Дури 95 историски настани или личности годинава ќе добијат шанса за државно одбележување на нивните јубилеи. Предлог-програмата за годишнини на значајни настани и личности во 2026 година денеска е пред собраниската Комисијата за култура и туризам, објави МИА. Меѓу најстари настани и личности што ќе се одбележуваат се 250 години од раѓањето на Сирма Војвода, 180 години од смртта на Теодосиј Гологанов, 150 години од Разловечкото востание и 120 ...

На 25 март (среда) од 19.00 часот во киното „Мис Стон“ во Прилеп ќе се прикаже филмот „Франц“, посветен на животот на писателот Франц Кафка, од неговото раѓање до неговата смрт. Влезниците за филмот се продаваат секој работен ден од 11.00 до 13.00 ч. на билетарницата од киното и еден час пред почетокот на проекцијата. Биографска драма инспирирана од животот на писателот Франц Кафка. Филмот го следи неговиот живот од раѓање до раната смрт, ...

Музичка младина на Македонија продолжува со концертниот циклус „Слободна среда“, во рамки на програмата „Млад музички албум“, со нов концерт што ќе се одржи на 25 март во 20 часот во Музејот на македонската борба во Скопје. Влезот за публиката е слободен. Станува збор за платформа која од 2020 година им овозможува на младите музичари – ученици од основни и средни музички училишта, како и студенти од музичките факултети – да стекнат значајно ...

Конечно, современата македонска книжевност доби психолошки трилер каков што досега немаше. Дело од македонски автор коешто со своите квалитети е рамо до рамо со најдобрите психолошки трилери што до македонската читателска публика доаѓаа само преку преводната литература. „Панили“ го објави психолошкиот роман „Немам страв“ од Трајче Стамески, којшто не само што овозможува ново искуство за македонските читатели, туку и може да допре до широкиот ...

Денеска се одбележуваат 410 години од смртта на англискиот драмски поет и артист Вилијам Шекспир, кој почина во Стратфорд на Ејвон на 52 годишна возраст. Се смета за еден од најголемите драмски писатели на сите времиња. Тој е автор на незаборавените и често изведувани многубројни дела, од кои најпознати се „Хамлет“, „Кралот Лир“, „Ромео и Јулија“, „Сонот на летната ноќ“, „Отело“ и „Магбет“. Роден бил во Стратфорд на Ејвон, на 26 април 1564 ...

Ансамблот на КУД „Илинден“-Битола успешно настапи на Меѓународниот фолклорен фестивал на збратимени градови во Велико Трново, Бугарија. КУД „Илинден“ новата меѓународна концертна активност ја почна успешно, а синоќешниот настап на свеченото отворање беше поздравен со долготраен аплауз, изјави за МИА, Александар Стефановски, претседател на КУД „Илинден“-Битола. -Во Велико Трново настапуваме заедно со фолклорни групи од Полтава-Украина, ...

„Две години умирам и ништо не се случува, лекарите ми ветија брза смрт, домашните кријат колку им е доста од се. Лоши глумци“, пишува хрватската писателка Ведрана Рудан во својот најнов текст, објавен во рамки на нејзиниот блог „Девојката со метастазите“, пренесува „ЦДМ“. Хрватската писателка, инаку, веќе подолго време со бори со канцер, а како и за се друго, и за својата болест во терминална фаза зборува директно, без заобиколување, ...

Штотуку беше објавено дека Conspiracy ќе ја претставува Македонија на Wacken Metal Battle – Balkan Regions 2026, кое ќе се одржи во Загреб, во легендарниот Vintage Industrial Bar. Овој престижен натпревар е дел од светскиот Wacken Metal Battle, кој ги собира најсилните метал бендови од целиот свет и е култно место за секој сериозен метал бенд. Дирекцијата на Wacken Metal Battle со гордост го претставува бендот: „Conspiracy е бенд од ...

ИАКО Меколи Калкин заработил огромно богатство како дете благодарение на филмот „Сам дома“, тој не бил премногу активен во глумата во последните децении. Успехот на продолжението „Сам дома 2: Изгубен во Њујорк“ дополнително му ја обезбедил финансиската стабилност преку високи проценти на плата и профит, поради што може да си дозволи да избира проекти. И’ покрај ова, Калкин дури и три пати одбил улога во популарната серија „Теоријата за ...

На 20 Март во градот што никогаш не спие свечено бешр отворена изложбата „Traveling in Colour: The Balkan Spirit in New York“, која претставува избор на дела од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“. Изложбата се одржува во Gallery MC, каде пред бројна публика беа претставени дела инспирирани од православната иконографија и балканското културно наследство. Уметничките творби ја спојуваат духовноста со современиот израз, ...

– Можев да бидам и наставник по македонски, асистент по сценски говор, предавач, но тие понуди ги одбегнав, сметајќи дека не може да се биде добар педагог кога се сакаш себеси на сцената. Пишувам, драматизирам, режирам, пред сè, театарски претстави за деца и млади, гостувам со нив во МНТ, во други културни и образовни институции во Скопје, а и во други градови и места низ Македонија. Имам ли сила, имам ли ист елан? Се прашувам и јас, но во ...

