
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Во месец септември претставите на Народниот театар Битола ќе се одиграат на повеќе фестивали низ Македонија и публиката ќе има можност да ги погледне следните претстави: „Фетишист“, на 9.септември ќе гостува на Фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица, а на истиот фестивал на 12.септември ќе биде прикажана претставата „Ричард III“. „Снежана и седумте џуџиња“на 13.септември ќе биде изведена на Театарскиот фестивал за деца „Малиот принц“во Штип, а на ...
10 филмови кои ќе ве натераат да излезете од вашата комфорна зона Captain Fantastic кој ќе ве натера да размислувате за модерниот начин на живот или, пак, Wild кој ќе ве инспирира и самите да тргнете на духовно патување. Филмовите ги гледаме како разонода кога имаме слободно време, но тие се и медиум преку кој можеме да научиме навистина многу. Некои филмови, пак, можат и да нè инспирираат и мотивираат да станеме најдобрата верзија од себе. ...
Седмото издание на МакеКоПроДокс форумот се одржа од 25-ти до 27-ти август 2025 година во МКЦ, обединувајќи филмски автори, продуценти и експерти од Балканот и Европа, со цел зајакнување на соработката во областа на креативната документаристика. Форумот беше отворен со целодневна програма на 25 август, почнувајќи со средбата „Продуценти со продуценти“, на која учествуваа филмски продуценти од Франција, Балканот и Вишеградскиот регион. Во текот ...
Денеска завршува 16. издание на фестивалот на документарен филм „МакеДокс“. На последниот фестивалски ден, традиционално, со почеток од 20 часот во Куршумли ан ќе се доделат наградите „Кромид“, „Млад кромид“, „Сечкан кромид“, „Кокарче“ и Награда за најдобри етички идеи. Во комисиите за наградите членуваат 15 интернационални професионалци од документарниот филмски свет. Членови на комисијата за наградата „Кромид“ за најдобар долгометражен ...
Во месец септември претставите на Народниот театар Битола ќе се одиграат на повеќе фестивали низ Македонија и публиката ќе има можност да ги погледне следните претстави: „Фетишист“, на 9 септември ќе гостува на Фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица, а на истиот фестивал на 12 септември ќе биде прикажана претставата „Ричард III“. „Снежана и седумте џуџиња“ на 13 септември ќе биде изведена на Театарскиот фестивал за деца „Малиот принц“во Штип, а ...
Во емотивна и достоинствена атмосфера, синоќа во Офицерски дом во Битола беше одржана првата промоција на монографијата „Кире Костов–лет на ноти и спомени“, посветена на животот и делото на еден од најзначајните македонски композитори, инструменталисти и диригенти. Настанот ја собра семејната топлина, колеги, пријатели, почитувачи и публиката што со децении ги пее и препознава неговите композиции. Монографијата, создадена од авторите Снежана ...
„К-поп ловци на демони“ стана најгледаниот филм во историјата на „Нетфликс“, објави оваа стриминг платформа. Откако беше објавен во јуни, анимираниот мјузикл бил гледан повеќе од 256 милиони пати, преземајќи го првото место од акционата комедија „Црвена потерница“. „К-поп ловци на демони“ стана неочекуван глобален хит, при што песните од филмот се меѓу најстримуваните на „Спотифај“. Песната „Golden“ дури се најде на првото место на американската ...
Традиционално на фестивалот „МакеДокс“ ќе се доделат пет награди, „Кромид“, „Млад кромид“, „Сечкан кромид“, „Кокарче“ и Награда за најдобри етички идеи, а во комисиите за наградите членуваат 15 интернационални професионалци од документарниот филмски свет. Објавата и доделувањето на наградите на „МакеДокс“ ќе се одржи на последниот фестивалски ден на 28 август, во 20 часот, во Куршумли ан. Членови на комисијата за наградата „Кромид“ за најдобар ...
Новото издание на меѓународниот фестивал „Песните на Тоше“ ќе се одржува од 15 до 19 октомври во Скопје, најави организаторот Марјан Катароски од Прилеп. „Овој настан ги слави безвременската музика и хуманоста на Тоше. И годинава очекуваме млади пејачи од цела Европа кои ќе ги пеат неговите песни. Желба ни е да продолжат да живеат песните на Тоше Проески и да ги пеат и новите генерации. Ќе се пеат на јазикот на кој се снимени“, вели Катароски. ...
На 1 септември, во Куманово ќе се одржи изданието на балканскиот театарски фестивал „КУ-Фест“, пишува Алсат. Фестивалот, кој се очекува да трае пет дена, ќе вклучува претстави од земјата, Косово и Србија. Претставите секоја вечер почнуваат во 20:00 часот, освен првата и последната вечер во 19:30 часот, поради церемонијата на доделување награди и церемонијата на отворање. Фестивалот ќе го отвори трупата на Албанскиот театар од Скопско, со ...
