
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



Две натпреварувачки селекции, една студентска, една програма на филмови за деца и млади ќе опфати четвртиот Фестивал на балкански и медитерански филм „Преку езерото“, кој од 7 до 12 август ќе се одржува на неколку локации во Дојран. Годинашен лауреат е српскиот актер Лазар Ристовски кому ќе му биде врачена наградата „Мето Јовановски“ за актерско достигнување во филмот. - Шест фестивалски денови исполнети со исклучителни филмски достигнувања ...
Бројот на ученици и студенти сместени во домовите за основното, средното образование и во студентските домови во учебната 2024/2025 година е 4 889, што претставува намалување за 15 проценти во однос на претходната 2023/2024 година, објави Државниот завод за статистика. Во 2024/2025 година имало вкупно 10 студентски и 19 домови за ученици во основните, средните и средните верски училишта. Сместени биле имало 52 ученици од основно училиште, 1 693 ...
Со вкусна скара, пенлив пијалок, гости од земјава и странство и во добро расположение со познати музички ѕвезди во Прилеп синоќа е отворен тридневниот традиционален летен фестивал „Пивофест“. На петнаесетина штандови во центарот на Прилеп и со производи на познатиот пенлив пијалак на шест пиварници од земјава и регионот, бројните посетители ја одржуваат летната забава. Прилепскиот скараџија Златко Петрески уверува дека има многу гости, викендот ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство официјално ја започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”, која има за цел да го зајакне домашното земјоделско производство и да ја подигне свеста за квалитетот на македонските земјоделски производи. Како што соошпшти Министерството, главни цели на кампањата „Македонско Најдобро” се: зголемување и зајакнување на домашното земјоделско производство; обезбедување ...
Во изминатото деноноќие изгаснати се 27 пожари на отворен простор, а четири се ставени под контрола. Активни пожари има во село Нивичино, општина Василево, во село Грешница, општина Македонски Брод, меѓу прилепските села Царевиќ и Смолани и во село Виштица, општина Липково. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола е ставен пожарот во општина Велес, кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци, во село Николиќ, општина ...
Десет заложници во Газа наскоро ќе бидат ослободени, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, без да даде дополнителни детали. Трамп ја даде изјавата за време на вечера со конгресмени во Белата куќа, пофалувајќи ги напорите на неговиот специјален пратеник, Стив Виткоф. Претставници од Израел и палестинското движење Хамас учествуваат во последната рунда преговори за прекин на огнот во Доха од 6 јули, дискутирајќи за предлогот поддржан од ...
Освен нашата земја, меѓу државите од регионот кои се соочуваат со недостиг на медицински сестри е и Бугарија. Таму недостигаат речиси 17.000 медицински сестри, покажува најнов извештај за здравствените работници, пренесуваат бугарските медиуми. Во текот на изминатите 30 години, бројот на медицински сестри се намалил речиси два пати, покажуваат податоците од 2023 година. Според Националната статистика, во 1990 година имало над 53.000 медицински ...
Помошник-директор на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Игор Поповиќ синоќа бил приведен од страна на косовската полиција. „Поповиќ присуствувал на одбележувањето на страдањето на Србите во регионот Ораховац „од рацете на криминалната ОВК (Ослободителна војска на Косово - ОВК)“, соопшти Канцеларијата за Косово и Метохија. Во тоа српско тело, Поповиќ е задолжен за правни прашања. Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар ...
Повеќе од седум илјади луѓе се евакуирани во Јужна Кореја поради поплавите предизвикани од поројните дождови кои четврти ден по ред врнат во земјата. Цели стада добиток стојат во водата, пренесуваат светските агенции. Четири лица го загубија животот, а уште едно лице се води како исчезнато. До синоќа 2.816 лица од повеќе од 7.000 евакуирани неделава се уште не можат да се вратат во своите домови. Во јужниот дел од земјата, дождот достигна ...
Речиси 80.000 луѓе се раселени поради насилството на сектите во јужна Сирија кое почна минатата недела, соопшти агенцијата за миграции на ОН. Меѓународната организација за миграции во изјава нагласи дека „79.339 луѓе се раселени од 13 јули, вклучувајќи 20.019 на 17 јули“, додавајќи дека услугите за вода, електрична енергија и телекомуникации во Сувеида „се распаднале“. ИОМ додаде и дека недостигот на гориво ја парализирал транспортната и итната ...