Меѓународно признание за македонски филм!, информираа од Агенција за филм. Режисерот Вардан Тозија и продуцентката Ивана Шекуткоска, во продукција на Минимал колектив, освоија Cinélab Romania Award на 23-то издание на „Sofia Meetings“ за проектот “Балада за лонецот и капакот” (The Pot, The Lid and The Nurse). Наградата вклучува пост-продукциски услуги во вредност од 15.000 евра и претставува значајна поддршка за понатамошниот развој на ...

Женскиот круг во Култ Културен Центар е простор за заедничко мислење и замислување, зборување и слушање, за дружење, но и за поминување време со своите мисли. На првата средба ќе позборуваме за она што нè поместува и движи, но и за она што нè држи во место. За она што нè радува, но и за она што нè нервира — работи што често ги доживуваме како лични, а сепак се дел од пошироки општествени односи. Ќе започнеме со краток вовед за контекстот и ...

Заштитата на Македониумот во Крушево од прокапување, како и заштитата на црквата на Трескавец се капиталните проекти на кои ќе работи годинава Прилепскиот завод и музеј. Овие проекти се дел од инвестициите што на Музејот му се одобрени од Министерството за култура и туризам. До лето треба да се реши опасното прокапување на Македониумот во Крушево. Работите не можеле да почнат уште есеноска, како што беше најавено, зашто два тендера ...

Светскиот ден на пантомимата на 22 март, кој се слави во повеќе од 60 земји на пет континенти, со прв слоган на Светската организација за пантомима „Пантомима – јазикот на мирот“, е особено важно сега кога низ целиот свет се водат безброј војни и вооружени конфликти . За предок на пантомимата се смета францускиот актер и пантомимичар Марсел Марсо, кој ги почитувал сите луѓе, култури и религии и се залагал за мир, комуникација и уметност, ...

Велес и оваа година ќе живее во знакот на театарот, уметноста и добрата сцена, откако беше објавена програмата за петтото издание на Театарскиот фестивал „5РЕ“, кој ќе се одржи во периодот од 27 март до 8 април 2026 година. Со внимателно одбрани претстави, звучни театарски имиња и гостувања од Македонија и регионот, фестивалот најавува уште едно силно и богато издание кое ќе ја привлече вниманието на љубителите на театарската уметност. ...

Групата „Пеперминт“ ќе одржи концерт во Скопје на 15 мај во Младински културен центар (МКЦ). Гости ќе бидат Игор Џамбазов, Кацар, Дина Јашари и бендовите „Преку ред“ и „Лоши цеца“. Од „Пеперминт“ велат дека ова ќе биде вечер полна со љубов, забава, уживање и насмевки. Билетите се продаваат онлајн на страницата на МКЦ и на билетарницата. „Пеперминт“ е оформен во 1999 од Горан Трифуновски-Пајак. Досега има издадено шест албуми, комбинирајќи ...

Нашиот познат музичар Коки Јанков официјално го најави својот нов, амбициозен двоен албум со наслов „Навикни на промени“, проект кој уште од старт ветува нешто поинакво и несекојдневно на домашната сцена. Станува збор за уникатен концепт што вклучува дури 20 нови песни, проследени со 20 видеа – вистинско аудио-визуелно доживување за публиката. Промоцијата ќе се одвива постепено, со објавување на по две нови песни и две видеа секој понеделник, ...

Централни теми во нејзиното творештво се љубовта, смртта, минливоста, желбата за спојување со светот и неможноста тоа спојување целосно да се оствари. Човекот кај Брасинга е суштество фрлено во светот, оттурнато од него, но истовремено и длабоко поврзано со неговата материјалност Пишува: Мите Стефоски Поетското творештво на Анеке Брасинга претставува редок и комплексен пример на современа европска поетика, во која јазикот не е средство, туку ...

Петар Хаџи Бошков е роден на 1 јуни 1928 година во Скопје. Во 1953 година дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Љубљана, на Одделот за вајарство. Во 1959/60 година специјализирал вајарство на Кралскиот колеџ за ликовни уметности и на Слејдовата школа за ликовни уметности (Slade Scool of Fine Arts) во Лондон. Во 1965/66 година бил гостин-професор на Академијата за ликовни уметности Купер во Њујорк (Academie Cooper Union of Fine ...

Експресија, создавање убавина, додавање на дополнителна вредност, смисла и знаење на светот, авторство, уметност, чист облик на творечки имулс кој се еманира преку стиховите, се само дел од асоцијациите кои се врзуваат со поетското творештво. Поезијата е една од најстарите форми на уметност, која успеала да ги преживее сите „премрежја“ и кризи, вклучително и алегориското протерување на Хомер од „Идеалната држава“ на Платон. Тоа покажува дека ...

Над 100.000 луѓе присуствуваа на повратничкиот концерт на корејската поп сензација „Би-Ти-Ес“, што се одржа во историскиот центар на Сеул. Тоа беше првиот концерт на корејската седморка од октомври 2022, откако во меѓувреме членовите мораа да го одработат задолжителниот воен рок. Тие настапија на плоштадот Гвангвамун, одржувајќи едночасовен концерт, на кој изведоа и песни од новиот албум „Arirang“, што беше објавен вчера. Според ...

