Општина Ѓорче Петров денес официјално го потпиша договорот за доградба на ООУ „Јоаким Крчоски“, со што започнува реализацијата на инвестиција вредна 42 милиони денари. Проектот опфаќа проширување на училиштето со современ, функционален и енергетски ефикасен простор со површина од околу 600 метри квадратни, целосно прилагоден на потребите на учениците и наставниот кадар. Со доградбата, училиштето ќе добие осум нови училници на две нивоа, ...

Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински заедно со заменик министерот, Ерџан Селими остварија средба со градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски и претставници на Советот на општината. На средбата со градоначалникот Мицевски беше разгледана динамиката на спроведување на проектите одобрени во рамки на вториот јавен повик од потпрограмата АА за инфраструктурни проекти во општините. ...

Одборот за одбрана на Долниот дом на британскиот парламент заклучи дека лабуристичката влада многу бавно напредува во исполнувањето на своите обврски во областа на одбраната од обновени закани од Русија и Кина, објави денес британскиот „Телеграф“. Во извештајот на Комитетот се наведува дека Лондон не ги исполнува своите обврски од член 3 од договорот на НАТО за „одржување и развој на индивидуални и колективни капацитети за спротивставување на ...

Високо преработената храна ги оштетува сите главни органи на човечкото тело и претставува сериозна закана за глобалното здравје, според најголемиот светски преглед на истражувања објавени во списанието „Лансет“. Високо преработената храна која, според „Гардијан“, денес сè повеќе ја заменува свежата храна во исхраната на децата и возрасните на сите континенти, е поврзана со зголемен ризик од неколку здравствени проблеми, вклучувајќи дебелина, ...

Во областа на патната инфраструктура, од особена важност за унапредување на безбедноста во сообраќајот е редовното одржување и обележување на локалните улици и патишта, со што се обезбедува поголема видливост и уредност на вертикалната и хоризонталната сообраќајна сигнализација, а со тоа се обезбедува и поголема сигурност за сите учесници во сообраќајот, особено за најранливите категории, пешаците и велосипедистите, велат од општината Илинден. ...

Општина Аеродром почна со чистење на запуштениот простор кај поранешен „Мекдоналдс“ во Аеродром. „Екипите на Јавното претпријатие денеска ја расчистуваат локацијата на поранешниот „Мекдоналдс“, која се наоѓа на приватно земјиште со запишан објект. Иако сопствениците добија налог да ја исчистат оваа со години запуштена локација, тоа не беше направено. Поради тоа на терен излегоа комуналните екипи на Општината“, објави градоначалникот Дејан ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од 18 до 24 ноември и оваа година како и во минатото се приклучува кон глобалната кампања за одбележување на Светската недела за свеста за антибиотиците (World Antibiotic Awareness Week) и Европскиот ден за свеста за антибиотиците (European Antibiotic Awareness Day). Целта на кампањите, како што појаснуваат, е да се подигне свеста за ризиците по здравјето на луѓето и на животни, но и на животната ...

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, учествуваше на Националната тркалезна маса за конвергенција на климатска и еколошка правда што денес се одржа во Клубот на пратеници во Скопје. Во своето обраќање Муртезани нагласи дека климатската и еколошката правда се стратешки приоритет за Северна Македонија во процесот на пристапување кон Европската Унија. Особено го истакна влијанието на климатските ризици врз ранливите групи, значењето на ...

Како што се приближува датумот за првиот солистички концерт насловен „Бесмртна“, така возбудата околу Бојана Скендеровски расте од ден во ден. Подготовките се во полн ек, а Бојана со голема посветеност работи на секој детал од вечерта која ќе го обележи нејзиниот дводецениски музички пат. „Со нетрпение го очекувам овој концерт. Секој ден сум во сала, во студио, во процес на доработки… Сакам публиката да го почувствува тоа што го носам во себе и ...

Словачка сака НАТО да ја зајакне воздушната одбрана во земјата што е дел од нејзиното источно крило, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо по состанокот со генералниот секретар на воениот сојуз. За време на разговорите во Братислава со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, Фицо, исто така, ги бранеше плановите на Словачка да одлучи за темпото и структурата на трошоците за одбрана во наредните години, додека повеќето членки на НАТО ги ...

