Илјадници луѓе се собраа во Приштина носејќи транспаренти на етничката албанска Ослободителна војска на Косово (ОВК) за да протестираат против судењето на поранешните водачи на ОВК, обвинети за воени злосторства во периодот помеѓу 1998 и 1999 година. Поранешниот претседател Хашим Тачи, поранешните претседатели на парламентот Јакуп Красниќи и Кадри Весели, како и поранешниот пратеник Реџеп Селими беа уапсени во 2020 година и испратени на ...

Новата ера во железничкиот сообраќај меѓу Унгарија и Србија би можела да почне за неколку недели со воведување модерни возови од кинеско производство на линијата Будимпешта–Белград. Во меѓувреме, на унгарската делница веќе се спроведуваат тестирања со големи брзини, а првите информации велат дека патувањата нема да бидат само побрзи, туку и значително поудобни, пишува „Дејли Њуз Хангари“. Српската државна железничка компанија Србија Воз ги ...

Денеска беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Уставниот суд и Академијата за судии и јавни обвинители, со цел унапредување на меѓуинституционалната соработка, размена на знаења и искуства, како и зајакнување на професионалните капацитети во областа на уставното право и правосудниот систем. Со Меморандумот се предвидува организирање на заеднички обуки, семинари, конференции и други стручни настани, како и размена на експерти и ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со Петер Ваги, виш советник во OECD/SIGMA, на која беа разгледани клучните реформски процеси во областа на јавната администрација, со посебен акцент на подготовката на Законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите, како и на Закон за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ). На средбата се дискутираше за принципите на ...

ЦИВИЛ – Центар за слобода изразува сериозна загриженост по одлуката на Апелацискиот суд во Скопје што ја потврди пресудата против новинарот и уредник Насер Селмани, кој е осуден за клевета и навреда поради изнесен став во јавна дебата поврзана со медиумската независност и притисоците врз уредувачките политики. Тужбата е поднесена од ТВ Канал 5 и нејзиниот директор Иван Мирчевски. Пресудата се темели на изјави на Селмани во кои тој укажа дека ...

Полска подготвува барање за отштета од Русија за злосторства извршени за време на советската доминација, потег што следи по претходното барање за исплата на 1,3 милијарди евра од Германија за злосторства од Втората светска војна, пишува „Фајненшл тајмс“. Бартош Гондек, директорот на институтот на кој премиерот Доналд Туск му довери истражување на руските историски злосторства, рече дека истрагата ќе биде многу посеопфатна од онаа за ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека земјата им помага на Соединетите Американски Држави подобро да ја разберат ситуацијата во Централна Европа и конфликтот во Украина со цел да се олесни мирното решение. Коментирајќи ја посетата на американскиот државен секретар Марко Рубио на Будимпешта, Орбан оцени дека посетата им била од помош на САД. „Америка е далеку, Централна Европа е комплицирана, тешка за разбирање, а перспективата на ...

Русија би можела да ја користи својата морнарица за да ги спречи европските сили да ги запленат нејзините бродови, а исто така би можела да возврати и на европскиот превоз ако бидат запленети руски бродови, изјави Николај Патрушев, близок сојузник на претседателот Владимир Путин. Западните земји се обидуваат да ја исклучат Русија од глобалната трговија и да ѝ го одбијат финансирањето со воведување на повеќе од 30.000 санкции поради војната ...

Врховниот лидер на Иран се закани дека ќе испрати американски носачи на авиони „на дното на морето“, додека започнуваат разговорите во Женева за да се избегне војна. Но, Хамнеи го отфрли американското воено засилување во Персискиот Залив откако Доналд Трамп минатата недела нареди распоредување на втор носач на авиони во регионот. „Тие постојано велат дека испратиле носач на авиони во Иран“, рече врховниот лидер на Исламската Република. ...

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода осум возачи, од кои седум за возење без возачка дозвола и еден со забрана за управување возило од Б категорија и под дејство на алкохол, соопшти МВР. Двајца возачи во Скопје и по еден возач во Прилеп, Неготино, Тетово, Кочани и Делчево управувале возило без возачка дозвола. Додека еден возач во Виница управувал возило иако имале мерка забрана ...

Заев и Филипче летаа со хеликоптер од Скопје до Прилеп, ДУИ користеа авион до Ниш – времето на злоупотреба на државни ресурси заврши, Владата на ВМРО-ДПМНЕ е посветена на работа која носи резултати, велат од владејачката партија. „СДС повторно покажува дека нема никаква визија и идеја за развој на Македонија. СДС без идеи секојдневно растура пердуви во јавноста и шири дезинформации. Јавноста добро памети дека Заев и Филипче одеа на настани ...

