Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Европската централна банка (ЕЦБ) соопшти за ограничен напредок на патот кон воведување на еврото од страна на Чешка, Унгарија, Полска, Романија и Шведска, бидејќи ниту една од петте земји не ги исполнува целосно сите економски и правни критериуми за приклучување кон еврозоната. Ова се посочува во денешното објавување на Конвергентниот извештај за ЕЦБ за 2026 година, подготвен од институцијата од Франкфурт. Извештајот го проценува степенот на ...
Македонските компании сè погласно велат дека не можат да најдат работници. Од градежништво и транспорт до угостителство и трговија, огласите стојат со недели, а дел од работодавачите веќе отворено зборуваат за увоз на работна сила. На прв поглед тоа изгледа нелогично. Како е можно фирмите да бараат луѓе, а државата и понатаму да има десетици илјади невработени? Последните податоци покажуваат дека во првиот квартал од 2026 година во Македонија ...
Управата за јавни приходи ги потсетува засегнатите даночни обврзници дека на 30 јуни 2026 година истекува рокот за поднесување на првите даночни пријави за 2024 година врз основа на одредбите од Законот за минимален глобален данок на добивка (во натамошниот текст: Законот) и Правилникот за начинот на пресметување и наплата на дополнителниот данок на добивка. Законот предвидува мерки со кои се обезбедува минимално ефективно оданочување на ...
Постои една фраза што може да се слушне во речиси секоја компанија во Македонија. Не е дел од бизнис план, ниту дел од стратегија и не ја пишува во ниту еден прирачник за човечки ресурси, но некако опстанува со години. „Викај ура“ Без разлика дали човек работи во банка, осигурување, маркет, фабрика, државна институција, кол центар или ИТ компанија, големи се шансите дека барем еднаш ја изговорил или ја слушнал таа реченица. Ќе сретнеш ...
Во речиси секоја компанија постои еден интересен феномен кој ретко се споменува, а уште поретко се анализира. Состанокот завршува успешно, сите присутни се согласуваат со предложените идеи, планови и активности, никој нема дополнителни прашања, а атмосферата остава впечаток дека организацијата функционира совршено. Но само неколку минути подоцна, во ходникот, пред лифтот или на првото кафе, почнува сосема поинаков разговор. Одеднаш се ...
Стопанска банка АД – Скопје информира дека Apple Pay е безбеден начин за плаќање со СТБ картичките, со само еден допир или поглед, онлајн и во апликација. Од банката посочуваат дека со користењето на Apple Pay се избегнува внесување на лични информации при плаќање, вклучувајќи го бројот на картичката или безбедносниот код. Услугата е наменета за побрзо и поедноставно плаќање, со дополнителна заштита на податоците на корисниците. Стопанска ...
Добивај вести на Viber Шпаркасе Банка АД Скопје ја претставува „Шпаркасе круг“ – новата платформа за партнерства и лојалност што на своите клиенти им носи поголема вредност во секојдневието. Преку ексклузивни попусти, специјални понуди, подароци и дополнителни бенефиции кај повеќе од 300 внимателно избрани партнер-трговци, клиентите можат да уживаат во многубројни поволности при плаќање со која било дебитна или кредитна картичка издадена од ...
Објавено е редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција. На крајот на првиот квартал од 2026 година: На 31.3.2026 година, нето надворешниот долг изнесува 4.804 милиони евра (или 26,2% од проектираниот БДП), при што бележи квартално зголемување од 218 милиони евра (4,8%), како резултат на поизразениот раст на бруто-долгот во однос на растот на ...
Машината за купување биткоин на Мајкл Сејлор, компанијата „Стратеџи“ (Strategy Inc), треба да престане со купување на таа криптовалута ако сака да ја врати довербата на пазарот во своите акции. Ова го смета Хулио Морено, директор за истражување во „Криптоквант“ (CryptoQuant), кој тврди дека приоритет на компанијата „Стратеџи“ треба да биде обновување на нејзината парична резерва во долари, наместо продолжување со купување биткоин секогаш ...
Порше симболизира луксуз, брзина и моќ меѓу автомобилите. Акционерите на компанијата, сепак, се бесни поради очајните деловни резултати и го обвинуваат менаџментот дека го претворил брендот во „крш“. „Ние, акционерите, денес ги гледаме урнатините на Порше“, рече Инго Шпаих од инвестицискиот фонд „Дека“ на виртуелниот состанок на акционерите. Хендрик Шмит од фондот DWS ја опишува состојбата на капиталот на Порше како силно престигнување кое ...
