Полскиот амбасадор во Русија, Кшиштоф Крајевски, бил нападнат во Санкт Петербург од група демонстранти кои протестирале против полската поддршка за Украина, пренесуваат полските медиуми. Инцидентот се случил во неделата, додека дипломатот бил на пат кон Католичката црква „Св. Катарина“ по повод Денот на независноста на Полска. Според „Газета Виборча“, амбасадорот бил опколен од агресивна група што носела транспаренти со антиполски и ...

Рускиот нафтен гигант „Лукоил“ соопшти дека е во завршна фаза од продажбата на својата имотна структура во Бугарија, вклучувајќи ја рафинеријата „Лукоил Нефтохим Бургас“ и мрежата бензински станици. Компанијата предупреди дека ќе преземе правни мерки доколку специјалниот управител назначен од бугарската влада ги повреди нејзините сопственички права. Вашингтон на крајот на октомври воведе санкции за „Лукоил“ и „Роснефт“ со цел да го ограничи ...

Денес започна процесот за создавање на Национален инвентар на јавни згради – база на податоци што треба значајно да го подобри начинот на кој државата ги планира, инвестира и управува со јавните објекти. Настанот во Свечената сала на Владата ги обедини претставниците на ресорните министерства, општините и јавните институции, кои го истакнаа значењето од систематско прибирање и анализа на податоци за големиот број јавни згради низ државата. ...

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане вчера извршија спасувачка интервенција во Основното училиште во селото Младо Нагоричане, во маалото Ѓорговци. Вработените во училиштето околу 10 часот пријавиле дека куче паднало во длабока шахта во дворот на објектот. На местото пристигнало едно возило и двајца пожарникари од ТППЕ Старо Нагоричане, кои по едночасовна интервенција успеале безбедно да го извлечат животното. ...

Денес, во просториите на Секторот за внатрешни работи Битола, беше пуштена во употреба нова специјализирана просторија за работа со деца и други ранливи категории лица. Активноста е реализирана во рамки на програмата „Шведска поддршка на полициските реформи во Северна Македонија“, поддржана од Владата на Кралството Шведска и Шведската агенција за меѓународен развој – СИДА, во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во Скопје. На настанот присуствуваа ...

Денес, на Светскиот ден на детето, Министерството за образование и наука, Министерството за спорт, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Фудбалската федерација на Македонија и УНИЦЕФ ја започнаа кампањата „Еден тим за секое дете – нулта дискриминација“. Иницијативата има за цел промоција на фер-плеј, инклузија и почитување на секое дете – со особен фокус на девојчињата, децата Роми и децата со попреченост. „Обединети сме во ...

Државниот пазарен инспекторат во понеделникот и вторникот, изврши инспекциски надзори на територија на градовите Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево и Струга кај 23 правни субјекти кои вршат трговија на мало со тутун и производи од тутун. При извршените инспекциски надзори кај 16 фирми затекнати се количини на тутунски производи за кои не поседуваат документи за набавка од добавувач и ги немаат потребните ознаки – акцизни марки. Согласно ...

Утре, 21 ноември 2025 година, започнува постапката за собирање потписи за кандидирање независни кандидати за градоначалници на општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа, соопшти Државната изборна комисија. Потписите ќе се собираат пред службените лица во надлежните подрачни одделенија и канцеларии на ДИК, како и пред нотар, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот. Последниот ден, 30 ноември, постапката ќе трае до 24 часот. ...

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ја посетија Универзитетската клиника за хируршки болести „Св.Наум Охридски“, каде е обезбеден нов најсовремен апарат за магнетна резонанца. -Продолжуваме каде што застанавме заради локалните избори. Ова е уште еден имплементиран проект од Владата и Министерството за здравство, за унапредување на дијагностичките процедури, со цел овозможување ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (20 ноември) се обрати на промоцијата на регионалната платформа за соработка помеѓу националните друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина за земјите од регионот каде што истакна дека „хуманоста и човечноста се нашите водилки за побезбедно општество, за побезбедни граѓани“. „Само со меѓусебна соработка и меѓусебна поддршка можеме да придонесеме за сигурен, стабилен и безбеден регион, но и ...

Коалицијата ВЛЕН изрази длабока загриженост поради турбуленциите во албанскиот опозициски блок, оценувајќи дека актуелните случувања не ѝ служат ниту на демократијата, ниту на политичката стабилност, ниту на интересите на граѓаните. Претставникот на ВЛЕН, Дритон Сулејмани, истакна дека демократските процеси се темелат на отворена дебата и силна опозиција, но дека актуелните настани „не наликуваат ниту на опозиција ниту на стабилност, туку на ...

