Речиси сите мигранти кои успеале да влезат во шпанската енклава Сеута се вратиле во Мароко, изјави шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, повикувајќи на прекин на, како што рече, „намерните дезинформации“. „Не е можно да се патува од Сеута и Мелиља кон континентална Шпанија без идентификација на полициски контролен пункт. Интегритетот на шенгенскиот простор е целосно загарантиран. Доста со намерните дезинформации“, ...

Соединетите Американски Држави и Израел планираат интензивна воздушна кампања врз иранската енергетска инфраструктура, а нападите би можеле да започнат уште овој викенд, објави „CBS News“, повикувајќи се на повеќе извори. Според истите извори, се разгледувала можноста операцијата да заврши пред отворањето на финансиските пазари во понеделник, поради загриженоста за можните последици од нападите врз американската и светската економија. Сепак, ...

Грција и понатаму е во состојба на висока готовност поради големите шумски пожари кои продолжуваат да беснеат низ земјата, додека нови пожари повторно се активираат и во Франција. Критична состојба во Грција За голем дел од Грција е проценет највисок ризик од шумски пожари, а службите за цивилна заштита прогласија највисок, црвен степен на тревога за поширокиот атински регион. Најкритично било во подрачјето околу 60 километри северозападно ...

Под влијание на топла воздушна маса од југ, Македонија и во наредните денови ќе биде зафатена од период на сончево и многу топло време. Според прогнозите, високите температури ќе се задржат во текот на продолжениот викенд, но и до крајот на следната седмица, со мала до умерена локална облачност. Освен високите дневни температури, топло ќе биде и во вечерните и ноќните часови, што дополнително го зголемува ризикот од негативни последици врз ...

Танкер бил погоден со „непознат проектил“ во Ормутскиот Теснец, во близина на брегот на Оман, соопшти Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (UKMTO). Според информациите на агенцијата, при инцидентот била оштетена машинската просторија на бродот, но нема повредени лица, ниту е регистрирано загадување на морето. Нападот се случил на околу 20 километри североисточно од оманскиот град Лима, наведува UKMTO. Ормутскиот ...

Најмалку девет лица загинаа, а 27 се повредени, меѓу кои и четири деца, во руски ракетен напад врз Киев во текот на ноќта. Украинската престолнина беше погодена со балистички ракети, по што низ градот одекнаа серија експлозии, а густ чад го прекри небото. Украинската Државна служба за вонредни ситуации соопшти дека спасувачките екипи досега извлекле 105 лица. Пожари и оштетувања се регистрирани на станбени објекти и индустриски капацитети во ...

На денешната седница, Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија, поради зголемените ризици и опасности од пожари на отворен простор и шумски пожари, во времетраење од 30 дена, почнувајќи од 1 август 2026 година. Одлуката е донесена со цел навремено, координирано и ефикасно справување со состојбата на терен, како и максимално мобилизирање на сите расположливи институционални капацитети за заштита ...

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди југот на Италија. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот бил на околу 13 километри западно од Неапол, а хипоцентарот на длабочина од приближно два километра. Жителите на Неапол и околината на социјалните мрежи објавија дека потресот траел повеќе од 20 секунди и дека во некои делови дошло до прекин на електричната енергија. Дел од нив ...

Русинката Људмила Туркова Константиновна (28), чие тело беше пронајдено во куфер покрај каналот Визељ во белградската населба Падинска Скела, допатувала во Србија само еден ден пред да исчезне. Според нејзината мајка Јулија, Људмила во Белград дошла туристички, за да ги посети пријателките кои веќе извесно време живеат во српската престолнина. Таа изнајмила стан на една недела. Последен пат се јавила на 25 јули околу 23:20 часот, кога ѝ ...

Повеќе од 60.000 луѓе вчера и денес преминале од Мароко во шпанската енклава Сеута, по копнен и морски пат. Шпанските власти соопштија дека во Мароко веќе се вратиле повеќе од 48.300 лица, додека на шпанската страна од границата биле пронајдени 57 тела. Дел од жртвите се удавиле, а други загинале во турканицата при обидот да преминат. Зад големите бројки претежно стојат млади луѓе, кои за новинарите изјавиле дека во Сеута тргнале во потрага ...

