Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Неколку дена протести, блокади и незадоволство реазултираа со нова откупна цена на струмичката ајварка. Производителите, откупувачите и преработувачите вчера постигнаа договор, а од денес пиперката се откупува по повисоки цени, кои, според најавите ќе останат во сила до крајот на откупната сезона. Месното здружение на млади од Муртино, кое ги организираше протестите, претходно најави продолжување на блокадите доколку не биде постигнато ...
Добивај вести на Viber СПД предлага германскиот пензиски модел за тешки работни услови да биде по примерот на Австрија, така што работниците од најтешките занимања ќе можат да се пензионираат порано. Како што објави „Дојче Пресе-Агентур“, парламентарниот секретар на СПД, Дирк Визе, предложи Германија да го преземе овој долгогодишен пензиски модел за тешки работни услови (Schwerarbeitspension). Причината за овој потег е планираното укинување ...
По повод Меѓународниот ден на младите, Стопанска банка АД – Скопје упати честитка до младите, истакнувајќи дека токму нивната енергија, идеи и храброст се движечка сила за иднината. „Младите се енергијата, идеите и храброста што го движат светот напред. Затоа, веруваме во нивниот потенцијал и сакаме да бидеме дел од секој нивен чекор“, порачаа од банката. Од Стопанска банка посочуваат дека преку TOPSI, концепт наменет за младите, создаваат ...
Мета, која има милијарди корисници ширум светот, оваа недела ќе се брани од колективни обвинувања на американски сојузни држави дека им нанесела штета на децата, на судење во САД кое правниците го споредуваат со некогашното големо судење што ја удри моќната американска тутунска индустрија. Откако група сојузни држави во 2023 година ја тужеше Мета за дизајнирање „зависнички“ апликации, своите докази ќе ги изнесат четири држави: Калифорнија, ...
Старосната граница за пензионирање во Македонија нема да се зголемува, уверуваат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Ставот на Владата е дека треба да се бараат решенијата за стабилизирање на пензискиот систем преку други економски и фискални мерки, а не преку продолжување на работниот век. Оваа позиција доаѓа во период кога одржливоста на пензискиот систем и обезбедувањето средства за исплата на пензиите се меѓу актуелните економски прашања. Од ...
Здружението на вработени во секторот игри на среќа “САКАМ ДА РАБОТАМ” смета дека е неосновано да се користи Меѓународниот ден на младите за да продолжи кампањата за оцрнување на легалните игри на среќа и да се врши притисок врз институциите, со истражување од пред две години. Со внимание ги имаме анализирано овие податоците од истражувањето ЕСПАД 2024, кои ги реобјави ХЕРА Млади. Се согласуваме дека е загрижувачки што се јавуваат податоци ...
Просечната месечна нето плата исплатена по вработен во градот Загреб за мај оваа година изнесувала 1758 евра, што е намалување од 1,3 проценти во споредба со претходниот месец и зголемување од 6,4 проценти во споредба со мај минатата година, според податоците од градскиот завод за статистика. Медијалната нето плата за мај била 1500 евра, што значи дека половина од вработените жители на Загреб имале помалку, а половина повеќе од таа сума. ...
Во услови кога потребите на компаниите постојано се менуваат, а одредени професии стануваат сè побарани, преквалификацијата и стекнувањето нови знаења се меѓу клучните можности за да стигнат невработените луѓе полесно до работно место. Агенцијата за вработување преку своите редовни активности, но и преку активните програми и мерки за вработување, им овозможува на евидентираните невработени да стекнат практични знаења и вештини за занимања што ...
Управата за јавни приходи во рамки на кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“ потсетува дека секој приход остварен од издавање сместувачки капацитети подлежи на оданочување согласно законските прописи и ги повикува сите лица кои остваруваат ваков доход навремено да ги исполнат своите даночни обврски. Тоа се односува на оние кои издаваат и на домашен пазар и преку странски платформи,односно парите ги примаат од странство. Поврзани ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со претставници на меѓународната туристичка групација „Корендон“. Во фокусот на средбата беа потенцирани можностите за остварување на соработка во областа на авиосообраќајот и туризмот. На средбата беше посочено дека подобрата авио поврзаност и отворање на нови пазари и услуги се од особено значење за континуираниот развој на туризмот и ...
