Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Женската македонска ракометна репрезентација утре ја очекува дуелот од квалификациите за Европското првенство 2026 против Белгија. Селекторот Кристијан Грчевски беше принуден да повика нова ракометарка. На националниот тим се приклучи Сара Стефановска, членка на романскиот тим Залау. Таа доаѓа на местото на Ивана Арсениевска, која се повреди. На првиот натпревар одигран во саботата македонските ракометарки загубија со 26:25. Утрешниот дуел се ...
Цените на американската сурова нафта го забележаа најголемиот неделен раст досега, поттикнати од ескалацијата на војната на Блискиот Исток, која предизвика огромни прекини во глобалните снабдувања со гориво. Порастот на цените се случи откако американскиот претседател Доналд Трамп побара безусловно предавање на Иран, зголемувајќи ги стравувањата од продолжен конфликт што би можел да предизвика хаос на глобалните пазари на нафта и гас, објави ...
Иран негира дека целосно го затворил на Ормускиот теснец, витална глобална рута за извоз на сурова нафта, јави ДПА. Портпаролот на иранските вооружени сили, Аболфазл Шекарчи, синоќа на државната телевизија изјави дека Ормускиот теснец не е блокиран. - Сите бродови имаат дозвола да поминат, освен американските и израелските бродови. Тие немаат работа таму, рече Шекарчи. Сепак, тој призна дека во време на војна е невозможно да се гарантира дека ...
Неколку експлозии одекнаа утрово во близина на меѓународниот аеродром Мехераб во Техеран, објави иранската новинска агенција Тасним. Инфраструктурата на аеродромот веќе беше погодена во американско-израелските напади во изминатите денови. Израелската војска најави „нов бран големи воздушни напади“ врз владини цели во Техеран, каде што голем број луѓе се собраа во петокот на првата молитва по смртта на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени. Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 18 степени. Утре и во понеделник претпладне ќе преовладува ...
Eвакуацијата на македонските државјани од земјите од Блискиот Исток, која ќе се реализира со комерцијални чартер-летови, ќе започне во недела, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. -Министерството попладнево склучи договор со авиокомпанија, согласно Законот за јавни набавки, по спроведена соодветна постапка. Согласно утврдениот план и предвидената динамика, се очекува до средината на следната недела да бидат ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска предупреди за воена ескалација што се шири низ Блискиот Исток и регионот на Персискиот Залив, која може да излезе од контрола „надвор од сечија контрола“. „Незаконските напади на Блискиот Исток и пошироко предизвикуваат огромно страдање и штета на цивилите низ целиот регион и претставуваат сериозен ризик за глобалната економија, особено за најранливите“, рече Гутереш во соопштението. ...
Израел соопшти дека либанското шиитско движење Хезболах денеска испалило 70 ракети на израелска територија. „Во последните денови, стотици ракети и дронови беа испукани“ кон Израел, а од денеска „околу 70 ракети беа испукани“ кон израелска територија, изјави портпаролот на израелската армија Надав Шошани. Од почетокот на израелската офанзива против исламистичкото движење на 2 март, „извршивме 26 бранови напади, во кои нападнавме повеќе од 500 ...
Не откажувајте ги аранжманите за Кипар, Анталија, Тунис и Египет, апелираат туристичките агенции. Според нив, и покрај тензиите на Блискиот Исток, овие дестинации се безбедни, а редовните авиолинии функционираат без прекин. Од Националната асоцијација на туристички агенции велат дека дел од граѓаните, поради страв, почнале да ги откажуваат веќе уплатените патувања, иако нема официјални предупредувања, а туристичките капацитети работат ...
Трагичниот случај на семејно насилство кој резултираше со смрт на мајка и дете отвори сериозни прашања за институционалните пропусти. Се бара одговорност но и поголема заштита на жртвите од страна на надлежните како и спроведување на законските регулативи. По трагичниот настан кој ја потресе македонската јавност, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска организираше тркалезна маса за обезбедување поддршка и заштита на жените ...
