
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Во екот на туристичката сезона и полицијата и инспекциските служби со полни раце работа.Од СВР Охрид ги интензивираат сообраќајните контроли со поставување на пунктови на неколку локации во градот. Добија и засилување од колегите од Србија кои заедно со нашите полицајци до 31 август ќе патролираат со цел поголема безбедност на граѓаните и туристите. Но во фокусот е засилена контрола на возачите и мотоциклистите со оглед на зголемениот број ...
Четирите ромски партии дел од владата, очекуваат ВМРО-ДПМНЕ изборот на кандидат за градоначалник на општината Шуто Оризари да им го отстапи ним. Ова во гостувањето во дневникот на ТВ 24 го изјави претседателот на Обединетата партија за еднаквост на Ромите, Неждет Мустафа, по најавите од премиерот мицкоски дека тие ќе излезат со свој предлог кандидат. Мустафа истакна дека четирите ромски партии се блиску до поддршка на еден заеднички кандидат за ...
Топлото време со високи температури кои наместа ќе надминуваат 40 степени продолжува и денеска. Синоптичарите најавуваат промена на времето во недела кога се очекува пороен дожд и гржеми и опаѓање на дневната температура. - До сабота (26.07) ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура наместа ќе надминува 40 степени и насекаде ќе биде над просекот за месец јули. Во недела ќе има локална ...
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На Граничниот премин Табановце за влез и на граничниот премин Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање е околу 30-40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Во периодот од ...
На територијата на државата до 7: 30 часот се евидентирани вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, три се под контрола, а 29 се изгаснати. Активни се пожарите во општините Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), во с. Грешница во Македонски Брод каде гори мешана шума и сува трева, потоа пожарот помеѓу с. Локвица и ...
Во Собранието денеска ќе се одржи презентација и верификација на наоди од Проценката на приоритетни потреби од едукација за улогата на Собранието во евроинтегративните процеси. Воведни обраќања на презентацијата ќе имаат претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на претставничката од Комисијата за европски прашања, Марија Петрушевска и менаџерката на проектот „Поддршка на европската интеграција на Северна Македонија“, ...
Економската и енергетската соработка, инфраструктурното поврзување, ЕУ перспективата на регионот, но и актуелните геополитички случувања, се очекува да бидат во фокусот на денешната средба во Атина на министрите за надворешни работи Јоргос Герапетритис и Тимчо Муцунски, јави дописничката на МИА од Атина. Шефот на дипломатијата е во прва работна посета на Атина, а напладне ќе биде примен од неговиот грчки колега, по што во 14 часот по локално ...
Шумочуварите на Национални Шуми од подружница Осогово Крива Паланка вчера попладне под Царев Врв на Осоговските планини, на 2000 метри надморска височина пронашле и остраниле триесетина автомобилски гуми и картон подготвени за потпалување и предизвикување пожар. -Вчера попладне под Царев Врв на Осоговските Планини, на 2000 метри надморска височина, во месноста наречена Алтн врв, место на кое безмалку и да нема движење на луѓе, шумочуварите на ...
Македонија ја погоди нов топлотен бран со температури кои надминуваат 40 степени. Жештините го зафаќаат цел регион, а метеоролозите предупредуваат дека високите температури ќе се задржат до крајот на неделата. Анализите на УХМР покажуваат дека неделава се очекуваат температури кои се над просекот за месец јули. Веќе од денес нашето подрачје ќе биде под влијание на топлотен бран од југ. До сабота ќе се задржи сончево и многу топло време со високи ...
Софија е на потег – Муцунски жали што политичкиот дискурс во Бугарија е заглавен во 19от век, на македонската академска фела и порача да биде свесна за политичката реалност. Шефот на дипломатијата Муцунски, уверен, дека иако не е испратен официјален документ - предлогот на премиерот Мицкоски за заедничка резолуција за потврда на македонскиот јазик и идентитет во ЕП е пристигнат во Софија преку медиумите. Порача дека владата чека одговор од ...
