Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, пристигна во пакистанскиот главен град Исламабад за да разговара за предлозите за рестартирање на мировните преговори со САД, во услови на спротивставени сигнали за тоа дали ќе се сретне со американските преговарачи. Министерството за надворешни работи на Пакистан го потврди пристигнувањето на иранската делегација и соопшти дека Арагчи ќе се сретне со високи пакистански претставници за да ...
Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола продолжува со три претстави во конкуренција кои ќе бидат изведени на големата сцена, новата сцена и бар-сцена на НУ Центар за култура. По синоќешните настапи на Дени Денис од Данска кој се натпреварува со монодрамата „Џег Хамлет“, потоа на Ахмад Јехија Махмуд Авад од Египет и македонската актерка Енџи Николоска, вечер натпреварувачкиот дел ќе го отвори Андреа Тасе од Романија која ќе ја изведе ...
За крајот на јуни (26 - 28) во Белград и во Нови Сад се најавени неколку големи собири на приврзаници на владејачката Српска напредна странка, на кои ќе има обраќање и претседателот на државата, Александар Вучиќ и можно е тие датуми да одговараат на потенцијалниот датум на избори, односно митинзите да се одржат на крајот од евентуалната изборна кампања, додека парламентарни избори би можеле да се организираат во првата или втората недела од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран планира да даде понуда насочена кон исполнување на барањата на САД, и оти се очекува мировните разговори во Пакистан да продолжат. - Тие даваат понуда и ќе мора да видиме, изјави Трамп во телефонско интервју за Ројтерс. Вели декка сè уште не знае каква ќе биде понудата. На прашањето со кого преговараат САД, Трамп рече: „Не сакам да кажам, но преговараме со луѓето кои се на власт во ...
Палестинците денеска гласаат на локалните избори, вклучително и во Појасот Газа, први по две децении. Се очекува гласањето да го покаже расположението на палестинските територии во време кога израелската влада се обидува да го спречи секој обид за палестинска држава. Палестинската самоуправа со седиште на Западниот Брег се надева дека симболичното вклучување на градот Деир ал-Балах во Газа на изборите ќе помогне во зајакнувањето на нејзиното ...
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека неговата земја ќе остане членка на НАТО, по медиумските извештаи дека САД размислуваат за суспензија на нејзиното членство. - Шпанија е лојална членка на Алијансата која ги исполнува своите обврски, но во рамките на меѓународното право - изјави Санчез на Самитот на ЕУ на Кипар. Тој е еден од најгласните критичари во Европа на американско-израелската војна против Иран, поради што повеќепати беше ...
Управата за јавни приходи (УЈП) потсетува дека 27 април 2026 година е последниот ден од законскиот рок за поднесување на ДДВ пријавата и за плаќање на ДДВ долгот за даночниот период 01/01-31/03/2026. -Бидете дел од даночните обврзници кои навремено и ажурно ги завршуваат даночните обврски и имаат солидна даночна историја. Доколку имате даночно побарување за ДДВ кое го пренесувате од претходен даночен период, од тој износ ќе се пребие ...
Соединетите Американски Држави воведоа санкции врз кинеската рафинерија за нафта Хенгли поради нејзините деловни зделки со Техеран, соопшти Министерството за финансии. - Независните рафинерии во Кина продолжуваат да играат витална улога во одржувањето на нафтената економија на Иран, а Хенгли е еден од најголемите клиенти на Иран за сурова нафта и други нафтени производи, купувајќи иранска нафта во вредност од милијарди долари, се вели во ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната од 17 до 25 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 23 степен. Според УХМР, за време на викендот и почетокот на следната ...
Најпрестижната културна манифестација во државата, фестивалот „Охридско лето“, оваа година своето 66-то издание ќе го отвори со вистински музички спектакл. На 12 јули, под отворено небо на Античкиот театар, публиката ќе има ретка можност да ги слушне светски познатиот сопран Ермонела Јахо и врвниот тенор Чарлс Кастроново. Свеченото отворање ќе биде во знак на гала-концертот насловен „Љубов“, кој според организаторите ја пренесува суштината на ...
