Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на министерството присуствуваше на предавање на опрема обезбедена во соработка со Американската амбасада во Македонија и програмата АТА. Се работи, како што појаснуваат од министерството, за донација за опрема за потребите на Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи во Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при ...

Денеска, во Тирана, на покана на министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со колегите од Италија, Бугарија и Романија, учествуваше на Министерскиот состанок „Коридор VIII во стратешкиот момент на Европа: Поврзаност, отпорност преку воена мобилност и споделен просперитет преку интеграција“. Состанокот се реализираше како ...

Владата се откажа од набавка на нов авион на што се одлучи оти стариот е дотрајан и претставува голем трошок за одржување. Премиерот Христијан Мицкоски денес кажа дека ќе се повлечат од набавката откога увиделе дека опозицијата не се стои на зборот дека нема да ја напѓаат Владата за набавка на нов авион, на што се согласил лидерот Венко Филипче и на формалните и на неформалните средби. „ Авионот е сѐ уште во возна состојба, можете да ...

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната собраниска седница упати прашање до министерот за здравство, Азир Алиу, кое се однесуваше на кратењето на буџетот за програмата за ретки болести, за 180 милиони денари или околу 3 милиони евра, прашувајќи што ќе преземе за да ја исправи неправдата кон пациентите чиј живот е донесен во опасност. „Бројот на пациенти со ретки болести расте, а буџетот се намалува. Средствата за ...

Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска се обрати на јавната расправа во рамки на Комисијата за политички систем при Собранието на Република Македонија, посветена на Предлог-законот за високата раководна служба во органите на државната управа и фондовите. Во своето обраќање, Минчев истакна дека реформата на високата раководна служба претставува клучен сегмент од сеопфатната реформа на јавната администрација и дел од ...

Албанија, Италија, Бугарија, Северна Македонија и Романија во Тирана потпишаа Заедничка декларација за Коридор VIII, со која го утврдуваат како стратешка оска за поврзаност, економски развој и безбедност во регионот, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна. Петте држави ја потврдија својата заложба Коридор 8 да се развие во целосно функционална артерија на трансевропската транспортна мрежа TEN-T, со директно значење за постепената интеграција на ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека САД излезе со нова политика за царини кон Македонија и што значи ова за економијата, изјави: „Во рамките на мандатот на оваа Влада, во овие 20 месеци, не цели, постигнавме Договор за стратешко пријателство со Велика Британија. Повторно од опозицијата настапуваа со лажни тези, дека ќе сме примале мигранти за пари и тоа траеше со месеци. Еве излезе ...

По повод јубилејот, 80 години од своето основање, Здружението на новинарите на Македонија, ЗНМ, ги додели годишните новинарски награди, одбележувајќи осум децении континуирана и посветена работа во заштита на новинарската професија, слободата на изразување и јавниот интерес. Комисијата за награди оваа година работеше во состав од новинарките Милка Смилевска, Семра Мусаи и новинарот Марјан Николовски, кои ги вреднуваа пристигнатите трудови ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, одобри финансиска поддршка за 125 граѓани кои се соочуваат со нарушена здравствена состојба или тешка материјална положба. Станува збор за баратели кои поднеле барања во периодот од јули 2025 година до 31 декември 2025 година, а исплатата ќе започне во текот на месецов. Еднократната финансиска помош е наменета за покривање на трошоци поврзани со лекување, нега и секојдневна поддршка. ...

Од моментот кога се почнати првите активности за обнова на Луна паркот до денес се сменија 4 градоначалници и помина повеќе од една деценија, ама исклучувањето на јавноста остана константно, истакнуваат од граѓанската иницијатива Зелен хуман град. „Се чувствуваш ли дека имаш глас во одлуките што ги носи Градот? Дека твоето мислење може да ги обликува политиките што го обликуваат Скопје? Скопјани сакаат Луна парк, ама ги прашал ли некој каков ...

Вчера во СВР Велес биле пријавени шест случаи на обиди за измами. Еден случај е пријавен во СВР Велес од 53-годишна велешанка, која пријавила дека машко лице се јавило на нејзиниот татко и му кажало дека неговата ќерка се здобила со тешки повреди, за што е потребно да се направи операција и побарал да донесе пари за интервенција во болница во Велес. Останатите пет случаи се пријавени во ОВР Неготино, каде лица на возраст од 69 до 78 години, ...

Пратеничката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Јована Тренчевска, на денешните пратенички прашања, упати прашање до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, во кое посочи дека за две години владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа дека граѓаните, работниците, не им се на приоритената листа. Тренчевска нагласи дека наместо да ми се помогне на работниците и да им се обезбеди 600 евра минимална плата, власта со парите на граѓаните се ...

