Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Оклахома Сити го совлада Денвер со 129-126 со тројка на истекот на времето на Шеј Гилџус-Александар, и дојде до триумф во дербито во кое царуваше и Никола Јокиќ, запиша трипл-дабл, но ја немаше поддршката од своите соиграчи за подобар резултат. Никола Јокиќ и Шеј Гулџус-Александар одиграа фантастични натпревари и, најважно од сè, ги израмнија поените еден на друг во драматична завршница. Драмата која беше присутна во последните мигови од ...
Германската параолимпијка во скијање, Катрин Маршан, денес ќе стане првата спортистка во историјата што се натпреварувала во три различни спортови на Олимписките игри. Маршан прво се натпреваруваше како веслачка на Олимписките игри во Лондон 2012 година (седмо место во тим од осум члена) и во Рио 2016 година (осмо место во двочлениот тим). По мозочниот удар во 2021 година, таа учествуваше на Летните параолимписки игри во Париз 2024 година, ...
Оклахома Сити тандер го победи Денвер нагетс со 129-126 во најинтересниот натпревар од НБА лигата во вечерта која мина во знакот на домашните екипи кои победија на сите пет меча. Триумфот на Тандер им го донесе Шај Гилџиус-Александер со тројка на 2,7 секунди до крајот. Канаѓанецот средбата ја заврши со 35 поени, 15 асистенции и 9 скока. Така, тој го израмни рекордот на Вилт Чемберлен од 126 мечеви по ред на кои дава 20 или повеќе поени. Кај ...
Жоао Педро од оваа сезона го носи дресот на Челси и во моментов е играч кој е во најдобра форма во оваа екипа, па менаџерот Лиам Росениор го стави напаѓачот на исто ниво со Ерлинг Халанд и Хари Кејн. Менаџерот на Челси убеден: Педро е на исто ниво со Халанд и Кејн Ова беше огромен комплимент за Бразилецот со оглед на статистиките на Халанд и Кејн, меѓутоа според легендарниот Алан Ширер тие споредби во моментов не се реално иако цени тоа што ...
Поранешниот англиски репрезентативец, Мајка Ричардс е еден од асовите кој е доста активен како стручен аналитичар, човек од фудбалот кој знае што значи да се игра на највисоко ниво. Ричардс најмногу е активен за Премиер лигата, но тука е и Лигата на шампионите, натпреварување за кое го откри својот фаворит за пехарот. Некогашниот дефанзивец верува дека Арсенал е составот кој може да дојде до најпосакуваниот трофеј во Европа. -Само ќе кажам-и ...
Задар, 9.март 2026 (МИА) – Македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ повторно ќе го облече дресот на хрватскиот шампион Задар. Во својата кариера Мекиќ во сезоната 2023/24 беше дел од хрватскиот тим што значи дека повторно ја обновува соработката со овој тим. Мекиќ сезонава настапуваше за прволигашот од Косово, Бора и имаше просек од 11,1 поен по натпревар. Во кариерата Мекиќ има настапувано за повеќе екипи од Македонија: МЗТ Скопје ...
Мала свеченост вчера во Кавадарци пред дуелот меѓу Тиквеш и Пелистер, кој домашните го добија со 1:0. Имено искусниот офанзивец на кавадарчани Кристијан Кико Стојкоски го впиша својот 300-ти настап во нашата елитна фудбалска лига. Токму затоа првиот човек на Тиквеш, Миле Масларков како подарок му врачи дрес на Кико со бројот – 300. Колку за потсетување. Стојкоски е роден во Ѓорче пред 34 години, и норнално беше кариерата да ја заопочне во ...
Викендов второлигашот Билјанини Извори одигра пријателски меч против прволигашот Речица, кој го доби со резултат од 3:1. Охридскиот тим кој е поранешен шампион на Македонија, кој играше и квалификации за Лига на шампиони одигра одличен меч, со дисциплина и залагање во текот на целиот натпревар. Двоен стрелец за охридскиот тим беше Сара Секулоска, а еден гол беше дело на Ивана Николоска. Екипата на Билјанини Извори ќе цели кон баражот за можен ...
Аргентинскиот тренер и поранешен славен фудбалер, Хернан Креспо, повеќе не е тренер на бразилскиот Сао Паоло, откако клубот официјално ја заврши соработката со него и неговиот стручен штаб. Во својот прв мандат на клупата, Креспо ја освои титулата во шампионатот на сојузната држава, а во клубот се врати на 18 јуни минатата година. Оттогаш забележа 21 победа, седум нерешени средби и 18 порази. Од Сао Паоло најавија дека клубот го напушта и ...
Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид се соочува со сериозни финансиски загуби во текот на сезоната 2025/26. Според финансиските извештаи, клубот во првата половина од сезоната забележал минус од околу 17,5 милиони евра. Главната причина за ваквата состојба е значителното зголемување на трошоците, особено за платите на играчите и стручниот штаб. Во првите шест месеци од сезоната за плати биле издвоени околу 25,3 милиони евра, што претставува ...
