Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Добивај вести на Viber Јазот помеѓу политичките амбиции и реалните реформи останува преголем. Минатиот октомври, францускиот претседател Емануел Макрон стоеше во Копенхаген заедно со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, полскиот премиер Доналд Туск, данската премиерка Мете Фредериксен и лидерите на 28 од најголемите европски компании. Тие се собраа на Самитот за конкурентност во Копенхаген, чија цел беше едноставна: ...
Добивај вести на Viber Некои од граѓаните кои ги анкетиравме велат дека за плата повисока за 100 евра би заминале да работат во друга компанија, а дел објаснуваат дека 20 отсто повисока плата од таа што ја примаат би била мотив да направат трансфер. Граѓаните велат дека секој си бара подобро работно место со повисока плата. Велат дека важно им е да ја работат истата работа, да имаат добра работна атмосфера, но да заработуваат повеќе. „Тоа е ...
Пред околу три децении кога некој ќе спомнеше протеини, првата асоцијација беа бодибилдерите кои, според тогашните приказни, јадеа по дваесетина - триесетина јајца дневно за да изградат мускулна маса. Производите со висок процент на протеини, прашоци, шејкови и така натаму, освен што беа премногу скапи, како да беа и исклучиво „резевирани“ единствено за професионалните спортисти, оние што се натпреваруваа на големите спортски настани. ...
Информативни денови за презентирање на мерките од Оперативниот план за вработување за 2026 година денеска се одржаа во општините Струмица, Радовиш и Валандово, соопштија од Министерството за економија и труд. Пред жителите на општините заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, директорката на Агенција за иновации, научно технолошки развој и претприемништво ИНОВА Даниела Димовска и заменик-директорката на Агенцијата за ...
Претседателот на владата Христијан Мицкоски во интервју на Македонската радио телевизија по повод две години мандат вели дека во моментот има историска градба паралелно на 6 автопатишта во Македонија. -Јас сум среќен што можам да кажам дека ние финансиски го затворивме Кичево Охрид конечно, благодарение на еден синдикат креиран од домашните банки, откако не оставија на цедило би рекол условно кинеските заемодаватели. Финансиски за оваа година ...
Поранешниот министер за финансии, Кирил Миноски оценува дека ребалансот покажува оти расходната страна на државниот Буџет продолжува да расте, додека капиталните инвестиции и понатаму се реализираат со побавно темпо од очекуваното. -Ребалансот укажува дека расходите продолжуваат да растат, додека капиталните инвестиции се реализираат со послаба динамика од очекуваната. Во такви услови, важно е внимателно да се следи структурата на трошењето и ...
За дел од експертите, ова не е дилема само во Македонија туку и низ Европа веќе се водат сериозни дебати околу изградбата на дата-центри, бидејќи носат голема потрошувачка на електрична енергија, вода и простор, па оттаму локалните заедници и активистите бараат поголема транспарентност, јасни проценки за влијанието врз животната средина и гаранции дека јавниот интерес ќе биде заштитен. Како што вели, Виктор Андонов – експерт за енергетска ...
Добивај вести на Viber Ирак би можел да ги разгледа сите достапни опции, вклучително и промена на својот статус во Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК), доколку не му биде одобрено значително зголемување на квотата за производство, изјави денеска висок функционер на ирачкото Министерство за нафта. Ирачките власти сметаат дека зголемувањето на квотите е неопходно поради тешката финансиска состојба во која се наоѓа земјата по ...
Членката на Извршниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ), Изабел Шнабел, денеска навести дека институцијата најверојатно ќе продолжи со зголемување на клучните каматни стапки во обид да ја намали инфлацијата, откако на почетокот од овој месец ги зголеми по првпат од 2023 година како одговор на економските последици од војната со Иран. – За да ја вратиме инфлацијата на нашата среднорочна цел од два процента, во сегашните околности ќе ...
Кинескиот пазар на автомобили се соочува со сè поголеми проблеми. Во мај, продажбата на возила падна за 22 отсто во споредба со истиот месец минатата година, а последиците се веќе видливи. Кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија (MIIT) отстрани осум производители од официјалниот регистар на компании кои имаат право да произведуваат автомобили. Од нашата мрежа Англија во проблеми пред натпреварот со Панама, Тухел ќе ...
