Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски, денеска учествуваше на работен состанок посветен на реализацијата на Реформската агенда и процесот на европската интеграција, предводен од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман. На состанокот беа разгледани досегашниот напредок во спроведувањето на реформските ...
Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата побара од Собранието веднаш да го стопира донесувањето на Предлог-законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“ по скратена постапка. Со предложениот Закон се предвидува за спроведување на овој Проект, Градот Скопје да основа Фондација „Европска престолнина на културата – Скопје 2028 година“ и за набавките на таа Фондација да не се ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат директна финансиска поддршка за граѓаните и ги поттикнува инвестициите во поекономично, поефикасно и почисто греење. Во тек е јавниот повик за доделување субвенции за приклучување на природен гас и за набавка на котел на гас, преку кој домаќинствата можат да добијат финансиска поддршка до 30.000 денари, односно до 70 проценти ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во училиштето „Св. Кирил и Методиј“, каде што се изведува реконструкција на фасадата и замена на целокупното внатрешно осветлување. Овој капитален зафат, финансиран преку заем од Светска банка, ќе придонесе за значително зголемување на енергетската ефикасност на објектот. „На 190-годишнината од постоењето на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ инвестираме во негова целосна енергетска ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) соопшти дека секое законско решение со кое се предвидува исклучување или ограничување на примената на системските закони, особено на Законот за јавните набавки, мора да биде јасно и детално образложено и да содржи ефикасни механизми за спречување на корупцијата и злоупотребата на јавните средства. Реакцијата на ДКСК доаѓа по информациите и јавните реакции во врска со Предлог-законот за ...
Општинските инспектори и претставници на лиценцираната фирма за постапување со отпадни возила спроведоа акција за подигнување на хаварисани возила низ територијата на Општина Кисела Вода. Според податоците од општинскиот инспекторат, од почетокот на акцијата досега се поведени инспекциски постапки за над 100 возила. Најголемиот дел од овие автомобили се веќе отстранети од самите сопственици, веднаш по оставањето на налепниците со известување ...
Работниот ден во ресторанот „Сендан Шокудо“ во јапонскиот град Јацуширо се приближувал кон крајот кога силен земјотрес ја затресол целата зграда. Предмети паѓале од полиците, а садовите се распрснале на парчиња. Тоа бил вовед во катастрофата што во вторникот вечерта ја погоди префектурата Кумамото, каде што во земјотресот со јачина од 7,1 степен според Рихтер загинаа најмалку 13 лица, објавува Би-Би-Си. Сопственичката на ресторанот, ...
Делови од Скопје денес (29 јули) ќе останат без водоснабдување и електрична енергија поради закажани интервенции на водоводната и електродистрибутивната мрежа, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на известувањата од ЈП „Водовод и канализација“ и ЕВН Македонија. Поради поврзување на стара со нова водоводна мрежа на раскрсницата меѓу улиците „Софиска“ и „Петар Драганов“, од 09:30 часот без вода ќе останат ...
Земјотрес со локална магнитуда од 4 степени според Рихтеровата скала, чиј епицентар бил во Албанија, утрово бил почувствуван и во Струга и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Земјотресот е регистриран во 07:52 часот, а епицентарот се наоѓал на околу 144 километри југозападно од Скопје. Според досегашните податоци на Опсерваторијата, потресот бил почувствуван од жителите на Струга и ...
Епидемиологот Драган Даниловски предупредува дека информацијата оти сите осум досега регистрирани случаи на Западнонилска треска во Македонија биле со тешка, невроинвазивна форма може да создаде погрешен впечаток дека вирусот кај сите заразени предизвикува тешка болест и дека станал поагресивен. Во објава на Фејсбук, Даниловски нагласува дека тоа не е точно, бидејќи во официјалната статистика најчесто влегуваат само најтешките случаи, додека ...
По епидемијата предизвикана од загадената вода во Гостивар, власта сега официјално признава дека постои ризик од хепатит А и Е, како и од други заразни заболувања, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. „Ова е токму она за што проф. д-р Венко Филипче предупреди уште минатата недела. Прво, на институциите доцна им се вклучија „црвените светла“. Додека гостиварчани пиеле вода со фекалии институциите не презеле ништо. Потоа ги ...
