Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Концерт „Од Пјацола до Барток“ ќе се одржи денеска (26.03.2026) во 19.00 ч. во Свечената сала на Офицерски дом – КИЦ Битола. На виолина со Јаков Ангелов и класична гитара со Андреј Јандријески. Ќе биде изведувана програма од А. Пјацола, Ф. Крајслер, М. Диего Пујол, Р. Диенс и Б. Барток. Биографија – Андреј Јандријески Андреј Јандријески (роден 2002, Скопје) е млад македонски класичен гитарист кој се издвојува со изразен музички сензибилитет, ...
НОВ БРАН New Wave / Nouvelle Vague Ричард Линклатер / Франција, САД / 2025 / 106 мин Париз, 1959 година. Младиот Жан-Лик Годар е решен да го сними својот прв филм. Спротивставувајќи се на конвенциите, финансискиот хаос и скептичните продуценти, тој заедно со своите соработници започнува тивка револуција во кинематографијата, доловувајќи ја сировата енергија на тоа време. Проекции Четврток, 26 март20:00 Оригинален јазик 200 ден Улоги Гијом ...
Амбасадата на Кралството Шпанија , во соработка со #europehouseskopje, HERA и Младите европски амбасадори организираат специјална филмска проекција на документарниот филм „Јас сум Невенка“. Четврток, 26 март 2026, 19ч, Europe House Skopje „Јас сум Невенка“ е филм на режисерката Исијар Бољаин од 2024 година инспириран од вистинска приказна чие дејство се случува на крајот на минатиот и почетокот на овој век. Дваесет и четиригодишната Невенка ...
На 30 март 2026 година (понеделник), со почеток во 20:00 часот, во Дом на култура „Димитар Влахов“ – Автокоманда, ќе се одржи премиерата на театарската претстава „МАРТА“. „Марта” според делото „Марта пред огледалото“ претставува интимен театарски запис односно покана за влез во дневникот на една млада тинејџерка која се соочува со анорексија. Преку нејзината перспектива, публиката сведочи на тивката, но длабока внатрешна борба што често ...
МОНОДРАМА: ЖИВОТОТ НЕМА НАСЛОВ Монодрама со Енџи Николова 27 март (четврток) I 20:00 часот Видео продукција: ФРЕЈМ | Продукција: АВАНГАРТ | Продуцент: Милена Цветановска | Ликовен уметник: Жаклина Николовска | Режија: Војо Цветановски | Игра: Енџи Николоска | Автор: Кристина Краличин „Животот нема наслов“ е монодрама што го прикажува моментот во кој една млада писателка, на прагот на промоцијата на својата книга „Големите очекувања“, од ...
На 26 март 1991 година беше објавен деби‑албумот на Јаков Дренковски, насловен C’est La Vie, кој мајсторски ги спојува жанровите поп‑рок, софт‑рок и шансона, оставајќи неизбришлив белег во македонската музичка историја. Издавач на албумот е Музичка продукција на РТВ Скопје, а плочата била печатена од Jugoton. Реализацијата на албумот вклучувала поддршка од Културно просветната заедница на град Скопје и Музичката младина на Скопје и ...
Калиопа Кривашија-Стилиновиќ е почесен конзул на Република Франција во Битола и една од личностите кои со години ја градат франкофонската сцена во градот. Во пресрет на Франкофонската пролет, која оваа година одбележува два јубилеја – 30 години француско конзуларно присуство и 25 години Француска алијанса, со неа разговараме за дипломатијата, за културата која гради најсилни мостови Пишува: Љубица Ангелкова Во времето на Отоманската империја ...
Под покровителство на Амбасадата на Австрија во Скопје вечер во фоајето на Македонската опера и балет ќе се одржи Австриска вечер на камерна музика. -Замислете ноќ исполнета со елеганција, мир и врвна уметност. Моцарт, Хајдн и Шуберт се композитори чие творештво не старее, туку од година в година се продлабочува и ја зголемува својата вредност. Во секојдневието исполнето со обврски, стрес и брзо темпо на живот, ретко си дозволуваме момент за ...
Симеон Иванов – Канго (познат и само како Канго) е роден на 2 ноември 1951 година во Кочани. Тој беше познат македонски рок – музичар и гитарист, поет, сликар и основач на културното движење „Мактеон“ кое го промовирал македонскиот народ, култура, јазик, а особено античко-македонското наследство на денешниот македонски народ. Канго бил познат по својот необичен стил налик на легендарниот гитарист Џими Хендрикс. Симеон Иванов во родниот град ...
Игор Дурловски е роден на 26 март 1977 во Битола. Студирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Биљана Јовановска Јакимовска, се усовршувал во Камерното Студио на Оливера Милјаковиќ во Виена. Веќе неколку години, светот го запознава басот Игор Дурловски како изведувач на партии од оперскиот и концертниот репертоар. Тој ги третира музичките стилови со вистинска палета на расположенија, почнувајќи од улогата на ...