Уставни измени па се друго бидејќи поинаку не може да се оди кон Европскиот пат вели известувачот за Македонија Томас Вајц во изјава за бугарската агенција БГНЕС кометирајќи го евроинтегративниот процес на земјата . Во изјавата која ја дава за медиумот меѓудругото наведува и дека уставните измени не се предмет за некакво одново преговарање и дека условот кој е даден од ЕУ мора да се испочитува Томас Вајц Избестувач за Македонија во ЕУ ...
Уште три фирми за медицински канабис ќе останат без дозвола за работа – контролите на министерството за здравство утврдиле пропусти поради што ќе им бидат одземени лиценците. Претходно беа одземени шест дозволи за работа, меѓу кои и на фирмата Алфафарм – која е вмешана во аферата со шверц на марихуана во Србија. Досега 23 фирми се процесуирани, а здравствените власти најавуваат дека контролите ќе продолжат во сите фирми кои се занимаваат со ...
После еден месец од денеска и официјално се трга забраната за употребата на водата од изворот Шум во Струга.Матноста е во граници на нормалата, стружани можат да ја користат но внимателно,вели др.Лидија Симоноска од Центар за Јавно здравје Охрид. Ситуацијата и понатаму будно ќе се следи, а примероци од водата ќе се земаат и испитуваат и следните денови. Во меѓувреме од контролите на инспекцискиот надзор се утврдило дека освен ископите на ...
Социјалните работници под лупа на обвинителство. Оформен е предмет кој треба да истражи дали вработените во Меѓуопштинскио центар за социјални работи на град Скопје постапиле правилно во случајот - каде по серијата на семејно насилство Ивана и нејзината малолетна ќерка од Карпош ги загубија животите при пад од тераса. ОЈО. - Врз основа на информациите објавени во медиумите за констатирани неправилности при извршениот инспекциски надзор во ...
Нов сучај на семејно насилство, овој пат во скопската населба Кисела Вода... Полицијата лиши од слобода 56 годишен скопјанец, под сомнение дека со пиштол се заканувал на својата 48-годишна сопруга и нивните три ќерки на возраст од 26, 24 и 18 години. Според информациите, во инцидентот физички била нападната 24-годишната ќерка. Веста ја потврди и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој истакна дека потенцијалниот сторител е ...
Ивана Белчева, очевидец на еден од трите пријавени случаи на насилство врз сега починатата Ивана и нејзината ќерка Катја од страна на сопругот Стојанчо, денеска била повикана да даде исказ во Основното јавно обвинителство за немилиот настан на кој била сведок во декември 2025 година. Белчева за Телевизија 24 изјави дека по саат и половина поминати во Обвинителството, детално го опишала целиот траорен настан. Ивана Белчева, очевидец на еден ...
Седми ден од војната меѓу сад – израел и иран...и утрово продолжија нападите врз техеран...овој пат меѓу целите овој пат се воената академија на земјата но и станбени области во престолнината...бројот на загинати во војната која почна минатата сабота веќе надмина 1300 лица ...Покрај нападите врз Иран, Израелската армија ги ракетираше јужните предградија на Бејрут а борбите продолжуваат и на југот на Либан... Ејал Замир – началник на ...
Уставните измени се клучен предуслов за напредокот на Македонија на патот кон членство во Европската Унија, изјави европратеникот и известувач за земјата, Томас Вајц, во интервју за БГНЕС. Тој нагласи дека барањето не подлежи на преговори и дека исполнувањето на критериумите е неопходно за продолжување на пристапниот процес. Вајц посочи дека првиот нацрт на Извештајот е подготвен и сега започнува процесот на поднесување амандмани, кој се ...
Основното јавно обвнителство отвори предмет по допрен глас за можни пропусти при постапувањата на службите за случајот на починатите мајка и ќерка од Тафталиџе. Оттаму велат дека врз основа на информациите објавени во медиумите за констатирани неправилности при извршениот инспекциски надзор во Центарот за социјални работи, Јавното обвинителство на РСМ оформи предмет по допрен глас и го проследи на надлежно постапување на Основното јавно ...
