Има посебна убавина во најава на овој настан….ТЕГЕТ. Нашите Благојче Томевски – бас кларинет, Нинослав Спировски – тенор и сопран саксофон, Филип Букршлиев – гитара, Влатко Јаневски – бас гитара, Дарио Циевски – тапани, Дориан Јовановиќ – бас, Никола Коџабашија – клавијатури, Александар Поп Христов – коментаристичка гитара, Пано Панче Бујуклиев – електроника. Од сите страни на светот, секој со својот инструмент, секој со својата оргиналност и ...

Со последната фестивалска вечер одржана на 6 септември на плоштадот во Гевгелија, заврши јубилејното 15. издание на Баскерфест – најголемиот уличен фестивал во Македонија и еден од највозбудливите и најпрепознатливи културни настани во регионот. Под мотото „Побарај ја забавата“, Баскерфест оваа година, по неколкугодишна пауза се врати посилен и повозбудлив од кога било досега, носејќи ја уметноста директно до граѓаните и претворајќи ги ...

Набргу по премиерата на неговиот последен Нетфликс-специјал, светскиот стендап-комичар со своето најново шоу пристигнува во Скопје на 5 декември. Настапот е закажан во големата сала на спортскиот центар „Јане Сандански“, каде што ќе се претстави со својот најнов материјал насловен „Son of a Carpenter“ („Син на еден Столар“), како дел од неговата успешна 40-дневна европска турнеја. Со интелигентни рутини што опфаќаат секојдневни теми и кариера ...

Утре (22 октомври) ќе се одржи дванаесетчасовен мултимедијален фестивал „Хаус оф Три“ (House of 3) на три сродни и препознатливи локации во центарот на Скопје — во „Три Кичен&Бар“ и во ноќните клубови „Клуб 1212“ и „Станица 26“. Почнувајќи во 18 часот, па сè до 6 часот наутро, ова трето издание на фестивалот, нуди настапи на интернационални гости и локални диџеи, винил маркет, поп-ап шоп со локални брендови и вкусна храна. Организаторите на ...

Вечерва на Телма ќе започне да се емитува првото балканско реално шоу посветено на претприемачи и стартапи, The Founder Games. The Founder Games ги следи основачите на 40 стартапи од 13 земји. Снимањето траеше пет месеци. Камерите беа вклучени во моменти кои обично остануваат затворени за јавноста, ги регистрираа непријатните разговори со инвеститорите, планирањето на буџети, несогласувањата меѓу ко-основачите, обидите за спас на производот и ...

Фестивалот на европски филм Синедејс, во соработка со престижните европски маркетинг агенции Alphapanda и Luckytime, го објавува повикот за учесници на дводневниот хакатон за филмски маркетинг кој ќе се одржи од 4 до 6 декември во Младинскиот културен центар во Скопје. Настанот е наменет за млади автори, продуценти, студенти и професионалци од областа на филмот, комуникациите и маркетингот, како и за сите љубители на визуелни приказни кои сакаат ...

Во Националната установа ЦК „Бели мугри“ синоќа во Кочани е промовирана книгата „Ѕвездите светат бесконечно“ од група автори, посветена на загинатите, повредените и хероите од трагедијат што се случи на 16 март годинава во дискотеката „Пулс“. Во книгата се поместени поетски творби и прозни дела создадени од 75 автори од Битола, Прилеп, Струмица, Пехчево, Кочани… од цела Македонија и од наши иселеници. Издавач е книжевниот кружок „Васил Иљоски“ ...

Со концерт на битолската група „Фонтана“ и пејачката Гамзе Матраџи од Турција, вечер во Битола почнува 17. издание на фестивалот „Музика од светот“. Во големата сала на НУ Центар за култура ќе биде понудена програма втемелена на македонската традиционална музика, најави Благојче Трајковски, член на групата „Фонтана“. -Нашата гостинка Гамзе Матраџи во Битола доаѓа по пауза од десет години. Возбудата пред овој голем настан е голема и со една ...

Со особена чест ги објавуваме овогодинешните добитници на престижната награда „Борис Петковски“, со која се афирмираат исклучителните достигнувања во областа на уметничката критика, теорија и истражувачка работа, соопштија од AIKA здружението на ликовни критичари. Соња Абаџиева Димитрова – за континуирана дејност и исклучителен придонес во областа на уметничката критика. д-р Мелентие Пандиловски – за најдобар критички текст, односно за текстот ...

Ирската писателка Сали Руни изјави пред Високиот суд во Лондон дека е „речиси сигурна“ дека нема да може да објави нови книги во Обединетото Кралство, сè додека групата Palestine Action остане забранета според британските закони за тероризам. Руни – една од најпопуларните и најчитани авторки во Британија – веќе подолго време јавно го поддржува Palestine Action и други слични активистички групи. Таа предупреди дека поради оваа поддршка не само ...

