Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Мицкоски избега од пратеничките прашања затоа што нема одговори, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинарите, осврнувајќи се на вчерашните случувања во Собранието, каде, како што рече, се случи оркестрирана блокада со која на пратениците од опозицијата им било оневозможено да ги постават предвидените пратенички прашања „Мицкоски избега од пратеничките прашања. Наместо да одговори на прашањата на ...
Како Влада сме ориентирани да направиме современо здравство, оваа година имаме рекордно издвојување од над милијарда евра за здравството и потребите на граѓаните за здравствени услуги, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, кој денеска беше во посета на Клиничката болница во Битола. „Би сакал да кажам дека здравството е еден од врвните мои лични приоритети, но и приоритети на Владата. За жал, тоа е процес којшто бара време, бара енергија, ...
На брифинг со медиумите претседателот на СДСМ, Венко Филипче, рече дека СДСМ бара одговорност за навредите, заканите и насилството од министерот Иван Стоилковиќ и најави дека партијата ќе поднесе интерпелација. -Има иницијатива за анкетна комисија за Иван Стоилковиќ за тоа што се случи за време на реконструкцијата на Владата. Тука сме потпишани со цел само да се собере доволен број на потписи за да се прифати. Ние ќе поднесеме интерпелација ...
Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија ја одржа 36 седница на која беше усвоен Полугодишниот извештај за работата на Фондот во 2026 година. Директорот на фондот Никола Мемов ги извести членовите на Одборот за активностите што се преземени во изминатиот период и информира дека во пензионерскиот дом Аеродром е оштетен кровот од невремето што го зафати Скопје. Тој додаде дека се преземаат мерки ...
ЈП Паркинзи на Општина Центар официјално ја отвори новата канцеларија за грижа за корисници. Во рамки на инвестицијата е изведен целосно нов и модерен ентериер, воведен е современ административен систем за управување со редот на чекање преку автоматско издавање бројчиња, набавени се нови специјализирани скенери за обработка и дигитализација на документацијата и нова информатичка опрема, а инсталирани се и системи за видео надзор и алармна ...
Во текот на јули, во просек дневно се регистрираа по околу 15 пожари на отворен простор. Благодарение на навремените интервенции на пожарникарите, како и поддршката од воздухопловните средства на Дирекцијата за заштита и спасување, сите пожари беа успешно ставени под контрола и изгаснати, информира денеска директорот на Дирекцијата, Стојанче Ангелов. Тој кажа и дека врнежите во текот на изминатиот период придонеле за намалување на бројот на ...
Во интервју за „Ноје Цирхер Цајтунг“, швајцарскиот историчар Оливер Јенс Шмит нагласи дека српскиот претседател Александар Вучиќ е единствениот лидер во поновата историја кој вешто успева да балансира меѓу големите сили и да води суверена политика, како и дека времето кога ЕУ беше единствениот хегемон е поминато. Во врска со изјавата на швајцарскиот весник дека Балканот речиси секогаш се става во движење кога се менува системот на големите ...
Четири смртни случаи се регистрирани во Грција како резултат на Западнонилскиот вирус, објави Националната организација за јавно здравје на Грција (EODI), додавајќи дека станува збор за лица над 65 години. Како што е наведено, од почетокот на годината, завршувајќи на 29 јули, регистрирани се 42 случаи на инфекција со Западнонилскиот вирус, од кои 37 случаи имале енцефалитис или менингитис, а пет имале благи манифестации. Само во претходната ...
Август ќе донесе пресврт за Скорпија каков што ретко се гледа, бидејќи во истиот момент се отвораат вратите на огромно богатство и опасни семејни или пријателски драми. За припадниците на овој знак, финансиската ренесанса започнува на првиот ден од следниот месец. Парите доаѓаат од страни од кои веќе сте кренале раце. Може да биде ненадејна исплата на стар долг, исплата на проект што одамна сте го прецртале во главата или понуда што го ...
Евростат објави поразителни податоци, Македонија е со најнизок животен стандард во Европа. На самото дно, велат од СДСМ. Тоа, според нив, граѓаните го знаат многу добро. „Најниски плати. Празни џебови. Празни фрижидери. Но што говори објавата на Евростат за Христијан Мицкоски? Говори многу. И потврдува пет факти: Неговите економски политики се целосен дебакл. Лаже. Бајките за „трета економија во Европа“ се чиста измислица по рецепт на Вучиќ ...