Гостувањето на Бриони ќе биде шеста изведба на пиесата со што се заокружува сезоната на планирани настапи на летните фестивали. Станува збор за копродукција на НУ Драмски театар Скопје, Белградското драмско позориште, Местното гледалишче Љубљана и продукцијата на „Град театар“ Будва. Премиерата на копродукциската претстава „Животот на провинциските плејбоји по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ во режија на Иван ...
„Балада за лонецот и капакот“, третиот филм на Вардан Тозија, е единствениот долгометражен проект подржан на Конкурсот во прв рок на Агенцијата за филм. Филмот на Тозија, во продукција на „Минимал колектив ДООЕЛ Скопје“ доби 19.000.000 (околу 307,500 евра). Тозија е автор на наградуваните „М“, што имаше премиера во 2023, и „Џган“ во 2016. Како што објави Агенцијата, од вкупниот буџет од 35,7 милиони денари (околу 578.000 евра), освен ...
Денеска (28 август), се отвора изложбата „По материјата“ во просториите на Агро кооперативата на производители на грав „ПЕЛИКАН“ во Лемос, Преспа. Културното здружение „Западни Потези“ и групата „BUFF“, во соработка со Општина Преспа и Третата работилница по сликарство на Катедрата за ликовни и применети уметности при Факултетот за ликовни уметности во Флорина (Универзитет Западна Македонија), ги поврзуваат уметниците од Грција, Албанија и ...
Нормално не би очекувале филм за Мајка Тереза да содржи хеви метал музика, калуѓерки кои танцуваат во бели ноќници среде ноќ, абортус како истакната приказна или ѕвездата од „Девојката со тетоважа на змеј“, Нoми Рапас, како светата албанско-индиска мисионерка која почина во 1997 година. Но, сето тоа и повеќе го добивате во „Мајка“, драма од македонскиот режисер Теона Стругар Митевска, која го отвори делот Хоризонти на Меѓународниот филмски ...
На 30 август, Битола ќе ја исправи својата историска должност и ќе му подари споменик на Александар Турунџев – комитата чија борба и жртва останаа трајно врежани во колективната меморија. Церемонијата ќе започне со поворка од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“, преку Плоштадот Магнолија и Мостот кај Безистенот, сè до местото каде ќе биде откриен споменикот. Настанот, според организаторите, нема да биде само оддавање почит на минатото, туку и завет за иднината. ...
Венеција – Бред Пит и Хоакин Феникс се меѓу холивудските ѕвезди кои се приклучија на драмата на Каутер Бен Ханија „Гласот на Хинд Раџаб“ сместена во Газа како извршни продуценти пред премиерата на филмот на Филмскиот фестивал во Венеција, кој се отвори синоќа. На филмот му се приклучуваат и режисерот на „Рома“ Алфонсо Куарон, Руни Мара, режисерот на „Зона на интерес“ Џонатан Глејзер и продуцентските партнери на Пит, Деде Гарднер и Џереми ...
Утре (29 август) на сцената на „Долни Сарај“ во Охрид започнува фестивалот Охрид фест-Охридски трубадури, кој ќе се одржи по 32. пат. Првата вечер е фолк, а на 30 август е интернационалната вечер со поп музика, кога ќе настапат млади и искусни пејачи од Балканот. Меѓу гостите се српскиот евровизиски претставник Принц (фото) и хрватскиот рокер Дадо Топиќ, кој во дует со Ана Петановска ќе ја испее песната „Небо“, со која во јули победија на ...
Венеција – Френсис Форд Копола се врати во центарот на вниманието на 82.Венециски филмски фестивал, што го одбележа неговиот прв црвен тепих откако беше подложен на голема операција на срце претходно овој месец. 86-годишниот режисер влезе во Сала Гранде во среда, 27 август, каде што требаше да му оддаде почит на долгогодишниот пријател и колега режисер Вернер Херцог со Златниот лавза животно дело. Копола, кој пристигна со поддршка на секоја рака ...
Венеција- 82.издание на најстариот филмски фестивал во светот започна со трогателен момент од филмската историја во среда вечерта, кога американската филмска легенда Френсис Форд Копола се качи на сцената во киното Сала Гранде во Венеција за да му го додели на германскиот ултра-автор Вернер Херцог почесниот Златен лав, највисокото признание на настанот за животно дело. Двете филмски легенди – Копола е исто така добитник на Златен лав на ...
Приказната што се издвојува во филмот, всушност ѝ се случила на една од четирите преживеани сестри што ги интервјуирав за документарецот „Тереза и јас“. Истото важи и за приказната што Агњешка ми ја раскажа за нејзиниот брат и како тој станал генерал во нејзината војска – објаснува режисерката Теона Стругар-Митевска. Како уметници, ние имаме и одговорност да одговориме на времето во кое живееме. Една шведска тинејџерка ми зборуваше за својот ...
