Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека ја злоупотребува состојбата со водоснабдувањето во Гостивар за политички цели и дека шири паника и дезинформации меѓу граѓаните. Во партиското соопштение се наведува дека СДСМ, предводена од Венко Филипче, наместо да понуди решенија, ја користи актуелната состојба за политички маркетинг и создавање вознемиреност кај јавноста. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека владините институции реагирале навремено и дека проблемот со ...
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи Охридскиот Регион да не биде впишан на Листата на светско наследство во опасност, со што го задржа статусот на заштитено светско културно и природно наследство. Со одлуката, на државата ѝ е даден дополнителен рок од вкупно пет години за спроведување на препораките за заштита на природното и културното наследство. Македонската делегација, предводена од амбасадорот Игор Николов, ја потврди ...
Американскиот претседател Доналд Трамп е сè пофрустриран од војната со Иран, која влегува во петтиот месец, а негови советници стравуваат дека конфликтот може да го обележи вториот мандат и негативно да влијае врз републиканците на претстојните избори за Конгресот, објави „Волстрит журнал“, повикувајќи се на извори запознаени со случувањата. Според весникот, Трамп сè помалку верува дека преговорите можат да донесат траен мир и сега смета ...
Петнаесет години по смртта на Ејми Вајнхаус, нејзината мајка Џенис изјави дека пејачката станала „жртва на сопствениот успех“ и дека славата никогаш не била нешто што го посакувала. „Не го сакаше тоа, но славата едноставно ја следеше“, рече Џенис во интервју, додавајќи дека Ејми била несигурна и дека токму затоа алкохолот ѝ станал начин привремено да ја ублажи болката. По смртта на пејачката во 2011 година, семејството ја основало ...
Земјотрес со магнитуда од 4,5 степени ноќеска ја погоди Австрија, со епицентар во областа Земеринг, а беше почувствуван и во делови од Словенија. Според австриската геолошка служба, потресот бил на длабочина од четири километри, а граѓаните пријавиле дека се почувствувал во источниот дел на Долна Австрија, Штаерска, како и во Виена. Во земјотресот е причинета помала материјална штета, а пожарникарите интервенирале поради одрони од карпи на ...
Дел од корисниците во Општина Центар денеска привремено ќе останат без електрична енергија. Според известувањето од ЕВН Македонија АД, прекинот е предвиден во периодот од 9:00 до 11:30 часот и ќе ги опфати корисниците од улицата „Белградска“. Текстот Дел од Центар денес без струја е превземен од МАКФАКС. Дел од корисниците во Општина Центар денеска привремено ќе останат без електрична енергија. Според известувањето од ЕВН Македонија АД, ...
СДСМ ја обвини Владата и ВМРО-ДПМНЕ дека поради, како што наведува, институционални пропусти во случајот со загадената вода во Гостивар, последиците сега ги трпат и приватните бизниси. Партијата посочува дека, според податоците на Агенцијата за храна и ветеринарство, досега се изречени 30 казни и 12 забрани за работа, при што засилените инспекциски контроли продолжуваат. „Ниту еден од овие луѓе не е виновен. Тие се жртви на туѓа грешка“, ...
Со јасна цел, создавање професионален, ефикасен и модерен јавен сектор кој ќе биде вистински сервис на граѓаните, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години презеде конкретни и суштински чекори за реформа на јавната администрација, велат од владејачката партија утрово преку соопштение. „Усвојувањето на Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за стручно усовршување и обука на ...
СДСМ побара оставки oценувајќи дека случајот со загадената вода во Гостивар не е изолиран инцидент, туку доказ за, како што наведува партијата, системски пропусти во заштитата на јавното здравје. Во соопштението СДСМ тврди дека, покрај Гостивар, небезбедна за пиење е и водата во Валандово и Крушево, како и дека во Болницата за белодробни заболувања во Лешок биле пронајдени колиформни бактерии. Партијата поставува прашања дали биле преземени ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ги доведе во прашање снимките и фотографиите поврзани со воздушниот напад врз училиште за девојчиња во јужен Иран, во кој, според извештаите, загинаа 120 деца и десетици наставници и родители. Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп изјави дека е можно снимките на кои се гледаат остатоци од американски ракети „Томахавк“ да се генерирани со вештачка интелигенција. Trump is now calling evidence of US bombing of ...