На сцената на Македонската опера и балет, вечер ќе се одржи Гала оперски концерт на кој ќе настапи светски познатата оперска дива Инва Мула, заедно со Дешира Амети-Крлиу (сопран), Исмет Вејсели (тенор) и оркестарот на МОБ, под диригентската палка на Иван Еминовиќ, а во режија на Дејан Прошев. Инва Мула, сопран е едно од најистакнатите имиња на современата оперска сцена. Родена во уметничко семејство во Албанија, таа многу рано го започнува ...

Надреализмот е културно движење кое започнало во почетокот на 1920 годиним а најдобро е познато по визуелните дела и пишувања на групата автори. Надреализмот го вклучува елементот на изненадување, неочекуваност, но сепак многу надреалисти уметници за нивните дела велат дека се дел и од филозофско движење. За ова движење се велело и дека е револузионерно. Во сликарството еден од најдобите надреалисти веројатно е Салвадор Дали, кои ги има ...

Декември 2025 во Кинотеката на Македонија пристигнува како месец во кој македонската кинематографија и европското авторско кино се пресретнуваат во едно заедничко, пулсирачко движење. Овојпат, декемвриската магија не се исцрпува во формална програмска понуда – таа станува мапа на нов заеднички дух што се создава меѓу авторите, публиката и институциите, дух што го афирмира филмот како колективно доживување и просторно-емотивна точка на повторно ...

„Македоника литера“ неодамна го објави романот „Монтана“ од современиот молдавски писател Александру Попеску, во преводот од романски јазик е на Ирина Кроткова. Романот „Монтана“ е првото книжевно дело на молдавскиот писател Александру Попеску (1987). Во молдавските и романските книжевни кругови романот е оценет како брилијантно дебитантско дело. „Монтана“ го отсликува егзистенцијалното патување на едно дете од Приднестровје кон западниот свет, ...

Факултетот за музичка уметност – Скопје со гордост го најавува својот годишен концерт, оваа година насловен „ОРИОН – каде што се раѓаат ѕвездите“, по повод 59-годишнината од постоењето на институцијата. Прославата ќе се одржи во петок, 5ти декември, со почеток во 20:00 часот во Големата концертна сала на македонската Филхармонија. Алма матер на речиси сите истакнати уметници во земјата, регионот и пошироко, Факултетот за музичка уметност – ...

Овој викенд пристигнува третата сликовница од серијалот „Приказни за облеките“ под наслов „Лефти и Рајти на викенд“ на авторката Наташа Дукоска. Новото издание ја продолжува магијата на омилените Лефти и Рајти, носејќи свежа приказна исполнета со авантури, детска радост и важни пораки за секојдневниот живот на децата. Главните јунаци веќе ги освоија најмладите со своите претходни приказни, а во ова ново издание ја доживуваат својата прва голема ...

– Концертот насловен „Tајмлес“ ќе донесе безвремено музичко патување исполнето со емоции и магија, спектакл под свеќи што ќе ги воодушеви љубителите на класичната музика. Успеавме заедно со ансамблот да реализираме програма што ќе понуди нешто навистина специфично за нашата публика. Станува збор за програма што е доста сензитивна, емотивна и, пред сè, атрактивна – вели директорот на фестивалот „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски Во организација на ...

Американската премиера на документарниот филм „Силјан“ на македонската режисерка Тамара Котевска е вечерва во Ај-Еф-Си (IFC) Центарот во Њујорк. Веднаш по проекцијата ќе следи разговор со публиката на која ќе учествуваат Котевска, која е и продуцентка, и Жан Дакар, кинематографер и продуцент). „Силјан“ е македонски кандидат за Оскар за Најдобар странски филм за 2026, a во септември „Нешнл џиографик документари филмс“ (National Geographic ...

Согласно позитивните законски прописи и утврдената пракса во Македонија, Државниот завод за ревизија, преку Агенцијата за филм на РСМ изврши ревизија врз здружение на граѓани, односно Друштвото на филмски работници на Македонија, кое припаѓа на НВО секторот, регистрирано како невладина и непрофитна организација. При извршената ревизија во 2023 година, од страна на Државниот завод за ревизија е констатирано дека не постојат финансиски злоупотреби ...

Вечерва во легендарниот IFC Center во Њујорк ќе се одржи американската премиера на документарниот филм The Tale of Silyan на Тамара Котевска, македонски претставник за Оскар. Публиката на Менхетен ќе има можност да го доживее филмот што веќе започна глобално да освојува, буди љубопитност кај критичарите, а раскажува една оригинална македонска приказна за штркот Силјан. Веднаш по проекцијата ќе следи разговор со публиката на која ќе учествуваат ...

Театар Комедија вечерва, на 28 ноември премиерно ќе ја изведе претставата „Ивона, принцезата на Бургунд“ што ќе биде деветта премиера на театарот во оваа година. Претставата е по текст на полскиот автор Витолд Гомбрович, во режија на Билјана Радиноска и Александар Ивановски. На премиерата ќе биде промовирано новото гледалиште во театарот кое е реновирано со финансиска поддршка од Амбасадата на Полска во Скопје. Салата за публика има 305 нови ...