Висниска драма се одвиваше утрово во центарот на Калесија, во близина на Тузла, каде што беше ограбена златарница. Еден од разбојниците беше пронајден мртов, а според неофицијални информации, неговото тело било фрлено од автомобилот од другите крадци додека бегале, како што потврди Кликс.ба. Кратко потоа, полицијата го пронашла и запалениот автомобил користен во грабежот. Сè започнало утрово околу 7:35 часот, кога во Оперативниот центар на ...

Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги на граничниот премин Табановце во текот на вчерашниот ден запленија девизи кои српски државјанин имал намера нелегално да ги изнесе од државава. Поради сомневање во изјавата која ја дал патникот дека нема што да пријави и дека со себе носи помалку од 1.000 евра, царинските инспектори извршиле детална контрола на возилото и притоа на совозачкото седиште под машка јакна ...

„Коалицијата НАИ, изградена без кауза, без визија и без јасна политичка ориентација, влегува во фаза на неизбежно распаѓање. Она што се случи вчера со заминувањето на АА на Зијадин Села и заминувањето на Кренар Љога од оваа коалиција јасно ја покажува длабоката внатрешна криза, недостатокот на кохезија и неуспехот да се изгради одржлива политичка понуда“, велат од „Влен“. „Нивниот континуиран недостаток на координација веќе стана модел на ...

Во текот на вечерните и утринските часови, како последица на обилните врнежи кои го зафатија западниот и југозападниот дел, на единствениот повикувачки број за итни повици 112 се добиени повеќе пријави за свлечишта на земја и одрони на патот, поточно кај местата Дебар-Струга кај местото Џепчиште и кај патот Кичево – Охрид кај место Извор, известија од Центарот за управување со кризи. Оперативниот центар при ЦУК веднаш стапи во контакт со ...

Со посебна почит кон болката на семејствата на загинатите, судијката Диана Груевска-Илиевска на почетокот на судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ кој однесе 63 животи, рече дека никој не може да претпостави колку време ќе трае постапката. Таа ги повика сите учесници на дисциплина за да може да се дојде до вистината и правдата. „Не можам да ви гарантирам брзина, но повикувам на дисциплина и редовност за да дојдеме до вистината и до ...

Меланија Трамп важи за дама со стил и вкус. Деловната елеганција е нејзин заштитен знак и ретко избира раскошни креации за средби со официјални претставници на земјите. Сепак, таа знае и како да направи исклучок… View this post on Instagram A post shared by MAG LEBANON (@maglebanon) Претседателот на САД, Доналд Трамп, го прими саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, неофицијалниот лидер на Саудиска Арабија, во Белата куќа. На ...

Романија вчера ги крена борбените авиони откако беспилотно летало влезе во нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад врз украинската инфраструктура во близина на границата, соопшти Министерството за одбрана. Романија, членка на Европската Унија и НАТО, која дели граница од 650 километри со Украина, постојано наидува на остатоци од руски беспилотни летала што паднале на нејзина територија како дел од руските напади врз пристанишната ...

Министерот за одбрана на Италија, Гвидо Кросето, упати силен повик до Западот да одговори на зголемената фреквенција на руски хибридни напади, кои ги опиша како потенцијално катастрофални, пишува Politico. Во сеопфатен документ од 125 страници, објавен вчера попладне под наслов „Спротивставување на хибридното војување: Активна стратегија“, Кросето остро ја осуди инерцијата на европските и НАТО сојузниците во услови на сè подрска руска агресија. ...

Австралиската актерка Ајла Фишер се разведе по 14 години брак со Саша Барон Коен, а сега конечно призна колку тешко ѝ било во тој период. Како што самата рече, морала да го започне животот „од нула“, а во интервју за ELLE Decoration откри неколку претходно непознати детали. „Беше многу предизвикувачки да се обидам да создадам нов живот од темел, барем емотивно, беше исцрпувачки, но сум благодарна. Уживам во оваа нова верзија на животот. Повеќе ...

Полски и сојузнички авиони полетаа рано утрово за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако Русија изврши воздушни напади во западна Украина, во близина на полската граница, соопштија вооружените сили на членката на НАТО. „Парови борбени авиони за брза реакција и авион за рано предупредување беа подигнати во воздух, додека системите за воздушна одбрана и радарска контрола беа ставени на највисоко ниво на готовност“, соопшти Оперативната ...

Шефот на Кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, близок соработник на Володимир Зеленски, во последниве години акумулираше моќ што ретко се гледа во модерна Украина. Иако никогаш не беше избран на функција и не ужива широка поддршка, неговите критичари тврдат дека тој ефикасно станал втор човек во земјата – а сега, по најголемиот корупциски скандал во мандатот на Зеленски, тој е под растечки притисок да се повлече, пишува „The Kiev ...

