Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Повисоки сметки за данок на имот се очекува да добијат скопјани во наредниот период, затоа што Град Скопје, воден од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, во соработка со УНДП врши репроценка на вредноста на имотот на граѓаните, нешто што според нив не е направено повеќе години. „Не може становите да се продаваат по 2.500 евра за квадрат, а данокот да се плаќа на проценка од 1.200 евра“, тврдат од Град Скопје. Тоа е и една од причините зошто ...
Скопје денеска ја одбележува 63. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени. Во рамки на одбележувањето, делегација на Собранието составена од пратениците Сергеј Попов и Даниела Николова, во 10 часот ќе положи венец со цвеќе пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на гробиштата во Бутел. Во исто време, цвеќе ќе положат и претставници ...
Времето денес во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој во западните делови повремено ќе засилува и ќе биде од западен правец, додека долж Повардарието ќе дува од југоисток. Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, а дневните ќе достигнат од 28 до 35 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен ...
Следните неколку часа ќе бидат клучни за ставање на големиот шумски пожар кај Мадрид под контрола, соопштија шпанските власти. „Ќе вложиме максимални напори за да ги заштитиме објектите, домовите и населените места во ова подрачје. На терен работиме непрекинато сите овие часови“, изјави Франсиско Мартин Агире, претставник на шпанската влада во Автономната заедница Мадрид. оворејќи од командниот центар во Навалкарнеро, тој нагласи дека ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека размислува за целосна војна со Иран „доколку не добиеме 100 проценти од она што го сакаме“. Во интервју за францускиот канал LCI, тој потврди дека ќе се врати на воен конфликт доколку американските барања не бидат целосно исполнети. Трамп вчера ѝ наредил на американската војска да ги прекине нападите врз Иран, со што завршила серијата дневни напади што траеле речиси две недели. Трамп ...
Основното државно обвинителство во Улцињ донесе одлука за задржување до 72 часа на државјанка на Македонија со иницијали С.С., која се сомничи за кривичното дело „убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште“. Според информациите од обвинителството, инцидентот се случил во близина на Булеварот „Теута“, каде што осомничената, управувајќи автомобил „Мерцедес“, прегазила домашно куче од расата шарпланинец. Животното, кое било во ...
Службеник вработен во прилепскиот Центар за вработување побарал поткуп од 18.000 денари за да му помогне на жител од селото Бело Поле да не ја изгуби социјалната помош, како и неговата сопруга да ја стави на листата на лица што бараат работа. Полицијата го фатила вчера, кога му биле предавани последните 6.000 денари од поткупот. Откако оштетениот и неговата сопруга, корисници на социјална помош, на 23 април добиле СМС-порака од Агенцијата да ...
Министерот за здравство Сашо Клековски денеска ја посети Специјалната болница за белодробни заболувања во Лешок, по информациите во јавноста дека водата за пиење во установата не е исправна. Тој изјави дека состојбата со епидемијата во Гостивар постепено се стабилизира и дека бројот на нови пациенти значително се намалува. „Денеска се регистрирани 80 нови пациенти, што е двојно помалку во однос на претходните денови. Вкупно се евидентирани ...
Во електровлечната подстаница Драчево, која се наоѓа меѓу железничките станици Лисиче и Драчево, е извршена кражба од големи размери, при што е уништен значителен дел од електроенергетската опрема неопходна за функционирањето на железничката инфраструктура, соопштуваат од Министерството за транспорт. Според информациите од Министерството за транспорт, сторителите насилно превртеле два електроенергетски трансформатори, тешки повеќе од 30 ...
Подзаконските акти за Законот за органодарителство – уредбите и правилникот се ставени на јавна расправа на веб-страната на Министерството за здравство по што се очекува да поминат на седница на Владата. Со примената на Законот за органодарителство, најавена за 1 октомври годинава, граѓаните ќе може кај својот матичен лекар да потпишат согласност за органодарителство. Во Велес денеска се одржа панел дискусија за органодарителството, со цел ...
До 18 часот денеска на територијата на Македонија се евидентирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а осум се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во атарот на селата Плешинци и Стрмош во Општина Пробиштип, каде што гори ниска вегетација, грмушки и ниска шума, во кумановското село Винце, каде што е зафатена сува трева, како и на ...
Безживотно тело на 44-годишен маж е пронајдено денеска попладне покрај реката Босут во хрватскиот град Винковци. Телото било пронајдено околу 15:35 часот од полициски службеници, по што на местото на настанот бил извршен увид по налог на надлежното државно обвинителство, со стручна помош од судски лекар. Според првичните наоди од увидот, не се утврдени елементи што упатуваат на сторено кривично дело. Во текот на постапката е утврден ...
Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан упати остри критики до актуелната власт, оценувајќи дека Унгарија сè повеќе наликува на Венецуела и предупредувајќи на, како што рече, воспоставување авторитарен политички систем. Орбан изјави дека ваквите споредби најпрво ги слушнал од свои американски сојузници, по што и самиот заклучил дека во Венецуела бил развиен политички модел на кој, според него, европската левица со децении му се восхитува. ...
Поранешниот градоначалник на Општина Лозово, Ацо Велковски, преку објава на својот Фејсбук-профил упати критики до актуелниот градоначалник Бошко Цветковски и до локалната власт, тврдејќи дека дел од жителите на општината веќе една недела се соочуваат со проблеми во снабдувањето со електрична енергија и вода за пиење. Во објавата, Велковски реагира и на организирањето на манифестацијата „Овчеполска жетва 2026“, оценувајќи дека во услови кога ...
