти Според соопштението од управата на Краснодарската област, пожарот е ставен под контрола, но операцијата за негово целосно гаснење продолжува. На терен и натаму се ангажирани 276 пожарникари и 77 противпожарни возила. Жителите беа повикани да не излегуваат надвор и да ги држат прозорците затворени поради чадот и загадениот воздух. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја исклучи можноста за употреба на нуклеарно оружје во војната против Иран, пренесе ДПА. - Зошто би користел нуклеарно оружје? Ние целосно, на многу конвенционален начин, ги десеткувавме и без тоа – им изјави Трамп на новинарите во Белата куќа. - Не, не би го користел. Никогаш не треба да му се дозволи на никого да користи нуклеарно оружје – додаде тој. На прашањето за изгледите за долгорочен мировен ...
Утрово најстудено беше во Берово, Лазарополе и Попова Шапка со измерени минус 2 степени Целзиусови. Во Маврови Анови минус 1, нула во Крива Паланка, Битола, 1 Претор, Тетово, Струмица, Охрид, Штип, 2 Куманово, Kрушево, Велес, Демир Капија, Прилеп, 3 Кавадарци, Гевгелија, 4 Виница, 5 Скопје-Зајчев Рид, соопшти УХМР. Како што соопшти УХМР, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер ...
Дисциплинската комисија при ФФМ му изрече денеска казна на Башкими 1947 за настап на домашен терен во следните четири натпревари поради пропусти во организација на натпреварот против Струга, што се одигра изминатиот викенд на стадионот во Куманово во рамки на 28. коло во Првата македонска фудбалска лига. Казната е изречена и поради присуство на неслужбени лица на теренот и во службените простории, како и физички напад врз претставници и ...
Ракометарите на македонскиот преставник во ЕХФ Европскиот Куп ГРК Охрид со максимален учинок стигнаа до полуфиналето на европското натпреварување. Охриѓани на осумте дуели постигнаа осум победи. Но ривалот во полуфиналето е име за респект поранешен европски шампион Цеље Пивоварна Лашко. - Се истрошувме во Купот и во финалето против Вардар, но немавме многу време за тага. Мора да мислиме на следниот ривал и дуелот со Цеље на гостински терен. ...
Папата Lав XIV ги повика САД и Иран да се вратат на преговарачката маса. Поглаварот на Римокатоличката црква за време на повратниот лет од турнејата во Африка, повика на создавање нова „култура на мирот“, што ќе овозможи решавање на конфликтите без употреба на воена сила. „Еден ден Иран вели ‘да’, САД велат ‘не’ и обратно. Не знаеме до каде ќе стигне тоа...Би сакал да ги охрабрам сите да најдат решенија што произлегуваат од култура на мир, а ...
Министерот за надворешни работи на Унгарија во заминување, Петер Сијарто, синоќа изјави дека ја смета за навредлива и самата претпоставка дека Русија би можела да има компромитирачки материјал против него или против премиерот во заминување, Виктор Орбан. - Многу е навредливо да се тврди дека Русите би можеле да ме држат во раце … Како би можеле? Дури и самата претпоставка е навредлива, многу навредлива. Легитимна е дебатата за тоа на чиј вкус ...
Владата на аргентинскиот претседател Хавиер Милеи им забрани пристап на новинарите до претседателската палата „Каса Росада“. Секретарот за комуникации, Хавиер Линари, изјави дека одлуката се темели врз пријава од органите задолжени за безбедноста на претседателот и владината резиденција. „Одлуката е донесена како превентивна мерка по пријава од ‘Каса Милитар’ за незаконско шпионирање“, напиша тој на платформата „Икс“. Се смета дека пријавата ...
САД го одобрија првиот голем договор за подморници според безбедносниот пакт АУКУС, пренесе ДПА. Договорот вреден 196 милиони долари, доделен на американската компанија „Electric Boat“, вчера беше објавен од американската влада. Според безбедносниот договор од 2021 година, Австралија ќе набави подморници на нуклеарен погон со поддршка од Велика Британија и САД, заедно со соработка во воената технологија. Проектот ќе биде финансиран од ...
Едно лице е убиено, а петмина се ранети во престрелка во трговски центар во американската сојузна држава Луизијана. Според полициските информации, инцидентот се случил вчера попладнето во зоната за храна во трговскиот центар „Mall of Louisiana“ во Батон Руж. Притоа дошло до расправија меѓу две групи, што преминала во престрелка. Властите првично соопштија за десет повредени, но подоцна бројот беше ревидиран. Пет лица се уапсени, соопшти ...
Норвешката влада денеска соопшти дека ќе предложи забрана за користење на социјалните мрежи за деца помлади од 16 години и дека технолошките компании ќе бидат одговорни за проверка на возраста на младите корисници. - Го воведуваме овој закон затоа што сакаме детство во кое децата можат да бидат деца. Игрите, пријателствата и секојдневниот живот не смеат да бидат преземени од алгоритмите и екраните – изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Стјоре ...
Новото издание на Интернационалниот фестивал на монодрама синоќа почна со спектакуларно отворање кое го приреди НУ Центар за култура-Битола низ мега-изложба на фотографии „Лауреати на фестивалот“, музички перформанс и монодрама која ја изведе актерката Тијана Дапчевиќ. Гостите од градот, државата и странство ги поздрави Сашо Илковски, директор на НУ Центар за култура кој истакна дека на фестивалските сцени во Битола ќе настапат актери од ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до ...
Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Студеничани, Петровец, Карпош и Гази Баба, соопшти РЦУК - Скопје. Во периодот од 08:30 до 11:30 часот, без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците од РТВ Предавател Водно, кула АЕК Водно, село Горно Нерези, Етно село - Нерези, Предавател Космофон, објект Даре Џамбаз-Водно објект на Поштенски ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска ќе биде домаќин на ХХ Конференција на претседатели/спикери на Јадранско и Јонската Иницијатива (ЈЈИ), што се одржува во рамките на претседавањето на нашата држава со оваа Иницијатива. На состанокот е најавено присуство на претседатели, заменик-претседатели и пратеници од парламентите на државите членки на ЈЈИ – Република Северна Македонија, Република Албанија, БиХ, Хрватска, Република Грција, ...
Во понеделник ќе го изгласаме законот со кој ќе се укине "пржинската" Влада после следните избори, изјави во 24 Анализа Бојан Стојаноски од ВМРО ДПМНЕ "Ние да можевме да го изгласаме законот за Влада со кој се укинува техничката Влада по следните парламентарни избори денеска тоа ќе го направевме, законот ќе го изгласаме во понеделник. Имаме поддршка од САД и ЕУ за укинувањето на "пржинската Влада", вели Стојаноски Тој за заканата на СДСМ само ...
Укинувањето на "пржинската" Влада помина на комисија, Минчев тврди имаат поддршка од САД Законот со кој се укинува техничката Влада по наредните избори, помина на матичната комисија. Ниеден од 13 те амандмани на ДУИ, власта не ги прифати. Министерот за администрација Горан Минчев кажа дека Владата добила поддршка од САД за укинување на "пржинската" Влада. Законот треба да пимине и на ЗКП не се исклучува тоа да биде уште утре, а потоа спиред ...