Летниот период носи зголемен ризик од заболувања поврзани со високите температури, инфекции кои се пренесуваат преку инсекти, како и повреди и здравствени ризици поврзани со активности на вода. Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија (ИЈЗ) препорачува навремена подготовка и почитување на следните мерки за заштита на здравјето при патување. Пред да заминете Информирајте се за здравствената состојба, присутните заразни ...

Италијанската влада ја суспендираше примената на шенгенскиот режим на слободно движење во односите со Шпанија, како одговор на масовниот влез на мигранти во шпанската енклава Сеута, соопшти италијанското Министерство за внатрешни работи. Со одлуката се воведуваат привремени контроли на воздушниот и поморскиот сообраќај меѓу двете земји. Иако Италија и Шпанија немаат заедничка копнена граница, како членки на шенгенскиот простор вообичаено ...

СДСМ обвини дека јавниот долг на државата достигнал речиси 11 милијарди евра, односно околу 60 проценти од бруто-домашниот производ, оценувајќи дека граѓаните не ги чувствуваат ефектите од новите задолжувања. Од партијата тврдат дека за две години Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја задолжила државата за повеќе од две милијарди евра, а граѓаните добиле ниски плати, отсуство на зголемување на минималната плата, проблеми со водоснабдувањето, ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре најавува сончево и многу топло време со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се движи од 11 до 21 степен, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со слаб до умерен променлив ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18 степени, а дневната ќе достигне до 38 степени. Според УХМР, под влијание ...

Денеска попладне, околу 13.00 часот, изби пожар во атарот на валандовското сeло Удово, при што пожарникарите итно беа упатени кон тој пожар, но веднаш потоа изби друг пожар на локалната допонија до Валандово, што од слабиот ветар се проширил на околната ниска вегетација. Како што соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, поради стрмниот тешко прооден терен и густата вегетација полна со трње, од страна на ...

Поради најава од Управата за хидромететоролошки работи (УХМР) за очекувани високи максимални дневни температури за периодот на продолжениот викенд и до крајот на следната седмица (1–7 август 2026 година), Институт за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита и претпазливост за време на високи амбиентни температури. Како влијае топлото време на нашето здравје и што треба да направиме? Кога амбиентниот воздух се приближува или ...

Надзорните камери од станбена зграда во Белград ги снимиле последните моменти во кои 27-годишната Русинка Људмила Туркова Константиновна била видена жива, како и движењата на турскиот државјанин К. Е. (25), кој е осомничен за нејзиното убиство. Според српските медиуми, на снимките од 26 јули околу 5:30 часот се гледа како Људмила и осомничениот заедно пристигнуваат пред зградата во белградската населба Борча. Двајцата се насмеани, се држат ...

Шпанскиот премиер Педро Санчез преку социјалните мрежи им одговори на државите кои повикуваат на суспензија на Шпанија од шенгенскиот простор, предводени од Италија. „Солидарноста и емпатијата се избор. Почитувањето на европските договори не е“, порача Санчез. Повикувајќи се на најновите податоци за нелегалните влезови во Европската Унија што ги собира Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс), шпанскиот премиер истакна ...

Телото на младата Русинка Људмила Туркова Константиновна од Санкт Петербург, која исчезнала на 25 јули, било пронајдено во куфер во каналот Визељ кај Падинска Скела, а под сомнение за убиството е уапсен 25-годишниот турски државјанин К. Е., објави „Телеграф.рс“. Според сомнежите на истрагата, осомничениот ја убил Људмила во изнајмен стан во белградската населба Борча, а потоа нејзиното тело го ставил во куфер и го однел до каналот Визељ во ...

Четири лица, меѓу кои и две деца, денеска беа спасени без повреди откако избувнал пожар на брод во близина на Хвар, јавува „Индекс“, повикувајќи се на хрватското Министерство за море, транспорт и инфраструктура. Пријавата за пожарот била примена во 11:52 часот од очевидци, по што биле известени Капетанијата на пристаништата во Сплит, нејзините испостави во Милна и Хвар, како и поморската и аеродромската полиција во Сплит. Спасувачкиот брод ...