Нов случај на семејно насилство. Во скопска Кисела Вода, полицијата го лиши од слобода Б.С. (55) од Скопје, поради сомневање дека пукал со пиштол кон својата 48-годишна сопруга и се заканувал на нивните три ќерки на возраст од 26, 24 и 18 години, при што физички ја нападнал 24-годишната ќерка. Инцидентот се случил по претходна расправија во домот, а насилното однесување продолжило и неколку дена подоцна, кога повторно се заканувал со оружје ...
Лидерот на политичката партија Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев, објави дека Европски суд за човекови права отворил предмет поврзан со, како што тврди, дискриминација поради непостапувањето на поранешниот претседател на Собранието Талат Џафери по референдумска иницијатива. Апасиев преку објава на Фејсбук наведе дека отворањето на предметот претставува „нов шамар за Уставниот суд“, алудирајќи на претходните постапки на Уставен ...
А претседателот на СДСМ Венко Филипче пак е на став дека јавноста треба да ги знае ставовите на премиерот Христијан Мицкоски околу враќањето на името на државата и евентуално напуштање на НАТО. Филипче го праша Мицкоски дали на средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, користел уставно име и дали го информирал за вакви намери. Тој исто така предупреди на тесни врски на македонски функционери со Русија, потенцирајќи дека тоа е ...
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека по објавата на документи на ЦИА за понудени пари на поранешниот претседател Киро Глигоров за промена на името на државата, се поставува прашањето колку пари земале Зоран Заев и Венко Филипче за истиот процес. Од партијата наведуваат дека Заев и Филипче по седум години власт значително се збогатиле, со купување удели во авио компании и поседување златна виза во Дубаи. ВМРО-ДПМНЕ бара одговори за евентуални нелегални ...
Втора година по ред финалниот турнир од Купот на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ) 2026 во машка конкуренција ќе има исти учесници. Бранителот на титулата „Штип Угд“ обезбеди место на Ф4 со победа синоќа во четвртфиналето над одбојкарите на Лирија со 3:0 (25:13, 25:10, 25:9), додека Работнички71&22, пак, славеше над Универзитет Тетово, исто така, во три сета (25:21, 25:22, 25:23) во последниот натпревар од четвртфиналната фаза. ...
Полскиот тенисер Камил Мајхшак се пласираше во второто коло од Мастерсот во Индијан Велс, откако го победи синоќа Французинот Џовани Мпечи Перикар со 6:3, 1:6, 7:5 по три сета. Мајхшак (АТП – 57) го победи 54-от играч на АТП листата по еден час и 47 минути. Во второто коло, Мајхшак ќе игра против српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Дуелот меѓу Ѓоковиќ и Мајхшак е закажан за в сабота. Полскиот тенисер Камил Мајхшак се пласираше во второто коло од ...
Угостителските услуги во февруари бележат зголемување од 3,2 проценти во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоците објавени денеска од Државниот завод за статистика. Зголемување се бележи и во периодот јануари - февруари во споредба со истиот период лани. Според статистичките податоци, во овој период угостителските услуги се зголемени за 3,3 проценти во однос на истиот период минатата година. Угостителските услуги во ...
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2026 година, изнесувала 530.7 милиони евра и бележи пад од 8.3 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, изнесувала 794.9 милиони евра, што е за 6.4 % помалку од јануари 2024 година, соопшти Државниот завод за статситика. Во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни ...
Трговијата на мало со храна, пијалоци и тутун во јануари е зголемена за 13,1 процент во споредба со истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. Зголемување на годишно ниво се бележи и кај трговија на мало, освен трговијата со горива за 6,4 проценти. Државниот завод за статистика бележи опаѓање кај трговијата на мало со автомобилски горива за 16,3 проценти. Трговијата на мало со храна, пијалоци и тутун во јануари е зголемена за ...
Кина преговара со Иран за да му се овозможи безбедно минување на бродовите што превезуваат сурова нафта и катарски гас низ Ормускиот теснец, објавија британските медиуми, повикувајќи се на анонимни извори. Разговорите се одржуваат на седмиот ден од војната меѓу Израел, САД и Иран, бидејќи стотици бродови се закотвени околу каналот, клучен воден пат за околу една петтина од светската нафта и гас, што ги зголеми цените на енергијата. Ројтерс и ...