Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Во масовен кибер-напад без преседан беа компромитирани електронските здравствени досиеја и медицинските податоци на речиси 19 милиони полски граѓани, соопшти полскиот министер за дигитални прашања Кшиштоф Гавковски, а пренесе „ТВП ворлд“. Според Гавковски, кибер-нападот бил насочен кон платформа која е еден од најголемите полски обезбедувачи на доверливи медицински податоци што ги користат лекарите и клиниките. - Како што потврди и самата ...
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против вкупно осум лица како соизвршители во кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик. За првообвинетиот, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Државна лотарија“, кој се уште е во бегство, јавниот обвинител побарал да биде определена мерка притвор од пронаоѓање во траење од 30 ...
Вчерашниот ден беше најтежок од почетокот на новата сезона на пожари, со регистрирани најмалку 52 пожари на отворен простор, од кои 46 се изгаснати, додека шест сѐ уште се активни, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. Покрај активните пожари, тој посочи дека се појавиле и нови жаришта ширум државата, а најголем предизвик, вели, се пожарите во општините Студеничани и Македонски Брод, додека ...
До 13 часот денеска во државата се регистрирани вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои девет се сè уште активни, два се ставени под контрола, а два се целосно изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според податоците на ЦУК, меѓу деветте активни пожари е жариштето во Општина Студеничани над селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде што гори мешана шума. Активни пожари во кои е зафатена ниска вегетација има во ...
Министерството за внатрешни работи продолжува да повикува на информативен разговор лица од чии профили вчера се повикуваше да не се пие водата во Скопје поради присуство на бактерија, што попладнето беше демантирано од страна на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ЈП Водовод и канализација и Министерството за здравство. Лажните информации за наводно присуство на опасната бактерија Escherichia coli во скопскиот водовод се раширија преку ...
Од Македонија вчера можевме да го следиме затемнувањето на Сонцето, но само во делумна фаза. Во Скопје започна околу 19:29 часот, а максимумот беше околу 19:35 часот. Сосема поинаква глетка имале набљудувачите во делови од северна Шпанија. Таму Месечината го покрила целиот сончев диск, па денот за кратко се претворил во темнина. Целосното затемнување можело да се види на подрачја од Галиција, Астурија, Баскија, Арагон и Валенсија, како и на ...
Американските разузнавачки служби собраа информации за време на самитот на НАТО минатиот месец во Анкара за конкретна иранска закана дека авионот на американскиот претседател Доналд Трамп ќе биде погоден од ракета земја-воздух, објави „Њујорк тајмс“. Според двајца американски функционери запознаени со разузнавачките информации, заканата се однесувала на секој авион што Трамп би го земал за да ја напушти Турција. Во исто време, американските ...
Денеска, се навршуваат 25 години од потпишувањето на Охридскиот договор со кој во 2001 беше ставен крај на нивниот вооружен судир, а двете заедници живеат во мир,. По доаѓањето на власт наВМРО-ДПМНЕ пред две години, дотогаш водечката албанска партија ДУИ во власта, отиде во опозиција, со што е означен крај на двете децении учество во власта на Али Ахмети, некогашниот водач на ОНА, која во 2001 ги поведе Албанците во борба за поголеми права. ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска има рекорден број на пожари за ова лето. До 17 часот регистрирани се 21 активен пожар. - Службите се максимално ангажирани на терен, со цел справување со пожарите, нивно локализирање и целосно гасење. До 17 часот регистрирани се 21 активен пожар - информира директорот на ЦУК Мухамед Али. Пожари има во: 1.Општина Македонски Брод м.в.Видуш во близина на с.Драгов Дол (ниска вегетација, ...
Неколку дена протести, блокади и незадоволство реазултираа со нова откупна цена на струмичката ајварка. Производителите, откупувачите и преработувачите вчера постигнаа договор, а од денес пиперката се откупува по повисоки цени, кои, според најавите ќе останат во сила до крајот на откупната сезона. Месното здружение на млади од Муртино, кое ги организираше протестите, претходно најави продолжување на блокадите доколку не биде постигнато ...