Клиничката болница Битола влегува во силен инвестициски и модернизациски циклус. Во периодот од 2024 до 2026 година е набавена современа медицинска опрема во вредност од над 30,4 милиони денари, со која се заменуваат апарати стари повеќе од 20 години, за кои веќе не постоеше можност за сервисирање и техничка поддршка, соопшти Министерството за здравство. Од таму велат дека особено значајна е замената на дигесторот на Одделението за ...

Првичните резултати за пената во Вардар, доставени до Министерството за животна средина и просторно планирање, од Град Скопје, се во границите на дозволеното, а конечните анализи се очекуваат на 4 август „Во врска со регистрираната појава на бела отпадна пена во реката Вардар кај вливот на реката Лепенец на 24 јули 2026 година, Државниот инспекторат за животна средина, во координација со сите надлежни институции, веднаш презеде серија ...

На денешниот брифинг за медиуми, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, предупреди дека животниот стандард ќе продолжи да паѓа и дека граѓаните ги чека тешка есен. Говорејќи за економската и социјалната состојба во државата, Филипче нагласи Владата нема никаков план како да ги заштити граѓаните од новиот ценовен удар што се заканува наесен. „Наместо мерки за заштита на животниот стандард, власта ги остава граѓаните сами да се справуваат со ...

Во мое време немаше труење со вода, ниту епидемија во Гостивар, му одговори претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на Мицкоски по обвинувањата дека додека тој бил министер за здравство, јавноста не била информирана за случаи со неисправна вода за пиење. „Во мое време немаше труење, а немаше ни епидемија во болницата. Имаше ли епидемија во Гостивар? Немаше. Имаше ли труење? Немаше. Мицкоски вчера мавташе со нешто, со некој документ, ама освен ...

Министерството за внатрешни работи доби 496 нови полициски службеници. Во своето обраќање министерот Тошковски истакна дека полициската професија не е само работно место, туку животен избор и повик кој бара храброст, чесност, професионалност и човечност. „Со денешната свечена заклетва не добивате само работно место, туку прифаќате голема одговорност и ја преземате честа да ја носите униформата која граѓаните ја препознаваат како симбол на ...

Бројот на мигранти кои влегле во Сеута, Шпанија, од вчера се искачи на 60.000, изјави локалниот гувернер за „Скај њуз“. Тој, исто така, потврди дека 34 лица загинале за време на преминувањата, додека претходно денес беше објавено дека бројот на загинати се искачил на 27. Шпанските власти претходно проценија дека околу 50.000 мигранти влегле во енклавата во последните 24 часа. Привременото прекинување на граничната контрола предизвика бран ...

Најавениот пораст на дневните температури, кои според метеоролозите во некои региони ќе достигнат и до 40 степени, го зголемува ризикот од појава на труење со храна, пренесува ТВ21. Високите температури претставуваат потенцијален ризик и за здравјето на животните, доколку навреме не се обезбедат доволни количини безбедна храна и вода за пиење. Од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за МИА велат дека за спречување на труење со храна ...

Прашан за став по враќањето на пасошот на обвинетиот бизнисмен Борче Марковски, премиерот Христијан Мицкоски, изрази мислење дека станува збор за груба манипулација од јавен обвинител, како што рече, соучесник во овој процес. „Мислам дека тука има груба манипулација од еден локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, којшто е соучесник во овој процес и тоа нема така да заврши. Ако сакав да кажам име и презиме, ќе кажев име и ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг за медиуми, порача дека скандалозниот закон за Скопје – Европска престолнина на културата за 2028, не смее да се донесе во ваква форма како што замислила Владата. Тој предупреди дека станува збор за крајно спорен закон и скандалозен обид на Владата да ги заобиколи законите и правилата за јавните набавки. -Ова е скандалозен закон. Со кој памет поднесуваат таков закон? Како може да се ...

Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ денеска се одржа свеченост на која беа промовирани 36 питомци од 26. класа и 1 питомец кој дипломираше на Воената академија „Вест Поинт“ во САД, во прв офицерски чин – потпоручник и 16 слушатели од Курсот за стручно оспособување и усовршување за офицери за службите на Армијата во чин –поручник. На денешната свеченост се обрати министерот за одбрана Владо Мисајловски кој на новите офицери во ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
93%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1030
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
73%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Калај

46.54