Пред само една генерација, соништата изгледаа поинаку. Младите размислуваа како да изградат куќа, како да купат плац или како да обезбедат поголем дом за семејството што допрва ќе го создадат. Денес, за многумина, целта е многу поскромна. Да имаат свој покрив над главата. Без кирија. Без неизвесност. Без страв дека сопственикот утре ќе реши да го продаде станот. Цените на недвижностите во последните години пораснаа побрзо од платите. Во некои ...
Светскиот туризам одамна не се мери само со убави плажи, стари градови и евтини апартмани. Туристички развиена држава денес значи нешто многу поконкретно: аеродроми што работат без застој, хотели што држат стандард, чиста околина, безбедност, добра промоција, патишта, дигитални услуги и држава што знае што продава. Тука големите играчи бегаат далеку напред. Македонија, пак, сè уште е во онаа зона каде што потенцијалот често е поголем од ...
Во Македонија има сè повеќе луѓе кои работат, земаат редовна плата, плаќаат придонеси и секој ден одат на работа, а сепак немаат чувство дека живеат подобро од пред неколку години. Не зборуваат за сиромаштија, не зборуваат ни за преживување, туку зборуваат за нешто друго. За чувството дека работат многу, а стојат во место. Пред десетина години многумина имаа јасна претстава што значи финансиски напредок. Малку повисока плата, малку повеќе ...
Добивај вести на Viber Белград е на петтото место на листата на градови кои се најмалку прифатливи за самци во однос на трошоците за домување, според истражувањето од 2026 година на британскиот финансиски портал Tradingpedia. Достапноста на домувањето останува една од најзабележителните линии на поделба меѓу европските главни градови во 2026 година, заклучува студијата. Лисабон е градот со најмалку прифатливо домување за изнајмувачи, бидејќи ...
Во многу ресторани и кафулиња низ земјава летово најтешко се наоѓа токму човекот што треба да ја донесе нарачката или да ја подготви храната. Масите ги има. Гостите ги има. Менито стои на маса. Но зад шанкот и во кујната, сè почесто, фали народ. Угостителите велат дека проблемот не е нов, но годинава се чувствува посилно. Дел од келнерите, готвачите, шанкерите и помошниот персонал уште во мај заминале на сезонска работа во Хрватска, Црна ...
Киријата е голем финансиски товар за многу закупци во Германија, но стравот од уште поскапи договори ги одвраќа од преселба, и покрај желбата за промена, според истражувањето на Институтот Аленсбах. Сепак, закупците остануваат во становите што ги изнајмиле, плашејќи се од уште повисоки кирии, што го зголеми просечното време на живеење во истиот дом на 18 години. Пред десет години, 40 проценти од закупците живееле во истиот стан помалку од ...
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска оствари работна посета на Општина Ранковце, каде што се сретна со градоначалникот Даниел Павловски, членовите на Советот и општинската администрација. На средбата се разговараше за актуелните предизвици со кои се соочува Општина Ранковце и можностите за нивно надминување преку поддршката што ја обезбедува Министерството за локална самоуправа. Посебно внимание беше посветено на ...
Патниците ширум светот не би требало да очекуваат брзо поевтинување на авионските билети и покрај значајниот пад на цените на авионското гориво по напредокот во преговорите меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, оценија денеска претставниците на авиоиндустријата. Цената на авионското гориво во САД падна од 4,88 долари на 2,85 долари по галон по објавувањето на планот за постигнување конечен договор меѓу Вашингтон и Техеран, што на ...
Градежниците работат на екстремни температури над +40 степени Целзиусови и во многу тешки услови, често без соодветна заштитна опрема, за плати кои се меѓу пониските во регионот. Според податоците на синдикатите и статистиката, градежните работници во Хрватска и Словенија заработуваат и два до три пати повеќе од своите колеги во Македонија, додека повисоки примања имаат и работниците во Србија и Црна Гора. Во услови на недостиг од ...
Добивај вести на Viber Во време кога дигитализацијата станува неопходен предуслов за конкурентност и ефикасност, македонските компании се повеќе бараат сигурни технолошки партнери кои можат да ги поддржат во трансформацијата на нивното работење. Една од компаниите што повеќе од три децении активно придонесува во овој процес е Акцент, домашна софтверска компанија со над 30 години искуство во развој на деловни софтверски решенија и ...
