На 14.10.2025 во МКЦ Галерија 2 од 20:00 часот ќе бидат претставени првите две дела од триптихот: „Визура 10“ ВОВЕД – „АРГО – ИЛИ НАДВОР ОД НЕГО“ – уметнички триптих Уметнички триптих „Арго – или надвор од него“ – три засебни (различни) проекти обединети во еден триптих. „Арго“ – е термин кој се користел за таен јазик на група на луѓе неразбирилив за другите. Оттука триптихот сугестивно сугерира на прашањето дали културното наследство треба да е ...

Во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков” во Прилеп, е отворена изложбата на дела од ДЛУП. Со свои дела се претставија 17 уметници,членови на ДЛУП, кои го презентираат своето творештво во различни техники и материјали, преку кои ја прикажуваат својата креативност во подем. Изложбата ја отвори уметницата Лепа Милошеска. На изложбата претставени се дела од Марта Макеска,Александар Џинго,Филип Перески, Методи Исков, Елена ...

Вечерва, во фоајето на Националната опера и балет, со почеток во 20 часот, во рамките на нивната турнеја по повод 50-годишнината од основањето, финскиот мешан хор „Доминанте“, под диригентската палка на маестро Сепо Мурто, ќе изведе разновидна програма со дела од светскиот репертоар и ќе ја даде светската праизведба на композицијата „Јовано Јованке“ од македонската композиторка Дарија Андовска. Концертот во Скопје се одржува по неколкудневни ...

На 22 октомври ќе се одржи дванаесетчасовен мултимедијален фестивал „Хаус оф Три“ (House of 3) на три сродни и препознатливи локации во центарот на Скопје — во „Три Кичен & Бар“ и во ноќните клубови „Клуб 1212“ и „Станица 26“. „Хаус оф Три е повеќе од фестивал — тоа е синергија што ги спојува луѓето. Идејата започна пред три години сосема спонтано, од желбата да направиме место, каде што музиката, уметноста и локалните брендови ќе се сретнат ...

12 октомври 2025 Во атмосфера исполнета со почит, културен интерес и длабока мисловност, на 9-ти октомври 2025 година, во Македонскиот културно-информативен центар во Софија се одржа книжевната промоција на двете есеистички книги на истакнатата македонска авторка и научничка, проф. д-р Елизабета Шелева: „Од личен агол“ и „Книга 2020“. Настанот, кој по својата содржина и значење ја надмина рамката на обична промоција, претставуваше вистински ...

По петти пат, Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) годинава ќе ја претставува современата македонска книжевност на 76. издание на Саемот на книгата во Франкфурт, кој се одржува од 15 до 19 октомври. Креативниот концепт на овогодишното претставување на македонската книжевност на најголемиот светски саем во областа на издаваштвото се потпира на мотото „Читај во 7/8. Приказни со единствен ритам.“ Со специјално изработен штанд за оваа намена, ...

Неодамна, МНТ стана дел од најпрестижната театарска мрежа – Европската театарска конвенција (ETC), која обединува 63 театри од 31 земја. Со ова членство, МНТ се приклучи кон семејството на најголемите и највлијателни театри во Европа, со отворени врати за копродукции, размена на претстави, резиденции на уметници и нови европски проекти. Првиот резултат од оваа соработка е уметничка резиденција на грчкиот актер и режисер Емануел Константинидис, ...

Џијан Емин му го подари своето диригентско стапче на новиот војвода на Луксембург, Гијом, на неговата инаугурација, откако диригираше со концертот на Филхармонијата на Луксембург и пијанистот Франческо Тристано на мостот Рут Брек во Луксембург. По завршувањето на настапот, Џијан Емин му посака долго и успешно владеење на новиот војвода, а Тристано му ја подари партитурата од музиката која ја свиреше. На свечениот настан по повод инаугурацијата ...

Скелињата беа поставени пред дваесет години како дел од конзервациските работи, но нивното присуство криеше дел од деталите и го менуваше естетскиот впечаток на Светата карпа на Акрополот. Со нивното отстранување, иако привремено, посетителите сега можат да го видат ова културно наследство на УНЕСКО во неговата целосна убавина. Новите, модерни и подискретни скелиња ќе се вратат за да продолжат одржувањето и реставрацијата на уникатниот споменик, ...

Концертот ќе се одржи во четврток, со почеток во 21 часот, а билетите се достапни преку продажната мрежа на drugastrana.mk. Дуото е познато по својата смела уметничка изразност, која ја спојува музиката со визуелната уметност, рапот и елементите на комедија. Нивните текстови често обработуваат табу и контроверзни теми, оставајќи силен впечаток врз новата генерација. Donplaya, мултидисциплинарен уметник, стои зад албумот makeDON, ЕП-то ...

Од денеска до 30 октомври 2025 година, Република Северна Македонија ќе биде домаќин на 25-то издание на Неделата на италијанскиот јазик во светот. Во годината на Првата меѓународна светска конференција на Италофонијата и во континуитет со петтата Генерална конференција за италијанскиот јазик во светот, ова издание е посветено на темата „Италофонија: Јазик преку границите“. Целта на Неделата на италијанскиот јазик која е во организација на ...

