Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Никола Јокиќ во интервју за новинарот Един Авдиќ говореше на бројни интересни теми, откривајќи и кои му биле идоли на почетокот од кариерата. Тука, најдобриот центар на денешницата неочекувано го спомена поранешниот репрезентативец на Македонија, Ратко Варда, кој му беше соиграч во Мега. „Имав навистина фантастични идоли. Кога дојдов во Мега бев млад, но имав поддршка од повозрасните. Варда дефинитивно беше еден од нив… се уште му должам 50 ...
Утре ќе се комплетира 22. коло во Првата македонска фудбалска лига со мечот меѓу Работнички и Арсими, кој се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Познати се официјалните лица за овој меч. Главен судија ќе биде Пларент Салихи, а негови помошници ќе бидат Александар Ѓорѓески и Идриз Идризи, додека пак Александар Василевски ќе биде четврт судија. ВАР судија ќе биде Бењамин Ќерими, а АВАР судија ќе биде Мартин Петковски. Оператор ...
Нема промени на врвот на табелата и по четири одиграни кола во втората фаза од Првата македонска кошаркарска лига. Четирите водечки екипи – Бутел, Соколи 1933, Струмица 2001 и Борец баскет – запишаа нови победи и остануваат израмнети на врвот на табелата во ТОП 8 фазата. Најефикасен натпревар одигра екипата на Бутел, која на домашен терен славеше убедлива победа над Водно Санс со 132:93. Домашниот тим уште во првото полувреме постигна дури 69 ...
Новак Ѓоковиќ избори пласман во следната рунда на престижниот турнир Индијан Велс, откако во три сета го совлада Александар Ковачевиќ со 6-4, 1-6 и 6-4. Првиот сет донесе израмнета и квалитетна игра од двајцата тенисери, особено на сервис. Ковачевиќ беше сигурен во своите сервис-гемови и дури трипати ги освои без загубен поен. Сепак, клучниот момент се случи во третиот гем, кога Ѓоковиќ успеа да направи брејк и да поведе со 2-1. До крајот на ...
Ноќта помеѓу понеделник и вторник во 00:30 часот е закажан нов голем дуел на Западната конференција, во кој ќе се соочат Оклахома Сити Тандер и Денвер Нагетс. Додека тимовите ќе се борат за што е можно подобра позиција на врвот на табелата, вниманието на кошаркарската јавност ширум светот ќе биде насочено кон Шeи Гилџус -Александар, актуелниот МВП, кој е на прагот да го собори еден од најстарите рекорди во историјата на НБА. Канаѓанецот има ...
Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас уште еднаш го нагласи своето незадоволство од строгите критериуми на судиите кога станува збор за правилото од 25 секунди пауза помеѓу поените, признавајќи дека не очекува да се промени ситуацијата. Светскиот број еден беше жестоко настроен кон правилото во текот на неговиот неодамнешен настап и триумф во Доха, откако имаше интензивна конфронтација со судијата на стол околу тајм-аутите на четвртфиналниот ...
Се ближат претседателските избори во Барселона, а првиот човек на клубоот, Жоан Лапорта, жестоко му возврати на екс-тренерот Чави од кого беше посочен како главен виновник што Лео Меси повеќе не е дел од Барса. Чави целосно застана со поддршка зад ривалот на Лапорта, Хектор Фонт, во неговата претседателска кампања, а последното дадено интервју донесе и низа критики за работата на актуелното раководство. Очекувано, не се чекаше многу за ...
Aрсенал повторно имаше среќа во ждрепката во ФА Купот на Англија, откако „топчиите“ и за четвртиот овосезонски меч во натпреварувањето добија ривал што не е дел од Премиер-лигата. Откако во минатата рунда го елиминираа нисколигашот Мансфилд, избраниците на Артета за ривал во четвртфиналето го добија Саутемптон, кој во претходната рунда го елиминираше тимот на Челси. Големото дерби ќе се игра на „Етихад“ во Манчестер, каде Сити ќе го пречека ...
Со еден гол, лидерот на табелата Вардар успеа да ги освои бодовите од гостувањето во Кратово против Силекс. Моментот на одлука беше во последните мигови од првиот дел кога Цветковиќ ја затресе противничката мрежа, откако претходно „црвено-црните“ не искористија добри 4-5 шанси. Кратовскиот тим во 26. минута остана со играч помалку, и немаше сила да дојде до подобар резултат, при што и натаму ја чека првата победа на свој терен. Вардар одлично ...
Чаби Алонсо ја започна сезоната како тренер на Реал Мадрид, но беше отпуштен од почетокот на годината. На негово место беше назначен Арбелоа, но јасно е дека тој нема да биде тренер на најголемиот клуб во светот ниту следната сезона. Во последно време се зборуваше многу за потенцијален наследник на Арбелоа, а две имиња беа во најголем фокус. Јирген Клоп и Алегри се двајцата тренери кои досега најмногу се поврзуваа со преземање на Реал ...