25 години од рамковниот договор . Со панел дискусии и говорници за тоа кои се бенефитите и придобивките Владиниот коалициски партнер ВРЕДИ организираше настан на кој високи функционери , експерти, дипломати ги изнесоа своите гледишта. Двајцата лидери на Влен Билал Касами и Изет Меџити со став дека и по 25 години Рамковниот не е во целост исполнет и затоа смнетаат дека законот за правична застапеност кој остана во собраниска процедура ќе ги ...
ЕУ се спрема за ново проширување, но прво мора да ги зацврсти правилата во своите редови. Еврокомесарката за проширување Марта Кос, денеска, за бриселски „Политико” порача дека Комисијата наскоро ќе даде предлози - за подготовка на поголема Унија и потврди дека е потребно се зајакне поддршката од сите 27 членки. Според бриселскиот портал, Европската Комисија работи на измените на условите за новите членки и се очекува да објави предлози за ...
Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, денеска спроведува вонредна акција за дезинсекција на подрачјето на населбата Драчево, со цел ефикасна заштита на граѓаните од комарци и спречување на нивното масовно размножување. Специјализираните екипи на терен вршат прскање со соодветен ларвицид за сузбивање на ларвите во сите критични точки, каналите, застоените води и влажните места каде што се собира вода и каде што ...
Паника на социјалните мрежи, демант од надлежните и градоначалникот лично со чаша вода во рака. Орце Ѓорѓиевски демонстративно се напи вода од скопскиот водовод за да покаже дека нема место за страв од ешерихија коли од „Водовод“, Инфективната клиника и АХВ со ист став – водата во Скопје е безбедна. Водоводниот систем во Скопје не претставува опасност за граѓаните, а водата е бактериски исправна, тврди првиот човек на метрополата, Орце ...
Третите последователни резултати од земените примероци од водата во Гостивар се уште не се готови па затоа не може во целост да се каже колку е подобрен квалитетот на водата. Од општинскиот кризен штаб за Телевизија 24 потврдија дека се уште ги чекаат резултатите според кои ќе се одлучи кога Гостиварци ќе добијат питка вода. Третите по ред резултати не се готови и затоа нема ништо ново. Здравствените власти пак велат дека квалитетот на водата ...
На предметната локација каде што функционирала дискотеката „Пулс“ во Кочани никогаш не била дозволена пренамена од индустриски објект во угостителски објект, изјави денеска во судницата во „Идризово“ вештото лице Душица Трпчевска Ангелковиќ, на судењето за пожарот во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Според градежното вештачење презентирано од обвинителот Дарко Јакимовски и тимот вештаци, зоната Г10 во Кочани од 1998 година до ...
Уставниот суд преку соопштение реагираше на ставовите на Судскиот совет и Здружението на судии, велејќи дека одлуките на овој суд се конечни и извршни и дека судската независност не може да се користи како оправдување за неисполнување на уставните обврски. Преписката меѓу Уставниот суд од една страна и Судскиот совет и Здружението на судии од друга страна се случува откако Уставниот суд донесе посебно решение со кое утврди дека судија од ...
Се помалку деца во училишните клупи, а се повеќе подрачни училишта со по неколку ученици. Демографскиот пад веќе директно ја менува и образовната мрежа во земјава, па од новата учебна година се очекува дел од малите подрачни училишта да престанат со работа. Од Министерството за образование велат дека процесот на оптимизација ќе продолжи и годинава. Таму каде што во подрачните училишта има само по неколку деца, учениците ќе се префрлаат во ...
Секој четврти средношколец во земјава на возраст од 15 и 16 години се коцкал за пари во последните 12 месеци.34 отсто од момчињата и 16 отсто од девојчињата, ова го покажа најновото национално истражување ЕСПАД 2024 кое денеска, на Меѓународниот ден на младите, го објавија од Асоцијацијата ХЕРА и иницијативата „Фрли ја коцката“. Активистите алармираат дека обложувалниците и онлајн платформите станаа подостапни од културните центри и ...
