ДУИ денес повторно се обиде да конструира афера таму каде што има јавно пријавени, законски и целосно проверливи инвестиции. Од податоци што Недим Рама самиот ги пријавил во ДКСК, партијата која две децении создаваше семејни бизнис-империи состави соопштение со многу прашања, но без ниту еден доказ, реагираат од Влен на соопштението на ДУИ. Велат дека Недим Рама го пријавил својот имот, а дека ДУИ се крие зад соопштенија составени од ...

„Пет недели Гостивар нема безбедна вода за пиење. Во повеќе од 50 населени места низ државата водата не е безбедна. Во околината на Рашче тлее нова потенцијална еколошка и здравствена катастрофа. Загадена е водата за пиење и во Свети Николе – утврдени се микробиолошки отстапувања во водата од водоводната мрежа“, велат од СДСМ. „Затруени се реките Тополка и Бабуна, бела хемиска материја имаше во реката Лепенец и Вардар. Граѓаните од цела ...

Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Србија минатата недела предизвика низа бурни реакции низ целиот Балкан. Зеленски се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ за прв пат во Белград, а потоа изјави дека Украина нема да ја признае независноста на Косово, што дополнително ја влоши ситуацијата во регионот, пишува „Политико“. Одговорот од Косово пристигна речиси веднаш. Голем сино-жолт транспарент со натпис ...

Доаѓаат затемнување на сонцето и метеорски дожд кои сериозно би можеле да ја потресат нашата рутина, а еве како астролозите го толкуваат овој небесен хаос. На 12 август 2026 година нè очекуваат затемнување на сонцето и врвот на метеорскиот дожд Персеиди, а според астролошките толкувања, овие небесни феномени би можеле да донесат промени и интересни настани за секој хороскопски знак. Затемнувањата и метеорските дождови често го привлекуваат ...

Полициските службеници изминатите два дена констатираа 1.322 сообраќајни прекршоци, а 32 лица се уапсени за безобѕирно управување на возило. „Во текот на изминатите два дена (10/11.08.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1.322 издадени платни налози, 400 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале ...

Додека граѓаните пет недела чекаат чиста вода има нови случаи на заболени во Гостивар – здравствената катастрофа не стивнува. Уште поалармантно е што според информациите кои стигнаа до нас, има случаи на реинфицирани граѓани – луѓе кои повторно се затруени и заболени, изјави Кети Штерјова од СДСМ. „Ова е сериозен аларм дека ризикот не е отстранет и дека изворот на труењето се уште не е ставен под контрола. Пет недели Гостивар е отруен. Пет ...

Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, денеска спроведува вонредна акција за дезинсекција на подрачјето на населбата Драчево, со цел ефикасна заштита на граѓаните од комарци и спречување на нивното масовно размножување. „Денешната акција е фокусирана на сузбивање на ларвите, при што специјализираните екипи на терен вршат прскање со соодветен ларвицид во сите критични точки, каналите, застоените води и влажните места ...

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со својот тим, денес изврши увид во тековните градежни активности во ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче, каде што интензивно се одвива доградбата на училиштето, како и во активностите за унапредување на системот за греење со топлински пумпи. Во рамките на доградбата се гради целосно нов дел од училиштето, кој ќе располага со шест нови училници и две помали канцеларии. Со реализацијата ...

УХМР за наредните денови најави пороен дожд, грмежи и локално невреме. Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени, информира УХМР. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со постепен пад на температурата. Текстот Завршува топлотниот бран: Од утре ...

„Денеска е Меѓународен Ден на младите! Силен потсетник за значењето на младите, најголемиот потенцијал на една држава. Тие се прогресивната сила – двигатели на развојот, носители на иднината. Во нормалните држави владите се фокусирани на создавање подобри услови за младите, подобро образование, работни места, достоинствени плати и сигурен живот, за младите да останат во својата држава“, кажа Трајче Стојчевски, претседател на СДММ. „За жал, ...

Според проценките на шпанските власти, околу 460.000 луѓе отпатувале во Шпанија за да го набљудуваат целосното затемнување на сонцето денес, а хотелите во таа земја објавија дека патници од многу земји од светот го резервирале својот смештај неколку месеци однапред. Се очекува дека повеќе од 300.000 од нив ќе се упатат кон градовите и селата во рурална Шпанија за да го бараат најдоброто место за набљудување на затемнувањето на сонцето, а ...