Социјалдемократскиот сојуз ја покажа својата хипокризија на дело во Гостивар, Филипче молчи, ги штити и не бара одговорност за своите функционери за кои мобилизираше луѓе да гласаат во предизборието на повторените локални избори во Гостивар, смета ВМРО-ДПМНЕ. Оттука преку соопштение истакнаа дека Венко Филипче, јавно повикуваше на поддршка за Валбон Лимани, иако токму локалната власт во Гостивар, во која СДСМ е дел заедно со ДУИ и Арбен ...
Два модели на вештачка интелигенција на OpenAI со денови самостојно подготвувале и извеле сајбернапад врз платформата Hugging Face, а во истиот период компромитирале и корисничка сметка на клиент на технолошката компанија Modal Labs, објави Politico. Според анализата на Hugging Face, моделите меѓу 9 и 13 јули извеле околу 17.600 хакерски операции, при што успеале да пронајдат и искористат слабости во одбраната на системите. Од компанијата ...
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Соединетите Американски Држави во моментов не му дозволуваат на Израел да ја гаѓа иранската енергетска инфраструктура поради стравувања од последици врз глобалната економија и пазарот на енергенси. „Многу сакаме да ги нападнеме иранските енергетски цели, но САД во овој момент не го одобруваат тоа“, рече Кац. Според него, Вашингтон стравува дека таквите напади би можеле да предизвикаат ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп забрани увоз на нови хуманоидни роботи произведени во странство, оценувајќи дека тие претставуваат „неприфатлив ризик“ за националната безбедност на САД, објави „Би-би-си“. Мерката се однесува на напредни роботи, вклучувајќи хуманоидни и четириножни модели, од кои голем дел се произведуваат во Кина. Истовремено, американската Федерална комисија за комуникации (FCC) забрани и увоз на ...
Патнички брод со 238 лица се насука на реката Дунав во близина на романското место Салча поради екстремно нискиот водостој, пренесуваат AFP и романскиот портал Digi24. Since the pitch black of midnight all alone with our multidirectional engines – until 0900AM with a massive Slovakian tug to assist- we haven’t budged! Romania on one side; Bulgaria the other. The Danube is still winning! https://t.co/rmEmxnEu7J pic.twitter.com/DUeBvxYcDB — ...
Најмалку 13 лица загинаа во земјотресот со јачина од 7,1 степен според Рихтер што го погоди подрачјето во близина на јапонскиот град Кумамото, а спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани затрупани под урнатините, пренесува Ројтерс. Јапонската премиерка Санае Такаичи изјави дека операцијата е „трка со времето“ и оти ќе бидат искористени сите расположливи ресурси за спасување на што е можно повеќе луѓе. Најголема трагедија се ...
Иран соопшти дека Ормускиот Теснец ќе остане затворен доколку Оман не го прифати неговиот предлог за повторно отворање на овој стратешки поморски премин, пренесуваат Анадолу и Ројтерс. Заменик-министерот за надворешни работи Казем Гарибабади изјави дека Техеран бара еден пловен правец целосно да биде под иранска контрола, а дел од вториот исто така да биде под надзор на Иран. Тој наведе дека Оман предложил привремена рута со еднаква поделба ...
Дваесет и петгодишната Михал Посен од Лондон веќе две години живее во Кумамото, каде што работи како наставничка по англиски јазик. „Земјотресот се случи додека бев дома. Телевизорот падна врз мене, огледалото се скрши, а патиштата околу мене се оштетени“, изјави таа за BBC. Додека последователните потреси постојано продолжуваат, таа подготвува торби за евакуација. Вели дека жителите се особено загрижени бидејќи Кумамото пред десет години ...