„Измина веќе и втората недела од локалните избори и историскиот пораз на СДС. Од СДС нема никакви решенија, ниту кадровски или политички промени, како што најави Венко Филипче“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Партијата продолжува се повеќе да тоне, истакнати партиски членови и поддржувачи јавно ја искажуваат нивната разочараност и повикуваат на промени, но Филипче се држи за претседателското столче како да е негова приватна сопственост. Во СДС врие и ...

Под силно полициско обезбедување утрово почнува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во кој загинаа 63 лица. Покрај новинарските екипи еден час пред почетокот на судењето пред новата судница во Идризово се дојдени роднини и семејства на загинатите. Молкум ги гледаат полициските комбиња во кои пристигнуваат обвинетите. Обвинението, поднесено во јуни годинава, опфаќа 34 физички и три правни лица, обвинети за тешки дела против ...

Дознајте зошто се верува дека ако ја украсите вашата елка на овој датум, среќата ќе ве следи во текот на целата година. Постои еден посебен датум за украсување на вашата елка: 19 декември – Ден на Свети Никола. Според верувањето, ако ја украсите вашата елка на овој датум, среќата ќе ви биде сојузник во текот на целата година. Овој ден носи симболика на заштита на домот, заедништво и просперитет. Луѓето го паметат затоа што носи чувство на ...

Усвојувањето на закон со кој му се наложува на Министерството за правда на САД да ги објави сите документи за осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн е редок момент на двопартиска соработка на Капитол Хил. Законот беше усвоен со 427 гласови „за“ и 1 „против“. Единствениот глас „против“ беше на републиканскиот претставник од Луизијана, Клеј Хигинс. За Хигинс, клучното прашање е заштитата на личните податоци на многуте жртви на Епштајн. „Од ...

Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во југозападните и јужните делови (над 25 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а ...

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 08.30 до 10.30 часот дел од корисниците од ул. Брсјачка Буна, Демирхисарска и Пелагонија (општина Шуто Оризари) · во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците во с,Кондово кај пумпата за водовод (општина Сарај) · во периодот од 10.00 до 13.00 часот дел од корисниците од ул.Михаил и Ефтихиј и ул.Георги Димитров (општина Кисела Вода) Текстот Без ...

На социјалните мрежи се појавија фотографии за кои скопјани со право се загрижија, но и за кои ние веќе претходно преземавме мерки. Согласно издадената наредба од Инспекторатот на Град Скопје, беше извршен вонреден инспекциски надзор на булевар „Александар Македонски“ во Општина Гази Баба, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи. „Овластените инспектори на Град Скопје веднаш излегоа на терен и направија детален увид во ...

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март, а во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, почнува денеска, во судницата во затворот „Идризово“. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски најави дека обвинението ќе го застапува тим од околу 15 обвинители, со веќе утврден план за нивна координација. „Во судница обвинението ќе го застапуваат истите обвинители што беа и досега, но ...

Познатата актерка Деми Мур неодамна го прослави својот 63-ти роденден, а нејзиниот младешки изглед е сè повеќе во центарот на вниманието, како и коментарите за бројните козметички корекции што ги направила. Деми шармираше безброј пати, и секој пат кога ќе помислиме дека не може подобро, таа го негира тоа. Црвениот тепих е нејзина специјалност, а фаталната актерка сега се појави на британската премиера на втората сезона од серијата „Лендмен“. ...

weather icon

Белград

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
80%
1024
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
84%
1023
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
3.6
73%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
3.88
77%
1024
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
87%
1024
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
5.14
76%
1018
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
51%
1020
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
76%
1022
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
92%
1022
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
96%
1023
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
6.17
76%
1022
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
71%
1024
Currency

61.64

Currency

52.9026

Currency

70.5558

Currency

35.1006

Currency

38.2267

Currency

65.7739

Currency

7.47463

Currency

0.68891

Currency

0.34038

Currency

0.52501

Currency

1.24174

Currency

0.58757

Злато

134976.58

Рутениум

29192.88

Калај

40.49

Паладиум

46361.38

Цинк

3.22

Иридиум

145787.60

Родиум

255598.44

Алуминиум

2.91

Сребро

1876.20

Бакар

10.96

Кобалт

58.42

Платина

52864.82