Европската Унија предложи клауд сервисите на компаниите Амазон и Мајкрософт да бидат опфатени со строгите правила од Законот за дигитални пазари. Тоа би ги подложило најголемите светски даватели на услуги за компјутерска обработка во облак (cloud computing) на дополнителни регулаторни обврски, пренесе Ројтерс. Од нашата мрежа Монтела повика на почит кон турската репрезентација и се надева… 20 минути kontra.mk Покетино ги објави ротациите за ...
Лидија Петкоска пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница за пратенички прашања во Собранието, постави три прашања од кои едниот го постави до вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, а другите две до министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Петкоска на самиот почеток истакна дека Владата ги реализирала најавените мерки за развој на авиосообраќајот и туризмот, преку нови авиолинии и зголемени субвенции ...
Добивај вести на Viber Сезоната на одмори е во полн ек, и додека многу луѓе бараат спас од летните горештини на море, сè повеќе граѓани одлучуваат да одмараат во Србија. Во последните години, Војводина се етаблираше како една од најинтересните домашни туристички дестинации, благодарение на богатата понуда на сместувачки капацитети, природните убавини, езерата, бањите и сè повеќе развиената туристичка инфраструктура. Она што особено ги ...
Во периодот од јануари до април 2026 година, од Македонија се извезени 58 илјади тони свеж зеленчук во вредност од 35,3 милиони евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во споредба со истиот период минатата година, извезените количини се поголеми за 13%, но приходите од извозот се намалени за 12,3%. Овој тренд укажува дека македонскиот зеленчук во просек се продавал по пониски цени на странските пазари во однос на лани. ...
Двете собраниски комисии, Комисијата за финансирање и буџет (71. седница) и Законодавно-правната комисија (180. седница), денеска го усвоија и го проследија на натамошно донесување Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, кој се носи по скратена постапка. Со предложеното законско решение се предвидува временска корекција на стапките на придонесите за периодот јуни–декември 2026 ...
Во мај оваа година, во Словенија беа регистрирани 658.016 пензионери, што покажува континуирано зголемување на бројот на корисници во споредба со 2016 година. Просечната бруто пензија изнесуваше 1.160,80 евра, по февруарското прилагодување од 4,2 проценти и вонредното зголемување од еден процент во март во текот на годината. Новата формула за прилагодување на пензиите сега се базира на половина од растот на бруто платите и половина од растот ...
Гувернерот на Народната банка Трајко Славески се надева дека банките што најавија зголемување на провизиите ќе ги преиспитаат ваквите одлуки и ќе им излезат во пресрет на граѓаните. На денешната собраниска седница за пратенички прашања, Славески во одговор на прашање поставено од Јован Митрески од СДСМ, рече дека неговиот личен став е дека не постои оправданост за вакво зголемување. – Мислам дека банките ќе одговорат на она што е сентимет во ...
Од Исланд до Северна Македонија, потрошувачките цени драматично варираат низ Европа. Новите податоци на Евростат покажуваат каде секојдневните стоки и услуги чинат најмногу – и зошто самите цени не ја раскажуваат целата приказна. Истата потрошувачка кошничка може да чини речиси четири пати повеќе во зависност од тоа каде се наоѓате во Европа. Но, кои земји се најскапи и како можат да се споредат праведно? Индексите на ценовни нивоа на ...
Регулаторната комисија за енергетика анализира проширување на евтината тарифа за струја од сегашните два на четири часа во текот на денот, како и нејзино воведување во сабота, најави претседателот на РКЕ, Ацо Ристов. Според предлогот, дневната евтина тарифа би можела да важи од 11 до 15 часот, кога производството од фотоволтаичните централи е највисоко, а на берзите често се појавува вишок електрична енергија со многу ниски, па дури и нулти ...
Менаџерот на хеџ-фондот, Ли Робинсон оствари добивка од 900 отсто за време на глобалната финансиска криза, претворајќи позиција од 20 милиони долари во 200 милиони долари благодарение на навремени облози против американскиот пазар на високоризични хипотекарни кредити. Денес тој гледа нова можност, бидејќи ризиците се зголемуваат околу приватните кредити. Но, наместо директно да се обложува против тој сектор, Робинсон се фокусира на можните ...