Градот под исарот е локацијата каде ќе биде инсталиран Интегриран центар за безбедносни операции, кој ќе биде насочен на унапредување на сајбер безбедноста и дигиталната отпорност. На штипскиот Универзитет денес беше означен почетокот на значаен проект во областа на сајбер безбедноста, што ги поврзува академската заедница, институциите и меѓународните партнери. „Ако сакаме долгорочна сајбер безбедност, мора да инвестираме не само во ...
Од Основното јавно обвинителство е издадена наредба за обдукција на починатиот работник, а на терен постапуваат и Државниот инспекторат за труд и општинскиот градежен инспектор. ОЈО ,,Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место на локација во Кисела Вода, каде при одрон на градилиште еден работник го загуби животот, а тројца беа повредени. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на ...
Од естетика до истрага, ботоксот во центар на криминал. Наместо лифтинг, апсења. Наместо подмладување, истрага. „Ботокс-мафија“ е новиот термин што одекнува во јавноста. Драматична акција на полицијата и обвинителството ја тресе естетската индустрија во Македонија. Се апсат лекари, меѓу нив и од Клиничкиот центар, се приведуваат бизнисмени, се вршат претреси во повеќе градови, Скопје, Битола и Струмица. Се расклопува мрежа која, според ...
На што се должи воздржаноста на Венко ФАилипче откако неговиот пратеник Митко Трајчулески вчера за 24 анализа најави дека во игра на Бихаќка и напуштање на Собранието, откако власта во Собранието и покрај заканата дека СДСМ нема да учествува во работната група за изборниот законик не се откажа од укинување на пржинската Влада, по следните парламентарни избори. Филипче бојкотот за изборниот законик го повторува и не одговара конкретно за ...
Македонија ќе има со кого да разговара – очекувам конструктивен однос и средба. Вака, шефицата на државата Сиљановска Давкова, во телефонски разговор, му ја честитала победата на парламентарните избори на Румен Радев - екс бугарскиот претседател и иден премиер. Според Сиљановска, мнозинството и стабилноста во Бугарија, се важни за Македонија. Порача дека очекува организирање на средба со Радев. – Се разбира, му пратив порака. А потем и ми се ...
Потребен е елективен операционен зафат на жолчното ќесе, за дочниот датум на интервенција ќе бидете известени телефонски. Ова стои во болничкиот упат на 71 годишниот скопјанец Јован Кузмановски - издаден во февруари 2025 година од Градската болница 8 септември. Но и по поминати 15 месеци, телефонски повик од медицинскиот персонал не добив, раскажува за ТВ 24 Кузмановски. Образложенијата зошто се одолжува операција беа вели различни, немаме ...
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на самото место на локацијата во Кисела Вода, каде што при одрон на градилиште еден работник го загуби животот, а тројца беа повредени. Јавниот обвинител издал наредба за обдукција на починатиот. - Во насока на испитување на причините за несреќата и почитувањето на прописите за заштита при работа постапуваат и Државниот инспекторат за труд и општински градежен ...
Прво подготивтелно рочиште во кое се опфатени 9 -те полицајци во случајот со дискотеката „Пулс“ во Кочани кои Обвинителството ги товари за злоупотреба на службената положба и овластувања, бидејќи со нивното непостапување и овозможиле на дискотеката да добие лиценца за работа. На подготвителното рочиште беше присутна и одбраната на обвинетите. Одбраната појасни дека делото за кое се обвинети плоцијаците е неприфатливо и дека допрва следува ...
Под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција припадници на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР спроведуваат координирана акција за сузбивање на илегален увоз и дистрибуција на медицински средства наменети за естетски зафати. Според информациите од ОЈО ГОКК, во тек се интензивни претреси на повеќе локации низ државата. Акцијата е резултат на постоење на основи на ...