„Серафимовски нема со што да се фали и нека не се обидува да им ги мачка очите на струмичките земјоделци со некаков неформален договор со откупувачите. Земјоделците се гневни затоа што се доведени до гола егзистенција, а ова што го нуди Министерството не е никаква системска гаранција. Кој гарантира дека договорените 40 денари за прва класа, 30 денари за мешана прва и втора класа и 15 денари за шкарт навистина ќе бидат исплатени? Кој гарантира ...
Србија во средината на август ќе почне преговори со Светска банка за условите за финансирање програма вредна една милијарда евра, наменета за проширување и модернизација на гасната инфраструктура во земјата, соопшти српската министерка за енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ. Преговорите ќе опфатат прашања поврзани со социјалните и еколошките стандарди, јавните набавки, како и јасно утврдување на надлежностите и одговорностите за секој ...
text size Иако САД и Јапонија покажаа ретко единство во настојувањата да го зајакнат јенот, суштинското несогласување меѓу Скот Бесент и Санае Такаичи околу Банката на Јапонија се заканува да ги поткопа нивните напори. Во изминатата година, американскиот министер за финансии сигнализираше дека смета дека заострувањето на монетарната политика е клучно за справување со слабоста на јапонската валута. Премиерката Такаичи, од друга страна, долго ...
Долгот на Американците на кредитни картички достигна 1,26 трилиони долари во вториот квартал од годината, приближувајќи се до рекордните 1,28 трилиони долари поставени на крајот од минатата година, покажаа податоците од Федералните резерви на Њујорк. Долгот се зголемил за 21 милијарда долари за три месеци, а економистите го поврзуваат растот со високата потрошувачка и зголемувањето на цените на храната, горивото и другите основни производи, ...
Рекордните горештини, сушите и пожарите во текот на летото 2026 година веќе не се само еколошки проблем, туку сериозен удар за европската економија, бидејќи истовремено го нарушуваат производството на електрична енергија, речниот транспорт, земјоделството, туризмот и јавното здравје. Рајна и Дунав се особено погодени, каде што ниските нивоа на вода го ограничуваат товарниот сообраќај, додека некои нуклеарни централи мораа да го намалат или ...
Германската „Дојче Банк“ направи значаен чекор во кинескиот финансиски систем, откако доби зелено светло да ги порамнува прекуграничните трансакции во кинески јуани. Со ова, банката станува првата некинеска европска финансиска институција што добива ваква улога, отворајќи нов канал за директни финансиски трансакции меѓу Европа и Кина. Одлуката доаѓа во период кога Пекинг сè поагресивно работи на интернационализација на својата валута и ...
Подземен мегатрезор за супербогати клиенти се гради во Швајцарските Алпи, под планината Бриниг Пас, во близина на гратчето Лунгерн, пренесоа швајцарските медиуми. Со проектот за изградба на гигантскиот комплекс подземни трезори, наменети за заштита на имотот на најбогатите луѓе во светот, раководи претприемачот Томас Гасер, претседател на Управниот одбор на компанијата „Бриниг мега сејф“ (Brünig Mega Safe), пренесува „Свисинфо“. Од нашата ...
Министерството за финансии префрли нов трансфер во износ од 176,5 милиони денари или 2,9 милиони евра од централниот Буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициски проекти во домашните комании. Со овој трансфер вкупната поддршката на Владата кон домашните компании достигна 14,7 милијарди денари или 239 милиони евра, што е значителен поттик за реализација на приватни инвестиции и поттик за економијата. Во Буџетот за оваа намена се ...
Заедничката европска валута, еврото, продолжува да бележи ниски нивоа во однос на албанската валута-лек, достигнувајќи историски најниска вредност на домашниот пазар од неговото пуштање во оптек како физичка валута. На девизниот пазар денеска се купува за 92,4 леки, а се продава за 93,3 леки. Од почетокот на 2026 година, еврото изгуби околу 3,8% од својата вредност во однос на албанската валута, додека во споредба со највисокото историско ...
text size Глобалните резерви на нафта ќе се намалуваат во текот на овој квартал со повеќе од двојно побрзо темпо од претходно проценетото, бидејќи конфликтот со Иран повторно ескалира, иако негативното влијание од високите цени врз побарувачката продолжува да се продлабочува, соопшти Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Според месечниот извештај на агенцијата, светскиот нафтен пазар се соочува со недостиг од 1,8 милиони барели дневно, ...
Европските берзи го започнаа август 2026 година спротивно од историската тенденција. Индексите EURO STOXX 50, DAX и CAC 40 се наоѓаат близу рекордни вредности, а инвеститорите засега не покажуваат поголема загриженост поради познатата „августовска слабост“. Историски гледано, август навистина е слаб месец за европските акции. Кај германскиот DAX, просечниот августовски принос од 1970 година е -1,03 отсто, додека кај францускиот CAC 40, чии ...