Од Граѓанската иницијатива Зелен хуман град предупредуваат дека веќе со месеци се множат објавите за исфрлање кучиња од други градови во Скопје. Со нив, како што посочуваат, се множат и немилите снимки од несакани интеракции животно-човек. Нема да биде првпат, според Зелен хуман град, да се креира вештачки проблем со носење кучиња од други градови, создавање немир и револт кај населението за после да „пројде“ масовна еутаназија како ...

По конститутивната седница на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, одржана на 2 февруари 2026 година, денес се означува влегувањето во одлучувачката фаза на конкретна имплементација на Стратегијата за периодот 2025–2028 и Акцискиот план 2025–2026. Со Одлуката на Владата од 9 септември 2025 година и со именувањето на членовите на 28 октомври 2025 година, целосно е консолидирана институционалната структура за ...

Претседателот на Заедница на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и Градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски оствари работна средба со новоизбраниот претседател на Државна изборна комисија (ДИК), Бојан Маричиќ, и членовите на Комисијата. На средбата беа разгледани актуелните предизвици и координацијата меѓу институциите во пресрет на претстојните изборни процеси, со акцент на фер, демократско и транспарентно спроведување на ...

Српската пејачка Марија Микиќ вети на социјалните мрежи дека никогаш повеќе нема да снима спот надвор во зима. „Еве јавно ветувам дека никогаш повеќе нема да се преправам дека сум паметна и храбра и да снимам спотови надвор во зима. Завршивме на инфузија и неколку дена температура после тоа, но вредеше! Благодарност до тимот што се согласи да работи под овие (не)услови“, напиша таа. Текстот (Видео) Марија Микиќ: Никогаш повеќе нема да се ...

Оптимално е да ја миете косата два до три пати неделно и да избирате шампони збогатени со масла или хијалуронска киселина. Откријте зошто вашата коса го губи сјајот и волуменот во зима. Дерматолозите откриваат честа грешка што ја прават многу жени и како да ја исправите за здрава, сјајна коса дури и во постудените месеци. Зимата е тука, а со неа и сувиот воздух, ветерот и загреаните простори кои немилосрдно ја сушат вашата коса. Ако ...

Оптимално е да ја миете косата два до три пати неделно и да избирате шампони збогатени со масла или хијалуронска киселина. Откријте зошто вашата коса го губи сјајот и волуменот во зима. Дерматолозите откриваат честа грешка што ја прават многу жени и како да ја исправите за здрава, сјајна коса дури и во постудените месеци. Зимата е тука, а со неа и сувиот воздух, ветерот и загреаните простори кои немилосрдно ја сушат вашата коса. Ако ...

По повеќе од еден месец откако беше пронајдена мртва во хотел во Сан Франциско, причината за смртта на 34-годишната Викторија Џонс, ќерка на познатиот актер Томи Ли Џонс, е објавена. Таа почина на 1 јануари, а причината за смртта е предозирање со кокаин. Канцеларијата на главниот судски испитувач во Сан Франциско објави дека Викторија починала од „токсични ефекти на кокаинот“. Начинот на смртта беше опишан како „несреќен случај“. Полицијата ...

Луѓето не стареат со исто темпо. Кај некои, првите брчки и бели влакна се појавуваат порано, додека други го задржуваат својот младешки изглед долго време. Сепак, новото истражување покажува дека постојат два периода во животот кога промените стануваат ненадејни и поизразени. Научници од Медицинскиот факултет на Универзитетот Стенфорд следеа повеќе од 135.000 биолошки маркери кај 108 испитаници во текот на неколку години. Тимот го водеше ...

Повеќе од една година откако 33-годишна жена замрзна до смрт на највисоката планина во Австрија, нејзиното момче утре ќе се појави на судење по обвинение за убиство од небрежност. Керстин Г. почина од хипотермија за време на трагично искачување на Гросглокнер во јануари минатата година. Нејзиното момче е обвинето дека ја оставило исцрпена и незаштитена во близина на врвот во бури додека отишол да побара помош, објави Би-Би-Си. Судењето ...

Вупи Голдберг се осврна на обвинувањата дека имала афера со Џефри Епстин откако нејзиното име се појави во најновиот сет документи објавени од Министерството за правда на САД. Се споменува вкупно 21 пат, поттикнувајќи шпекулации за нејзината лична врска со покојниот финансиер и осуден сексуален престапник. „Не бев ниту негова девојка ниту негова пријателка“ 70-годишната актерка жестоко го негираше тоа во нејзината емисија „The View“. „Заради ...