Британската влада планира да инвестира милијарда фунти во компјутерска инфраструктура за да го поттикне развојот на вештачката интелигенција (ВИ) и да ги зголеми државните компјутерски капацитети за 20 пати до крајот на деценијата. Премиерот Кир Стармер го најави финансискиот пакет на Лондонската недела на технологијата минатиот месец, заедно со извршниот директор на Нвидиа, Џенсен Хуанг. Шефот на американскиот производител на чипови тогаш ...
Најмалку три лица загинаа во експлозија што денеска се случи во тренинг центарот на канцеларијата на шерифот на округот Лос Анџелес, соопшти државната обвинителка Пем Бонди. - Штотуку разговарав со обвинителот Бил Есајли за ужасниот инцидент во тренинг центарот на канцеларијата на шерифот на округот Лос Анџелес во кој смртно настрадаа најмалку три лица. Нашите федерални агенти се на местото на настанот. Истрагата е во тек, објави Бонди на X. ...
НАТО денеска соопшти дека остро ги осудува злонамерните кибер активности на Русија кои претставуваат закана за безбедноста на западните сојузници и ја повика Москва да престане со дестабилизирачките дејства. Во соопштение објавено на веб-страницата на НАТО, Северноатлантскиот совет наведе дека Естонија, Франција, Велика Британија и САД неодамна ѝ ги припишале на руската воена разузнавачка служба (ГРУ) злонамерните кибер активности насочени ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северoзападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе ...
Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“, четири месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во која загинаа 62 лица помеѓу кои шест деца, вечер ќе го одржи 15. Марш на ангелите - марш на болката и борбата за правда. Маршот ќе почне во 18.5 часот, со собирно место од Паркот на револуцијата. - Четири месеци по најголемата трагедија во поновата историја на нашата држава, ние, родителите и семејствата на трагично починатите деца, Ве известуваме ...
Феликс Баумгартнер, австрискиот екстремен спортист кој прв изведе скок од вселената, загина на 56 години во несреќа со параглајдер. Според австриските медиуми, Баумгартнер загинал во Италија додека летал со моторен параглајдер. На него нагло му се слошило среде лет, по што изгубил контрола врз параглајдерот и паднал во хотелски базен во селото Порто Сант‘Елпидо на јадранскиот брег. Тој наводно починал на самото место на несреќата, а притоа бил ...
За 35 проценти поголема добивка од лани инкасирала Општина Охрид од данокот за туристичка такса само во првите пет месеци од годинава.Тоа значи дека туризмот бележи раст, а бројките се и повеќе од задоволителни вели градоначалникот Пецаков. Сепак во септември ќе се знае точно профитот од оваа летна сезона. Шпицот на сезоната веќе е започнат.Во деновите што престојат до кај 15 август градот ќе е преполн со гости. Пецаков вели општината е ...
Пет и пол години затвор за 35 годишната Дејесус Невес Марлиене од Бразил, првообвинетата за случајот со носење Бразилки во Скопје и посредување при проституција во период од декември 2023 до ноември 2024г. Секоја жртва имала креиран еден или повеќе профили веб сајт, каде биле објавени телефонски броеви и листа на цени на сексуални услуги што се движеле од 150 евра до 800 евра, како и фотографии со експлицитна содржина, а профилите ги ...
Вработените од „Флораком“ која е фирма ќерка на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ денеска одржаа протест пред влезот на јавното претпријатие и блокираа раскрсница на булеварот „Илинденска“ поради неисплатена плата за месец јуни и останати надоместоци. Тие изјавија дека доколку до 22 јули не им биде исплатена платата за месец јуни повторно ќе ја блокираат раскрсницата. Претседателот на Синдикатот на работниците од СУТКОЗ рече дека ...
Што точно добиваат граѓаните од одлуката на Народната банка за намалување на тарифите и провизиите кои ги наплаќаат комерцијалните банки. Телевизија 24 побара експерско мислење од универзитетскиот професор Синиша Наумоски, кој вели дека новиот модел за надоместоци кон банките ќе придонесе за поедноставна и поконкурентна структура на тарифите. „Граѓанинот би плаќал помалку провизии за електронски трошоци, помалку режиски трошоци, рати за кредити, ...