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната Комисија за финансирање и буџет во Собранието изнесе обвинувања поврзани со амандман поднесен од Венко Филипче и со процесот за линеарното зголемување на пензиите. Според Стојаноски, амандманот е потпишан од Филипче поради бизнис-интереси поврзани со компанија за алтернативно производство на електрична енергија. „Подносител на овој амандман е Венко Филипче, зошто е потпишан Венко Филипче? ...

Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје започна серија еднодневни специјализирани обуки за подигнување на свеста за африканската чума кај свињите, при што во рамките на обуките посебен акцент ќе биде ставен и на класичната чума кај свињите, беснилото и авијарната инфлуенца а кои се наменети за одгледувачите на животни, ловците, надлежните доктори по ветеринарна медицина и официјалните ...

Секој мировен план за Украина ќе мора да ги елиминира корените на конфликтот, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе „Ројтерс“. Тој посочи дека иако имало контакти со САД, во моментов нема преговори со Вашингтон за таков план. Претходно денес, две лица запознаени со прашањето открија дека САД му сигнализирале на претседателот Володимир Зеленски дека Украина треба да прифати рамка подготвена од Вашингтон за завршување на војната со ...

Националната администрација за аеронаутика и вселена на САД (НАСА) објави нови слики од меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS, која влезе во нашиот Сончев систем, за која изјави дека не претставува закана за Земјата. Кометата 3I/ATLAS е третата позната комета од друг ѕвезден систем што влезе во нашиот Сончев систем, по кометата Оумуаму во 2017 година и 2I/Борисов, која влезе во нашиот Сончев систем во 2019 година, објави денес Le Figaro. View this ...

Грција се соочува со сериозна демографска криза, покажува студија на статистичката агенција Елстат. Младите најчесто остануваат да живеат со родителите сè до својата 30-та година, бидејќи ниските плати не им дозволуваат самостоен живот и основање семејство. Ова, според психолозите, има негативно влијание и врз социјалниот живот и врз желбата за создавање нови семејства. Според податоците на Евростат, Грција е прва во Европа по бројот на млади ...

Повеќе од 600 бебиња под две години претрпеле сексуално насилство минатата година, според податоците објавени денес од Француската меѓуминистерска мисија за заштита на жените (Miprof). Како што наведува оваа мисија, која се повикува на податоци од Министерството за здравство, минатата година 614 бебиња биле примени во здравствени установи поради сексуално насилство, што е два процента од вкупниот број жртви на овој вид насилство, објави ...

Уставниот суд отвори постапка за член 2 од последните измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, со кои се воведе линеарно зголемување на пензиите. Судот оценува дека одредбата може да ги наруши уставните принципи на социјална праведност, еднаквост и правна сигурност, како и да создаде нееднаквост меѓу пензионерите со различни износи на пензии. Станува збор за одредба со која се зголемуваат пензиите (во јавноста познато како ...

Министерствата за образование и наука и за спорт, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Фудбалската федерација на Македонија и УНИЦЕФ, на Светскиот ден на детето – 20 ноември, почнуваат кампања против дискриминација во фудбалот, насловена „Еден тим за секое дете – нулта дискриминација“. „Светскиот ден на детето е симбол на правата, надежите и иднината на секое дете. И тие надежи никој не смее да ги уништи. Затоа на сите нас овде ...

Авторските права на сценаристите, режисерите и кинематограферите беа во фокусот на дводневниот меѓународен семинар на тема „Авторите во фокус: Авторското право како темел на креативноста и културата во аудиовизуелниот сектор“ што се одржа вчера и завчера во Скопје во организација на Здружението за аудиовизуелни автори (SAA) заедно со Асоцијацијата за заштита на авторски и сродни права АЗАС Скопје, АИПА од Словенија и ЗAПA од Полска. На едно ...

Обилните дождови во Грција ги поплавија патиштата и продавниците. Полицијата ги повикува возачите да возат внимателно. Јужниот дел од земјата беше најмногу погоден, особено планинските региони Загори и Џумерка, каде што патиштата беа непроодни. Пожарникарите мораа да спасуваат патници од поплавените автомобили. Беше спроведена спасувачка операција за спасување на двајца земјоделци и нивните стада. Полицијата затвори еден од патиштата до ...

