Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Во Клиничкиот центар и во болницата „Св. Наум Охридски“ по вчерашното невреме лекарска помош побарале 33 повредени. 22 побарале помош во „Св Наум Охридски“, а 11 во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Најголем број од повредените биле со скршеници, еден бил опериран, а меѓу повредените е и еден турист. „ Во Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’, односно во ТОАРИУЦ, има згрижено 11 повредени од синоќешното невреме, од кои тројца се со посериозни ...
Продолжува да се намалува бројот на пациенти во Гостивар ко бараат лекарска помош. Министерот за здравство Сашо Клековски кажа дека бројката на граѓани кои бараат медицинска помош за еден ден се намалил за 100. „На темата на епидемијата во Гостивар, можам да кажам дека сме во понатамошен смирувачки тренд на епидемијата. Од вчерашната информација дека имавме околу 290 пациенти со прв контакт со доктор, денеска се 190 и соодветно. Значи имаме ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање која е материјалната штета направена од вчерашното невреме во Скопје и дали Владата ќе помогне, истакна дека Владата не ги оставила граѓаните сами да се снаоѓаат никогаш. „Никогаш оваа Влада не ги оставила граѓаните сами да се снаоѓаат. Јас им благодарам на институциите и на градоначалниците што во текот на вечерта и веднаш после епското невреме кое што вчера го зафати ...
Во Гостивар се случи масовно труење на граѓаните, институциите, системот, целосно потфрлија во заштита на здравјето на луѓето и за тоа мора да има и кривична и политичка одговорност, истакна на прес-конференција Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ. Граѓаните, вели таа, мора да ја знаат целата вистина, да знаат што се случило, зошто труењето не се спречило, каде затаиле институциите, зошто нивното здравје беше загрозено. „Сите ...
Инцидент на железничката станица Њугати во Будимпешта ја обележа посетата на унгарскиот премиер Петер Маѓар и министерот за транспорт и инвестиции Давид Витези, кои беа цел на напад од страна на маж. Тој им се приближи, разговараше со нив, а потоа плукна по нив, објавија денес унгарските медиуми. Маѓар и Витези се упатија кон железничката станица Ракошпалота-Ујпешт, каде што требаше да го презентираат Планот за развој на железницата „Габор ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции порача дека додека Европската Унија го забрзува процесот на проширување, Македонија останува единствената земја кандидат која не бележи никаков напредок. Филипче посочи дека регионот се движи напред, а Македонија стагнира во момент кога Европската Унија јасно покажува дека проширувањето е еден од нејзините клучни приоритети, што се потврдува и ...
За разлика од кадарот на СДС, ДУИ и Таравари, во името на Валбон Лимани, кои освен што задоцнија со мерките и помошта на граѓаните, не се ни извинија и оградија од нивниот кандидат, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа и докажа како треба да се справуваме во време на криза, посочуваат од владејачката партија. Над 60 тони вода, каоо што појаснуваат во соопштението, секојдневно гостиварчани добиваат за пиење и технички потреби од страна на ...
Според „Severe Weather Europe“, екстремен топлотен бран веројатно ќе ги покачи температурите на Иберискиот Полуостров на помеѓу 45 и 47 степени Целзиусови оваа недела. Причината е продор на многу топол воздух директно од Сахара, додека нова термална купола се зацврстува над југозападниот дел од континентот, објавуваат медиумите во регионот. Највисоката температура досега измерена во Шпанија била 47,6 степени, забележана на 14 август 2021 ...
Додека сонцето заоѓа над хоризонтот, пејзажот се менува во палета од златни, портокалови и розови нијанси, создавајќи незаборавни сцени. Европа нуди безброј места каде што зајдисонцата се едни од најубавите искуства. Ова се само некои од најинтересните. Едно од најпознатите места каде што зајдисонцата се издвојуваат е градот Оја на грчкиот остров Санторини. Белите куќи со сини покриви, карпите над тиркизното море и сонцето што исчезнува зад ...
Делумно затемнување на сонцето ќе ги воодушеви набљудувачите на небото во Европа на 12 август, а Сонцето целосно ќе исчезне во источен Гренланд, западен Исланд и делови од Шпанија, како и на Балеарските Острови и западниот Медитеран. Космичкиот настан ќе биде делумно видлив за луѓето низ цела Европа и од делови од Северна Африка, достигнувајќи до Украина и Мароко. Ирска, Велика Британија, Франција, Португалија, Италија, Швајцарија и Алжир се ...