Презадоволни од премиерот. Групата пензионери кои пред два дена дојдоа пред Влада, денеска со грст пофалби кон Мицкоски за синоќешната најава за линеарно покачување на пензиите. Со христијански крст и знамето со сонцето од Кутлеш, тие денеска во Штип на прес конференција изразија задоволство што Владата ги послушала нивните барања, откако премиерот синоќа најави дека се прави анализа за линеарно зголемување на пензиите од 1.000 денари наесен и ...
Со маркетинг стратегија министерството за земјоделство шумарство и водостопанство ќе ги убедува граѓаните да купуваат домашни производи. Министерот Трипуновски е задоволен и од растот на извозот на земјоделските производи, статистика забележала раст од 50 отсто во споредба со првите пет месеци од минатата година, според него ова е јасен показател дека земјоделските политики се движат во вистинска насока и во иднина земјата не само што ќе ги ...
Сагата на скопјани продолжува - и денеска половина град е оставен без вода. Телевизија 24 направи обиколка низ главниот град. Прва станица беше детската болница во Козле која од вчера е оставена без вода. Пред влезот е поставена цистерна која ја снабдува болницата со техничка вода за да може колку-толку да работи. Директорката на болницата Катерина Бошковска вели дека поради недостигот на питка вода, пациентите кои ќе доаѓаат да се лечат во ...
Во Чаир и натаму се гради, без документи и без дозвола. Ова го тврди градоначалничката на Скопје Данела Арсовска која за ТВ 24 изјави дека упорноста за дивеењето во Чаир не престанува. Преку нелегалните градби тврди Арсовска се перат пари, а буџетот на Чаир е оштетен за 225 милиони евра. Овие информации се само два дена откако полицијата и обвинителството објавија дека постапуваат по пријавите за дивоградбата во Чаир. „Криминалот е перење пари ...
Втор ден премиерот Мицкоски молчи и избегнува да каже дали аплицирал за бугарски пасош реагираат од опозициската СДСМ откако Андреј Жерновски кој е челн во извршниот одбор на СДСМ се огласи и преку Ф.Б статус во кој наведува: - Неопходно е да се вратиме на главната тема, а тоа е онаа за која веќе втор ден премиерот громогласно молчи!!! Знам многу добро како умее да демантира вакви вести 5 минути откако ќе се појават, па дури и по полноќ. Но, за ...
Владата бара заедничка резолуција со Бугарија во ЕП, за македонскиот јазик и идентитет - официјална Софија молчи. Откако извештајот за напредокот на земјава, беше изгласан без терминот македонски јазик и идентитет, од Илинденска број 2 предлагаат нов заеднички документ - резолуција со Бугарија, кој би бил доставен во Европскиот Парламент, а според кој, велат, дека ќе се зголеми меѓусоседската доверба и ќе се докаже дека единствената пречка за ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, која се сомничи дека во периодот од мај до декември 2024 година, на неповикано лице обвинето во предметот „Адитив“ му сторила достапни податоци кои се сметаат за службена тајна. Воедно, на Димитровска ѝ се става на товар и дека незаконски го ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) информира дека наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини во вториот квартал од 2025 година достигна рекордни 260 379 123 денари. Ова, како што наведуваат, претставува значително зголемување во однос на истиот период во 2024 година, кога беа наплатени 133 576 534 денари. - Овој успех следи по исклучителните резултати од првиот квартал од 2025 година, кога ...
Бразилката која носела Бразилки и посредувала за проституција во Скопје, заедно со уште тројца обвинети, седна на обвинителна клупа. Тие се обвинети за посредување при проституција и за перење пари. Според досегашните сознанија на МВР, во периодот од декември 2023 година до денес, првоосомничената – бразилска државјанка со дозвола за привремен престој во земјава – заедно со второ- и третоосомничените македонски државјани, како и со две ...
Вработените од „Флораком“ која е фирма ќерка на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ денеска одржаа протест пред влезот на јавното претпријатие и блокираа раскрсница на булеварот „Илинденска“ поради неисплатена плата за месец јуни и останати надоместоци. Тие изјавија дека доколку до 22 јули не им биде исплатена платата за месец јуни повторно ќе ја блокираат раскрсницата. Претседателот на Синдикатот на работниците од угостителството, ...