Заклучно со 30 јули 2026 година, во државата се потврдени вкупно 13 случаи на западнонилска треска, соопшти Министерството за здравство. На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани 10 пациенти со потврдена инфекција, од кои тројца се во критична здравствена состојба. Поради актуелната епидемиолошка состојба и врз основа на стручната проценка на ризик, Министерството за здравство го задолжи ...
Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар бележи значително подобрување и континуиран пад на бројот на пациенти кои побарале медицинска помош. Во текот на вчерашниот ден, во Општата болница и во Здравствениот дом во Гостивар биле извршени вкупно 36 прегледи, што е за 37 помалку во споредба со претходниот ден, кога биле регистрирани 73 прегледи. Во моментов, во болницата се хоспитализирани четири ...
Едноделни костими за капење наспроти бикини – што преферирате и што е попрактично за пливање и носење на плажа? Моника Ајнли, париска модна новинарка, гостин уредник за Who What Wear UK и коавторка на популарните подкасти „Мода: Без филтер“ и „Фанфар“ сè уште се сеќава на минијатурните бикини од нејзините дваесетти години, за кои вели дека сè уште имаат посебно место во нејзиниот гардеробер. Сепак, тие само стојат таму, бидејќи целосно се ...
Филипче и СДС со години ги криеле анализите за загадена вода, граѓаните не знаеле дека пијат небезбедна вода, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Со години, додаваат од партијата, граѓаните биле изложени на ризик, додека Венко Филипче како министер за здравство и СДС располагале со информации за стотици случаи на неисправна вода за пиење, а јавноста не била информирана. „Приближно 400 испитувања на вода за пиење во кои биле утврдени различни неправилности, ...
Џакарта, главниот град на Индонезија и еден од најголемите градови во светот, полека исчезнува пред очите на своите жители – земјата под градот тоне сè побрзо и побрзо секоја година. Во некои делови од Северна Џакарта, земјиштето тоне и до 25 сантиметри годишно, поради што околу 40 проценти од градот е веќе под нивото на морето. Ова е проблем што трае со децении, а последиците стануваат сè повидливи. Многу згради се навалуваат, патиштата се ...
Шпанија одлучи да испрати војници за да ја зајакне безбедноста во својата северноафриканска енклава Сеута, откако илјадници мигранти впливаа на територијата од Мароко. Министерството за внатрешни работи на Шпанија објави дека вооружените сили ќе обезбедат поддршка на Цивилната гарда во одржувањето на безбедноста во Сеута, откако локалните власти побараа итна помош од Мадрид поради преоптоварените прифатни центри и толпите на граничните ...
Физичката состојба на адолесцентите и децата во Европа е на најниско ниво во последните 60 години, што може да има сериозни последици по нивното здравје, според најновата студија на научници од Универзитетот во Сарагоса. Како што е наведено во истражувањето објавено во списанието Sports Medicine – Open, младите луѓе не го достигнуваат потребното ниво на кондиција во однос на силата, флексибилноста и составот на телото, пишува „Јуроњуз“. ...
Времето денеска, сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на топол бран до крајот на ...
Царински службеници на влез на граничниот премин Табановце спречија обид за нелегален пренос на готовина во износ од 64.250 евра, пронајдени при контрола на автомобил со германски регистарски таблички со кој патувал грчки државјанин. Девизите се запленети, а против лицето е поведена прекршочна постапка пред надлежен суд. Во конкретниот случај, на прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави, лицето пријавило 60 илјади евра со ...
Ова лето во популарното италијанско одморалиште Кавалино-Трепорти е на сила забрана за одење во костими за капење надвор од плажа. Оние кои шетаат по улиците и плоштадите во бикини или без кошула ризикуваат казна, а локалната полиција веќе започна со проверки кои ќе траат цело лето. Според италијанската агенција „Анса“, локалната полиција веќе издала десетина казни. Градоначалничката Роберта Несто ги најави зголемените проверки на ...