Според бројни традиции и психолошки толкувања, четири хороскопски знаци се издвојуваат по својата ментална сила, отпорност и способност да се справат со стресот. Овнот е познат по борбеноста и способноста да остане смирен и во најтешките ситуации. Бикот се издвојува со дисциплина, трпение и истрајност, што му помага да ги остварува своите цели. Лавот има храброст да биде свој и не потклекнува лесно под притисокот од околината. Рибите, пак, ...
Њујоршката полиција истражува напад со нож во кој вчера на Менхетен беа повредени двајца мажи – еден со азиско, а другиот со еврејско потекло – откако сведоци и жртвите изјавиле дека напаѓачот за време на нападот извикувал „Алаху акбар“. Полицијата го уапси 51-годишниот Раул Моралес, а мотивот за нападот сѐ уште се истражува. Според првичните информации, можно е психичката состојба на осомничениот да имала значајна улога во инцидентот. ...
Тест-модел на „Опен АИ“ за време на интерна проверка на сајбер-безбедност успеал да излезе од изолираното тест-опкружување и да пристапи до сервери на платформата Hugging Face, објави CNN. Претседателот на „Опен АИ“, Грег Брокман, изјави дека компанијата спроведува детална истрага за да утврди како дошло до инцидентот. Според CNN, моделот искористил дотогаш непозната ранливост во софтвер од трета страна, пронашол пристап до интернет и до ...
Логистички центри на најголемата руска онлајн продавница Wildberries, позната како „рускиот Амазон“, во Санкт Петербург, Твер и на окупираниот Крим биле погодени во напад со украински беспилотни летала, објави Kyiv Independent, повикувајќи се на руски извори. Гувернерот на Санкт Петербург, Александар Беглов, потврди напад со дронови врз објекти на цивилната инфраструктура, додека гувернерот на Ленинградската област соопшти дека во нападот ...
Околу 20.000 луѓе се евакуирани од југозападна Франција, каде што голем шумски пожар продолжува да се шири низ регионот Жиронд, јавува BBC. Огнената стихија досега уништила околу 3.400 хектари земјиште во близина на заливот Аркашон. Во гаснењето на пожарот се вклучени околу 700 пожарникари, а најголем дел од евакуираните се туристи сместени во кампови на полуостровот Леж-Кап-Фере. Властите соопштија дека евакуацијата се одвива без повредени, ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја координира акцијата за снабдување на граѓаните на Гостивар со вода за пиење и техничка вода поради епидемијата што го зафати градот. Во моментов на терен се распоредени четири цистерни со вода на повеќе локации во градот, а во текот на денот се очекува да пристигнат уште девет цистерни и еден камион со резервоар за вода од повеќе општини и од Армијата. Според ЦУК, денес на располагање на граѓаните се ...
Британската влада соопшти дека вооружените сили се подготвени да ја заштитат земјата од каков било напад, откако Иранската револуционерна гарда го предупреди Лондон поради дозволата американски бомбардери да користат британски воени бази. „Обединетото Кралство е подготвено 24 часа на ден, седум дена во неделата да се брани“, изјави портпарол на британската влада. Тој нагласи дека одбраната се темели на повеќеслоен систем за противвоздушна и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за „Аксиос“ дека сериозно размислува повторно да започне големи воени операции против Иран, вклучително и напади што би биле поголеми од оние изведени во операцијата „Епски бес“. Во краток разговор за американскиот медиум, Трамп призна дека таквата одлука би имала сериозни последици, но нагласи дека сѐ уште не донел конечна одлука. Тој не прецизираше кога би можел да одлучи дали ќе нареди нова ...
Времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 литри на метар квадратен). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 километри на час). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени. Во Скопје, ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија ќе го засили притисокот врз поморскиот коридор за извоз на украинско жито и ќе направи сѐ за да го блокира. „Тоа го сфативме уште пред неколку месеци. Ќе направат сѐ за да го блокираат житниот коридор. Вчера ниту еден брод не успеа да влезе во пристаништето бидејќи ги напаѓаа сите пловила. Притисокот само ќе се зголемува“, изјави Зеленски, пренесува „Украинска правда“. Поради ...