Украинскиот народ нема да прифати мировен договор што би вклучувал еднострано повлекување на Украина од источниот регион Донбас и негово предавање на Русија, изјави синоќа претседателот Володимир Зеленски во големо интервју за американскиот портал „Аксиос“. Интервјуто доаѓа во време кога украинските и руските преговарачи се среќаваат на третата рунда директни разговори во Женева, при што клучното прашање е контролата врз Донбас, од кој околу ...

Извршниот директор на „Мета“, Марк Цукерберг, денес ќе сведочи на револуционерно судење за зависност од социјалните медиуми, побарано од адвокатите на тужителите кои тврдат дека Инстаграм и другите платформи се намерно дизајнирани да создадат зависност кај младите корисници. Извршниот директор на „Инстаграм“, Адам Мосери, беше првиот извршен директор од Силиконската долина кој сведочеше на 11 февруари, кога им рече на поротниците дека го ...

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, би можела да се повлече од таа позиција пред крајот на нејзиниот осумгодишен мандат во октомври, објави „Фајненшл тајмс“ (FT), наведувајќи дека нејзиното заминување би можело да се случи пред претседателските избори во Франција. Британскиот весник, повикувајќи се на неименуван извор запознаен со нејзините планови, наведува дека Лагард сака да ја напушти својата функција ...

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон остро ги критикуваше европските лидери за она што го нарече „празни ветувања“ за стратешка автономија од САД, предупредувајќи дека дебатата за европската независност од Вашингтон е „патетична и ирелевантна“ во моментов. Во авторски текст за „Волстрит џурнал“, Џонсон вели дека Европа не може да ја докаже својата вредност со декларации, туку со конкретни акции – пред сè, посилна и порешителна поддршка ...

Со над 40 амандмани ги заштитивме зголемувањата на платите, факти кои денес ССМ ги премолчува, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Истите тие кои денес зборуваат за недостиг од социјален дијалог, ги потсетуваме на јануари 2024 година, кога тогашната влада на СДС и ДУИ поднесе пакет закони со кои сакаше суштински да ја смени методологијата за пресметката на платите. Да бидеме целосно прецизни. Со тие законски измени се ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска имаше свое обраќање на меѓународната конференција „AI for Society & Smart Governance“, во организација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде што истакна дека вештачката интелигенција, освен што е технолошка тема, претставува и прашање на политики, институционален капацитет и одговорност кон граѓаните. „Во обраќањето нагласив дека клучното прашање не е дали ќе ја ...

Владата планира да купи нов авион вреден околу сто милиони евра, тврди портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Таа вели дека се уште нема одговори колку чинело луксузирањето на Мицкоски со владиниот авион и кој бил со него. „Но, луксузирањето на Христијан Мицкоски врз грбот на граѓаните и летањето со владин авион на Јадранско море го откри неговото вистинското лице и лицето на неговата расипничка власт. До толку се опиени од моќта, од ...

Денешната конференција за формализирање на неформалната економија не е само експертска расправа. Таа е разговор за праведност во општеството. За довербата во системот. За тоа дали ќе дозволиме чесните да бидат казнувани, а нечесните да профитираат, истакна премиерот Христијан Мицкоски. Според него, сивата економија не е апстрактен поим. Таа е, како што вели, изгубен приход за државата, но уште поважно – изгубена можност за повисоки плати, ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
39%
1013
weather icon

Белград

15ᴼ / 15ᴼ
5.14
29%
1015
weather icon

Загреб

18ᴼ / 17ᴼ
2.57
35%
1015
weather icon

Софија

13ᴼ / 12ᴼ
2.57
40%
1014
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
3.57
45%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
2.57
49%
1014
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
3.6
60%
1015
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
42%
1012
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
32%
1012
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
43%
1017
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 11ᴼ
8.23
54%
1016
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
1.54
54%
1017
Currency

61.645

Currency

53.8225

Currency

71.3668

Currency

37.7252

Currency

39.2671

Currency

68.1485

Currency

7.80626

Currency

0.66674

Currency

0.33746

Currency

0.52523

Currency

1.21814

Currency

0.58224

Паладиум

49576.45

Калај

48.18

Иридиум

259874.72

Платина

66005.48

Цинк

0.00

Алуминиум

3.42

Сребро

2551.92

Родиум

369733.59

Рутениум

56199.51

Бакар

11.51

Кобалт

3.86

Злато

160711.94