Здружението на вработени во секторот игри на среќа “Сакам да работам” реагираат на истражувањето и велат дека на овој начин се врши оцрнување на легалните игри на среќа. Според нив загрижувачки се податоците дека малолетници изјавуваат дека играле игри на среќа, но велат клучното прашање е зошто нема податоци дали тие играле на онлајн платформи преку интернет или евентуално со физичко присуство. Оттаму тврдат дека во легалните казина и ...
Августовскиот рок за екстерните испити од матурата за кандидатите кои во јуни не ја положија е спроведен денеска и во петок. Според податоците на Државниот испитен центар, во август за државна матура се пријавени 1328 ученици, за стручна матура 126 и шест ученици за уметничка матура. Пријавените кандидати денеска го полагаа тестот по изборниот екстерен испит – математика или англиски јазик. На 14 август е полагањето на задолжителниот екстерен ...
Два активни пожари горат во моментов на територијата на државата. Според податоците од Центарот за управување со кризи, пожар има во Општина Македонски Брод во близина на селото Драгов Дол, каде што зафатена е ниска вегетација и нискостеблеста шума. Пожар има и над селото Моране во Општина Студеничани каде што гори мешана шума. А намерно подметнатиот пожар кај депонијата во Ново Село, се прошири во шумскиот појас. Во гаснењето се вклучиле три ...
Долговите на Американците на кредитни картички достигнаа 1,26 билиони долари во вториот квартал од годината, приближувајќи се до рекордните 1,28 билиони долари регистрирани на крајот од минатата година, покажаа податоците од Федералните резерви на Њујорк. Долгот се зголемил за 21 милијарда долари за три месеци, а економистите го припишуваат растот на високата потрошувачка и зголемувањето на цените на храната, горивото и другите основни ...
Москва ќе возврати доколку западните земји запленат руски трговски бродови - изјави рускиот претседател Владимир Путин, пренесе новинската агенција ТАСС. - Ако овие планови бидат спроведени, ќе мораме да возвратиме на ист начин - рече Путин, реагирајќи на мерките што ги одобри Европската Унија, а кои им овозможуваат на земјите-членки да го конфискуваат и продадат товарот од руските бродови од т.н. „флота во сенка“ кои ги прекршуваат санкциите ...
Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче. Како што се наведува во соопштението на Обвинителството, надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на ...
Нелегана пренамена од индустриски објект во дискотека спротивно на урбанистичкиот план, како и прегради од гипс-картон и врати кои претставувале директна пречка за евакуација, констатирале вештите лица од Градежниот факултет во градежното вештачење на објектот во кој се наоѓала кочанската дискотека „Пулс“, во кој во пожар загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На денешното рочиште во судницата во Идризово беа сослушани вештото лице Душица ...
Во СВР Велес, вчера попладне во 15:10 часот, 42 годишниот Б.Т. од Велес пријавил дека во станбена зграда, неговата малолетна ќерка била физички нападната од друга малолетничка, при што се здобила со телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес, информираат попладнево од СВР Велес. Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес и се преземаат мерки за расчистување на настанот, наведуваат од СВР Велес. Во СВР Велес, ...
Досега нема ниту еден регистриран, ниту хоспитализиран пациент, чија здравствена состојба се поврзува со консумирање загадена вода во Скопје, соопштија попладнево од Министерството за здравство. Во соопштението се нагласува дека оваа информација е потврдена и од директорот на Инфективната клиника, д-р Фадил Цана, како и од одговорни лица од Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје - Скопје. Од Министерството нагласија дека се ...
Интензивно се интервенира на терен во моментов за гасење на шумскиот пожар во близина на селото Моране, во општина Студеничани, соопшти Центарот за управување со кризи. -Во гасењето се ангажирани три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, кои дејствуваат од воздух во зоните каде што интервенцијата од копно е невозможна или премногу ризична поради тешко пристапниот терен, наведува ЦУК во соопштение. Екипите на терен дејствуваат во ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро ги демантира информациите во јавноста дека водата од скопскиот водоснабдителен сиистем е небезбедна за пиење поради наводно присуство на бактерија Escherichia coli. -Како одговорна институција ја информираме јавноста дека АХВ до овој момент нема добиено известување од скопското Јавно комунално претпријатије за незадоволителен резултат од лабораториско тестирање на водата за пиење, што е нивна ...