Во Ликовниот салон во Велес вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Македонските бајки во светогледот на Димитар Кондовски“. Пред велешката публика ќе бидат изложени 82 илустрации за македонските бајки кои Кондовски ги изработил за издавачката куќа “Детска радост“. Автори на изложбата се Јасминка Намичева и Филип Кондовски, а се организира во соработка со Здружението за архитектура, дизајн и култура „Архифакт“ од Скопје, во рамките на ...

Во Ликовниот салон во Велес е отворена изложба на стрип цртежи со мотиви од македонски бајки, насловена „Македонските бајки во светогледот на Димитар Кондовски“. Изложени се 82 илустрации на Кондовски, сопственост на фамилијата. Илустрациите работени во темпера се за детската едиција на прикаски, издадена од „Детска радост“ во 1980-тите. Бајките се петто јазично издание на македонски, српско-хрватски, словенечки, албански и унгарски. Идејата ...

Велес, 26 март 2026 (МИА) - Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена изложба од Димитар Кондовски на која се претставени 82 богато колоритни илустрации од седум сликовници од македонски бајки меѓу кои и популарната „Силјан Штркот“ собирани од Марко Цепенков и други народни собирачи. Сликовниците биле првично издадени во 1986 година од Издавачката куќа „Детска радост“ како петојазично издание на јазиците народите и народностите во ...