А од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека СДСМ и Венко Филипче се спротивставуваат на ставот на градоначалникот на Крива Паланка за можноста за отворање рудник во регионот. Според ВМРО-ДПМНЕ, градоначалникот смета дека проектот може да придонесе за економски развој доколку се почитуваат еколошките стандарди. Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека СДСМ не ги прифаќа аргументите и зазема негативен став без реална основа. Од партијата повикуваат СДСМ да има ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши е домаќин на ХХ Конференција на спикери на Јадранско-Јонска иницијатива. На настанот учествуваат парламентарни претставници од повеќе земји од регионот. Главни теми се мирот и стабилноста преку парламентарна дипломатија и регионалната поврзаност преку Коридорите VIII и X. Претседателот на Собранието Африм Гаши е домаќин на ХХ Конференција на спикери на Јадранско-Јонска иницијатива. На настанот ...
Под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција припадници на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР спроведуваат координирана акција за сузбивање на илегален увоз и дистрибуција на медицински средства наменети за естетски зафати. Според информациите од ОЈО ГОКК, во тек се интензивни претреси на повеќе локации низ државата. Акцијата е резултат на постоење на основи на ...
Денеска во Кривичниот суд се одржува рочиште за судењето на 13 полициски службеници кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. На претходното рочиште, судењето беше одложено по барање на адвокатите на обвинетите Кире Богатинов и Кристина Николовa, поради нивни обврски во друг притворски предмет со приоритет. Според обвинението, полициските службеници се товарат за пропусти ...
СДСМ обвини дека Владата на Христијан Мицкоски не го става здравјето на граѓаните на прво место во случајот со рудникот за антимон во Крива Паланка. Според нив, проектот не е државен интерес, туку бизнис-договор поврзан со партиски донатори. Од СДСМ тврдат дека концесионер е фирма поврзана со донатор на ВМРО-ДПМНЕ. Исто така наведуваат дека во проектот се вклучени лица поврзани со истиот локалитет уште од претходни години. Партијата обвинува ...
Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ се спротивставува на отворањето рудник за антимон во Крива Паланка, нарекувајќи ги ваквите проекти „рудници на смртта“. Од таму предупредуваат дека ископувањето антимон може да предизвика сериозно загадување на вода, почва и воздух. Како пример ја наведуваат хаваријата во Србија во 2014 година со токсична јаловина и тешки метали. Според нив, јаловиштата можат да останат опасни и по затворање на ...
Еден градежен работник загинал, а тројца биле тешко повредени откако биле затрупани од насип со земја на градилиште во Општина Кисела Вода, информира доктор Драган Панов, шеф на смена во Итна медицинска помош – Скопје. Докторот Панов изјави дека според првичните информации, настраданите најверојатно се на возраст од 35 до 45 години, но, увидот ќе покаже за што точно станува збор и под какви околности се случила несреќата. Жртвата, како што ...
Во последните денови, дел од медиумите објавија информации за финансиската состојба на Тинекс кои не ја отсликуваат целосната и точна слика. Ние, од Тинекс, се обврзуваме на транспарентна и одговорна комуникација со нашите вработени, добавувачи, деловни партнери и со сета јавност. Затоа, денес со факти ги расчистуваме сите недоразбирања. Тинекс се соочува со предизвици во ликвидноста, кои произлегуваат од негативни финансиски резултати во ...
Во Германија околу 25 проценти од вработените во 2025 година работеле од дома, што претставува враќање на нивоата од периодот на пандемијата, покажуваат податоци на германскиот статистички завод Destatis. Според податоците, зголемувањето на работата на далечина е поврзано со глобалната енергетска нестабилност и порастот на цените на горивата, што придонело дел од работната сила и работодавачите да се ориентираат кон работа од дома. Учеството ...
Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Каја Калас изјави дека Европската унија продолжува со зајакнување на поддршката за Украина преку нови финансиски и санкциони мерки. Калас по пристигнувањето на специјалниот состанок на Европскиот совет наведе дека е одобрен заем од 90 милијарди евра и усвоен 20-ти пакет санкции, со порака дека државите членки сакаат и подготовка на 21-ви пакет санкции, како би се ...
Трет американски носач на авиони се приближува кон Иран. Како што соопшти американската Централна команда што ги надгледува операциите на Блискиот Исток, бродот „USS George H. W. Bush“ пристигнал во Индискиот Океан без да се наведе која е неговата конкретна мисија. Голем дел од капацитетите на американската морнарица се вклучени во операциите за ограничување на пристапот до иранските пристаништа во близина Ормуската Теснина. Во нив се ...