Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
„Џонсон и Џонсон“ понуди да плати до 5,5 милијарди долари за да реши десетици илјади тужби во Соединетите Американски Држави. Во тужбите се тврди дека нејзината бебешка пудра и други производи со талк во прав предизвикуваат рак на јајниците. Предложената спогодба има за цел да стави крај на долготрајната правна битка што го прогонува здравствениот гигант со години. Компанијата со седиште во Њу Џерси ги негира обвинувањата дека нејзините ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го отфрли противењето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на можна продажба на борбени авиони „Ф-35“ на Турција. „Никој не ми кажува што треба да продадеме“, изјави Трамп пред новинарите на авионот „Ер Форс Уан“. Тој ја опиша Турција како „огромен сојузник“ за кој рече дека „направил многу добра работа“ по регионалните прашања, вклучително и ситуацијата во Сирија. Иако призна дека Анкара „не е голем ...
Француската полиција привела маж кој нападнал три жени со нож во близина на парискиот кварт Порт де Клиши, објави министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез. Мажот нападнал три жени на возраст од 19, 24 и 36 години со два кујнски ножа, при што сериозно повредил две од нив, изјави министерот. „Алах ми нареди да го направам ова“, вели потиснатиот маж, по објавените снимки на социјалните мрежи. Нуњез откри дека човекот бил совладан и приведен ...
Сѐ се зголемува, освен платите, реагираат од СДСМ. „Зголемување на цената на парното. Зголемување на цената на струјата. Зголемување на цената на нафтата. Зголемување на данокот на имот“. Во буџето, додаваат од оваа партија нема пари. Наскоро, како што велат, нема да има ниту за пензии. „Потрошувачката кошничка се зголеми за 10.000 денари. Земјоделците се без субвенции. Нема ИПАРД затоа што го уапсија директорот од ВМРО поради корупција. ...
Американските напади врз Иран се привремено суспендирани со цел да им се даде уште една шанса на преговорите, изјави денес претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, предупредувајќи дека би можел да нареди продолжување на воените операции доколку дипломатските напори не дадат резултати. Во интервју за „Аксиос“, Трамп рече дека сегашните преговори се насочени кон постигнување нов договор со кој би се отворил Ормускиот ...
Францускиот претседател Емануел Макрон им се обрати на новинарите и службите за итни случаи во Центарот за противпожарни и спасувачки операции во Бордо, во Жиронд, областа најтешко погодена од пожарите во југозападна Франција. Откако беше информиран за ситуацијата на терен од страна на раководителот на локалната противпожарна и спасувачка служба, Макрон им се заблагодари на сите вклучени во одговорот на кризата, како и на земјите што ...
„Овој ребаланс ќе даде подобар квалитет на животот на граѓаните, на стопанството и на институциите и овој ребаланс ќе гарантира дека во наредните шест месеци до крајот на завршувањето на оваа година граѓаните ќе имаат повисоки плати, ќе имаат повисоки пензии, приватниот сектор ќе добие поддршка и секоја сфера на општеството ќе расте“, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во обраќање на денешната собраниска седница. ...
Сè уште нема официјален документ. Сè уште никој не го покажа потпишаниот извештај со анализите за водата во Гостивар. Кој институт? Кој потпишал? Кои параметри, прашуваат од СДСМ. „Додека чекаме таков документ, еве ги новите случаи: Маврово – водата привремено не е за пиење поради „превентивно чистење“ на мрежата. Крушево – водата била заматена и микробиолошки неисправна затоа што уредот за хлорирање еден час немал струја. Гостивар, Крушево, ...
Времето утре, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен, ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе ...
Западна Европа, која некогаш, благодарение на советските војници, се ослободи од фашизмот и нацизмот и доби вистинска слобода, сега се обидува да се претвори во неонацистичко, милитаристичко чудовиште, рече Марија Захарова. Захарова на прес-конференцијата рече дека „е застрашувачки да се замисли што ќе се случеше со Европа, особено со нејзиниот западен дел, ако советските војници не го уништија фашизмот и нацизмот и со тоа (Европејците) не ...
Романското Министерство за надворешни работи денес објави дека рускиот амбасадор во таа земја, Владимир Липаев, е прогласен за персона нон грата, откако романската армија собори три беспилотни летала над територијата на Романија, за кои беше утврдено дека се руски. Во соопштението се наведува дека рускиот амбасадор има пет дена да ја напушти Романија, како и дека романскиот амбасадор во Русија ќе биде поканет во Букурешт на консултации, ...
Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, денес изјави дека Иран ја поттикнува војната на Русија со испраќање оружје и дека нема право да се преправа дека е жртва. На овој начин, Сибиха реагираше на најавата на иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, кој во неделата на платформата Икс напиша дека нападот на Украина врз ирански трговски брод во Каспиското Море не смее да остане неодговорен. „Заканите на Иран се ...
Владата на Црна Гора донесе уредба според која граѓаните на земјите кои претставуваа несовпаѓање помеѓу визниот режим на Црна Гора и Европската Унија – Белорусија, Кина, Русија, Саудиска Арабија и Турција – ќе треба да имаат виза за влез во Црна Гора од 1 ноември 2026 година. Ова денес го објави Министерството за надворешни работи на Црна Гора, откако Владата на таа земја на 23 јули 2026 година ја донесе Уредбата за измени на Уредбата за ...
Вистинска драма се одвиваше во попладневните часови во Дубровник, каде што, поради големи бранови и тешки услови во морето, беше организирана итна спасувачка операција за спасување на три лица. Сè започна кога еден пливач се најде во исклучително опасна ситуација и не можеше сам да излезе на површина или да стигне до карпестиот брег. Во обид да му помогне, странски државјанин скокна во морето без двоумење, но бурните бранови набрзо и него го ...
Последните пет години беа една од најрешителните и најодговорните фази во историјата на Русија, во која, во услови на жестока борба и конкуренција, почнаа да се обликуваат контурите на новиот светски поредок, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин. Зборувајќи на состанокот со пратениците на Државната дума од осмото свикување, Путин оцени дека периодот за време на мандатот на сегашното свикување на парламентот беше сложен и ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Н.Е. Михалис Рокас. Во фокусот на разговорите беа реформите во земјоделството, користењето на европската поддршка и натамошното унапредување на соработката со Европската Унија. Соговорниците разговараа за процесот на усогласување со европските стандарди во земјоделството и руралниот развој, ...
Доказите обезбедени во истрагата за организираната криминална група поврзана со нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала, позната во јавноста како случајот со нелегалниот ботокс, доведоа до отворање на нова истражна постапка против две лица. Како што соопшти Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), првоосомничениот се товари за кривичното дело „примање ...
Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ги отфрли тврдењата на ЈП „Комуналец“ – Гостивар дека две години чека согласност за поставување на водоводна инфраструктура, наведувајќи дека причината за неиздавањето на одобрението е неисполнување на законските процедури од страна на Општина Гостивар. Од ЈПДП информираат дека во февруари 2024 година Општина Гостивар поднела барање за водоводна мрежа, по што на 26 април истата година била ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука со која цената на топлинска енергија од 1 август се зголемува во просек за 5,96% за домаќинствата што се снабдуваат од најголемиот систем ЕСМ Снабдување, ЕСМ Дистрибуција и ЕСМ производство на топлина. За потрошувачите на поранешна топлана Скопје Север, сегашна Енерџи Еколинк зголемувањето е во просек за 3,6%, а за ЕСМ Енергетика ...
За министерот за внатрешни работи Панче Тошковски неприфатлив е предлогот на опозицијата водоводите да ги чува Армијата оти сегашното обезбедување се покажа нефункционално, по загадувањето со фекални бактерии на водата во Гостивар. Тошковски денес соопшти дека водата во Гостивар е прочистена до степен да се користи како техничка, но не и за пиење и одговарајќи на новинарски прашања кажа зошто е против предлогот Армијата да ги чува водоводите ...