Колку јавноста навистина е запознаена со сите факти поврзани со случајот „Мазут“, кој со месеци е една од главните теми во македонските медиуми? За да се добие целосна слика, потребно е случувањата да се разгледаат хронолошки, преку официјалните извештаи, вештачењата, исказите на сослушаните лица и економските показатели од периодот кој беше предмет на истрагата. На 9 ноември 2021 година Владата прогласи кризна состојба во снабдувањето со ...
Топлотните бранови во Северна Италија годинава ги зголемија трошоците за одржување на огромните климатизирани магацини во кои зрее едно од најпознатите италијански сирења – „Пармиџино Региано“ (Parmigiano Reggiano). Една од институциите што користи ваков необичен модел е Credito Emiliano (Credem). Банката уште од 1953 година прифаќа млади тркала пармезан како залог за кредити што им ги одобрува на производителите – пишува Еуроњуз. Преку ...
Македонија го одбележува Денот на рударите со загрижувачки податоци за состојбата во секторот. Во земјата има сè помалку луѓе кои работат во рудниците, а истовремено нема доволно нови инвестиции кои би отвориле дополнителни работни места. Според Државниот завод за статистика, бројот на работниците во индустријата во јуни 2026 година се намалил за 2,3% на годишно ниво. Во рударството падот е драстично поголем – 7,7%. Тоа значи дека за само ...
Секретарот на иранскиот Врховен совет за национална безбедност, Мохсен Резаи, денеска порача дека Иран нема да го отвори Ормускиот теснец додека САД не ги прифатат условите на Техеран. Според наводите на агенцијата Тасним, Резаи изјави дека Вашингтон мора да ја заврши војната, вклучувајќи ги и судирите во Газа и Либан, како и да ги одзамрзне иранските финансиски средства. Од нашата мрежа Витиња: Секогаш е тешко да се игра против Астон Вила ...
Кина се надева дека ќе се пробие во светот на комерцијалната авијација со првиот меѓународен лет на патнички авион од кинеско производство, кој е закажан за денеска. Иако се претставува како конкуренција на гигантите, стручњаците сметаат дека ќе поминат генерации пред Кина сериозно да го загрози западниот дуопол. Од нашата мрежа ОПЕК пумпа повеќе нафта, но не доволно: Производителите повторно остануваат… 19 минути biznisinfo.mk Витиња: ...
Лондонскиот „Хитроу“ ја загуби позицијата на најпрометен аеродром во Европа, откако во јули аеродромот во Истанбул регистрираше повеќе патници. Во текот на јули, низ терминалите на „Хитроу“ поминале 7,86 милиони патници, додека истанбулскиот аеродром опслужил 8,15 милиони патници. За една година, патничкиот сообраќај на „Хитроу“ е намален за 1,5 отсто, додека Истанбул забележал раст од 2,3 отсто. Еден од факторите што влијаеле врз ...
Почнувајќи од денес, секоја македонска компанија што пласира спакувана стока на пазарот на Европската Унија ќе мора да докаже дека нејзиното пакување го исполнува новиот, уникатен европски стандард. Регулативата (ЕУ) 2025/40, попозната како PPWR, стапува на сила на 12 август и претставува една од најзначајните регулаторни промени за домашните извозници во последните години. Регулативата за пакување и отпад од пакување (PPWR) ја заменува ...
Со години, категоријата безалкохолни пијалоци се држеше до своето место во малопродажната индустрија за храна и пијалоци, стабилна и модерирана од неколку глобални брендови. Но, категоријата каква што ја знаеме се менува. Новите податоци од аналитичарите и учесниците на пазарот покажуваат тивка, но дефинитивна трансформација во секторот за безалкохолни пијалоци. Две студии на пазарот за 2026 година го доловуваат поместувањето од различни ...
Иако земјоделците знаат да кажат дека албанските домати и краставици ја уриваат нашата цена, податоците што ги доби „Слободен печат“ од Царинската управа покажуваат дека ние имаме значајно поголем извоз од увоз. Само во јуни и во јули се извезени 2,5 милиони килограми краставици и корнишони, а се увезени 280.000 килограми. Извозот на доматите е уште поголем – за два месецa 11 милиони килограми домати, за разлика од увозот што бил 700.000 ...