Со тројца повеќе работници од вообичаено, 24 наместо досегашните 21, Сојузот на синдикати на македонија (ССМ) денес ја блокираше Владата, не им дозволи на министрите со автомобил да стигнат до работните места и од улица им кажаа дека бараат минималната плата да се зголеми на 600 евра, а сите останати да се зголемат за 100 евра. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов објасни дека бројката на работници кои блокираат денес намерно е ...

Обвинителките Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески добија позитивно мислење од Советот за јавни обвинители. Петтиот кандидат, судијата Владимир Панчевски, уште пред почетокот на разгледувањето на кандидатурите беше исклучен од постапката за избор поради неисполнување на условите, односно има прекини во извршувањето на функцијата судија, која не ја врши ниту сега. Постапката за избор на нов ...

Општина Центар објави јавен повик за ангажирање лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби во рамки на проектот „Образование за сите“, за учебната 2025/2026 година. Право на пријавување имаат лица со најмалку завршено средно образование. Предност имаат кандидати со соодветно високо образование, претходно искуство во работа со деца со попреченост или лиценца за личен асистент, како и долгорочно невработени лица, млади до 29 ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре, на покана на министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, заедно со колегите од Италија, Бугарија и Романија, ќе учествува на Министерскиот состанок „Коридор VIII во стратешкиот момент на Европа: Поврзаност, отпорност преку воена мобилност и споделен просперитет преку интеграција“. На состанокот ќе стане збор за актуелните ...

Првото затемнување на сонцето во 2026 година ќе се случи на 17 февруари, а неговата енергија ќе биде исклучително важна за седум хороскопски знаци кои можат да очекуваат големи промени. Последното затемнување на сонцето во Водолија се случи во февруари 2018 година, а таков феномен во еден знак се случува околу еднаш во една деценија. Затемнувањата на сонцето носат сурова, а понекогаш и вознемирувачка енергија, особено за знак во кој се ...

Тиктокерката Аби Буко го покажа својот веренички прстен на мрежата, но скапото парче накит предизвика лавина од коментари, бидејќи неговиот дизајн многу потсетува, како што велат корисниците, на „отварач за конзерви“. Иако станува збор за француско винтиџ парче од 1950-тите, украсено со дијаманти со вкупна тежина од 5,85 карати и цена од околу 20.200 евра, тоа не ги спречи корисниците да пишуваат хумористични коментари за необичниот дизајн. ...

Марго Роби и Џејкоб Елорди веќе некое време го промовираат филмот „Wuthering Heights“, базиран на истоимениот роман од Емили Бронте. По бројните премиери во Америка и Европа, актерите пристигнаа во Австралија и е потценување да се каже дека нивните изданија го привлекоа вниманието на јавноста – особено на Марго. Се чини дека една од најубавите актерки во светот ја зачувала својата најдобра креација за својата родна земја, бидејќи, во ...

На 28 ноември 2026 година, Скопје ќе биде дел од концертен проект што обединува две од најконзистентните и највлијателни музички имиња на регионалната поп-сцена, Тони Цетински и Нина Бадриќ. Настанот кој ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ е најавен како гала-концепт што ги става во фокус музиката, интерпретацијата и зрелата сценска енергија. Скопје одамна не бил домаќин на концерт во кој самото присуство на артистите е доволно за да ...

Ова е зоната каде што сте „повеќе од пријатели, но сè уште не сте пар“, каде што постои состанување, но „етикетата“ ја нема, а прашањето „каде води ова?“ изгледа како забранета мисла. Ако често се наоѓате во такви „речиси врски“, можеби не е виновен само начинот на кој ги избирате партнерите, туку и вашиот знак. Пет хороскопски знаци кои се кралеви на вакви врски: 1. Близнаци – мајстори за „нека оди се по својот тек“ Близнаците лесно се ...

По четири Белградски арени, Владо Георгиев со голем концерт во Скопје Еден од омилените балкански кантавтори, секогаш актуелниот Владо Георгиев на 20 март 2026 година ќе одржи голем солистички концерт во Скопје. По три рекордно распродадени концерти во Белградска арена и четврт концерт на 7 март за кој побаравувачката е голема, „Господски“ концерт ќе се одржи во спортскиот центар „Јане Сандански“. „На македонската публиката ќе ѝ биде ...

Скијач од Данска е пронајден на Попова Шапка, а според информациите од полицијата тој бил повреден од снежна лавина и со повреди е пренесен во болница во Скопје. Вчера во 14:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на Попова Шапка, кај местото викано „Церипашина“, екипа од друштво за спортски и други услуги со специјално возило во 16:10 часот го пронашла лицето Ф.М.Л. (24) од Данска, кој бил повреден од снежна лавина додека скијал. По ...