Со камерната дуо-драма „Љубовни писма“, која се одигра во просторот на UTOPIA, Битола доби уште една потврда дека современиот театар не мора да живее исклучиво на институционални сцени. Претставата, во изведба на реномираните актери Верица Недеска и Игор Ангелов, донесе интимна, суптилна и емотивно прецизна интерпретација на текст што преку писма ја следи сложената врска меѓу два лика низ период од пет децении. Верица Недеска, актерка со ...
Филмот „Спајдермен: Сосема нов ден“ (Spider-Man: Brand New Day) веќе пишува историја, па така, најновиот доказ за неговата популарност говори за рекордните бројки на гледаност на неговиот трејлер. Продукцијата на „Сони“ го објави трејлерот за новата авантура на Спајдермен (вкупно 38-ми филм од суперхеројскиот бренд на „Марвел“, а четврти со Том Холанд во главната улога), на 17 март. За само четири дена, видеото достигна милијарда прегледи (на ...
По повод 27 март – Светскиот ден на театарот, НУЦК „Ацо Шопов” – Театар Штип ќе го одбележи овој значаен датум со изведба на комедијата „Случајната смрт на еден анархист” од Дарио Фо. Настанот ќе се одржи на 27 март 2026 година (петок), со почеток во 20:00 часот, во Театар Штип, а влезот ќе биде слободен за публиката, со претходна резервација поради ограничен број на места. Станува збор за една од најпопуларните претстави на репертоарот, која ...
Новиот документарен филм на македонската режисерка Тамара Котевска „Мамутите кои избегаа од царството на Елрих Хан“ е меѓу добитниците на Фондот Сендбокс на Институтот Санденс за 2026 година. Покрај Котевска, меѓу поддржаните автори од Фондот е и Љубомир Стефанов. Котевска и Стефанов имаа историски две номинации за Оскар за нивниот документарен филм „Медена земја”. Тој филм Ова е четврти документарец на Котевска, а го снимаше во Сибир. Филмот ...
„Ex nihilo: Репортажна поезија за Андалузија“ на Звонко Димоски е ракопис што на оригинален начин ги обединува поезијата, патописот и документарниот пристап во современ книжевен текст инспириран од културната и духовната историја на Андалузија. Делото е конципирано како документарно-поетски циклус во кој Андалузија се чита како простор на историска меморија, мит и лична внатрешна географија. Делото ја развива формата на репортажна поезија — ...
Збирката „Ништо нормално“ содржи дваесетина раскази во чиј фокус е малиот човек, неговите лица, маски, преобразби, но и желби, стравови, (не)сигурност… – Малиот човек, всушност, се соочува со сите предизвици што ги носи животот, од најинтимните лични борби до пошироките општествени притисоци. Тоа се и видливи и невидливи конфликти, кои често се одвиваат тивко, внатре во нас. Нè болат несигурноста, стравот од иднината, но и чувството на немоќ ...
Во уметничката галерија на Музејот Куманово, на 27 март со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи мултимедијален настан во рамките на кој уметникот Страхил Петровски ќе има самостојна изложба насловена „Прашина и сенки / Dust and shadows“, ќе биде промовирано најновото издание на книгата „Дијалози за слободата“ од авторот Љупчо Јолевски, а ќе се одржи и музички перформанс на Добрила Грашеска. – Во оваа наша визуелно-тонска приказна, свое засебно ...
На 27 март во 19 часот во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложбата „Оган“ од академската уметница Бојана Артиновска. Воедно ова е мултимедијален проект, бидејќи уметницата ќе слика во живо, а настанот ќе биде придружен со музика. Проектот е дел од годишната програма за работа на ЦК „Марко Цепенков“ поддржан од Министерството за култура и туризам. Во своите нови апстрактно асоцијативни ...
Халкбанк АД Скопје и Македонски народен театар потпишаа договор за годишно покровителство, со што банката стана главен партнер на една од најзначајните културни институции во земјата. Соработката предвидува директна финансиска поддршка за активностите на МНТ, но и реализација на низа заеднички иницијативи преку кои ќе се овозможи дополнителна промоција и поголема видливост на театарските претстави и програмата на театарот. Преку ова ...
Со промоција на книгата „Филмот и пропагандата во дигиталната ера“ од Сашо Кокаланов, вечерва (25 март), во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“, во „Дајмонд мол“, почнува третото издание на Фестивалот за литература и општа култура „Видик“. Промотори на книгата, во издание на „Арс Ламина“, ќе бидат Елеонора Венинова, Владимир Блажевски и Отец Пимен, а модератор ќе биде Оливера Ќорвезироска. На 28 март (сабота) ќе се одржи донаторски ...