Фудбалерите на Еспањол и Реал Овиедо одиграа нерешено 1-1 во натпреварот од 27. коло во шпанската Ла Лига. Со овој резултат продолжи серијата без победа на каталонскиот тим, кој веќе десет последователни натпревари не успева да стигне до триумф. По овој дуел, Еспањол се наоѓа на седмата позиција на табелата со 37 освоени бодови, додека Реал Овиедо останува на последното место со само 18 бодови. Гостинскиот тим одлично го отвори натпреварот и ...
Неверојатни сцени се случија на натпреварот од Бундеслига 2 меѓу Прајзен Минстер и Херта Берлин, каде што во центарот на вниманието се најде ВАР мониторот. Главниот судија Феликс Бикел беше повикан да прегледа снимка за можен пенал за гостите по еден старт. Сепак, кога пристигна до екранот покрај теренот, го дочека црн монитор. Двајца маскирани навивачи се симнаа крај теренот и го исклучија ВАР мониторот од струја. Have you ever seen anything ...
Синоќа се комплетираше 12. коло во Првата футсал лига со натпреварот меѓу Бутел и Осогово, кој заврши без победник – 3:3, по возбудлив меч со шест погодоци и поделба на бодовите. За екипата од Крива Паланка овој бод има големо значење во тешката битка за опстанок. Осогово, кој минатата сезона играше историско финале во Купот на Македонија (каде што беше поразен од Форца), оваа година се бори да го задржи местото во елитата. Гостите подобро го ...
Ливерпул утре му гостува на Галатасарај во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите, противник од кого веќе еднаш загуби во тековнава сезона во Истанбул и тоа во групната фаза со 1-0. Премиерлигашот нема да биде комплетен за ова соочување, а на веќе повредените, подолго отсутните Бајчетиќ, Бредли, Ендо, Исак и Леони се додадени уште две имиња и тоа Бекер и Киеза. Имено голманот Бекер почувствувл проблем на денешниот тренинг и нема ...
Најстарото фудбалско натпреварување во светот, англискиот ФА Куп, влегува во својата највозбудлива фаза. По комплетирањето на петтата рунда и победата на Вест Хем над Брентфорд вечерва, познати се сите парови за четвртфиналето. Среќата (или несреќата) сакаше двата најголеми фаворити за трофејот да ги „вкрстат копјата“ уште пред „Вембли“. Предвремено финале: Сити против Ливерпул! Апсолутниот блокбастер на оваа рунда ќе се игра на „Етихад“. ...
Четвртфиналето од футсал Купот на Македонија ќе се игра во два дена. Познати термините за натпревари на кои ќе се води борба за полуфинален билет. Ланскиот финалист Осогово во Крива Паланка ќе го пречека непоразениот тим во македонскиот футсал Проект, натпревар кој ќе се одигра во среда со почеток од 19:30 часот. Исто така, в среда ќе се одигра и натпреварот меѓу Балкан и Јувентус Серава, а овој неизвесен дуел ќе стартува во 21 часот. Во ...
Се ближи возбудлива завршница на ФА купот, во кое ќе играат големи клубови – а тоа значи и големи дербија. Извлечени се четвртфиналните двојки и нè очекува вистинско уживање за сите фудбалски фанови. Натпреварите се закажани за 4 и 5 април, а меѓу првите осум се шест екипи од Премиер лигата, еден тим од Чемпионшип и еден тим од втората лига. Без сомнение најголемо внимание се очекува да привлече пресметката помеѓу Манчестер сити и Ливерпул, ...
Додека автобусот на Челси се паркираше пред „Сток Кае Рас“ оваа сабота, сликата беше симбол на два спротивставени света во модерниот фудбал. Од едната страна, преплатените ѕвезди од Лондон со слушалки на ушите маршираа кон соблекувалната како роботи низ шпалир од навивачи. Од другата страна, играчите на Рексам, оние истите кои пред само неколку години играа во калта на петтата лига, стоеја меѓу толпата, потпишувајќи дресови и се ...
Се ближи крајот на една ера, Антоан Гризман ќе го напушти Атлетико Мадрид, каде што остави огромен белег и беше еден од најдобрите играчи во историјата на клубот. Пополнувањето на неговото место ќе биде голем предизвик, а раководството на клубот веќе размислува за наследник. Според последните информации, тоа би можело да биде играч од Пари Сен Жермен. Се работи за Канг-Ин Ли, млад фудбалер од Јужна Кореја кој добива шанса кај Луис Енрике, но ...
“Бомба“ од Лондон. Челзи не блеска ниту оваа сезона. Тимот од Стемфорд Бриџ игра топло-ладно, а промената на тренерот не помага премногу, а „сините“ моментално се на петтата позиција во Премиер лигата.Сепак, менаџерот Лиам Росениор би можел да добие три големи засилувања од Барселона следната сезона. Лондонскиот клуб наводно е подготвен да испрати огромна понуда за тројца играчи од каталонскиот клуб. Според информациите што доаѓаат од ...