„Квадратен метар“ не е само наслов на изложбата — тоа е концептуална рамка што отвора простор за експеримент и личен израз. Оваа изложба претставува веќе традиционално годишно собирање на членовите на Фото клуб ЕЛЕМА, кои се претставуваат пред јавноста без тематски ограничувања, без зададени форми и без очекувања да се вклопат во стандардните фотографски клишеа. Секој автор добива симболичен простор од еден квадратен метар — доволно за да се ...

Фестивалот на камерна музика „Златна лира“ ќе се одржи од 15 до 30 октомври, соопштува Сојузот на музичките уметници на Македонија – СМУМ. Осумнаесеттото издание на фестивалот на камерна музика „Златна лира“, со својата богата традиција и препознатлив уметнички печат, останува посветен на промоцијата на врвните достигнувања во домашното камерно исполнителство. Во рамките на годинашното издание, публиката ќе има можност да присуствува на седум ...

Документарецот „Меланија“ доаѓа во кината во јануари 2026 година, а раскажува за враќањето на првата дама на Соединетите Американски Држави (САД) Меланија Трамп во Белата куќа. Документарецот е продуциран од Amazon MGM Studios, во сопственост на Џеф Безос, и ќе им понуди на гледачите „невидени детали од 20-те дена пред претседателската инаугурација во 2025 година – низ очите на самата прва дама“. Amazon MGM Studios сподели фотографија од ...

Германска државјанка го вратила врвот на столбот што го украла од локалитетот Олимпија пред повеќе од 50 години во Грција, објави денес грчкото Министерство за култура, пренесе „Бета“. Врвот на столбот од варовник, висок 24 сантиметри и широк 33,5 сантиметри, бил украден од Леонидаион, пансион од 4 век п.н.е., и е третиот предмет вратен во Грција во последниве години од германскиот универзитет во Минстер, кој вчера го врати најновиот артефакт. ...

Ви претставуваме извадок од расказот „Рецептот на Шопер за долговечност“ на Мимоза Ристова, што е поместен во книгат раскази „Последниот разговор меѓу Дафинка и Дафинка“. Книгата, во издание на „Просветно дело“, ќе биде промовирана на 14 октомври (вторник) во 19 часот во Mr Jack во Скопје. По не знам каква случајност, тогашната министерка за образование токму мене ме номинираше за да ја претставувам Македонија заедно со неколку помлади колеги на ...

Пет погребувања од крајот на железното време и доцноархајскиот период на локалитетот Милци, кај Гевгелија беа истражени во рамките на меѓународниот проект што заврши завчера. Археолошките истражувања беа спроведени во рамките на поширока научна програма насочена кон продлабочување на знаењата за погребните практики, материјалната култура и општествените структури на заедниците од железното време и архајскиот период во долината на Вардар. ...

Коста Ќука една деценија ја дели колегијалноста со вработените во Градската библиотека во Битола. Вели дека е среќен, бидејќи му се дала можноста да биде дел од општествениот систем и да се чувствува корисно. „Животот не е само четирите работни саати“, вели мајката на овој 49-годишник и дополнува: „не сакаме шарени балони и новогодишни пакетчиња, потребно е темелно вклучување во системот на лицата со попречености“. Само родителската грижа на ...

Хуморот и музиката од едно од најкултните македонски телевизиски шоуа – „К-15“ – конечно добија свое винил издание. Васко Тодоров, Бранко Огњановски и Љупчо Бубо Каров, попознати како „Дуо Трио“, објавија плоча со своите најголеми хитови кои публиката ги памети од златните години на шоуто. На изданието се најдоа легендарни песни како: „Билјана сајла немаше“, „Статива“, „Ева“, „Шуруп“, „Пауза“, „Целофан“, „Шалтер“, „За Бадев“, „Многу љубам да ...

Развој на културата и препознатливиот дух на градот во приоритетите на Коалицијата „Искуство за успех“. Враќањето на Скопскиот фестивал е само дел од предлозите во изборната кампања. Коалицијата предлага збогатување на настани каде уметниците ќе можат да ги презентираат своите дела, сцени за реномирани и нови музички автори. Трајановски со предлог и за организирање на годишен концерт на ансамбли за инструментална музика. Марина Стојанова-Тонева ...

Васко Тодоров, Бранко Огњановски и Љупчо Бубо- Каров познати како „Дуо трио“ издадоа плоча со најголемите хитови на триото кои беа испеани во познатото шоу „К-15“. „Билјана сајла немаше“, „Статива“, „Ева,“ „Шуруп“, „Пауза“, „Целофан“, „Шалтер“, „За Бадев“, „Многу љубам да веслам“, „Маде ин“ и „Градинарот“ се песните на плочата. „Ова е прв винил со две предни страни, велат од „К-15“. За оние кои нарачуваат онлајн преку Дурис.мк има можност ...