Германците би можеле да работат до 70 години во иднина, потврди канцеларот Фридрих Мерц. Експертски комитет формиран за истражување на потенцијална пензиска реформа ги презентираше своите наоди, во кои се нагласува дека возраста за пензионирање треба да биде поврзана со зголемувањето на очекуваниот животен век. Исто така, се предлага укинување на предвременото пензионирање. Клучните препораки вклучуваат инвестирање на задолжителните придонеси ...
Добивај вести на Viber Од основањето важат за институција со посакувани примања, а иако некогаш броеја помалку вработени, денес оваа институција може да се пофали и со бројот вработени, но и со плати кои во нашата земја се многу примамливи. Вработените во Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија или РКЕ се меѓу државните институции кои важат за примамливи заедно со уште ...
Добивај вести на Viber По добивањето на сите потребни одобренија од надлежните регулаторни органи, вчера официјално беше заклучен процесот со кој компанијата Дијамант се пренесува од сопственост на Фортенова Групацијата во сопственост на МК Групацијата. Ова означува една од најзначајните аквизиции во прехранбениот и земјоделскиот сектор во регионот Адрија, што воедно го потврдува продолжувањето на инвестицискиот циклус и довербата во ...
Добивај вести на Viber Ако ги прашате работодавците ширум светот денес која странска работна сила најчесто ја гледаат како сигурен избор, Филипинците речиси сигурно би биле на врвот на листата. Од здравствени работници и угостителство, до производство и логистика, до ИТ секторот и поддршка на клиенти, работниците од Филипините се присутни на речиси секој континент. Една од причините лежи во образовниот систем на земјата. Според анкетите за ...
Потрошувачите низ Европската Унија кои бараат поволни понуди ќе почнат да го чувствуваат притисокот од повисоките трошоци за онлајн купување следната недела кога ќе стапи на сила новата давачка, која првенствено е насочена кон Кина. Тоа е нов слој на трговски тензии меѓу двете економии. Од 1 јули производите во вредност помала од 150 евра ќе подлежат на давачка од три евра. Мерката има цел да го забави приливот на евтина стока надвор од ЕУ ...
Со истекот на првата половина од годината, почнува сезоната на исплата на К-15 или регресот за годишен одмор. Регулативата предвидува овој надоместок, кој се поврзува со правото на користење годишен одмор, да се исплати на секој работник кој работел 6 месеци во тековната година кај ист работодавец. Најнискиот износ кој мора да легне на сметката на секој работник изнесува 40 отсто од просечната исплатена нето-плата на државно ниво во ...
Добивај вести на Viber Голдман Сакс истакнува дека, како што се смирува конфликтот меѓу Иран и Израел и нафтните шокови се намалуваат, цените на нафтата до крајот на 2027 година се очекува да паднат, пред сè поради масовниот премин на потрошувачите кон електрични возила. Дан Струјвен, кодиректор за истражување на глобалните стоки во Голдман Сакс, посочува дека нафтниот шок од воениот конфликт може да ја забрза побарувачката за електрични ...
Македонските туристи годинава уште пред да го отворат куферот добија ладен туш од Јадранот. Не од морето, туку од цените. Две лежалки и чадор во Црна Гора за 25 евра, ручек што лесно ја минува границата од 50 евра, а седум дена во Хрватска за четиричлено семејство може да чини и до 3.700 евра. Првиот удар најчесто доаѓа на плажа. Туристот стигнува, детето веќе бара сокче, сонцето пече, а одговорот од човекот што ги издава лежалките звучи како ...
Добивај вести на Viber Додека многу источноевропејци сонуваат да се преселат на Запад, едно германско семејство одлучи да оди во спротивна насока. Писателката Рита Клаус, нејзиниот сопруг и нивните четири деца го напуштија својот дом во баварската природа и започнаа нов живот во романската Трансилванија, регион познат по своите живописни предели, историски градови и побавен начин на живот. Во интервју за германскиот весник „Ди Велт“, Клаус ...
Конверзијата од BTC во американски долар ви ја покажува точната противвредност на Bitcoin изразена во американски долари. Вака полесно ја разбирате состојбата на сопствените инвестиции и подобро одлучувате. Бидејќи Bitcoin постои само во дигитална форма, ваквото пресметување ви помага да ја согледате неговата вредност во реалниот свет. Bitcoin е нестабилна валута чија вредност постојано осцилира — курсот не е фиксен и се менува од момент во ...