Иако Македонија е мала држава и по територија и по население, издвојува значителни средства за правосудниот систем. Дури 0,39% од БДП се дава за правосудството. Тоа е повеќе од Франција со 0,20%, Германија издвојува 0,30%, Грција 0,26%, соседна Албанија 0,29%, Молдавија 0,35% и Грузија 0,23%. Во превод, државата вложува најмногу, а добива најмалку, истакна Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Наместо независно и ефикасно судство, ...

На неколку фронтови во здравството се работи и се вложува, а треба да се вложува уште многу повеќе од ова коешто сега се прави, бидејќи за жал многу малку е направено во минатото, вели премиерот Христијан Мицкоски. „Деведесет милиони денари сепак не е малку, не е ни многу, имајќи предвид дека речиси ништо не е правено, со години, со децении, само приказни се кажувани. Како Влада сериозно се зафативме со овој проблем. Заедно со министерот, во ...

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“ оствари работна посета на Општина Виница, каде со градоначалникот Митко Костадиновски и претставниците на Советот на општината разговараше за приоритетите, она што е потребно на општината и можностите за поддршка во наредниот период. Во фокусот на разговорите беше и работата на новоформираниот Ресурсен центар за поддршка на општините, како и ...

Детално периодот го проучувам овој случај, вклучително и делот со буџетот кој што се одвојува за обвинителството и судството, дури и Венецијанска комисија има забелешки за тој член каде што се определува буџетот за судскиот буџет, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. Мицкоски посочи дека не гледа причина да се зголеми буџетот за судството, затоа што, како што рече, Македонија како држава, одвојува ...

До недела ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Утре и во сабота наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 литри на метар квадратен за 24 часа, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на грмежи. Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во понеделник и вторник утринските температури значително ќе опаднат. Во Скопје, до ...

Во полициска акција приведен е поранешен раководител на подружница на УЈП, а опфатени се повеќе службеници и вработени, во рамки на истрага за дискотеката „Пулс“. Од МВР најавија повеќе детали за подоцна. „Полициски службеници од СВР Штип, ОВР Кочани во соработка со Одделот за криминалистичка полиција по насоки на ОЈО Кочани преземаат повеќе активности на неколку локации низ државата. По завршувањето на акцијата јавноста ќе биде соодветно ...

Во рамки на предистражна постапка што се води за лица вработени во УЈП и поврзани со дискотеката „Пулс“ во Кочани, денес се приведени околу десетина лица, а истовремено се вршат претреси на повеќе локации. „Се работи за лица вработени во УЈП, а за кривични дела допрва ќе видиме, меѓутоа првичните дела се злоупотреба на службена положба и овластување и давање мито“, изјави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Тој додаде дека дел од ...

Пратеничката Моника Трајанова од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека предлог-буџетот за наредната година предвидува значајни инвестиции во здравството, со цел подобрување на здравјето и благосостојбата на граѓаните. Трајанова посочи дека се планирани повеќе од 112 милиони денари за изградба на нов клинички центар во Скопје и во Штип, како и 15 милиони денари за болницата во Кичево. Дополнително, предвидени се скоро 370 милиони денари ...

Вашите плочки повторно ќе сјаат, ќе бидат чисти и ќе мирисаат одлично, а вие нема да мора да вложувате многу труд. Чистењето плочки повеќе не мора да биде мака. Само со топла вода и три лесни состојки, вашите плочки можат да блеснат како нови. Зошто топлата вода прави разлика Повеќето луѓе ги чистат плочките со ладна или млака вода, што е голема грешка. Топлата вода ја разградува нечистотијата и ја дезинфицира површината, дозволувајќи им на ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
77%
1024
weather icon

Загреб

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
81%
1023
weather icon

Софија

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
73%
1024
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
4.02
75%
1023
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 6ᴼ
1.54
90%
1023
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
6.17
76%
1018
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
45%
1020
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
55%
1021
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
92%
1022
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
94%
1023
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
6.17
81%
1021
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
4.63
71%
1023
Currency

61.64

Currency

52.9026

Currency

70.5558

Currency

35.1006

Currency

38.2267

Currency

65.7739

Currency

7.47463

Currency

0.68891

Currency

0.34038

Currency

0.52501

Currency

1.24174

Currency

0.58757

Бакар

10.96

Платина

52864.82

Калај

40.49

Паладиум

46361.38

Рутениум

29192.88

Сребро

1876.20

Родиум

255598.44

Никел

473258.99

Цинк

3.22

Иридиум

145787.60

Кобалт

58.42

Злато

134976.58