Шест пејачи со години чекале на својата шанса, а вечерва ќе ги остварат своите соништа во шоуто „Никогаш не е доцна“. Настапите што ги подготвија ќе ве остават без зборови, а фактот дека ова шоу го вади само најдоброто од луѓето го потврдува фактот на еден натпреварувач. – Ова беше мојата животна желба. И’ по 40 години брак, ова е подарок од Вас и драгиот Бог – рекол натпреварувачот. Оваа недела, ветераните ќе бидат оценети од Ивана Селаков, ...

Хрватската музичка ѕвезда, Северина, со својот настап во Велес, даде огромен придонес за втората вечер од Велешкта Питијада да биде голем успех и долго време да остане врежана во сеќавањето на сите оние коишто го проседија нејзиниот концерт во градот н гемиџиите. А, просторот пред бината, како и улиците и штандовите во околината беа претесни и целосно исполнети од луѓе кои дојдоа да уживаат, не само во музиката, туку и да пробаа велешка пита ...

Во К.С.П. „Јадро“ на 15 октомври од 20 часот ќе биде отворена изложба и ќе има презентација на проектот „Човек во размер – (ре)откривање на јавен простор“ на Максим Наумовски и Иван Ивановски. „Урбаниот развој на Скопје мора да произлегува од сопствениот дух и топографија, наместо од брзо и некритичко прифаќање на униформни урбанистички решенија што ја бришат локалната меморија и човечката мера. Градот треба да се развива преку процес на ...

Во среда, 22-ри октомври, од 20:00 часот, во Македонска Филхармонија ќе се одржи светската премиера на претставата „Животот е краток и нејасен“, во режија на најдобриот полски режисер Гжегож Кемпински, работена според истоимениот текст на Марјан Анѓеловски. Во 2069 година, серија мистериозни убиства го потресуваат градот. Пред оваа загатка стои началникот Гроздан, кој е симбол на некомпетентноста, корупцијата и урнатиот систем на загубени ...

Претставата „Франкенштајн” на Театарот за деца и младинци – Скопје, во режија на Кокан Младеновиќ, ја освои наградата на публиката на 65. издание на Интернационалниот театарски фестивал МЕСС во Сараево, Босна и Херцеговина. Со ова признание, „Франкенштајн” го потврдува својот успех и надвор од границите на земјата, освојувајќи ја наклонетоста на публиката со својата искрена, визуелно моќна и емоционално продорна интерпретација на класичната ...

Во Охрид вo август се одржа 58. Меѓународна летна школа за македонски јазик, литература и култура. Годинашен добитник на наградата „Воздејства“, во знак на признание за исклучителни, долготрајни и повеќедецениски достигнувања и придонес во научно-истражувачката и културната афирмација на македонистиката е проф. д-р Маќеј Кавка од Република Полска. Наградата „Воздејства“ е инспирирана од согледбата на Блаже Конески, за кого мисијата на Свети ...

Скопје, 11 октомври 2025 (МИА) - Наградата „Ладислав Баришиќ“ на Здружението на ликовни критичари AICA Македонија ѝ е доделена на д-р Иванка Апостолова Баскар за истражувачкиот проект „Вознемирен критичар - Вознемирувачка критика – Немирна ликовност“. Одлуката била донесено едногласно од комисија, во состав Елена Велјановска, Горанчо Ѓорѓиевски и Зоран Петровски, која констатирала дека по десет години од востановувањето на оваа награда, ...

Вечерва во галелеријата “Ранко Струмениковски“ во Битола по повод 11. Октомври, Денот на народното востание, свечено беше отворена ликовна изложба на нашиот сограѓанин, посмртно, на Илија Кочовски, а ова е јубилејна изложба на слики и графики по повод чествувањето на неговиот 80-годишнината од неговото раѓање.Голем број на гости, љубители на ликовната уметност, а посебно на творештвото на Кочовски, беа присутни на изложбата, а галеристот д-р ...

Во романот не се дава одговор на главното прашање поврзано со животот на Солев – Кој го уби Кочо Рацин? Сепак, од книгата може да се изведе одговорот на ова прашање со еден збор – партијата. Сите ние продолжуваме да го убиваме Солев не откривајќи ги сите непознаници од неговата биографија, заборавајќи на него и на неговата величина, вели Пановски. „…Во наративната визура на Пановски ‘хибрисот’ е изместен (трансфериран) од (очекуваното) идеолошко ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
77%
1015
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
7.2
58%
1011
weather icon

Загреб

13ᴼ / 11ᴼ
0.51
83%
1009
weather icon

Софија

14ᴼ / 12ᴼ
5.66
42%
1016
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
3.13
62%
1016
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
1.03
97%
1008
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
3.58
81%
1014
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
49%
1014
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
58%
1014
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
2.68
73%
1016
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
86%
1010
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
42%
1017
Currency

61.6217

Currency

52.9633

Currency

70.9274

Currency

34.3556

Currency

37.6708

Currency

66.7907

Currency

7.43901

Currency

0.65463

Currency

0.3504

Currency

0.52568

Currency

1.262

Currency

0.60183