Во пресрет на финалната вечер на 8. издание на „Фолк Фест“, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес ги пречека организаторите и претставниците на ансамблите учесници од Мексико, Парагвај, Порторико, Грузија, Литванија, Бугарија, Турција, Романија, Полска, Естонија, Македонија, Косово и Босна и Херцеговина. За време на средбата, делегациите ги претставија традициите и културите на земјите од кои доаѓаат, а беше истакнато и ...
Техничкиот проект за изградба на осумте километри од патот што недостигаат меѓу Струмјани и граничниот премин „Клепало“ се очекува да биде готов во рок од еден месец. Потоа треба да почнат активностите за изградба на преминот и целокупната пристапна инфраструктура. Ова во Благоевград го соопшти заменик-министерката за регионален развој и јавни работи на Бугарија, Десислава Георгиева, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна. Таа потсети дека во април ...
Општина Кисела Вода започнува процедура за обесштетување на граѓаните кои претрпеа материјални штети од силното невреме што го погоди подрачјето на Град Скопје на 21 јули 2026 година. По одржаниот координативен состанок со Градот Скопје, во Општина Кисела Вода итно се формираше Комисија за утврдување на фактичката состојба на терен. Со ова започнува процесот за прием на барања, што е предуслов за обесштетување на граѓаните, а ќе се реализира ...
ИКАРУС Еlectric Zrt во заедничка понуда со ЕВН достави најниска понуда на електронската аукција за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење, соопшти Министерството за транспорт. На јавниот повик понуди доставиле четири компании – Xiamen Golden Dragon Bus Co., Ltd., YES-EU DENMARK A/S YUTONG, BMC Otomotiv Sanayi ve Ticaret Anonim Sirketi и IKARUS Electric Zrt во заедничка понуда со ЕВН. По евалуацијата, Комисијата за јавни ...
Министерот за правда, Јетон Шасивари, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Косово во Република Северна Македонија, Флоријан Ќехаја, на која беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка и интензивирање на партнерството во областа на правдата и евроинтеграциите. „Македонија и Косово, како добри соседи и партнери, ја делат истата визија за стабилен регион заснован на владеење на правото, ...
Венко Менгеле е последниот кој има кредибилитет да говори за здравството во Македонија. Исто така за кризата во Гостивар, наместо прашања и обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ и Владата предводена од претседателот Мицкоски, нека се состане со неговите коалициони другари Ахмети и Таравари и нека побараат одговорност за скандалот во Гостивар директно од градоначалникот Валбон Лимани, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека, ...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со Баграт Тунјан, координатор за Република Македонија од СИГМА – заедничката иницијатива на ОЕЦД и Европската Унија. На средбата беше разговарано за тековните активности поврзани со реформата на јавната администрација, како и за подготовките за претстојната оценска мисија на СИГМА, која ќе се фокусира на следењето и оценувањето на напредокот во спроведувањето на ...
Демократската унија за интеграција уште еднаш го повика градоначалникот на Град Скопје веднаш да го отстрани незаконскиот билборд за добредојде и да го замени со билборд што, како што велат, целосно ги почитува законските обврски за употреба на албанскиот јазик. „И покрај бројните реакции на граѓаните и јавноста, Град Скопје продолжува да ја игнорира двојазичноста и мултиетничкиот карактер на главниот град. Исклучувањето на албанскиот јазик ...
Отворена е сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст за собирање средства за помош на Гостивар. „Црвениот крст е на терен и активно спроведува активности за поддршка на погоденото население, а и во наредниот период ќе продолжи со своите хуманитарни активности со цел да обезбеди помош таму каде што е најпотребна. Секоја донација, без разлика на нејзината висина, претставува значајна поддршка за погодените семејства и ќе помогне во ...
Во организација на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, со поддршка од СЗО, денеска, во Владата се одржа работилница посветена на унапредување на управувањето со боледувањата во Македонија. Во рамки на работилницата беа презентирани податоци за состојбата во земјава, предизвиците со кои се соочува системот, европските политики и искуства за подобрување на управувањето со боледувањата. -Целта на работилницата е ...