Министерот за правда, Јетон Шасивари, денес оствари работна средба со претседателката на Нотарската комора, Цеца Малева Стоев. На средбата беа разгледани актуелните прашања поврзани со функционирањето на нотаријатот, со акцент на потребата од измени на Законот за нотаријат, унапредување на дигитализацијата на нотарските услуги и надминување на предизвиците во примената на постојните законски решенија. Министерството за правда останува ...
Водата во Гостивар од денеска може да се користи за технички потреби, како капење, перење, миење садови и одржување на домаќинството, но и понатаму не е дозволена за пиење и подготовка на храна, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Одлуката е донесена по повеќекратни анализи на квалитетот на водата, кои покажале дека таа повеќе не е загадена со фекалии. Хемискиот инженер Емилија Аневска од ЈП „Водовод“ Скопје изјави дека ...
СДСМ побара Владата да ги објави официјалните анализи врз основа на кои е донесена одлуката водата во Гостивар да може да се користи како техничка. Од партијата наведуваат дека јавноста не добила увид во резултатите од анализите, туку дека министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се повикал на потврда од експерти. Според СДСМ, надлежните институции треба јавно да одговорат врз основа на кои параметри е утврдено дека водата може да се ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,55% во однос на одлуката од 20.7.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 6,229%, кај ...
Авион на „Американ ерлајнс“, кој летал од Рим кон Филаделфија, принудно слетал во Даблин откако неколку членови на екипажот почувствувале мачнина и вртоглавица. Од авиокомпанијата соопштиле дека во кабината бил забележан необичен мирис, но засега не е утврдено од што потекнувал. Според неофицијални информации, здравствени тегоби почувствувале шест од деветте членови на кабинскиот екипаж. Авионот безбедно слетал во ирската престолнина, каде ...
Министерството за здравство објави ажурирани податоци за бројот на пациенти кои првпат побарале лекарска помош во Општата болница и Здравствениот дом во Гостивар, со пресек заклучно со 26 јули. Според објавените информации, од 14 до 26 јули се реализирани вкупно 4.197 први прегледи, од кои 2.351 во Општата болница и 1.846 во Здравствениот дом. Најголем број прегледи биле регистрирани на 18 јули, кога биле извршени 649 први прегледи – 334 во ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на капитални инвестиции и проекти кои обезбедуваат почиста животна средина, подобра комунална инфраструктура и повисок квалитет на живот за граѓаните. Преку значајни вложувања во регулирање на речните корита, изградба и реконструкција на водоводни и канализациски системи и пречистителни станици, Владата создава современи и одржливи услови за развој на локалните заедници и заштита на ...
Италијанската финансиска полиција денеска извести за заплена на повеќе од 2,6 тони кокаин во Атлантскиот Океан, покрај португалскиот брег. Проценетата улична вредност на дрогата достигнува 500 милиони евра, објавува „Ројтерс“. Кокаинот е откриен на брз чамец, а уапсени се четири лица на бродот. Станува збор за двајца Шпанци, жител на Гибралтар и албански државјанин кој живее во Италија. Италијанската Guardia di Finanza во соопштение ...
Во јавноста деновиве се отворија повеќе прашања за реализацијата на проектот „Водоснабдување на Гостивар II – SECO II“, . Од ЈП „Комуналец“ објавија соопштение во кое наведуваат дека оценката дека проектот во целина „пропаднал“ не може да се изведе без увид во одобрениот проектен опфат, договорите, изведените и тестираните работи, документацијата за примопредавање и причините поради кои одредени делови сè уште не се целосно оперативни „Со ...
Четири дена откако бела пена течеше од Лепенец во Вардар и го загадуваше Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски веднаш пушти дрон. Најави дека „толеранција нема да има за никого“. Вети дека брзо ќе се открие кој го направил тоа. И? Што открија Орце и дронот по четири дена? Кој ги загадил Скопје, Лепенец и Вардар?, прашуваат од СДСМ и го обвинија скопскиот градоначалнил за молк на оваа тема. „Истиот Орце што ни го подари билбордот изработен ...