Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, проговори за неговиот црвен картон во финишот на синоќешниот натпревар со Порто. „Специјалниот“ беше исклучен откако неговиот тим израмни на 2:2. Тој по голот на Леандро Бареиро во 88. минута, Мурињо ја шутна топката, предизвикувајќи незадоволство кај противничкиот тренерски штаб, особено кај Лучо Гонзалез. Следеше расправија меѓу двајцата. Судијата Жоао Педро Пињеиро му покажа црвен картон на тренерот на ...
Селекторот на Ирак, Грем Арнолд, побара од ФИФА да го одложи бараж дуелот за пласман на Светското првенство поради актуелната безбедносна ситуација на Блискиот Исток, пренесува „Би-Би-Си“. Проблем за ирачката федерација претставува затворениот воздушен простор на земјата од 28 февруари, поради што постои страв дека тимот нема да може навреме да отпатува за Мексико. „Тоа не би бил нашиот најдобар тим, а потребен ни е најдобриот тим за ...
Федерико Димарко ја имаше најдобрата шанса која ја создаде Интер на „Дерби дела Мадонина“ пресметката која вчера се одигра на „Сан Сиро“, но неговиот обид од непосредна близина заврши над голот и лидерот во Серија А пропушти шанса да се врати во мечот. Големата шанса на стартот на вториот дел се покажа како единствена стопроцентна за Интер во ситуација кога бркаше резултат, па офанзивниот лев бек на „нераѕурите“ призна дека овој тим на Киву ...
Австриската двојка Јан Херл/Даниел Чофениг славеше во Светскиот куп во скијачки скокови што се одржа во Лахти, Финска. По шест трки, австриското дуо на крајот победи со вкупно 858,6 бода. Словенците и тандемот Анже Ланишек – Домен Превц се пласираа на второто место со 836,8 поени, додека третото место на подиумот им припадна на Финците, кои сензационално дојдоа до подиумот по пауза од 12 години. Дуото Нико Китосахо – Анти Алто им го донесе на ...
Многумина беа шокирани пред неколку месеци кога почнаа да кружат информации дека Лајпциг одредил цена дури од 100 милиони евра за Јан Диоманде, фудбалер од Брегот на Слоновата Коска, роден 2006 година, за кого минатото лето му платија 20 милиони евра на Леганес. Но, Диоманде предизвикува револуција во Бундеслигата и сумата која ја бара Лајпциг почнува да звучат поразумно. Диоманде дебито го имаше на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал Мадрид ...
Ајакс повторно направи тренерска промена и реши да го прекине ангажманот со Фред Грим по серијата лоши резултати. Амстердамскиот клуб соопшти дека до крајот на сезоната првиот тим ќе го води Шпанецот Оскар Гарсија. Поранешниот фудбалер на Барселона, кој има 52 години, во клубот пристигна минатиот месец за да го преземе вториот тим, но по последните случувања веднаш е промовиран во тренер на сениорскиот состав. Поразот од Гронинген со 1-3 ...
Неверојатни сцени го одбележаа натпреварот од втората германска лига помеѓу Пројсен Минстер и Херта Берлин, кој се претвори во хаос откако еден навивач го исклучи ВАР мониторот. Судијата Феликс Бикел беше повикан да го прегледа видеото за можен пенал, но го пречека празен екран бидејќи навивач физички го исклучил уредот. Погледнете ја ситуацијата ТУКА. Бизарна саботажа Инцидентот се случи кон крајот на првото полувреме, кога Бикел се приближи ...
Капитенот на Интер Мајами, Лионел Меси, заработува помеѓу 70 и 80 милиони долари годишно кога ќе се вклучат сите извори на приход, вклучувајќи го и неговиот удел во сопственоста на клубот. Оваа информација ја откри ко-сопственикот на американскиот клуб, Хорхе Мас. Во интервју за „Блумберг“, Мас објасни дека поради високите трошоци за доведување на врвни играчи, клубот мора постојано да бара нови спонзори и дополнителни извори на финансирање. ...
Победата над Вардар во минатото коло ја запали искрата кај тетовските „црвено-црни“. Шкендија сега заостанува само еден бод зад лидерот и денешниот натпревар против АП Брера (14:00 часот) е идеална прилика за продолжување на страшната пролетна серија. Гаје: „Немаме право на грешка, научивме од лекциите во минатото“ Иако важат за големи фаворити, во Тетово нема место за опуштање. Чуварот на мрежата на Шкендија, Бабукар Гаје, потенцира дека ...
Навивачите на Атлетико Мадрид можат да здивнат. Иако Орландо Сити направи сè што е во нивна моќ за да го донесе Антоан Гризман во САД, спортскиот директор на „јорганџиите“, Матеу Алемани, ги прекина сите шпекулации. „Тој е легенда и останува со нас“ По победата над Реал Сосиедад (3-2), Алемани беше дециден во изјавата за шпанскиот „Мовистар“. „Гризман е легенда. Тој има договор со нас и ќе остане со нас. Нема ништо ново, се вративме на ...