Времето денеска, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Според УХМР, ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во западните делови ќе дува слаб до умерен, повремено засилен западен ветер. Во Скопје, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има ...
Валбон Лимани, кандидатот на Филипче, Ахмети и Таравари, покажа дека за него најважно е да ја зачува функцијата, а не довербата на граѓаните. Наместо да излезе пред јавноста со чувство на одговорност и да признае дека како градоначалник ја носи најголемата одговорност за случувањата во Општина Гостивар, тој избра да се огради од скандалот со водата и да порача дека не чувствува никаква морална одговорност, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Токму тоа, ...
Во текот на вчерашната ноќ и утринава, ЈП Комунална хигиена-Скопје соопшти дека спроведува засилени активности за расчистување по обилните дождови што вчера го зафатија градот. Појаснуваат дека во координација со Градот Скопје, екипите на Претпријатието се реализираат активности за расчистување на јавните и на сообраќајните површини, со цел да се овозможи проодност на движењето на пешаците и безбедно одвивање на сообраќајот. „Се реализираат ...
На граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје е запленет накит „Сваровски“ во вредност од 333 илјади денари, откако царинските службеници го открија при детална контрола на патничка на влез во државата, соопшти Царинската управа. Според соопштеното, станува збор за македонска државјанка која пристигнала со лет од Загреб, при што на влез во државата со намера да избегне плаќање увозни давачки, се упатила на зелениот наместо на црвениот ...
Општина Центар ги информира граѓаните дека средствата предвидени за субвенционирање на купување велосипеди и е-велосипеди се целосно исцрпени. Поради тоа, јавниот повик за оваа мерка повеќе не е активен и по објавување на извесувањево нема да се примаат нови барања во архивата на Општина Центар. Јавниот повик за субвенционирање на велосипеди и е-велосипеди, отворен на 29. 04.2026 се реализираше по принципот „прв дојден, прв услужен“, до ...
Началникот на Здружениот генералштаб на вооружените сили на Соединетите Американски Држави, генерал Џон Кејн, изјави дека не ја смета Русија за пријател на Америка, оценувајќи дека односите меѓу Вашингтон и Москва остануваат сложени. Кејн го изјави ова за време на сослушувањето пред Комитетот за буџет на Сенатот, каде што се разгледуваше барањето на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за дополнително финансирање на Пентагон во ...
Денес од десет часот ќе биде сопрена водата кај дел од корисниците на улицата Златко Шнајдер во Центар. Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ извести дека ќе изведува водоводен приклучок на Златко Шнајдер број 9 поради што прекин ќе имаат корисниците кои се на истата улица. Текстот Денес без вода дел од корисниците на улицата Златко Шнајдер во Центар е превземен од МАКФАКС. Денес од десет часот ќе биде сопрена водата кај дел од ...
Невремето предизвика најголеми последици на подрачјето на СВР Скопје, каде до 22:00 часот биле евидентирани 117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари и 10 повредени лица, соопшти МВР. Дополнително, биле оштетени повеќе објекти од витално значење, меѓу кои објектите на ОЈО ГОКК, комплексот „Вили Водно“, Аеродромската полициска база Петровец, објектот „Нова Македонија“, како и објектите ...
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска (22.07.2026 година, среда) без електрична енергија ќе бидат: -во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците од ул.4 во Зелениково(општина Зелениково) -во периодот од 12.00 до 15.00 часот дел од корисниците од дел од ул. Китка, лево од гробиштата по ридот (општина Кисела Вода). Текстот Без струја делови од Зелениково и улицата Китка во Кисела Вода е превземен од МАКФАКС. Од ЕВН Македонија ...
ОЈО и Савевски ја ставија тајноста на истрагата над здравјето на граѓаните, реагираат од СДСМ. „Случајот со труењето во Гостивар разоткрива опасен и неприфатлив преседан: Обвинителството и надлежните институции ја ставија бирократската процедура и наводната „тајност на истрагата“ над уставното право на граѓаните на безбедна животна средина и здравје. Загадувањето на водата започнало уште на 25 јуни. Наместо веднаш да реагираат, здравствените ...