Во рамките на одбележувањето на 20-годишнината на Македонскиот КИЦ во Софија на 27-ми ноември, се одржа свечен настан, посветен на поетесата Јулијана Величковска и нејзиниот уникатен поетски свет, оддавајќи почит на нејзиниот јазичен сензибилитет и културниот придонес. Во благородната и тивка есенска светлина во четвртокот на 27-ми ноември Македонскиот културно-информативен центар во Софија претставуваше простор на едно возвишено книжевно ...

Утревечер во „Мојот живот, мојот свет“ 14 години подоцна во ново интервју од овој аудио формат со Дејн Пановски советник во Советот на Општина Охрид и член на координативниот тим за спроведување на Проектот „Дримски басен“. Разговаравме отворено: за успеси и неуспеси,за стручна кариера, за прифатеност и неприфатеност од луѓето заради ставовите, за кревање раце или вечна борба, за НЕпотрошен ниту еден денар од државата за тнр.шетање и донесените ...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков вчеравечер беше домаќин на „Македонската вечер“, организирана во рамките на 56. Меѓународен саем за туризам во Нови Сад, каде што Македонија годинава беше земја партнер. Во своето обраќање пред присутните, министерот Љутков истакна дека туризмот е мост што ги поврзува луѓето и културите, што создава пријателства, руши бариери и нѐ потсетува дека убавината на светот е најголема тогаш кога се споделува. ...

Во новата серија од „Десет Издумани Крлевизми“, велешкиот афористичар Атанас Крлевски со само неколку зборови успева да ја раскаже нашата секојдневна апсурдност, понекогаш смешна, понекогаш горчлива, но секогаш искрено препознаена. -Можеби не сум цвеќе за гледање, ама сум цвеќе за мирисање! -Книгата е извор на знаење. Не читајте ја ако е загаден! -Се разочарав на патот кон ѕвездите. Видов ѕвезда како паѓа. -Кога ќе посакам да фатам мотика, ...

Изложбата „(Де)кодиран бит“ на уметницата Марина Цветановска-Мартиновска ќе биде отворена вечерва во 19.30 часот во Уметничката галерија во Куманово. Со изложбата, уметницата ќе одбележи 25 години ликовно творештво. Визуелниот интерес на Цветановска-Мартиновска вклучува синергија на повеќе ликовни дисциплини и широк дијапазон на медиуми во кои се изразува: скулптура, цртеж, сликарство, објект и инсталација, а ликовниот јазик од сликарски и ...

Филмот „Приказната за Силјан“ ја освои наградата за најдобар документарен филм според публиката на 10. Фестивал Коронадо што се одржа во Калифорнија. Македонскиот кандидат за номинација за Оскар веќе неколку недели е дел од кампањата за трка за златната статуетка. Филмот на Котевска, во продукција на Јорданчо Петковски, Жан Дакар и Котевска, веќе се прикажува во американските киносали. „Индивајр“ го нарече „најубавиот документарец годинава“. ...

„Монти Пајтон“ на повеќето луѓе веќе не им е смешен. Живееме во време на „Алан Форд“, кој пред 30 години ни се чинеше неверојатно смешен и забавен, но денес делува скоро документаристички Пишуваат: Маја Чакариќ, Клара Шкринар Со својот „синџир од шумовити планини“ (буквален превод од турски), Балканот е сместен меѓу Средоземното и Црното Море и Панонската Низина. И е неподвижен ако, се разбира, го набљудуваме од птичја перспектива или од висок ...

Вечерва на сцената на Националната опера и балет, со почеток во 20.00 часот, ќе се одржи Гала оперски концерт на кој ќе настапи светски познатата оперска дива Инва Мула, заедно со Дешира Амети-Крлиу (сопран), Исмет Вејсели (тенор) и оркестарот на МОБ, под диригентската палка на Иван Еминовиќ, а во режија на Дејан Прошев. Инва Мула, сопран е едно од најистакнатите имиња на современата оперска сцена. Родена во уметничко семејство во Албанија, таа ...

Друштвото на филмски работници на Македонија реагира по најновиот извештај на Државниот завод за ревизија, во кој повторно се отвораат дилеми околу финансирањето на нивните активности. Од таму потсетуваат дека ревизијата за 2023 година веќе утврдила дека нема злоупотреби на парите што Агенцијата за филм ги доделила, но дека постоела формална забелешка – дека процедурата тогаш не била поддржана со правилник. Агеницијата потоа изготвила нов ...

weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
94%
1019
weather icon

Загреб

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
89%
1019
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
4.63
73%
1019
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.04
92%
1018
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
95%
1020
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
3.09
86%
1012
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
81%
1014
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
71%
1015
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
88%
1017
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
2.24
90%
1018
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
9.26
100%
1012
weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
4.12
76%
1017
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.5804

Currency

35.1533

Currency

38.273

Currency

65.8934

Currency

7.48586

Currency

0.68919

Currency

0.34063

Currency

0.5251

Currency

1.24455

Currency

0.58842

Злато

134976.58

Бакар

10.96

Цинк

3.22

Иридиум

145787.60

Сребро

1876.20

Платина

52864.82

Кобалт

58.42

Никел

473258.99

Родиум

255598.44

Алуминиум

2.91

Паладиум

46361.38

Рутениум

29192.88