Норвежанката во брзо лизгање, Рагне Виклунд (25), ја освои титулата на Светското првенство во Херенвен, Холандија, докажувајќи дека во моментов е најразновидната натпреварувачка на планетата. Ова е прва титула за Норвешка во оваа категорија по 88 години, бидејќи последен пат најдобра беше Лејла Шеј Нилсен, во далечната 1938 година, на третото официјално натпреварување одржано во Осло. Виклунд, која многумина ја нарекуваат „танчарка на мраз“ ...
Жоао Фонсека се најавува како тенисер кој може да се приклучи на забавата која ја имаат Карлос Алкарас и Јаник Синер, а сега Бразилецот ќе има прва шанса да ги одмери силите со Италијанецот. Фонсека го победи Томи Пол и обезбеди осминафинале на Индијан Велс, фаза во која претходно се пласираше и Синер со доминантно издание против Денис Шаповалов. Синер ужива да игра во калифорниската пустина и условите совршено одговараат за неговиот стил на ...
Брегалница триумфираше над Новаци со 1:3 и стигна на минус три бода од лидерот Охрид, „сините“ на Влатко Костов забележаа голема победа на тешко гостување и во Штип се вратија со целиот „плен“ што беше цел во рамки на 19. коло на Втората лига. Сега Брегалница доаѓа на минус три бода од лидерот Охрид, кој има 43 бодови, а штипјани имаат 40 бодови. „Рибарите“ со 10:0 ја декласираа Победа, а пак Шкендија Арачиново со 0:4 славеше над Големо ...
Чави беше легенда како фудбалер на Барселона, а како тренер ја освои Ла Лига. Но се чувствува повреден поради начинот на кој замина. „Никогаш нема да се вратам во Барса. Моето време таму е завршено и како фудбалер и како тренер“, вели Чави. „Има многу работи кои ме повредија, но нема да зборувам од огорченост, туку едноставно од правада“. Чави беше легенда како фудбалер на Барселона, а како тренер ја освои Ла Лига. Но се чувствува повреден ...
Кристијан Киву не очајува по поразот кој го претрпе Интер од Милан во големото градско дерби, порачувајќи дека трката за Скудетото немала да биде решена дури и во ситуација неговиот тим да забележел победа. Интер го загуби второто градско дерби со „росонерите“ оваа сезона и има предност од седум бода на табелата само поради далеку поконстантните резултати со помалите тимови, но Киву како тренер воочи и проблем кој се провлекува веќе некое ...
Американката Оксана Мастерс (36) го освои златниот медал на парабиатлонот од 7,5 км во Тесеро, освојувајќи го 20-тиот параолимписки медал во нејзината кариера. Мастерс победи на патеката во Тесеро пред сонародничката Кендал Греч и Германката Ања Викер: „Не го очекував ова, 20 медали звучат толку нереално. Секој медал е подеднакво важен бидејќи има различно патување. Искрено, не очекував подиум, а камоли злато“, рече 36-годишната ...
Еурофарм Пелистер со гостувањето кај Барселона ќе го заврши настапот во Лигата на шампионите оваа сезона. По бодот против ПСЖ во Битола, сега „зелено-белите“ ги чека веројатно најтешкиот предизвик гостување кај лидерот во групата. Пред натпреварот со каталонскиот гигант своите очекувања ги сподели Никола Граховац. „Тешко е да се припремате на Барселона, можеби најдобриот клуб во историјата на ракометот. На секој играч му е чест да игра против ...
Поранешниот фудбалер на Струга ТЛ, Сава Радиќ направи херојски гест на Малта, каде што во моментов игра за тимот на Валета. Тој во рамките нд натпревар од Купот против Хамрун, му го спаси животот на противничкиот фудбалер, Матијас Гарсија. Во драматичниот момент Гарсија се судри со еден од играчите на Валета, по што падна како покосен на тревата. Радиќ веднаш му пружи помош, успеа да му го извади јазикот и така да го спаси да не се угуши. „Се ...
Се доближува еден од највисоките спортски настани во Македонија, меѓународниот турнир во олимписко теквондо Скопје ОПЕН годинава ќе се одржи 4 и 5 април 2026 година во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Скопје Опен е организиран од Таеквондо клубот Бутел, Македонската Теквондо Федерација и Рамус. Овој меѓународен турнир е со предзнак Г1, турнирот е олимписка класа и е дел од официјалниот календар на светската теквондо асоцијација. Скопје ...
Ракометарите на Еурофарм Пелистер ѝ гостуваат на Барселона во последниот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите. Иако немаат математички шанси за пласман во плеј-офот, битолчани мора да го искористат дуелот со фаворитот за дополнително лично зацврстување пред клучниот дел од сезоната. Тренерот Стевче Алушовски пред гостувањето во Каталонија призна дека ривалот игра веројатно најдобар ракомет на континентот, ама нагласи дека оваа ...
Активацијата на ВАР системот во голема мера ја намали емоцијата кај фановите во моментите кога се прославуваат головите, па иако видео технологијата стана составен дел од речиси секое првенство во светот, се уште има моменти кои нудат доста контроверзи. Добар дел од фановите се уште се држат до ставот дека ВАР системот не донесе ништо позитивно за фудбалот, па сега ултрасите на Минстер решија да направат радикален чекор и ја саботираа ...
Ѕвездата на Интер Мајами, Лионел Меси, проговори за едно од своите најголеми жалења – што не научил англиски како млад човек. Капитенот на Аргентина и освојувач на Светското првенство во 2022 година призна дека се чувствувал како „неук“ кога се среќавал со познати луѓе за време на неговата импресивна кариера, бидејќи не можел да комуницира со нив, објави ESPN. „Жалам за многу работи“, изјави 38-годишниот Меси за мексиканскиот подкаст „Miro de ...
Фудбалскиот клуб Партизан по само два натпревари го отпушти тренерот Дамир Чакар. Под негово водство, Партизан загуби дома од ОФК Белград (1:2) и вчера во Нови Сад од Војводина (3:0). Управниот одбор на Партизан, претпладнево одржа вонредна седница, му врачи отказ на Чакар и го врати на функцијата Срѓан Благојевиќ. Партизан реши да му се заблагодари на Благојевиќ на 1 ноември минатата година по поразот во првенството од Чукарички со 4:1. ...
Женскиот репрезентативен ракомет некогаш беше македонска гордост. Пред нашите ракометарки паѓаа велесили како Данска (двапати), Германија, Русија, Франција, а за оние од „источниот блок“ како Белорусија, Полска, Србија, Хрватска и Украина бевме вистински „ноќен кошмар“. Гордо ги гледавме настапите на Индира Кастратовиќ, Гордана Нацева, Валентина Радуловиќ, Наталија Тодоровска (Малахова), Милева Велкова, Лариса Ферзалиева, Олга Бујанова, ...
Фудбалерите на Милан го победија Интер (1-0) во второто сезонско „Дерби дела Мадонина“ во Серија А. Крајот на дербито на „Сан Сиро“ понуди и голема драма, бидејќи се случија моменти кои ги налутија „нераѕурите“. Прво пред еден корнер судијата Даниеле Довери се огласи за да ја смири тензијата, ама изведувачот Димарко веќе нафрли и топката заврши во мрежата. Сепак, јасно беше дека гол нема, бидејќи играта беше прекината пред изведувањето на ...
Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром слави јубилеј, бидејќи на денешен ден пред 60 години е основан клубот кој подоцна освои многу трофеи. Македонскиот првак, клубот кој речиси деценија и половина доминира во мак-кошарката веќе ја имаше прославата на овој јубилеј. Во саботниот дуел и победата над Пелистер (87-73) се славеше на трибините и теренот, а потоа и роденденот беше одбележан и со коктел-забава. На полувремето на паркетот се најдоа ...
Викендов беа одиграни натпреварите од четвртото коло од фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“ што се одржува во Спортскиот центар „Климент Колески“ во организација на „Sport Brother Ohrid“. Беа одиграни возбудливи натпревари и постигнати многу голови на теренот. Во саботата во првиот натпревар екипата на Жито Леб ја совлада екипата на АСП ПАК со два гола разлика (4:2), додека во вториот натпревар Макпетрол ја совлада екипата Инекс Олгица ...
Фудбалерите на АП Брера по ремито без голови на домашен терен против Струга Трим Лум, денеска гостуваат во Тетово и ќе ги одмерат силите со Шкендија. Тоа секако е еден од најголемите предизвици во шампионатот, посебно што домаќинот сега е потполно фокусиран на домашната сцена и во налет по победата над Вардар во дербито. Но, младиот тим на Мартин Алаѓозовски ќе даде сѐ од себе да одигра најдобро што може и на овој натпревар. – Како и на ...
Лука Модриќ е клучен фактор во Милан од првиот ден кога го облече дресот на италијанскиот великан, па иако многумина прогнозираа дека Хрватот доаѓа на „чизмата“ за да одмори и полека да влезе во фудбалска пензија, славниот маестро многу брзо ги затна устите на сите критичари и песимисти. Легендарниот фудаблер на Реал Мадрид покажува дека прави разлика на теренот и во петтата деценија од животот, а најнов доказ за такво нешто добивме и ...
За време на Европското првенство во снукер во Гандија, Шпанија, под раководство на главниот ЕБСА тренер ПЏ Нолан и неговиот нов асистент ЕБСА тренер Александер Сабјак од Хрватска, двајца наши национални тренери по снукер, заедно со уште 9 кандидати од Европа успешно го завршија курсот за меѓународни тренери по снукер. Сашко и Филип Каланоски од Гран клуб Охрид се нови EBSA/WPBSA класа 1 снукер тренери. Со тоа листата на сертифицирани ЕБСА ...