Сензационални вести пристигна од светот на боксот. Светскиот шампион во бокс во тешка категорија, Украинецот Александр Усик, се согласи да ја брани титулата на WBC-верзијата, а неговиот противник ќе биде најдобриот кикбоксер во светот, Рико Верховен. Мечот е закажан за 23 мај во Египет. Настанот ќе биде организиран пред Пирамидите во Гиза и дефинитивно ќе биде апсолутен спектакл. Долго време се шпекулираше за тоа кој ќе добие шанса да се бори ...
Актуелната сезона во најсилните лиги во Европа влегува во завршна фаза кога ќе биде познат и расплетот. По досега одиграните мечеви во европските првенства се потврди нешто што веќе со години се знае, а тоа е дека навивачите во Германија најмногу сакаат да одат на стадионите. Според просечната посетеност, стадионите во германската Бундеслига имаат најмногу публика. Во просек, сезонава натпреварите во Бундеслигата на стадионите имаат по 42.188 ...
Екипата на Лацио славеше победа од 2-1 против Сасуоло во последниот натпревар од 28. коло во италијанската Серија А, со што римскиот тим стави крај на серијата натпревари без триумф. Со оваа победа, Лацио се искачи на десеттото место на табелата со 37 освоени бодови. Сасуоло, кој во пресрет на овој натпревар имаше три последователни победи, остана на деветтата позиција со бод помалку од својот вечерашен противник. Домашниот состав одлично го ...
Попладневното соопштение на ФК Шкендија, во кое тетовскиот клуб изрази незадоволство од судењето, се закани со повлекување и обвини за фаворизирање на Вардар, експресно доби официјален одговор. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) излезе со остра реакција, отфрлајќи ги обвинувањата како обид за создавање теории на заговор и барање алиби за загубените бодови. „Барање алиби кога резултатите не одат во прилог“ Од ФФМ истакнуваат дека ...
Манчестер сити ќе игра против Ливерпул во ФА куп четвртфиналната пресметка, одлужи ждрепката. Двата тима кои во последните неколку години доминираат во Премиер лигата ќе мора во меѓусебна борба да решат кој ќе оди во полуфиналето, а кој ќе го заврши патот во трката за трофејот во најстарото фудбалско натпреварување во светот. Најголема среќа во ждрепката имаше тимот на Челзи кој ќе игра на својот „Стемфорд Бриџ“ и тоа против третолигашот ...
Со трката на патеката Albert Park Circuit во Melbourne започна новата сезона во Formula 1, а Australian Grand Prix заврши во рацете на тимот на Mercedes‑AMG Petronas Formula One Team. Двојна победа за „сребрените стрели“, бидејќи George Russell и Andrea Kimi Antonelli завршија на првите две позиции, додека третото место на подиумот го освои Charles Leclerc. Веднаш зад Леклер беше неговиот тимски колега и седумкратен шампион Lewis Hamilton, а ...
Словенечкиот портал „trma.si“ објави ексклузивна вест што фрла сенка врз приватниот живот на кошаркарската ѕвезда Лука Дончиќ, наведувајќи дека неговата свршеница Анамарија ја повикала полицијата за време на неговата посета на породилиштето. Откако неодамна ја добија втората ќерка, веста за раскинувањето на славниот пар одекна во медиумите ширум светот. Сега се појавија детали за инцидентот што, според порталот, се случил уште во декември ...
Фудбалерите на Ливерпул повторно се насочуваат кон европските предизвици во Лигата на шампиони, откако во изминатиот период одиграа два последователни натпревари против Вулверхемптон во Англија. Во осминафиналето од елитното натпреварување англискиот тим ќе се соочи со Галатасарај. Претстојниот дуел ќе има дополнително значење и за тренерот на англискиот клуб Арне Слот, за кого ова ќе биде јубилеен стоти натпревар на клупата на Ливерпул. Слот ...
Барселона ја продолжува својата европска авантура во Лигата на шампионите со гостување кај Њукасл во осминафиналната фаза од натпреварувањето. Формата на двата клуба во домашните шампионати е значително различна. Барселона се наоѓа на врвот на табелата во шпанската Ла Лига и игра стабилна сезона, додека англискиот тим моментално е на 12-тата позиција во Премиер лигата. Сепак, европските натпревари често носат поинаква динамика и неизвесност, ...
Ретко кој кошаркар можел да му се спротивстави на легендарниот Коби Брајант, не само на теренот туку и во соблекувалната. Во една таква ситуација своевремено се нашол Џереми Лин, кој, и покрај тоа што знаел дека соблекувалната на Лос Анџелес Лејкерс му припаѓа само на еден човек, тој решил да крене глас. Коби Брајант не беше само најдобриот играч на тимот – тој беше системот, законот и авторитетот. Неговиот поглед беше доволен за да ја ...