Џенифер Лопез повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат со серија фотографии на кои позираше во ретро бикини и покажа завидна фигура. Латинската дива, која го прослави својот 57-ми роденден во јули, блескаше во стариот холивудски стил на фотографиите. Посебен акцент стави на затегнатиот стомак, додека целиот стајлинг го комплетираше со очила за сонце и елегантна бела квадратна чанта. Лопез објави и полароидна фотографија на која ...

Над 400 извештаи за загадена вода а Филипче и Младеновска со години молчеле, Гостиварци заслужуваат да знаат зошто СДС и Филипче ништо не превзеле, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Венко Филипче и Рената Младеновска со години молчеле и не превзеле никаков чекор иако знаеле за загадената вода во Гостивар. Над 400 извештаи за загадена вода им биле доставени а Филипче и Младеновска со години молчеле. Денес наместо одговорност Филипче се обидува да глуми ...

Имотниот лист на Недим Рама, директор на НОМАГАС и близок соработник на Изет Меџити, отвора многу посериозни прашања од оние што тој се обиде да ги затвори со поднесувањето на анкетниот лист во Антикорупциската комисија, велат од ДУИ. Од таму наведуваат дека Рама пријавил акции во големи странски компании, меѓу кои и во германската компанија Mercedes-Benz Group AG. Но, велат од ДУИ, клучниот проблем е датумот. „Според неговото сопствено ...

Превртувањето со очите што можеби не го сметате за важно или некои работи што ги правите пред вашиот партнер имаат сериозни последици врз детето. Децата често забележуваат повеќе отколку што признаваат возрасните. Тие не само што го апсорбираат она што им се кажува директно, туку и следат како зборуваме за себе и за другите, што кажуваме за нив на трети лица и како се однесуваме воопшто. Терапевтите објаснија што децата забележуваат, а што ...

Фудбалот беше животот што го посакуваше Фатен Бен Омар Ел Азизи. Долго време играше во мароканската регионална лига за Атлетико Тетуан од Магреб, клуб чии дресови потсетуваат на боите на шпанскиот Атлетико Мадрид. На денот кога се удави минатиот месец, една од речиси 150 жртви на масовниот обид за премин во шпанската енклава Сеута, на нејзината мајка ѝ било кажано дека Фатен штотуку добила виза за Шпанија, објавува „Гардијан“. Тренерот на ...

Општина Центар и оваа година продолжува со поддршката за најмладите ученици и нивните семејства. Петта година по ред, сите првачиња запишани во осумте општински основни училишта ќе добијат бесплатни училишни ранчиња, обезбедени со средства од општинскиот буџет. Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека оваа мерка веќе стана убава традиција со која Општината им посакува добредојде на децата кои за првпат седнуваат во училишните клупи. ...

Алесандра Амбросио се сврши со австралискиот дизајнер на накит и поранешен модел Бак Палмер по речиси две години врска. Бразилската манекенка (45) вчера ја објави веста за својата свршувачка на Инстаграм. „Би те избрала во овој живот и во секој друг. Засекогаш, љубов моја“, напиша таа покрај фотографиите од запросувањето. View this post on Instagram A post shared by Alessandra Ambrosio (@alessandraambrosio) Палмер (44) ѝ предложи брак на ...

Спасувачите во Колумбија извлекоа бебе од урнатините на станбена зграда што се урна по катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,4 степени што го погоди западниот дел од земјата во понеделникот. Еден од спасувачите рече дека бил на околу еден и пол блок од зградата кога се урнала. Потоа еден човек извикал од купот бетон, велејќи дека е заробен со бебето. Неколку луѓе почнале да отстрануваат делови од урнатините со рацете за да стигнат до ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина доставила предлози за план за завршување на војната со Москва до американските преговарачи и изјави дека Русија би можела да ги искористи парламентарните избори следниот месец како изговор за прогласување нова мобилизација. Зеленски објави нови предлози за мировни преговори, кои во голема мера се заглавени од почетокот на конфликтот со Иран, поради индикациите и од Русија и од ...