Специјалната известувачка на Обединетите нации за окупираните палестински територии, Франческа Албанезе, повторно ги повика државите веднаш да ја прекинат трговската размена со Израел и да воведат ембарго за испорака на оружје. Таа порача дека владите требало порано да ги послушаат предупредувањата за развојот на ситуацијата. Повикот следува по изјавата на поранешниот израелски амбасадор во Франција, Ели Барнави, кој оцени дека во ...
Поранешниот градоначалник на Општина Лозово, Ацо Велковски, на својот профил на Фејсбук објави видео, со пораката: „Пред дождот… да зборуваме за убави работи. Приватната забава на градоначалникот Бошко Цветковски и потрошените народни пари, нова ера и нови дела. Се решија сите прашања околу водата, струјата и провизиите.“ Видеото можете да го погледнете овде. Поранешниот градоначалник на Општина Лозово, Ацо Велковски, на својот профил ...
Според астролозите, Водолијата е хороскопскиот знак што најмногу се издвојува по својата интелигенција, благодарение на аналитичкото размислување, креативноста и способноста да гледа „надвор од рамките“. Родените во овој знак, велат астролошките толкувања, се визионери кои лесно поврзуваат сложени идеи, ги преиспитуваат авторитетите и постојано бараат нови решенија. Нивната сила не е само во училишниот успех, туку и во апстрактното ...
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска се сретна со американскиот претседател. Доналд Трамп, во Белата куќа, каде што разговараа за новите дипломатски напори за завршување на војната во Украина и за зајакнување на украинската противвоздушна одбрана, пренесува „Киев Индепендент“. По средбата, Зеленски изјави дека состанокот бил добар и откри дека разговарале за лиценцно производство на пресретнувачи за системот „Патриот“, како и ...
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени, јавува УХМР. Под влијание на топол бран во наредните денови следува период на сончево и ...
Безбедносна камера на Универзитетот во Кумамото го снимила моментот на силното потресување за време на денешниот силен земјотрес што го погоди југозападниот дел на Јапонија, јавува агенцијата „Анадолија“. Снимката ја објави лабораторијата Суенага при Факултетот за образование на Универзитетот во Кумамото. На неа се гледа како просторијата силно се тресе за време на земјотресот што ја погоди префектурата. Американскиот геолошки завод (USGS) ...
По епидемијата поради загадена вода во Гостивар, властите сега официјално признаваат ризик од хепатит А и Е и други заразни заболувања, реагира СДСМ. „Министерството за здравство ќе испраќа упатства до здравствените установи и матичните лекари. Воведен е засилен здравствен надзор. Ова е токму она за кое што проф. д-р Венко Филипче предупреди уште минатата недела. Прво, доцна им се вклучија „црвените светла“. Потоа ги криеја податоците. Сега, ...
Француските власти денес наредија евакуација на туристичките места на атлантскиот брег, од каде што речиси 4.000 луѓе мораа да ја напуштат загрозената област, додека враќањето на високите температури се заканува да ги комплицира напорите на пожарникарите кои се обидуваат да спречат повторно ширење на голем пожар западно од Бордо. Досега околу 330.000 луѓе се раселени во Франција и Шпанија. Во меѓувреме, Шпанија се соочува со својот четврти ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за ...
Силен земјотрес денес го погоди југозападниот дел на Јапонија, предизвикувајќи уривање на бројни згради, избувнување пожари и најмалку 50 лица хоспитализирани, објави јапонскиот радиодифузер NHK. Премиерот Санае Такаичи потврди дека земјотресот предизвикал голема материјална штета и дека властите сè уште ја проценуваат големината на катастрофата. Japan quake damage seen from the air Kumamoto fire and police services are assessing damage from ...
Општина Кисела Вода објави два јавни повика за субвенции при набавка на пелети и печки на пелети, наменети за домаќинствата од општината. Средствата од Буџетот за 2026 година ќе се доделуваат преку Архивата, по принципот „прв дојден, прв услужен“. Со првиот јавен повик се нуди субвенционирање за набавка на пелети, за што е обезбеден буџет од вкупно 2.000.000,00 денари. Општината ќе кофинансира 50% од вредноста на набавените пелети, но не ...