Пожарите во Франција и Шпанија изложија милиони луѓе на штетен квалитет на воздухот во текот на изминатите неколку дена, велат научниците. Чадот од пожарите содржи мешавина од загадувачи што го намалуваат квалитетот на воздухот дури и на стотици километри оддалеченост. Научниците рекоа дека се особено загрижени за емисиите на честички PM2.5, кои се поврзани со кардиоваскуларни заболувања, рак на белите дробови и тешкотии со дишењето. „Знаеме ...
Пожарите се уште се активни во неколку области во Грција трет ден, а пожарот во јужниот дел на Ретимно на Крит им предизвикува најголеми проблеми на пожарникарите. Екипите на терен се обидуваат да го локализираат главниот пожарен фронт во областа Агија Параскеви, додека нов пожар е регистриран во Аркадија. Пожарот на Парос повторно се активирал. Според информациите од Координативниот центар, гаснењето на пожарот во Ретимно е отежнато од ...
Вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија денеска повторно еруптира по повеќе од три недели затишје. Од кратерот Вораџине се издигнал голем облак од вулканска пепел, а пепелта паднала и врз градот Бронте. Поради ерупцијата, вулканската пепел привремено предизвикала ограничувања на воздушниот простор над вулканот, но работата на Меѓународниот аеродром во Катанија продолжила без нарушувања, соопштија локалните власти. Текстот Етна ...
Од ЕВН Македонија известуваат дека утре-31.07.2026 година (петок) без електрична енергија ќе бидат: – ул.Железничка бр.20,22,22-а,26 и 30 и ул.Герман бр.26 и 30 од 09.00 часот до 15.00 часот.(Општина Центар) – Ул 1687-Бардовци од 08.40 часот до 15.05 часот.(Општина Карпош) Текстот Утре, без струја, делови од Центар и Карпош е превземен од МАКФАКС. Од ЕВН Македонија известуваат дека утре-31.07.2026 година (петок) без електрична енергија ќе ...
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе изнесува 18 степени, а максималната ќе достигне до 36 степени, јавува УХМР. Според прогнозата на Управата за ...
Денеска во Софија се одржа првиот состанок на работната група на Македонија и Бугарија, посветен на подготовка и реализација на изградбата на заедничкиот прекуграничен железнички тунел на Коридор 8. Согласно Договорот, со работна група претседаваа замениците министри за транспорт на двете земји. Од наша страна претседаваше заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири, а од страна на Бугарија, заменик министерката Цвета Тимева. Во ...
Изјавата на министерот за дигитална трансформација дека изградбата на дата центри нема да ја загрози животната средина доколку се почитуваат стандарди отвора едно многу важно прашање – кои стандарди, каде се тие и кој ќе гарантира дека ќе се почитуваат?, прашува ДОМ. „ДОМ не е против дигиталната трансформација. Напротив, Македонија има потреба од современа дигитална инфраструктура и технолошки развој. Но, зелениот и дигиталниот развој мора ...
Четири лица со запдно-нилска треска починаа во Грција, а вкупно се потврдени 42 случаи, од кои половина се регистрирани во изминатата недела, објави Националната организација за јавно здравје (EODI), пренесуваат медиумите во регионот. Според написите, EODI во својот неделен извештај наведува дека 37 од заразените пациенти имале симптоми на заболување на централниот нервен систем (енцефалитис и/или менингитис и/или акутна блага парализа), а ...
Додека македонските работници имаат најниски плати во Европа, владата на Мицкоски одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра, Арбен Фетаи кој не доаѓаше на работа е награден со нова функција, велат од СДСМ. „Граѓаните скапо го плаќаа Фетаи додека тој не рабоеше ништо и си објавуваше фотографии како ужива на Тајланд. И сега наместо одговорност за злоупотреба на парите на граѓаните, Мицкоски го наградува Фетаи со нова позиција, ...
Претседателот на партијата „Единствена Русија“ и заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денес изјави дека конфликтот во Украина ќе заврши со победа на Русија и рече дека злосторствата на украинските националисти, треба да бидат документирани и предмет на идна кривична постапка. „Сè што направиле тие луѓе од Бандера, нацистите, не само што треба да се евидентира и обработи, туку на крајот мора да се претвори ...