Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Војната во Украина трае веќе петта година – подолго од Првата светска војна и од учеството на Русија во Втората светска војна. Во текот на овие месеци Русија, која со децении се обидуваше да ги користи енергетските ресурси како оружје, сега е принудена да увезува горива од соседните земји, пишува „Forbes“ во своја анализа. Изданието посветува внимание на сè поефикасните украински напади врз енергетската инфраструктура – рафинерии, складишта ...
Централната клириншка депозитарна компанија (SKDD) објави дека корпоративната акција од понудата за преземање на Краш е завршена. За секоја продадена акција беа уплатени 130 евра на сметките на продавачите на акциите на Краш, а акциите беа префрлени на понудувачите, Пивак Холдинг и компанијата регистрирана на Кипар Капа Стар Лимитед, кои дејствуваа заеднички во оваа понуда, пишува SEEbiz. Според официјалниот извештај за преземањето, Пивак ...
Добивај вести на Viber Руската економија се враќа на раст, изјави денеска министерот за економски развој на Русија, Максим Решетников, наведувајќи дека координираните мерки на владата и Централната банка на Русија придонеле за ова. Според него, растот на БДП повеќе не е поттикнат само од буџетските трошоци, туку и од закрепнувањето на трошоците на граѓаните, пренесува РИА Новости. Решетников рече дека приватната потрошувачка повторно расте, ...
Добивај вести на Viber Нема законска минимална плата, но постојат секторски минимуми. Во последните неколку децении, Норвешка стана привлечна дестинација за работници од различни делови на светот, вклучувајќи го и нашиот регион. Просечната плата во Норвешка е околу 4.853 евра бруто. Норвешкиот пазар на трудот нуди многу предности во споредба со другите земји. Прво добро платените работни места ја прават Норвешка многу посакувана ...
За да ги заштити корисниците, Meta воведува функција на WhatsApp наречена Scam Alert. Станува збор за опционална функција која моментално е достапна за ограничен број корисници во бета фаза, а која користи вештачка интелигенција за препознавање потенцијални измами. Најважно е тоа што вештачката интелигенција не мора да ја испраќа содржината на вашите разговори на серверите на Meta, бидејќи Scam Alert користи AI модел кој се извршува директно ...
Добивај вести на Viber Платата останува важен дел од секоја кариера, но таа е само еден фактор што влијае на тоа дали луѓето се мотивирани да ја работат својата работа. Како што компаниите продолжуваат да се прилагодуваат на новите технологии, хибридните начини на работа и менувањето на очекувањата на вработените, луѓето сè повеќе ги ценат искуствата што придонесуваат за долгорочно задоволство и развој. Разбирањето на тие приоритети може да ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 14.08.2026 заврши со благ раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.252,08 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се зголеми за 6,61 поени, односно за 0,07%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,77 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти ...
Добивај вести на Viber Растот на швајцарската економија е највисок во последните пет години. Швајцарската економија оствари изненадувачки силен раст во вториот квартал од 2026 година, потврдувајќи ја отпорноста на економијата на високите цени на енергијата и неизвесноста во меѓународната трговија. БДП прилагоден за влијанието на големите спортски настани се зголеми за 1,5 проценти во споредба со претходниот квартал, што е најбрзата стапка на ...
Добивај вести на Viber На Источна Германија ѝ се заканува сè поголем губиток на работна сила доколку продолжи заминувањето на вработените, покажуваат резултатите од анкета. Имено, од 2023 до 2025 година, источните покраини изгубиле околу 141.000 работници со германско државјанство, додека уделот на вработени без германски пасош се зголемил за 90.000, според краткиот извештај на Институтот за германска економија (IW), до кој ДПА имаше пристап. ...
Неодамна Евростат објави податок што изгледа како мала статистичка промена: 16,5% од населението во Европската Унија на возраст од 16 години или повеќе секојдневно користи тутун или сродни производи: цигари, електронски цигари, никотински ќесички или загреани тутунски производи. Во 2022 година тој удел изнесувал 17,5%. Значи, има пад. Но, вистинската приказна зад оваа статистика не е во еден процентен поен, туку во фактот дека Европа не се ...