По долгиот и исцрпувачки период на екстремна топлина што го погоди европскиот континент, се случува голем атмосферски пресврт што носи освежување во источната половина на Европа. Централна Европа и Балканот, кои се бореа со урбани топлински бранови и серија тропски ноќи, се соочуваат со значителен пад на температурите оваа недела. Како што објави метеоролошката веб-страница „Severe Weather Europe“ (SWE), оваа промена во временските услови е ...
Врховната здружена воена команда на Иран објави дека ќе ги таргетира целите што ги претставуваат интересите на Соединетите Американски Држави и нивните сојузници, доколку САД ги таргетираат нуклеарните објекти на Иран. Откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД „многу наскоро“ ќе го нападнат планинскиот предел Пијук каде што се сомнева дека Иран има нуклеарна програма, Централниот штаб на Иран, Хатем ал-Анбија, објави дека ...
Азир Алиу Во романот „Сјајот и падот на другарот Зило“, Дритеро Аголи не создава само сатиричен портрет на функционер опиен од власта. Тој ја деконструира логиката на владеење во која зборовите ја заменуваат работата, состаноците–одлуките, а одговорноста се губи низ ходниците на администрацијата. Другарот Зило остава впечаток дека е секогаш зафатен. Развива концепти, поставува насоки, иницира извештаи, организира состаноци и настојува секоја ...
Градот кршеше шофершајбни на автомобили, силниот ветер корнеше дрвја и однесе делови од фасади, додека поројните води затрупаа некои градски улици со камења, земја и урнатини, во делови од Црна Гора. Sieh dir diesen Beitrag auf Instagram an Ein Beitrag geteilt von Pvportal (@pvportal.me) Според досегашните информации, нема повредени, објави локалниот „PV портал“. Sieh dir diesen Beitrag auf Instagram an Ein Beitrag geteilt von Radio i ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупреди дека ново невреме, кое во моментов се движи од Албанија и Косово, се приближува кон Македонија. Според најавата, за разлика од претходното невреме кое беше проследено со силен ветер, овој атмосферски систем, според најавеното, може да донесе пообилни врнежи од дожд и појава на град. Текстот Пообилни врнежи: ново невреме кон Македонија доаѓа од Албанија е превземен од МАКФАКС. Управата ...
Алијансата за Албанците оценува дека последните резултати од микробиолошките анализи на водата од четири мерни точки во Гостивар покажуваат дека ситуацијата се подобрува и е во процес на стабилизација. Ги повикуваат граѓаните и понатаму да се придржуваат до препораките на надлежните институции и информациите да ги добиваат од официјални извори. „Нивната загриженост е целосно разбирлива и оправдана, но во овој момент се потребни смиреност, ...
Германија беше потресена од случајот, кој судијата го опиша со зборовите: „Ова го остава човекот без зборови“. Покраинскиот суд во градот Ицех ги осуди мајката и таткото кои ја оставија својата четиримесечна ќерка да умре од глад на доживотен затвор. Судот утврди дека станува збор за убиство со тешка злоупотреба на дете кое било под нивна непосредна заштита. Претседавачкиот судија Јохан Ломан, изрекувајќи ја пресудата, рече дека ова е еден ...
Денеска до 18:00 часот биле регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи. Од нив активни се 4 пожари, 2 пожари се под контрола, а 8 пожари се изгаснати . Активни пожари според ЦУК има во Општина Штип – с. Пенуш (депонија); Општина Прилеп – с. Локвени (ниска вегетација и шума); Општина Крушево – с. Јакреново (нискостеблеста шума); Општина Крушево – с. Пресил (ниска вегетација). Пожари под контрола: ...
Општина Центар информира дека сите расположливи служби се максимално мобилизирани и интензивно работат на расчистување и санирање на последиците од силното невреме што го зафати градот. “Веднаш е свикан кризниот штаб, по што уследија теренските активности. Приоритет се јавните површини, општинските сервисни улици и отстранувањето на откорнатите дрва и оштетените покривни конструкции. Во моментов, активностите се најинтензивни во Капиштец, ...
Силното невреме проследено со силен ветер кое го погоди Скопје, остави зад себе паднати дрвја и искршени гранки низ повеќе локации скопска Кисела Вода. од таму известуваат дека Кризниот штаб на општината е веднаш активиран, а сите расположливи служби се веќе излезени на терен. „Во моментов интензивно се работи на сечење и отстранување на паднатите дрвја и расчистување на блокираните улици и јавни површини. За побрзо и поефикасно санирање на ...