Во централниот дел на грчкиот остров Крф избувна шумски пожар, поради што локалната противпожарна служба прогласи тревога. Огнот зафатил подрачја во близина на Јанадес и Ливади Ропи, јавуваат грчките медиуми. На терен веднаш биле распоредени силни противпожарни екипи, кои со помош на копнени и воздушни сили се обидуваат да го стават пожарот под контрола пред да се прошири. Во акцијата учествуваат 18 пожарникари, припадници на 15-та ...
Полицијата синоќа во 19.30 часот во близина на крстосница од локален пат с.Богородица-Гевгелија и регионален пат Гевгелија-Богданци, го лишила од слобода Д.К.(36) од Струмица поради основи на сомнение за сторени кривични дела по член 418-Б, член 378 и член 297-а од Кривичниот законик. При контрола во возило „фиат стило“ со австриски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти, од кои четири од пакистан, две од ...
Полициски службеници од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода М.М.(18) од Куманово откако при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од бела прашкаста материја, боксирачи и пиротехнички средства. – По целосно документирање на случајот, против М.М. ќе следува соодветна пријава – информира МВР. Текстот Во Куманово пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице е превземен од ...
Вчера околу 08:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во соба од хотел на подрачјето на Центар бил најден починат Р.Р.Ц.(43) од САД. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Текстот Американец најден починат во хотелска соба во Скопје е превземен од МАКФАКС. Вчера околу 08:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека ...
На 24.07.2026 во 16:50 часот на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.А.(53) од с.Стримница, тетовско. Пријавениот, управувајќи патничко моторно возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници, и со возилото удрил полициски службеник. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен ...
Вчера во 00:10 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Т.Б.(42) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 71-годишна мајка дека во семејниот дом, по кратка расправија, ѝ се заканувал и ја нападнал со остри предмети, по што ѝ нанел расекотина на раката, а потоа фрлал и кршел предмети во домот. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе ...
Околу еден милион денари се потребни за санација на кровните конструкции на Општинското основно училиште (ООУ) „Ванче Прќе“ и на градинката „Вера Циривири-Трена“ покажаа пресметките на проценителите по силното невреме проследено со дожд и ветар кој се движел со бризина од 134 километри на час во Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов вели дека ова се пресметките на проценителите за штетите на институциите кои се под надлежност ...
Четириесет лица се повредени откако патнички автобус се превртел на автопатот Кирикале – Самсун во Турција, откако возачот изгубил контрола над возилото. Несреќата се случила во близина на населбата Кимески, а во автобусот во моментот на несреќата се наоѓале вкупно 42 лица, меѓу кои и тројца вработени во транспортната компанија. На местото на несреќата веднаш пристигнале екипи на итната медицинска помош, полицијата, жандармеријата, ...
СДС денес го испрати мали Фрчко, да дели совети за како треба да се прослави независноста на државата, а не му кажаа да побара одговорност од Валбон Лимани, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Во ниту еден момент од СДС не побараа одговорност од градоначалникот на Гостивар, за скандалот кој се случи со водата, и продолжуваат да го заобиколуваат Лимани. Во коалиција со ДУИ и Таравари, се обидуваат и оваа криза да ја претворат во алатка за да си собираат ...
Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се реализира со забрзана динамика. Две галерии се целосно завршени, а на третата интензивно се работи. Во следните неколку месеци ќе отвориме уште 10 километри коишто се најкомплицирани, 10 километри каде што влегуваат тунелите и галериите, најави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска изврши увид во градежните активности на трасата и изградба на ...
Водата веќе не е за пиење во 7 населени места во Македонија. Гостивар, Валандово, Крушево, Пласница, Прилеп, Лешок, Преглово. Прашање е кој град е следен, вели Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор. „Бидејќи изворот Студенчица го користат и Кичево, Македонски Брод, Долнени ризикот е дека и за овие места водата може да биде загадена. Мицкоски отвора базени додека во седум населени места водата е неисправна за пиење а низ Лепенец и Вардар ...
Здруженијата за заштита на животните „Корина“ и „Рука-Шапи“ побараа од полицијата да ѝ одреди притвор на државјанка на Македонија која е осомничена дека намерно прегазила куче во Црна Гора. На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како автомобилот неколку пати со поголема брзина поминува преку животното, а се слушаат и вознемирувачки крици. Од здруженијата соопштија дека, според нивните информации, осомничената по убиството на ...
Во меѓувреме, ситуацијата е драматична и во Шпанија, каде што три големи пожари западно од Мадрид се споија во еден огнен фронт што пожарникарите повеќе не можат да го контролираат. Шпанската влада прогласи вонредна состојба на национално ниво, а со евакуацијата на 25.000 луѓе, на речиси 40.000 жители им беше наложено да не ги напуштаат своите домови. Во југозападна Франција, во регионите Жиронд и Ланд, властите евакуираа околу 200.000 ...
По повод годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, Град Скопје денеска организира бесплатен панорамски разглед на градот. Како што информираат од Град Скопје, со панорамски автобус и професионален туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, граѓаните ќе имаат можност да го запознаат Скопје какво што било пред земјотресот, да ги откријат приказните за објектите што биле ...
Комисијата за заразни болести предупреди дека во наредниот период во Гостивар постои можност да се појават случаи на хепатит А и хепатит Е како задоцнета последица од загадувањето на водата. Засега нема потврдени случаи на овие заболувања, но здравствените власти најавуваат засилен надзор поради периодот на инкубација на вирусите. Според претседателката на Комисијата, Жаклина Шопова, во изминатите десет дена околу 3.850 жители побарале ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен во источните делови и долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а ...