Колку пензионери ќе добијат а колку ќе изгубат доколку се промени начинот на пресметка на растот на пензии. Анализата на Телевизија 24 вели дека во случај законот за пресметка на пензиите се измени, односно пензиите да растат линеарно, наместо сегашниот модел кој предвидува зголемување на пензиите според растот на инфлацијата и просечната плата, во тој случај најавеното зголемување на пензиите од 1000 денари ќе биде од корист само за 25 818 ...
Најмалку 1062 евра му требаат на едно четиричлено семејство да го помине месецот. Минималната кошничка за јули 2025 година се искачи на 65.328 денари, зголемена за 630 денари во однос за претходниот месец. Најголем дел од трошоците, околу 50 отсто одат за храна, домаќоинство, комуналии, хигиена. Поголема ставка од буџетот, 10.9 отсто е образованието а за здравје се трошат 1.8 проценти од парите. Храна и пијалоци – 23.682 денари или 36 . 3 % ...
Револт страв и неизвесност кај родителите и едукаторите предизвика последната изјава на министерката за образование Јаневска дека образовните асистенти за деца со атипичен развој не можат да бидат редовно вработени. Асистентите и понатаму ќе останат со договор на определено време, и секоја година одново ќе се јавуваат на огласот на МОН.Ирена Николовска мајка на дете со попреченост но и претседателка на Здружението "Рилука" од Битола вели ...
Антикорупциската комисија клучна во борбата со корупција нема законска основа да побара разрешување на претседателката Татјана Димитровска обвинета за „Адитив“. Од ДКСК на прашање на Т 24, ни одговорија и се повикаа на тоа дека Собранието е надлежно за разрешување. Велат поднесувањето оставка е одлука на претседателката, а комисијата ќе продолжи да ги извршува своите обврски, иако е исклучително важно комисијата да функционира во полн состав. ...
Естрада и политиканство, вака премиерот Мицкоски ги коментира барањата за разрешување и оставка на првата антикорупционерка Татјана Димитровска која се уште не поднела ниту допис за оставка до Собранието каде што беше именувана, а се сомничи за издавање на службена тајна. Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања дали размислуваат во Собранието да покренат иницијатива за нејзино разрешување само посочи дека било крајно време да се стави ...
Вработувањата во тетовската клиничка болница каде стотина медицински сестри и останат персонал со месеци чекаат решение на работниот статус денеска станаа мета на препукувања помеѓу власта и опозицијата. Од Алијанса за Албанците на доскорешниот министер за здравство Таравари, но и од ДУИ обвинија дека Владата не обезбедила согласности за вработувањата нарекувајќи го тоа преседан и партиски пристап. Министерот за здравство пак остро ја ...
Темата Кочани да ја оставиме на политичките глодари кои сакаат да добиваат ситни политички поени. Премиерот по неколкудневниот молк се огласи барањето на родителите од жртвите од дискотеката Пулс - да се објави целата видео снимка од средбата во владата за која обвинија дека премиерот побарал да се одреди цена за нивните деца. Родителите преку „Здружението на граѓани 16 март“ реагираа на соопштението на владата од каде преку соопштение негираа ...
Од ноќеска се намалуваат малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 0,50 денари/литар и на мазутот М-1 НС за 0,314 ден/кг и сега ќе изнесува 40,158 денари/литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат. Мотор-ен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе чини 75 денари/литар, моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе биде ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница за домаќинство за јули 2025 година изнесува 65.328 денари и е зголемена за 630 денари во однос за претходниот месец (јуни 2025) кога изнесуваше 64.698 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец март, додава ССМ, кошницата изнесува 80 703 денари. Вредноста на Синдикалната минимална кошница (СМК) за храна и пијалаци, за 63-те производи кои ги следи СМК, ...
Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека се зголемуваат шансите за договор за прекин на огнот во Појасот Газа, во рамки на спогодба за ослободување на заложниците што ги држи палестинското движење Хамас, јави ДПА. Замир го кажа тоа пред израелски војници во Газа, според армиски извори. Израел и Хамас со месеци водат индиректни преговори во катарската престолнина Доха, со цел постигнување компромис. Во ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите нагласи дека треба да има правосилна судска пресуда за да се почне постапка во законодавниот дом за одземање на мандатот на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска, која е обвинета за оддавање службена тајна и фалсификување на испитот за добивање безбедносен сертификат. Потренцира дека собраниската Комисија за прашања на ...
Собранието е институцијата која носи одлука за престанок на функцијата и разрешувањето на претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, соопштуваат од ДКСК за случајот со нивната претседателка Татјана Димитровска. Според антикорупционерите, поднесување оставка како морален чин е одлука и право на самата претседателка. „Имајќи предвид дека во конкретниот ...
Турција ќе го раскине договорот со Ирак за нафтоводот кој датира од 1975 година, објави весникот „Туркије“, повикувајќи се на официјално решение потпишано од претседателот Реџеп Тајип Ердоган. Според објавата во Службен весник, одлуката ќе стапи во сила на 27 јули 2026 година. Со тоа ќе бидат прекинати не само основниот договор, туку и сите последователни протоколи и меморандуми. Причините за ваквата одлука не се наведени. Ирак и Турција се ...
Јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ соопштува дека и денеска продолжува енормно зголемената и неконтролирана потрошувачка на вода, што повторно доведува до нарушување на стабилноста на водоснабдувањето во градот. Поради преоптовареноста, системот функционира со намален притисок и повремени прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје. Од претпријатието потсетуваат дека градот се снабдува со вода од природни извори ...
Приоритет на Европската комисија е Србија да остане на европскиот пат, но и српската влада треба да покаже преку реформи дека заслужува да се приклучи кон ЕУ. Тоа го изјави европската комесарка за проширување Марта Кос синоќа во изјава за словенечкиот јавен сервис. „Приоритет на Европската комисија е Србија да остане на европскиот пат, но не е доволно ние да го кажеме тоа. Секако, Србија мора да спроведе бројни реформи за да докаже дека ...
Косовските пратеници денеска по 50-ти пат ќе се обидат да го конституираат парламентот, со избор на неговото раководство, само неколку дена пред истекот на рокот што го одреди Уставниот суд – 26 јули. Парламентот веќе три месеци е во блокада, бидејќи опозицијата одбива да гласа за кандидатката на Самоопределување за претседателка на Собранието, Аљбуљена Хаџиу, која не успева да обезбеди доволна поддршка во јавните гласања. Самоопределување уште ...
Мигрантите, вкупно 247 лица, кои од либиското крајбрежје нелегално пристигнале во Грција се уапсени и префрлени во центри за притвор, информираше министерот за миграција и азил Танос Плеврис, мерка што се спроведува откако грчката Влада одлучи да ги замрзне барањата за азил доставени од барателите од северна Африка, јави дописничката на МИА од Атина. Плеврис преку платформата Икс информираше дека во тесна соработка со крајбрежната служба и ...
Полската војска ноќеска ги крена борбени авиони поради зголемена руска воздушна активност во близина на границата со Украина, соопшти Оперативната команда на вооружените сили на Полска. „Полските и сојузничките воздухопловни сили започнаа операции, а системите за противвоздушна одбрана и радарска набљудување беа ставени во состојба на висока готовност“, се наведува во официјалното соопштение. Преземени се мерки за обезбедување на безбедноста на ...
До 08:00 часот изутринава на територијата на државата се евидентирани вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, три се под контрола, а 15 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има кај село Нивичино во Општина Василево (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), кај село Грешница во Општина Македонски Брод (мешана шума и сува трева), помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа во ...
Жителите на Белгија денеска го чествуваат Белгискиот национален ден со серија активности, концерти, перформанси и презенации, при што главните настани ќе бидат Воената и цивилна парада во попладневните часови и вечерашниот голем концерт во Паркот на педесетгодишнината. Манифестациите поврзани со чествувањето на Националниот ден ќе започнат од 10 часот во централнито градски Парк во Брисел, што се наоѓа пред Кралската палата, каде ќе бидат ...