Пензијата во Македонија просечно се користи околу 11 години, покажуваат податоците со кои располага Фондот за пензиското и инвалидското осигурување. Од Фондот велат дека немаат податок со кој би можело прецизно да се утврди дали пензијата подолго ја користат мажите или жените. Во меѓународни рамки, сепак, податоците покажуваат јасна разлика, жените во просек подолго време живеат по пензионирањето, а Јапонија е меѓу земјите со најдолг очекуван ...
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите. Производството запира доколку филтрите не работат ...
Добивај вести на Viber Во последните години, Општина Крушево заедно со локалните бизниси преземаат стратешки чекори за позиционирање на градот како одржлива туристичка дестинација преку целата година. Со поттикнување на соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор, поддршка на еколошки свесни практики и зачувување на богатото културно наследство, Крушево се развива во пример за одржлив и регенеративен туризам, кој успешно ги следи најновите ...
Добивај вести на Viber На 30 септември 2026 година, во Хајделберг Факултет – Скопје, ќе се одржи7-та Германско-македонска конференција за контролинг, оваа година под мотото„Актуелни предизвици во контролингот – вештачка интелигенција, дигитализација и развој на нови компетенции“. Конференцијата ја организираатГерманската стопанска комора во странство и Хајделберг Факултет - Скопје, во партнерство со Академијата за банкарство и информатичка ...
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 14 август 2026 изнесува 143,76 евра за мегават час, на МЕМО 131,70 евра за мегават час Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 14 август 2026 просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 143,76 евра/mwh, додека на MEMO цената е 131,70 евра/mwh. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) ...
Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (MaSWA) од септември започнува нов циклус акредитирани професионални обуки наменети за стручно, теоретско и практично оспособување во областа на одржливото управување и постапување со отпад. Обуките обезбедуваат сеопфатна подготовка за полагање на стручниот испит за управување и постапување со отпад, согласно законските барања и предвидената програма. Програмата е креирана со цел ...
Маја Михајлова ќе продолжи да биде дел од Управниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје и во следните четири години, информира Банката преку Македонската берза. Народната банка на Република Северна Македонија на 15 јули 2026 година издала решение со кое се дава претходна согласност за реименување на Михајлова за член на Управниот одбор на ПроКредит Банка, со мандат од четири години. Со реименувањето на Михајлова, Управниот одбор на ПроКредит ...
Банкоматот, денес едно од најважните и најкористени банкарски решенија, во јуни годинава одбележа 59 години од поставувањето на првиот уред за подигнување готовина. Првиот банкомат бил инсталиран во јуни 1967 година, во филијала на британската банка „Barclays“ во Северен Лондон. Иако за негов пронаоѓач најчесто се смета Џон Шеперд-Барон, идејата за машина преку која клиентите би можеле да подигнуваат пари датира уште од 1939 година. Тогаш ...
Добивај вести на Viber За посреќен и поуспешен почеток на новата учебна година, „Литература.мк“ традиционално ја организира продажната акција „Време е за училиште“, која ќе трае од 15 август до 13 септември 2026 година. Во рамките на акцијата, со купување комплети вежбанки од прво до деветто одделение, во издание на „Арс Ламина“, следува подарок. Исто така, со секоја поединечно купена вежбанка или збирка од „Арс Ламина“ следува и подарок – ...
Добивај вести на Viber Во современиот глобален контекст, кафето претставува многу повеќе од обичен пијалок – тоа е индустрија, извор на егзистенција за милиони луѓе и значаен сегмент од националните економии. Сепак, традиционалниот модел фрлање на талогот на кафе по искористување на кафето долго време доминираше во производството и потрошувачката на кафе, што резултира со прекумерна употреба на ресурси и деградација на животната средина. ...
Добивај вести на Viber ОпенАИ, американска компанија, моментално работи со темпо што би можело да ѝ донесе повеќе од 40 милијарди долари приходи до крајот на годината, јави Блумберг повикувајќи се на извори кои се запознати со работењето на компанијата. Тоа би било приближно двојно повеќе од износот од крајот на 2025 година и дополнително би ја зајакнало позицијата на компанијата пред потенцијално излегување на берза. Растот на приходите на ...
