Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска во Кочани порача дека дигиталната трансформација мора да се спроведува рамномерно и да стигне до секоја општина и до секој граѓанин, преку конкретни и практични проекти што директно го подобруваат секојдневието. На промотивниот настан за иницијативата WiFi4WB – WiFi за Западен Балкан, министерот истакна дека целта е да се обезбеди подобра дигитална поврзаност токму таму каде ...
Одделот за внатрешна контрола поведе постапка против еден полицаец кој возел автомобил без да има положено за возачка. На полицаецот му е одземено оружјето и е упатен на задолжителен психијатриски и психолошки преглед. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Ѓ.К. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ...
Додека власта се расфрла со луксуз, брои летови со владиниот авион, патувања на море и милионски тендери, крати пари каде што не смее. Следни на удар на оваа забегана и корумпирана власт се болните од ретки болести, истакна Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ. „Парите од програмата за ретки болести се скратени за 180 милиони денари, односно околу 3 милиони евра. Нема 3 милиони евра за пациентите, ама има за авион, за 161 ...
Сидни Свини веќе некое време е главна тема на светските медиуми, особено сега кога ја лансираше својата колекција долна облека. Се чини дека самата линија не е толку популарна како жешките кадри од модните кампањи за овој бренд, каде што главниот лик е самата себе. За кратко време успеа да профитира од својот сексапил, а сега се врати со нова колекција „Midnight Snack“. View this post on Instagram A post shared by Sydney Sweeney ...
Само пет години откако првпат го постави големото прашање, бизнисменот Картер Реум реши да го повтори сценариото на Денот на вљубените. Ја запроси својата сопруга Парис Хилтон повторно да се омажи за него, дознава ексклузивно „Пипл“. Романтичниот настан се случил за време на зајдисонце на плажа во Туркс и Кајкос, но овој пат бил малку поинаков. На свршувачката присуствувале и нивните деца – синот Феникс и ќерката Лондон, кои ги добија преку ...
Без брашно, без шеќер и без грижа на совеста – здравата верзија на банана лебот е сè што ви треба за да ги ограничите желбите за слатки. Сите го знаеме рецептот за популарниот банана леб кој одамна го освои светот, но… Дали знаевте дека овој деликатес, или како и да сакате да го класифицирате, сега има своја здрава верзија? Да, добро слушнавте! Фитнес манијаците исто така си ги извалкаа рацете овде, претворајќи сосема обичен рецепт во ...
Симона Поповска го објави својот нов музички проект „Небитен“, емотивна поп-балада која ја раскажува приказната за моментот кога сфаќаме дека сме станале небитни за некој што сè уште ни значи. Автор на музиката и аранжманот е Панче Касапски, додека текстот е дело на Кристина Зимбакова Маркоски, во продукција, микс и мастеринг на Дулелуд, во соработка со самата Симона, која учествува и во пратечките вокали. Видеоспотот се снимаше во ...
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се појави зад воланот на едно од возилата од новиот систем за повеќецевни фрлачи на ракети со голем калибар, објави државната Корејска централна новинска агенција (KCNA). Според агенцијата, Ким возел борбено возило со систем за повеќецевно оружје и во таа пригода го обиколил оружјето изложено на Плоштадот на славните. Државните медиуми јавуваат дека севернокорејскиот лидер, „лично контролирајќи“ го ...
Гугл и Мета на Марк Закерберг се обвинети дека намерно ги прават своите платформи зависни за децата и со тоа го оштетуваат нивното ментално здравје. Извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, се појави вчера на суд во Лос Анџелес, каде што сведочеше на судење кое ја стави неговата компанија во центарот на вниманието поради штетните ефекти на социјалните медиуми врз децата. Жена од Калифорнија, која ги користела Инстаграм на Мета и Јутјуб на ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц оцени дека има мали шанси за брз крај на војната во Украина преку преговори. Тој изјави за германските весници НБР и „Рајнфалц“ дека според него војната ќе заврши само кога една од двете страни ќе биде исцрпена, „или воено или економски“. „Разумот и хуманитарните аргументи нема да го убедат рускиот претседател Владимир Путин. Тоа е горчливата вистина“, рече Мерц. Според него, целта на европските напори е „да ...
Унгарија се приклучува кон Американскиот мировен комитет и, како што вели шефот на дипломатијата Питер Сијарто, сака да учествува во медијацијата не само во Газа, туку и во Украина, додека во исто време вели дека Будимпешта нема да се согласи на, како што тврди, политичка уцена од Киев. Сијарто изјави во Вашингтон дека овој комитет може да се справи не само со ситуацијата во Газа, туку и со конфликтот во Украина, објави „МТИ“. Унгарскиот ...
Телеграм вели дека не пронашол никакви недостатоци во енкрипцијата, отфрлајќи ги тврдењата на руската влада дека странските разузнавачки служби можат да ги гледаат пораките испратени од руски војници на апликацијата за пораки. Рускиот државен регулатор воведе ограничувања на Telegram, клучна платформа за јавна и приватна комуникација во земјата, поради, како што велат, неуспехот на компанијата да отстрани екстремистичка содржина. Министерот ...
Полскиот премиер Доналд Туск апелираше до сите полски граѓани во Иран веднаш да ја напуштат земјата поради растечката опасност од потенцијален конфликт. „Ве молам, веднаш напуштете го Иран и под никакви околности не одете во оваа земја. Не сакам никого да плашам, но сите знаеме за што зборувам. Можноста за конфликт е многу реална“, рече Туск за време на посетата на полигонот за обука на Воениот институт за технологија на оружје во Зјелонка, ...