Ако сакате да го набљудувате небото, утре, 12 август, нè очекува целосно затемнување на Сонцето, а само неколку часа подоцна и максимумот на метеорскиот дожд Персеиди. Во среда, 12 август, првпат по 28 месеци, сенката на Месечината ќе ја допре Земјата за време на целосно затемнување на Сонцето, кое ќе биде видливо од делови на Гренланд, Исланд и Шпанија. Само неколку часа подоцна, метеорскиот дожд Персеиди ќе го достигне својот максимум под ...

Кристијано Роналдо (41) се ожени со својата долгогодишна партнерка Георгина Родригез (32). Португалската фудбалска ѕвезда и манекенката се венчаа на граѓанска церемонија на 11 август во Кашкаиш, Португалија. Според официјалното соопштение, свадбата била приватна и интимна, а на церемонијата присуствувале нивните пет деца, пренесе „Пипл“. Роналдо на социјалните мрежи објави фотографија од нивните раце со венчални прстени и краткиот опис „CG“. ...

„Што можеме ние Европејците конкретно да направиме за да ви помогнеме да убиете повеќе Руси? Секако, повеќе руски војници?“ Ова прашање му го постави на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во Белград во саботата, 8 август, новинарот на германскиот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ), Михаел Мартенс, на заедничката прес-конференција со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Снимката од прашањето на Мартенс во текот на викендот ...

Пет години по доаѓањето на талибанците на власт во Авганистан, околу 2,4 милиони девојчиња и натаму немаат пристап до средно образование. Обединетите Нации повторно повикаа на итно враќање на нивното право на образование. Од УНЕСКО велат дека Авганистан е единствената земја во светот каде на девојчињата и жените официјално им е забрането средно и високо образование. Талибанците ја презедоа власта на 15 август 2021 година, а набрзо им ...

Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е надминат и дека тие повторно можат непречено да ги користат здравствените услуги. Во текот на денот, двете институции беа во континуирана координација и, во соработка со Управата за јавни приходи, ги презедоа потребните активности за утврдување и отстранување на причините што доведоа до ...

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис бил примен во болница по несреќа што ја доживеал додека возел велосипед. Според локалните медиуми, Мицотакис во понеделникот отишол во болничката амбуланта откако паднал од велосипед. Тој се здобил со повреда на раката и помали гребнатини, пренесува „Катимерини“. Откако му била укажана прва помош, грчкиот премиер ја напуштил болницата. Текстот Грчкиот премиер Мицотакис примен во болница по пад од ...

Кариерата ретко напредува по целосно права линија, а големите професионални успеси често бараат храброст и подготвеност за промени. Некои луѓе лесно ја напуштаат сигурната зона, прифаќаат нови предизвици, менуваат работа или започнуваат сопствени проекти. Според астролошките толкувања, меѓу хороскопските знаци има и такви кои не се плашат да ризикуваат доколку веруваат дека тоа ќе ги приближи до целта. Овен – Не чекаат совршена прилика, туку ...

Два патничко-туристички брода се судриле во морскиот простор кај заливот Вутуми на Антипаксос, во близина на Крф, при што тројца патници превентивно биле пренесени во Здравствениот центар на Паксос. Според досегашните информации, до судирот дошло додека двете пловила се наоѓале во акваторијата на Антипаксос. Надлежните органи веднаш реагирале, а била започната постапка за безбедно префрлање на патниците. Едниот од двата туристички брода, на ...

Македонија самостојно преку билатерални договори го решава проблемот со транспортерите. Веќе имаме такви договори со Швајцарија, Хрватска и Романија, а работиме со Австрија, со Германија и Унгарија. Тоа е систем на ЕУ и тие треба да најдат решение, ние во рамки на можностите на Владата го наоѓаме решението преку овие билатерални договори за долгорочни работни визи, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар ...

Дебата во вилата „Билјана“ во Охрид во пресрет на Меѓународниот ден на младите: Тешката битка со меѓуврсничкото насилство се добива со навремено препознавање и соодветно реагирање Во пресрет на 12 Август, Меѓународниот ден на младите, во вилата „Билјана“ во Охрид се дебатираше на тема „Меѓуврсничко насилство и вандализам: младите, училиштата и дигиталниот простор“, во организација на Советот за млади во рамките на Кабинетот на ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
86%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.275
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07