Две македонски премиери ќе се одржат на 16. „МакеДокс“ во Сули ан на претпоследниот фестивалски ден на 27 август. Во 20:30 часот на програмата е документарниот филм „Крајолици на човештината“ на Јана Хунтерова, кој е снимен во соработка во „Арт-поинт Гумно“. По нејзината уметничка резиденција во селото Слоештица, Хунтерова креирала визуелна приказна за Љубица и малкуте други соселани, кои и покрај тешкотиите, наоѓаат мир, поврзаност и слобода во ...
Со силни и долготрајни аплаузи и овации на 25 август во Куршумли ан се одржа македонската премиера на новиот долгометражен документарен филм „Планината не оди никаде“ на словенечката авторка, режисерка и продуцентка Петра Селишкар. Премиерата се одржа во рамки на програмата на 16. „МакеДокс“. Препорачано Публиката во исполнетиот до последно место Куршумли ан во еден здив ја проследи приказната за браќата кои со своето стадо овци најголемиот дел ...
Различни фактори ја направија војната во Газа главна тема на денот на отворањето на 82-от Меѓународен филмски фестивал во Венеција, на начин што претседателот на жирито, американскиот филмаџија, Александар Пејн сè уште не го процесирал. Филмовите на Пејн, меѓу кои се комедиите „The Holdovers“, „Sideways“ i „The Descendants“, се номинирани за вкупно 24 Оскари, вклучително со четири номинации за најдобар филм и најдобар режисер. Два пати ја освои ...
Плоштадот „Димитар Беровски“ во Берово од 28 до 30 август ќе биде домаќин на „Етно Плоштад Фестивал 2025“, кој и годинава ќе понуди тридневна програма исполнета со музика, традиција и забава. Фестивалот ќе започне утре со свечено отворање и Саем на традиционални производи „Малешевијата на дланка“. -Во рамки на вечерната програма ќе настапат културно-уметнички друштва од Берово и Македонија, Игор Димовски, групата „Пауза за ракија“, како и ...
Официјално тргнуваме во трката. Венецискиот филмски фестивал е широко познат како почетна точка за филмови наградени со Оскар, со наслови како „Човек-птица“ (2014), „Во центарот на вниманието“ (2015), „Обликот на водата“ (2017) и „Номадленд“ (2020), кои премиерно ќе бидат прикажани таму пред да ја освојат наградата за најдобар филм на Оскарите. Овогодинешниот фестивал започнува денес, 27 август и враќа неколку признати режисери и ѕвезди, а ...
Номи Рапас не е од оние филмски актери што се воздржуваат од предизвици. Шведската актерка одамна го прифати предизвикот да се справи со улоги кои се физички и емоционално напорни – без разлика дали станува збор за нејзината сурова пробивна изведба во филмот „Дејзи Дајмонд“ од 2007 година, каде што игра проблематична млада мајка која станува сексуална работничка, преку нејзината улога како оригиналната Лисбет Саландер во сериите „Девојката со ...
Третманот на општеството кон луѓето на маргините на системот и нивната надеж да опстанат во неповолни околности, е темата на претставата „ Ангели во Америка “, со чија премиера на 1 септември Македонскиот народен театар ќе ја отвори новата сезона . Работена е според првиот дел од наградениот текст со Пулицерова и други награди, на авторот Тони Кушнер, кој важи за еден од највлијателните современи американски драмски писатели. Претставата е ...
На 28 август од 20 часот, во Реонскиот парк во Ѓорче Петров концерт ќе одржи хрватскиот бенд „Адонаи“ со поп, рок и госпел музика. Концертот е во рамките на манифестацијата Културно лето во Ѓорче Петров. Следниот ден е вечерта наречена „На свирка во Ѓорче“, при што диџеј сет ќе има Вера Јанковиќ со најголемите светски хитови од 1970-тите, 1980-тите и 1990-тите и ќе свири рок бендот „Деј оф“. Викендот е посветен на најмладата публика. На 30 ...
Осумдесет и второто издание на гламурозниот Венециски филмски фестивал се отвора денеска со премиерата на новиот филм на Паоло Сорентино, „La Grazia“. Во следните десет дена, фестивалот ќе пречека бројни холивудски ѕвезди и славни режисери, како Џорџ Клуни, Џулија Робертс, Двејн Џонсон, Емили Блант, Ендрју Гарфилд, Ема Стоун, Гилермо дел Торо и Кетрин Бигелоу, но и ќе се соочи со демонстрации на активисти кои сакаат да го свртат вниманието кон ...
На втори септември 2025 г./вторник/ од 20.00 часот на летната сцена од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи „Вечер на творештвото на Драган Ѓаконовски Шпато“. Влез слободен! „Вечерта на творештвото на Драган Ѓаконовски Шпато“ е проект со кој ќе направиме еден мал осврт на делата и аранжманите на Шпато, почетоците на забавната и џез музика во Македонија. Безвременските хитови, безвременските вокали на македонските пејачи како што се Нина Спирова, ...