Југоисточна Македонија во месец мај ќе биде центар на детскиот фудбал, откако во Валандово и Дојран ќе се одржи првото издание на Интернационал Мастерс Куп 2026, нов меѓународен турнир кој има амбиција да стане еден од најелитните младински турнири на Балканот. Турнирот ќе се одржува во периодот 22–24 мај 2026 година во Македонија, а на едно место ќе ги собере најдобрите млади фудбалски таленти од регионот и пошироко. Организаторите ...
Македонската женска кошаркарска репрезентација ги одработува подготовките за вториот квалификациски ФИБА „прозорец“ и во рок од седум дена ќе одигра три натпревари. Во рамки на групата Ф, за македонските девојки следуваат дуелите со Данска (11. март) и Грција (14. март) на гостински терен, како и домашниот натпревар со Хрватска (17. март) во Скопје. Во првиот дел на натпреварувањето во групата македонските кошаркарки ја остварија една победа ...
Одредени се паровите за четвртфиналето во ФА Купот, рунда која ни носи едно големо дерби. Натпреварите ќе се играат на почетокот на наредниот месец, а најголемо внимание ќе привлече соочувањето меѓу двата последни шампиони од Премиер лигата, Манчестер Сити и Ливерпул кои силите ќе ги одмерат на „Итихад“. Арсенал и Челси добија противници по мерка, па така „топчиите“ ќе бидат гостин на Чемпионшип составот Саутемптон, додека пак „сините“ ќе го ...
Македонскиот ракометен шампион Е.Пелистер на следните натпревари ќе настапи ослабен откако средниот бек Домен Тајник денеска беше опериран. Во Битола му беше направен операција на слепо црево. За словенечкиот репрезентативец сега ќе следи пауза и рехабилитација. Отсуството на Тајник ќе биде сериозен проблем за тренерот Стевче Алушовски на дуелот со Барселона во среда, а секако и за дуелот од плеј офот против Вардар. Колку натпревари ќе ...
Извршена е ждрепката за четвртфиналето на ФА Куп, по што се познати двојките кои ќе се борат за место во полуфиналето на најстарото фудбалско натпреварување во Англија. Во оваа фаза од турнирот се најдоа неколку големи клубови од Премиер лигата, а најголемо внимание привлекува дуелот меѓу Манчестер Сити и Ливерпул, кој се очекува да биде еден од највозбудливите натпревари во оваа рунда. Манчестер Сити - Ливерпул Челзи - Порт Вејл Саутемптон - ...
Осминафиналната програма во Лигата на Шампионите ќе стартува со утрешниот меч меѓу Галатасарај и Ливерпул (18.45 часот), дуел за кој англискиот шампион ќе биде сериозно ослабен. Првиот голман Алисон Бекер воопшто не отпатува со тимот за Турција откако бразилскиот репрезентативец се пожали на повреда за време на утринскиот тренинг. Првите информации велат дека проблемот не е премногу сериозен, но „црвените“ не сакаат да ризикуваат, па Алисон ...
Женската кошаркарска репрезентација е пред вториот квалификациски ФИБА „прозорец“ во кој во рок од седум дена ќе одиграат три средби во Ф групата. Почнуваме во среда против Данска, три дена потоа играме против Грција во Солун, а на 17 ќе ја дочекаме Хрватска во салата „Градски парк“ во Скопје. -Следува вториот дел од квалификацискиот циклус за Европското првенство. Повторно играме со трите исти репрезентации, само по обратен редослед. Односно ...
Раководството на Шкендија во соопштение јавно реагираше по случувањата во 22. коло од Прва македонска фудбалска лига, оценувајќи дека судиските одлуки на последните натпревари сериозно го нарушуваат интегритетот на натпреварувањето. Клубот од Тетово соопшти дека подолго време одлучувал да молчи, надевајќи се дека надлежните институции ќе реагираат и ќе преземат чекори за обезбедување фер и рамноправни услови во шампионатот. Сепак, според нив, ...
Изминатиот викенд се одржа десеттиот Меѓународен натпревар во уметничко лизгање Skopje on Ice 2026 на лизгалиштето во СЦ “Борис Трајковски“ во Скопје. Настапија 81 натпреварувачи од Македонија, Хрватска, Србија, Бугарија, Грција. Во склоп на овој натпревар по десетти пат беа прогласени и националните прваци во уметничко лизгање. Во кагегоријата Јуниорки најдобра беше нашата голема наеж Исидора Исјановски и тоа пред претставничките од Грција ...
На што ли спадна еден таков гигант, во балкански рамки, како што некогаш беше Партизан? Клуб кој прв од екс – СФРЈ играше финале во ЛШ или по старо Купот на Шампионите во таа 1966 кога беше поразен од Реал Мадрид со 1:2. „Црно – белите“ во последните години, повеќе од една деценија не можат никако да се носат со својот вечен ривал, Ц. Звезда. Клуб кој сега веќе е некоја друга димензија за Партизан. Некој ќе рече дека за тоа своја вина има и ...