Детето, кое вчера падна од жичарницата на планината Јахорина, е надвор од животна опасност, соопштија утрово за „БН ТВ“ од болницата во Источно Сараево. „Детето е згрижено, претрпе фрактура на бутната коска, што е сериозна физичка повреда, и е испратено во матичната установа во Нови Сад на понатамошно лекување“, изјавија од болницата за „БН ТВ“. Медиумите потсетуваат дека вчера се случи непријатен настан на Јахорина, кога едно дете беше ...
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денес во Њу Делхи изјави дека за време на разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ, тој „ги отфрлил стравувањата на Србија во врска со одбранбената соработка меѓу Хрватска, Албанија и Косово“. „Ги отстранивме стравувањата што, според нас, постојат во Србија во врска со соработката меѓу министерствата за одбрана на Хрватска, Косово и Албанија.“ Објаснив дека оваа соработка е насочена кон техничка ...
Европскиот кампус на Универзитетот Јорк ги отвори уписите за академската 2025/26 година, нудејќи им уникатни можности на идните студенти од Северна Македонија, меѓу кои и најважната – стекнување британска диплома во Европа. Со седиште во Солун, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк испорачува британско образование во регионот, овозможувајќи им на студентите да се стекнат со престижна диплома, без да заминат во Обединетото Кралство. Како ...
Во првите 100 дена од новиот мандат, Општина Ѓорче Петров реализираше низа инфраструктурни, образовни и развојни активности, со фокус на капитални инвестиции, подобрување на условите за живот и долгорочно планирање на локалниот развој, изјави градоначалникот Александар Стојкоски. Советот на Општината го донесе развојниот буџет за 2026 година во износ од 1,45 милијарди денари, од кои речиси 60 проценти се наменети за капитални инвестиции, ...
Денеска сакаме да отвориме една многу битна тема. Вчера се случи нешто што досега не е видено во Македонија, тоа е да претставник на владата и тоа портпарол со скандалозно признание фактички потврди она што СДСМ цело време го кажува, а тоа е дека судската власт во нашата држава е директно под контрола на извршната власт, изјави Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор на СДСМ. Според него, Марија Митева вчера на телевизиска дебата кажала ...
Семејството на премиерот Христијан Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион. Но, очигледно е дека работи фројдовскиот елемент кај СДС, и тие на тој начин самите се издаваат дека Зоран Заев летал со целото семејство во Амстердам на одмор и дека најчеста дестинација на авионот била Ниш во времето на владите на СДС, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на соопштението од СДСМ во кое бараат да кажат кој летал со владиниот авион. „Го поздравуваме ...
Кога бевме опозиција, застанавме со работниците затоа што имаше реален проблем – платите доцнеа, колективните договори не се почитуваа и се подготвуваа законски измени со кои минималната плата требаше да се исфрли од формулата за пресметка. Тоа ќе значеше прекин на линеарниот раст и слабеење на заштитниот механизам за илјадници вработени, кажа Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш, како што дополни заедно со синдикатите, биле ...
Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, оствари работна средба со амбасадорот на Република Црна Гора, Зоран Миљаниќ. На средбата беа потврдени пријателските македонско-црногорски односи помеѓу двете држави кои се базирани на традиционално пријателство, долгогодишна конструктивна соработка и меѓусебна поддршка. Соговорниците ја истакнаа важноста од понатамошно унапредување на политичкиот дијалог и интензивирање на соработката во ...
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска – Трајкоска, денес го презентираше отчетот за сработеното во првите 100 дена од нејзиниот мандат. Под слоганот „100 дена, 100 дела“, таа истакна дека општината работи со несмалено темпо, ставајќи го фокусот на резултатите. „Со реализирани 5 километри нов асфалт, со отворено ново кино и интензивна работа на над 20 крупни капитални проекти, покажавме дека динамиката не запира. Некои од ...
Полицијата поднесе кривични пријави против поранешни претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип за сторени продолжени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама при добивање кредит или друга погодност“. СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.В.(83), В.Џ.(80) и Т.А.(68), сите од Штип, поради постоење основи на сомнение дека сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службена ...
Владата на Мицкоски, во обид да го оправда неговото луксузирање со владиниот авион на Јадранско море соопшти јавно дека наводно „авионот бил користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење“, и дека „секое користење е евидентирано, документирано“, истакнуваат од СДСМ. „Ако навистина авионот бил користен согласно процедурите, бараме Владата да го докаже тоа. Бараме Владата да го објави списокот на патници, кој бил ...
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината. Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар. ...
„Законот за минимална плата поднесен од пратеничката група на СДСМ и коалицијата е на дневен ред во Собранието. Овој закон е реален и конкретен одговор на барањата на синдикатите и на работниците – 600 евра минимална плата за достоинствен живот. Сега кога не се купува нов авион има пари за минимална плата од 600 евра“, велат од СДСМ. „Дополнително, пратеничката група на СДСМ веќе предложи конкретни буџетски ставки од кои може да се обезбедат ...
„Кога СДС зборува за недостаток на социјален дијалог треба да се наврати на 2024 година. СДС и ДУИ во 2024 година предложија пакет законски измени со кои суштински ќе се менуваше методологијата за пресметка на платите. Со тие измени се предвидуваше минималната плата да се изземе од формулата за пресметка на платите на административните службеници иако таа беше дел од колективниот договор потпишан меѓу ССМ и тогашната влада“, велат од ...
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ ...
Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -7 степени, -5 било во Крива Паланка, -4 во Скопје – Петровец и Демир Капија, -3 во Гевгелија, Прилеп и Тетово, -2 во Охрид, Виница и Крушево. Времето денеска Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта почнувајќи од западните делови ќе има врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и ...
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите. Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ...