Утре ќе се комплетира 22. коло во Првата македонска фудбалска лига со мечот меѓу Работнички и Арсими, кој се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Познати се официјалните лица за овој меч. Главен судија ќе биде Пларент Салихи, а негови помошници ќе бидат Александар Ѓорѓески и Идриз Идризи, додека пак Александар Василевски ќе биде четврт судија. ВАР судија ќе биде Бењамин Ќерими, а АВАР судија ќе биде Мартин Петковски. Оператор ...
Работнички е во незавидна позиција и мора да победува ако сака да ја намали негативата во однос на конкурентите за опстанок во елитата. Само така може да ги зголеми надежите за да остане дел од Првата фудбалска лига и следната сезона. Секој натпревар за клубот од Дебар Маало е неверојатно значаен во тој поглед, а од денешната пресметка посакуваат три бода. „Мотивирани сме да ги освоиме трите бода. Знаеме каква е нашата позиција на табелата, ...
Фудбалерите на Работнички минимално го совладаа Арсими (1-0) во последниот натпревар од 22. коло на ПМФЛ со кој се спушти завесата на вториот круг од првенството. Натпреварот на националната арена „Тодор Проески“ тргна со многу мирно темпо и без голем ризик пред двата гола. Поради таквиот пристап, вистинските можности изостанаа од почетокот. Фудбалерите на Арсими во неколку наврати од далечина ги тестираа можностите на голманот Фабрис Ондоа ...
Работнички оствари минимална победа од 1-0 над Арсими во последниот меч од 22.коло во Првата фудбалска лига. Стрелец на победничкиот гол беше Никола Манојлов во 66.минута. Во неизвесен дуел, тимот од Дебар Маало успеа да искористи една шанса за да освои три бода. Во првиот дел, Арсими имаше свои шанси, но Ондоа беше одличен на голот на Работнички. Во 54.минута Арсими беше најблиску до водство. Селмани се одлучи за удар од далечина и ја ...