Лидерот во ПМФЛ, тимот на Вардар, се врати на победничките патеки по триумфот од 1:0 над Силекс во рамките на 22. коло. Во натпревар полн со тензија, пречки, стативи и црвени картони, избраниците на Гоце Седлоски успеаја да ги освојат трите бода кои ги гарантираат лидерската позиција пред влезот во клучниот трет круг од шампионатот. Доминација на Вардар и „солзите“ на Додев Натпреварот започна со иницијатива на Вардар, кој уште во раната фаза ...
Наместо планирано преземање на врвот, Шкендија доживеа студен туш на домашен терен. Во натпревар кој понуди сè, од рани црвени картони до гол во последната секунда, АП Брера успеа да извлече реми (1:1) и да му направи огромна услуга на Вардар. ВАР го „поцрвене“ Фетаи, но Красниќи погоди за надеж Натпреварот започна катастрофално за тетовци. Уште во 16-та минута, Имран Фетаи направи невнимателен прекршок на работ од шеснаесетникот. По долга ...
Патрис Евра е една од легендите на Манчестер Јунајтед која му верува на Мајкл Керик и смета дека заслужува максимална поддршка, но ако може да бира тогаш има стратег кој би бил идеално решение за жешкото столче на „Олд Трафорд“. Французинот скоро една деценија беше дел од „црвените ѓаволи“ и добро знае колку тежи овој дрес, каков е притисокот за успешни резултати, освојување на пехари, па според него лидер на победнички проект за Јунајтед би ...
Новиот тренер на англискиот Тотенхем, Игор Тудор, го најави тешкото гостување кај Атлетико Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите, изјавувајќи дека неговиот тим нема да замине со „бело знаме“ во шпанската престолнина. Хрватскиот тренер знае дека „јорганџиите“ ја имаат фаворитската улога, но тоа не го обесхрабрува да верува во успех на неговите избраници. „Знаеме дека не сме фаворити и дека ситуацијата во клубот е тешка, но тоа не нè ...
Наместо да става премногу акцент на дебатата за тоа кој е најдобриот играч на сите времиња, Мајкл Џордан претпочита да види како кошарката ќе се развива и ќе напредува од генерација на генерација. Од бескрајните дебати и дискусии, Џордан честопати се наоѓа себеси нарекуван најголем во историјата на играта. Сепак, тој не ја гледа вистинската важност во постојаната дебата за тоа кој навистина е најдобриот кошаркар на сите времиња. Во последното ...
Германската Бундеслига одлучи да направи еден новитет и во иднина да ги „исфрли“ класичните додавачи на топки за време на дуелите од Бундеслигата и втората лига, популарната Цвајте. одлуката е веќе да нема класични додавачи на топки, туку ќе постојат 18 „станици“ на кои ќе бидат топките, а играчите ќе треба сами да си ги земаат. Собирачите на топки ќе останат покрај теренот, но тие веќе нема да имаат „контакт“ со фдубалерите и нема да смеат ...
Селекторот на ирачката репрезентација, Греам Арнолд, побара од Светската фудбалска асоцијација да го одложи натпревар од плејофот за место на Светското првенство во 2026 година поради ситуацијата во Иран. На крајот на март, ирачката репрезентација треба да игра во Мексико против победникот од натпреварот Боливија – Суринам. – Ни треба најдобриот тим за најважниот натпревар во историјата на земјата во последните 40 години. Сега кога аеродромот ...
Тренерот на Њукасл Јунајтед, Еди Хау, истакна дека претстојниот натпревар против Барселона претставува еден од најзначајните за клубот во последните години. Англискиот тим на домашен терен ќе го пречека каталонскиот гигант во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампиони на УЕФА. Хау потсети на претходната пресметка меѓу двата клуба од почетокот на сезоната, кога Барселона славеше со 2-1 на гостувањето во Англија. Според него, токму тоа ...
Екипата на Еурофарм Пелистер се подготвува за двата тешки натпревари во оваа седмица, соочувањата со Барселона во Лигата на шампионите и дербито со Вардар во Суперлигата, пресметки пред кои актуелниот македонски првак соопшти една изненадувачка вест. Имено средникот бек Домен Тајник морал итно да биде опериран во Битола, а причината за тоа е слепо црво. Хируршка интервенција завршија успешно, но засега не се знае колку време Словенецот ќе ...
Младиот македонски тенисер Марко Алексовски ја оправда улогата прв носител и како победник го заврши турнирот во Солун за играчи до 16 години од категорија 3. Тој во финалето го совлада Игор Периќ од Србија со 2-0 во сетови (6-4 и 7-5). На патот до финалето Алексовски во првото коло беше слободен, а најнеизвесен меч во три сета одигра во второто коло кога со пресврт го совлада Константинос Антониу од Грција со 2-1 во сетови (4-6, 6-3 и 6-0). ...