Гувернерот Трајко Славески смета дека работниците што ќе се пензионираат според вториот пензиски столб, нема да може да земаат ниту најниска пензија. Славески сподели на својот икс-профил интервју направено во 2024 година, во кое зборува на тема втор пензиски столб и одговара на прашањето: зошто ќе бидат разочарани тие што очекуваат пензија од вториот пензиски столб? – Во 2030 година и во 2032 година, кога ќе почнат да се исплаќаат редовните ...
И покрај тоа што во изминатите неколку години цените на становите во Скопје бележат континуиран раст, кириите не го следат истото темпо. Според експертите за недвижности, една од главните причини е зголемената понуда на новоизградени станови, која создаде конкуренција на пазарот за изнајмување и го ограничи растот на закупнините. Токму поради релативно ниските кирии во споредба со другите европски градови, Скопје во последните години станува ...
Македонската економија повторно испраќа сигнал кој економистите го следат со внимание. Потрошувачката останува релативно стабилна, но увозот продолжува да расте побрзо од извозот. На прв поглед тоа изгледа како обична статистика, но зад бројките се крие прашање што директно влијае врз животниот стандард, домашното производство и идниот економски раст. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, во текот на 2025 година ...
На прв поглед бројките изгледаат контрадикторно. Од една страна, банките секој квартал објавуваат раст на депозитите на населението, а од друга страна голем дел од граѓаните велат дека животот станува сè поскап и дека на крајот од месецот остануваат со сè помалку пари. Како е можно банкарските штедни влогови да растат, а истовремено многу семејства да чувствуваат финансиски притисок? Податоците покажуваат дека македонскиот банкарски сектор ...
Соединетите Американски Држави се заканија дека ќе ги прекинат испораките на течен природен гас за Европската Унија доколку блокот не ги олабави регулативите за метан, изјави министерот за енергетика Крис Рајт. ЕУ одлучи да не потпишува нови договори од 2027 година, освен ако увозниците не ги почитуваат регулативите за метан, објавуваат медиумите. – Без значајна реформа на ова правило (за метан), Европа ќе претрпи значителни и целосно ...
Примарниот показател за цените на Федералните резерви се искачи на највисоко ниво од 2023 година, зајакнувајќи го неодамнешниот строг став на централната банка за инфлацијата. Со исклучок на храната и енергијата, индексот на цените на личните трошоци за потрошувачка покажа годишна стапка од 3,4 отсто откако се зголеми за 0,3% за месецот, и двете во согласност со консензусот на Дау Џонс. Основното отчитување беше највисоко од октомври 2023 ...
Во Србија, просечната бруто плата во април оваа година изнесувала 168.008 динари, додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) изнесувала 121.805 динари(1 040 евра), објави денес Републичкиот завод за статистика на Србија. Во споредба со истиот месец од претходната година, просечната бруто плата за април 2026 година била номинално повисока за 11,4 проценти, а реално за 7,8 проценти, додека просечната нето плата била номинално ...
Комерцијална банка АД Скопје ги потсетува клиентите дека преку апликацијата мБанка можат да ги користат своите банкарски производи од кое било место и во кое било време. Услугата е достапна 24 часа на ден и овозможува целосно независно користење на банкарските услуги, без оглед на работното време на Банката. Од Комерцијална банка ги повикуваат корисниците да ја активираат мБанка и да добијат побрз и поедноставен пристап до своите банкарски ...
Добивај вести на Viber Во рамките на ексклузивен и визуелно спектакуларен настан, Порше Македонија официјално ја претстави новата ера на луксузните SUV возила на македонскиот пазар – целосно електричниот Porsche Cayenne Electric. Настанот, кој ги собра на едно место водечките бизнис лидери, јавни личности, автомобилски ентузијасти и претставници на медиумите, беше модериран од една од највлијателните македонски инфлуенсерки, Миа Костова. ...
Добивај вести на Viber Една од најочекуваните игри во светот на gaming индустријата, Grand Theft Auto VI, е веќе достапна за преднарачка во Анхоч. Новото продолжение од Rockstar Games официјално излегува на 19 ноември 2026 година за PlayStation 5 и Xbox Series X|S, а сите гејмери кои сакаат навреме да го обезбедат својот примерок, можат да направат преднарачка преку продажната мрежа на Анхоч или онлајн на anhoch.com По години исчекување, GTA ...