Во премиерното издание на поткастот „Смисла“, кое ќе се емитува во денес (25 март) во 19:30 часот на YouTube каналот на „Смисла“ и на социјалните мрежи, публиката ќе има уникатна можност да ја доживее одблиску Елена Лука- сопственичката и генерален менаџер на ELENA LUKA GROUP, жена која е препознатлива не само како лидер во македонската мода и градежништво, туку и како личност која инспирира со својата визија и вредности. Во ова издание, ...
Најновиот документарен филм, на македонската режисерка Тамара Котевска е меѓу добитниците на Sandbox Fund на Sundance Institute за 2026 година. Sundance Institute преку Sandbox Fund поддржува иновативни документарни филмови на пресекот помеѓу науката и раскажувањето, селектирајќи ограничен број автори на глобално ниво. Проектот е во копродукција помеѓу Данска, Македонија, Обединетото Кралство и Португалија, каде се јавува како режисер и ...
Со песната „Бранови“ (Waves), која ја напиша композиторот Ангел Спироски, дуото „Дениција“ го најави првиот албум насловен „ДоМа“. Членови на дуото се Анастасија Милеска и Александар Андријевски. На албумот има шест дела за гитара од современи македонски композитори: Дарија Андовска, Панде Шахов, Ана Пандевска, Вања Ѓумар Николовски, Филип Иванов и Ангел Спироски. Од дуото „Дениција“ велат дека тие ги нарачале композициите, кои се специјално ...
Во Ликовниот салон во Велес вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Македонските бајки во светогледот на Димитар Кондовски“. Пред велешката публика ќе бидат изложени 82 илустрации за македонските бајки кои Кондовски ги изработил за издавачката куќа “Детска радост“. Автори на изложбата се Јасминка Намичева и Филип Кондовски, а се организира во соработка со Здружението за архитектура, дизајн и култура „Архифакт“ од Скопје, во рамките на ...
ДИЏЕЈ АХМЕТ DJ Ahmet Георги М. Унковски / Македонија / 2025 / 99 мин Ахмет, 15-годишно момче од јуручко село во Македонија, наоѓа засолниште во музиката истовремено справувајќи се со очекувањата на својот татко, конзервативната заедница во која живее и првото љубовно искуство – девојка веќе ветена на друг. Проекции Среда, 25 март18:00 Оригинален јазик 150 ден Улоги Ариф ЈАКУП, Агуш АГУШЕВ, Аксел МЕХМЕ, Дора Акан ЗЛАТАНОВА Види Програма ...
Денеска од печат излезе новата илустрирана книга за деца „КУКЛА“ на Мирјана Димова. Книгата ја раскажува приказната за Лидија, притоа контрастирајќи ја суровоста на природата со имагинативен свет на детето, вели авторката. Илустрациите се дело на Билјана Билбилоска, визуелен и мултидисциплинарен уметник, лектурата на изданието ја потпишува Јасмина Кантарџиева Димков. Авторката Мирјана Димова е родена во Битола, а високото образование го ...
Денес во организација на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга со почеток во 12 часот, во фоајето на Центарот ќе се одржи свеченост „Кога поезијата зборува“ по повод одбележувањето на 21 Март – Светскиот ден на поезијата. На свечените поетски читања ќе се слушнат стиховите на домашни и странски автори, како и лични наградени творби на учениците од општинските основни училишта во Струга, информираат од Центарот. OhridNews Денес ...
Со својот спонтан настап и препознатлив шарм, Тања Кочовска ја насмеа публиката на „Глумците пеат“ во Македонскиот народен театар (МНТ). Следејќи го шоуто од страничната ложа, Кочовска се прекачи на сцената и им се придружи на младите актери во песната „Љубов“, која таа ја испеа на Макфест во 1991, заедно со сестра ѝ Лидија Кочовска, Игор Џамбазов и Џон Илија Апелгрен. „Во 1991 јас бев во публиката на Макфест во Штип и ја гледав Тања ...
Во издание на „Панили“ е објавена нова книга важна за македонската историографија – монографијата „Време на прекршувања – време на Голи Оток“ од универзитетската професорка Виолета Ачкоска. Оваа книга е резултат на повеќегодишни истражувања и во неа е отсликано едно специфично време на идеолошко-политички прекршувања на општествен план, но и на лични прекршувања на луѓето кои не можеле да се снајдат во силните пресврти што се случувале во ...
Театарот е полн магацин со крилја, исто како во соништата. Наш „магацин“ еднаш беше една стара куќа, на улица во Скопје, сите ние верувавме дека е театар, немавме многу услови, но имавме силен мотив и голема желба за независен театар. Таму имавме проби, игравме претстави, публиката доаѓаше и ги носеше тие магични крилја заедно со нас, во тие четири ѕида кајшто учевме да летаме, а само така сонувавме и така растевме – театарски и со љубов. Тоа ...