Јавно и недвосмислено укажуваме дека владиниот авион е користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење, согласно Правилникот за условите и начинот на користење на истиот. Секое користење е евидентирано, документирано и предмет на институционална контрола, велат од Владата, по обвинувањата од опозицијата дека премиерот и министри го користеле авионот за приватни цели. Од Владата велат дека ниту една активност не е ...

„При едно неодамнешно заловување, во текот на само еден ден, по женка во циклус, од шест заловени кучиња од страна на ЈП Лајка, дури пет биле со сопственик. Сопствениците дошле да ги подигнат од стационарот. Овој податок е алармантен и укажува на клучен аспект од каде извира проблемот, истакнуваат од Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“. Овој пример, како што велат, не значи дека тоа е единствениот извор на проблемот, туку ...

Бугарската пратеничка Деница Сачева (EPP/CD) поднесе писмено прашање бр. 806 до Комитетот на министри на Советот на Европа, во кое бара преземање мерки за ограничување на насилството и говорот на омраза против припадниците на бугарската етничка заедница во Република Северна Македонија, јавува Трибуна. Во прашањето се наведува дека Парламентарното собрание, Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ) и Комесарот за човекови ...

Во текот на следните шест години, Македонското еколошко друштво (МЕД) ќе спроведува нов меѓународен проект во рамки на програмата LIFE, чијашто цел е да се зголеми популацијата на белоглавиот мршојадец на македонска и грчка територија и со тоа да се придонесе кон зајакнување на целокупната популација на овој вид на Балканскиот Полуостров. Кофинансиран од Европската Унија, овој партнерски проект, покрај МЕД, ги поврзува Грчкото орнитолошко ...

Бугарија до крајот на 2026 година ќе ја заврши изградбата на првата во Југоисточна Европа набљудувачка станица на најголемиот нискофреквентен радиотелескоп во светот – LOFAR (Low Frequency Array), јавува БГНЕС, пренесува Трибуна. LOFAR е паневропски проект со 52 антенски станици во осум држави: Холандија, Германија, Полска, Франција, Ирска, Латвија, Шведска и Обединетото Кралство. Во тек е проширување со нови станици во Италија и Бугарија. ...

Во пукање на младински хокеарски натпревар во Потакет, во американската држава Род Ајленд, синоќа беа убиени две лица, а тројца други беа ранети, соопшти полицијата. Еден од загинатите е напаѓачот, кој си го одзеде животот по нападот. Според информации од два извори од полицијата, се чини дека напаѓачот пукал во членовите на своето семејство, пишува Си-ен-ен. Пукањето се случило на трибините зад една од клупите на играчите, на средина од ...

Велика Британија би можела да воведе забрана за социјални медиуми за деца под 16 години уште оваа година, следејќи го примерот на Австралија и затворајќи ја дупката во законот што ги остави чет-ботовите со вештачка интелигенција надвор од безбедносните правила. Австралија стана првата земја во светот што ги забрани социјалните медиуми за деца под 16 години во декември, блокирајќи ги од платформи како што се TikTok, YouTube, Instagram и ...

Чешкиот претседател Петр Павел изјави дека би било наивно да се очекува брз мировен договор меѓу Украина, Европа, Соединетите Американски Држави и Русија, нагласувајќи дека патот до договор ќе биде сложен и неизвесен. Во интервју за чешкиот портал Odkryto.cz, Павел оцени дека приближувањето на позициите на Киев, европските престолнини и Вашингтон е значајно поместување во споредба со претходниот период, обележан со бројни контрадикторни ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
39%
1013
weather icon

Белград

15ᴼ / 15ᴼ
5.14
29%
1015
weather icon

Загреб

18ᴼ / 17ᴼ
2.57
35%
1015
weather icon

Софија

13ᴼ / 12ᴼ
2.57
40%
1014
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
3.57
45%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
2.57
49%
1014
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
3.6
60%
1015
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
42%
1012
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
32%
1012
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
43%
1017
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 11ᴼ
8.23
54%
1016
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
1.54
54%
1017
Currency

61.645

Currency

53.8225

Currency

71.3668

Currency

37.7252

Currency

39.2671

Currency

68.1485

Currency

7.80626

Currency

0.66674

Currency

0.33746

Currency

0.52523

Currency

1.21814

Currency

0.58224

Бакар

11.51

Алуминиум

3.42

Иридиум

259874.72

Злато

160711.94

Платина

66005.48

Сребро

2551.92

Рутениум

56199.51

Родиум

369733.59

Цинк

0.00

Кобалт

3.86

Паладиум

49576.45

Калај

48.18