Она што до пред неколку години изгледаше како незамисливо сценарио, сега станува реална можност: американските производители на автомобили се повлекуваат од дел од кинескиот пазар, додека кинеските автомобилски компании се обидуваат да стигнат што поблиску до американските потрошувачи. На оваа промена укажува и најновата анализа на американскиот портал Aксиос, според која американската автомобилска индустрија го забрзува повлекувањето од ...
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, одговарајќи на новинарско прашање за проблемот со престојот на превозницте во Шенген-зоната рече дека Македонија има индивидуален пристап на решавање на проблемот и дека има впечаток дека најавените протести „се под притисок од една соседна земја која има свои политички причини“. – Нека си го решаваат тие тоа прашање како што мислат дека треба. Ние имаме ...
Западнобалканските превозници решија да почекаат до први септември, само до состанокот на европската влада (ЕК), а потоа… Пораката на превозниците испратена по заедничкиот регионален состанок во Скопје е внимателна и, сепак, многу педантно испратена до највисоките европски институции. Превозниците не сакаат протести, но се подготвени за нив. И не станува збор за закана со краткотрајна блокада, која ќе заврши по неколку часа или дена. Ако ...
Во ера на дигитална поврзаност, потребни се само неколку минути за една гласина да се претвори во општа паника. Неодамнешниот бран шпекулации на социјалните мрежи за наводно загадена и опасна вода во Скопје покажа колку лесно може да се дестабилизира јавното мислење. Иако надлежните институции од ЈП „Водовод и канализација“ до Министерството за здравство експресно излегоа со деманти, лабораториски докази и официјални потврди дека водата е ...
На пазарот на криптовалути утрово преовладува негативно расположение, при што најголемите дигитални средства бележат пад. Биткоинот се спушти под границата од 63.000 долари, додека загуби се забележуваат и кај етериумот, XRP, BNB и солана. Според последните достапни податоци, биткоинот се тргува по цена од 62.878,7 долари, што претставува пад од 894,1 долар, односно 1,40 отсто. Обемот на тргување со биткоин изнесува околу 45,42 илјади ...
Во четврток, агенцијата Фич го потврди кредитниот рејтинг на Соединетите Американски Држави на ниво АА+, со стабилни изгледи. Агенцијата ги наведува нејзината огромна големина, високиот приход по глава на жител и статусот на доларот како водечка резервна валута во светот како клучни предности на американската економија. Според Фич, американската економија се покажа како отпорна и покрај повисоките царини, намалените владини трошоци, ...
JPMorgan Chase при крајот на 2025 година престана да му дава банкарски услуги на Polymarket, наведувајќи загриженост во врска со регулативите, според извештајот на Financial Times. Во октомври, банката ја известила децентрализираната платформа за пазари на предвидувања дека мора да најде нов банкарски партнер. Оттогаш, Polymarket преминал кај друг, неименуван кредитор. Од нашата мрежа Шејн ги зголемува цените во Европа поради новиот данок ...
text size Американската влада продаде 30-годишни обврзници по највисока каматна стапка во последните 25 години, што е показател дека инвеститорите бараат поголема компензација за финансирање на сè поголемиот буџетски дефицит на земјата. Приносот на аукцијата на обврзници во вредност од 25 милијарди долари, одржана во четвртокот, изнесуваше 5,216 отсто, што е највисоко ниво од 2001 година наваму, и покрај тоа што падот на цените на нафтата ...
На полиците можеби изгледа како уште една ознака на пакувањето, но за земјоделците и преработувачите географското потекло може да значи многу повеќе. Производ што е препознатлив по местото од кое доаѓа полесно се издвојува од конкуренцијата, потешко се копира, а во одредени случаи може да достигне и повисока цена. Токму тука лежи економската сметка. Ознаката за географско потекло покажува дека одреден производ има конкретна врска со регионот ...