На 18 март 2026 г. во графичкиот кабинет на СОУ „Таки Даскало“ – Битола, се одржа работилница со наслов „Еко-амбалажа“. Работилницата ја организираше Македонското научно друштво – Битола во соработка со СОУ „Таки Даскало“ – Битола, по повод 21 Март – Денот на екологијата. Во работилницата учествуваа триесетина ученици од сите средни училишта во Битола. Носител на активноста беше Весна Мундишевска-Велјановска, во соработка со Снежана Паскова, ...

На 20 март во Скопје ќе биде отворено ново филмско катче „Фино кино“, сместено во просторот на „Лабораториум“, кој сега функционира во рамки на зградата на Сојузот на синдикатите. Отворањето е закажано за 19 часот и ќе започне со проекција на филмот „Нов бран“ на познатиот режисер Ричард Линклејтер. Станува збор за иницијатива што има за цел да понуди поинаков филмски доживувај – мало, интимно артхаус кино со внимателно селектирана програма. ...

Анимираниот хит „К-поп ловци на демони“, кој стана најгледаниот филм во историјата на Нетфликс, официјално добива продолжение. Филмот, кој премиерно беше прикажан во 2025 година, урна рекорди на гледаност и привлече глобална публика, со стотици милиони прегледи ширум светот. Успехот не се должи само на приказната, туку и на уникатниот спој на К-поп култура, анимација и акција. Приказната ги следи трите членки на фиктивната група HUNTR/X, кои ...

Триесет уметнички дела беа донирани на Клиниката за гастроентерохепатологија во Скопје, со цел да се подобри амбиентот за пациентите и медицинскиот персонал. Делата беа предадени на свеченост во амфитеатарот на Интерните клиники во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Во акцијата учествуваа повеќе реномирани и млади уметници, кои преку својата креативност придонесоа за похуман и поинспиративен болнички простор. Организаторот Сабри Азири ...

На 24 март, во вторник од 12.00 часот во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, ќе бидат прогласени авторите на најдобрите детски творби од конкурсот „Кој не сака пролет?“ кој го распиша Здружението за образование, култура и уметност ЗОКУМ-Прилеп во чест на 110 годишнината од раѓањето на поетот Волче Наумчески. Наумчески е роден во Прилеп, на 18 јануари 1916, а починал во Скопје, на 20 март 1980 година. Тој е автор на првата ...

Велешанецот Анде Јанков, роднокраен писател, вечерва, ќе го промовира своето најново дело „Мементо Мори“ на малата сцена на велешки Театар. Книгата ќе ја промовира Софија Стојков додека извадоци ќе чита професорката и писателка Соња Карбева. Во „Мементо Мори“ авторот раскажува приказна посветена на животот на полицискиот инспектор Виктор Николов којшто, година по трагичните настани од „Тера“, ги брои неговите најлоши денови. Повторно е ...

Вевчани, 19. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Вевчанецот Анастас Ќушкоски е дипломиран економист во пензија, а по вокација писател, пасиониран фотограф и вљубеник и истражувач на неговото Вевчани. Неговата најнова книга (монографија) е насловена „Вевчани – родови, потомци и судбини“ и претставува значајно дело на повеќе од 200 страници, збогатено со над 100 фотографии од различни историски периоди, како вистинско сведоштво за животот, традицијата и ...

Туристичкиот сектор во Македонија продолжува да бележи значајни успеси. Најнов пример за тоа е Konak Hilltop Lodge & Villa кој во соработка со Sky Macedonia официјално влезе во реномираниот Good Travel Guide за 2026 година. Проектот успешно го помина процесот на евалуација „GTE Scan“ со максимален резултат од 100 поени, што значи дека понудата е целосно усогласена со принципите на одржлив туризам. По повеќемесечна подготовка, анализа, ...

Вера

6 дена - МРТ
weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
93%
999
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
3.09
88%
1006
weather icon

Загреб

8ᴼ / 7ᴼ
7.2
63%
1011
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
5.66
70%
1002
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
7.0
85%
1005
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 0ᴼ
1.03
82%
1011
weather icon

Атина

13ᴼ / 12ᴼ
3.58
90%
992
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
6.17
58%
994
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
8.23
44%
996
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 7ᴼ
7.6
81%
1006
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
2.24
76%
1011
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
7.2
93%
998
Currency

61.6417

Currency

53.1635

Currency

70.7941

Currency

36.8267

Currency

38.2811

Currency

66.9875

Currency

7.73581

Currency

0.66207

Currency

0.33462

Currency

0.52444

Currency

1.19534

Currency

0.57389

Сребро

2840.84

Рутениум

56199.51

Злато

166450.52

Алуминиум

3.48

Цинк

3.18

Калај

45.82

Платина

63465.57

Родиум

324722.54

Паладиум

46895.77

Иридиум

256711.96

Бакар

11.33

Кобалт

45.39