
Скопје
30ᴼ /
30ᴼ



Тинејџер од Романија е избоден до смрт во Германија во брутален напад на група Сиријци. Л.О.(18) од Романија синоќа бил нападнат, а полицијата уапсила тројца сириски државјани. Нападот се случил во градот Шверте во Северна Рајна Вестфалија. Л.О. бил прободен повеќе пати, по што паднал во крв на асфалтот. Екипите на итната помош набрзо пристигнале на местото на настанот. Според „Билд“, нападот го извршиле Сиријци, од кои најмладиот има само 15 ...
Светски познатиот бугарски пливач Петар Стојчев и официјално се запиша во Гинисовата книга на рекорди откако за рекордно краток период – 173 дена, ги преплива седумте најголеми пливачки маратони во отворени води, пренесува Трибуна. „Пливањето на седумте најголеми маратони на отворено, што го направив од 14 март до 2 септември 2024 година, официјално е запишано во Гинисовата книга на рекорди – достигнувајќи го предизвикот Oceans Seven во ...
Веледрогеријата „Пановски“ реагираше на изјавите од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот пратеник Миле Лефков кој денеска на прес-конференција кажа дека веледрогеријата Др. Пановски, „е сопственост на таткото на Ирина Пановска, која Венко Филипче ја постави за директорка на Клиниката за Хематологија од 2022 година до сега земала неверојатни 35 милиони евра тендери само од Клиниката за онкологија и радиотерапија“. „АД „Д-р Пановски“ Скопје не е ...
Средбата со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ, е од клучно значење за нашите напори за реформа на правосудниот систем, како и за борбата против криминалот и корупцијата. Реформите во правосудството, измените на Кривичниот законик и на Законот за Судски совет кои ги планираме се суштински за создавање на праведно и транспарентно општество, информират од Министерството за правда „Министерот за правда Игор Филков и амбасадорката ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска го посети Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе – Отворена Порта и децата жртви на трговија со луѓе. На средбата се разговараше за политиките на Министерството кое е целосно посветено на борбата против трговијата со луѓе, исполнувајќи ги законските барања и пракси во врска со развивање и подобрување на националните политики за превенција, подигање на ...
„Sport Life“ обложувалници, четврта година по ред го организираа настанот на кој ги наградија своите најуспешни вработени. За нивните достигнувања и за професионалното ангажирање во текот на 2024 година, 70 вработени добија ваучери во вредност од 12.000 денари, коишто можат да ги искористат за одмор, патувања, шопинг во бројни трговски центри и за други услуги. Наградените вработени беа избрани според јасно дефинирани критериуми, кои ги ...
Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јулијан Нагелсман го продолжи договорот со Фудбалскиот сојуз до крајот на Европското првенство во 2028 година. Нагелсман имаше договор до крајот на Светското првенство кое следната година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. „Сите ние, навивачите, тимот и стручниот штаб, создадовме нешто што сега сакам заедно успешно да го развиваме. Сакаме заедно да освојуваме титули“, рече Нагелсман. ...
Јаник Синер ќе ја брани титулата на Австралија опен. Првиот носител во полуфиналето го победи Бен Шелтон со 7:6, 6:2, 6.2. Мечот траеше два часа и 36 минути. Противник во финалето ќе му биде Александар Зверев. Синер имаше големи проблеми во првиот сет, Шелтон сервираше за предност од 1:0, но не успеа да го освои сетот. Синер потоа издоминира во тај-брејкот откако беше јасно дека Американецот со мислите се уште е во претходниот гем, во кој не ...
Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за контакт со американскиот претседател Доналд Трамп, Москва чека сигнали и навремено ќе ја информира јавноста за можен разговор, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Слушајте, Путин е подготвен, чекаме сигнали, сите се подготвени“, рече Песков одговарајќи на новинарско прашање дали очекува контакти меѓу претседателите на Русија и САД во текот на викендот, додавајќи дека е „тешко да ...
Во Латвија има 1.562 атомски засолништа, а се размислува за изградба на нови, покажува истражувањето на Државната противпожарна и спасувачка служба (ВУГД). Овие објекти можат да примат 533.000 луѓе, наведува порталот ЛСМ плус, додавајќи дека Латвија има околу 1,8 милиони жители. Првиот човек на ВУГД, Мартинш Балтманис вели дека службата досега извршила контрола само на објекти во сопственост на државата и општините, од вкупно 4.710 објекти како ...
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко денеска изјави дека ситуацијата на Балканскиот Полуостров станува се посериозна поради политиката на Соединетите Американски Држави, НАТО и Европската унија. Во интервју за ТВ каналот „Русија 24“, Грушко изјави дека западните земји вршат постојан притисок врз Србија за да ја истиснат од сегашната позиција, користејќи ги сите расположливи средства, вклучително и „поткопување на ...
Четворица терористи, со идеологија на ИСИС беа уапсени во Македонија, а од МВР информираа дека планирале напади. За првопријавениот постојат сомневања дека создал терористичка ќелија во која што со активно учество делувале останатите три кривично пријавени лица. „Намерата на членовите на терористичката ќелија била извршување на терористички акт на цивилни или така наречени меки цели односно јавни објекти на територија на Република Северна ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 80 метри има на патниот правец Штип – Велес и Велес – Неготино, до 100 метри на патниот правец Кочани – Штип и од 100 – 120 метри на патните правци Струмица – г.п. Ново Село и Струмица – Радовиш. Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед ...
ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми објавува дека easyJet, втората по големина авиокомпанија за летови на кратки и средни релации во Франција и со водечка улога во локалното поврзување, воведува нов директен лет од Меѓународниот Aеродром Скопје до аеродромот Орли во Париз. easyJet како нискобуџетната авиокомпанија која нуди патувања низ Европа преку својата широка мрежа на авиолинии, ќе почне да лета од Париз до Скопје и назад на 2 април ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на впечатоците од посетата на САД, со остварените политички и економски контакти, изјави: „Многу сум задоволен, исклучително сум задоволен. Посетата беше исклучително корисна, плодна и очекувам во периодот којшто следи резултатите да бидат видливи, интензивни и големи. Она коешто го кажувам често пати, ќе го повторам и ...
НБА лигата ги објави стартните петорки за Ол стар натпреварот кој ќе се одигра на 17.февруари во Сан Франциско. Стартерите беа избрани врз основа на 50 отсто гласови на навивачите, 25 отсто гласови на медиумите и 25 отсто гласови на играчите. Останатите 14 учесници ќе бидат избрани од тренерите, а одлуката ќе биде објавена на 30 јануари. Почнувајќи од оваа година, Ол-стар натпреварот ќе има нов формат, ќе се играат три натпревари, 24 играчи ќе ...
Тренерот на Тотенхем, Ангелос Постекоглу, по победата на неговиот тим кај Хофенхајм (3.2) во Лига Европа, објави колкава пауза го чека првиот напаѓач Доминик Солеанке. Поради повредата што ја заработи на натпреварот против Арсенал, Соланке ќе отсуствува шест недели. Во дербито на северен Лондон, Соланке го повреди коленото. Соланке летово им се приклучи на Спарс од Бурнмут, постигна седум гола во Премиер лигата, а додаде и три асистенции на 18 ...
Нотингем Форест го продолжи договорот со Новозеланѓанецот Крис Вуд до 2027 година. Вуд оваа сезона игра во животна форма. Откако му се приклучи на тимот во 2023 година, тој успеа да постигне 29 гола на 58 натпревари, а само оваа сезона беше прецизен 13 пати. „Шумарите“ имаат одлична сезона во Премиер лигата, во моментов го делат второто место со Арсенал. Покрај за Нотингем, Вуд настапуваше и за Њукасл, од каде пристигна во сегашниот тим, а пред ...
Кралската двојка редовно привлекува внимание со својот моден избор, а убавата кралица ниту овој пат не разочара со комбинација за деловна можност. Кралицата Летиција е совршено облечена за секоја пригода и од ден на ден сугерира дека едноставниот, ненаметлив, удобен, а сепак модерен е најдобриот стајлинг во кој ќе се чувствувате самоуверено и ќе привлечете внимание, а дека „кичот“ и претерувањето во модата не се секогаш добра идеја. Во ...
Средношколец во Нивегеин, Холандија, оваа недела починал додека учествувал во опасен предизвик – игра со гушење, а нема индиции дека е сторено кривично дело, соопшти денеска полицијата во тој град. Во соопштението се наведува дека се работи за „трагичен инцидент“, објави „NL Times“. Училиштето во вторникот соопшти дека еден од нивните ученици загинал во фатална несреќа, а на барање на родителите на детето, училиштето подоцна ги известило ...
Соединетите Американски Држави уапсија 538 илегални мигранти и депортираа стотици од нив, за време на големата операција спроведена непосредно по почетокот на претседателскиот мандат на Доналд Трамп, соопшти портпаролката на Белата куќа, Керолин Левит. „Администрацијата на Трамп уапси 538 криминални илегални имигранти“, напиша таа синоќа во порака на мрежата Икс. Додаде дека со армиски авиони биле превезени „стотици“ мигранти. Таа рече дека „во ...
Шефот на палестинската милитантна група Хамас на окупираниот Западен Брег, Захер Џабарин, потврди дека Хамас денеска ќе им ги предаде на посредниците имињата на четворицата израелски заложници кои ќе бидат ослободени во втората група како дел од првата фаза од прекинот на огнот. Договорот, во очекување на нивната размена за палестинските затвореници, од кои некои се осудени на доживотен затвор, ќе дојде утре. Тој во интервју за телевизијата Ал ...
Светската здравствена организација (СЗО) одлучи да го „замрзне“ регрутирањето и значително да ги намали патните трошоци како одговор на повлекувањето на Соединетите Американски Држави од организацијата, која е нејзин најголем финансиски донатор, се наведува во интерната порака до вработените. „Како што знаете, Соединетите Американски Држави најавија повлекување од СЗО. Жалиме за оваа одлука и се надеваме дека новата администрација ќе го ...
Управата за финансиска полиција, до Обвинителството поднесе кривична пријава против И.Т во својство на управител на правниот субјект БАУЕРФЕИНД ДООЕЛ увоз-извоз Скопје и против правниот субјект БАУЕРФЕИНД ДООЕЛ увоз-извоз Скопје. Првопријавенaта во период од 2014 до 2016 година дала лажна изјава заверена на нотар со која потврдила дека ортопедското помагало кое го набавува и фактурира кон Фондот за здравствено осигурување со назив „Ортоза за ...
На овој Меѓународен ден на образованието, УНИЦЕФ ја поздравува неодамна објавената Нацрт концепција за реформи во гимназиското образование и ги повикува сите образовни чинители да се вклучат во процесот на отворена консултација за ко-креирање на визијата за гимназиското образование. Нацрт концепцијата е дел од тековните напори на Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието чија цел е образованието да ја задржи ...
Министерството за образование и наука им го честита Меѓународниот ден на образованието на учениците, студентите, учителите, родителите и на сите на кои образованието им е важен дел од животот и ги повикува да учествуваат во процесите на градење здрав воспитно-образовен систем, кој ги пресретнува барањата на времето во кое живееме. „Нашите деца имаат право на квалитетно образование и тие заслужуваат да направиме многу повеќе, за да им овозможиме ...
Мафијата на смртта поддржана од Филипче за 3 години земала 35 милиони евра тендери само од Онкологија. Деновиве сме сведоци на вештачки искреирана криза на Онкологија токму од главното протеже на таа мафија, кој е во блиски релации со Венко Филипче, истакнува Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. „Имено веледрогеријата Др. Пановски, е сопственост на таткото на Ирина Пановска, која Венко Филипче ја постави за директорка на Клиниката ...
Генералниот штрајк или „општа граѓанска непослушност“ на кој беа поканети граѓаните на Србија од студентите во блокадата, започнува денеска, објавуваат тамошните медиуми. „Ние не одиме на работа, не одиме на предавања, не ги извршуваме секојдневните обврски. Ја земаме слободата во свои раце. Вашето учество прави разлика“, напишаа студентите на Инстаграм во средата. Бројни компании, здруженија и политички партии најавија дека ја поддржуваат оваа ...
Колективниот Запад не може да и прости на Србија што низ историјата секогаш била верна на своите принципи и на себе, како и што не се откажала од врските со Русија, изјави Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи на редовен брифинг. На брифингот, на прашањето на новинарската редакција на РТ Балкан како Русија реагира на тоа што српскиот претседател Александар Вучиќ го обвини Западот за извршување на обоената ...
Фудбалскиот сојуз на Белгија го отпушти тренерот Доменико Тедеско (39) на 17 јануари по серијата лоши резултати. Нов селектор на Белгија е Французинот Руди Гарсија (60), кој прв пат во кариерата ќе работи како селектор. Гарсија во кариерата ги водеше Корбеј-Есон, Сант-Етјен, Дижон, Ле Ман, Лил, Рома, Марсеј, Лион, Ал Наср и Наполи. Тој беше француски шампион со Лил во 2011 година, а во 2011, 2013 и 2014 година беше прогласен за најдобар ...