Белград
7ᴼ /
3ᴼ
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека сегашниот светски поредок е завршен, на економска конференција во Берлин организирана од германскиот весник „Цајтунг“. „Сè уште не знаеме како ќе изгледа светскиот поредок за неколку години, но сигурно знаеме дека поредокот што ние на Запад го знаеме во последните 80 години, а на Исток 35 години, овие денови, недели, месеци, денес, на овој ден кога се среќаваме тука – е завршен“, рече Мерц. „И ако ...
Кремљ реагира на најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека републиканците во Конгресот подготвуваат закон со кој ќе се воведат санкции за сите земји што соработуваат со Русија. Портпаролот Дмитриј Песков, изјави дека Москва ќе одговори многу остро на усвојувањето ваков закон. „Москва би реагирала исклучително негативно на усвојувањето на американскиот закон за санкции против земјите што соработуваат со Русија“, рече Песков. Трамп ...
Концертот на Божо Вреќо, кој требаше да се одржи на 21 ноември 2025 година во Македонската филхармонија во Скопје, се пролонгира поради технички причини. Нов термин за одржување на концертот ќе биде утврден во најбрз можен рок, а јавноста и сите купувачи ќе бидат навремено информирани за новиот датум. Сите купувачи кои сакаат да го остварат своето право на поврат на средствата за купените билети можат да го направат тоа на продажното место каде ...
Канцеларијата за контрола на странските средства на Министерството за трговија на САД го продолжи рокот за завршување на трансакциите поврзани со преговорите и склучувањето договори за продажба на меѓународни средства на руската нафтена компанија „Лукоил“ до 13 декември, објави американската агенција. Американската страна исто така го продолжи рокот за завршување на трансакциите со бугарските подружници на „Лукоил“ до 29 април 2026 година. ...
Актуелни и поранешни партиски функционери на СДС бараат промени во раководството, само за Филипче тоа не важи, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Веќе две недели по катастрофалните избори на кои СДС спадна на 120.000 гласови и само 6 општини, партијата и натаму без никакви промени во врвот, а на Филипче тоа му одговара. Откако веќе јавно се повеќе актуелни и поранешни функционери бараат промени, станува јасно во јавноста дека ...
Со обраќањето на универзитетскиот професор и економист Џефри Сакс, заврши 16-тата Школа за млади лидери на Претседателот Иванов. Во онлајн сесијата тој ги истакна значењето на младинското лидерство, глобалната соработка и одржливиот развој како клучни насоки за идните генерации. Учесниците имаа можност директно да разменат мислења и да постават прашања, со што беше заокружен последниот ден од програмата. 16-тата Школа за млади лидери на ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска го потпиша актот за одржување на локалните избори за четирите општини Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа каде на 19 октомври, прв круг на Локалните избори немаше доволен број излезени граѓани на гласање. „Во својство на претседател на Собранието на Република Северна Македонија, денес го потпишав актот за одржување повторени избори за градоначалници на општините Гостивар, Врапчиште, ...
Актерката Ања Тејлор Џој се појави на настан во Њујорк организиран од „Tiffany & Co“ и ги потсети сите зошто баш таа е избрана за најубава жена на светот. Русокосата убавица за овој настан избра краток бел фустан, со асиметричен топ и висока јака што му даде на целиот моден изглед доза на „драма“. Но, и покрај сето тоа, нејзините долги нозе беа во преден план, па нема некој кој не ѝ обрна внимание на Ања кога се појави пред фотографите. За ...
„Денеска е објавен јавниот повик и ги повикувам сите студенти да аплицираат, мислам дека се 55.000 на број. Тоа што го ветуваме тоа и го исполнуваме, 15.300 денари добива секој студент за набавка на електронски уред“, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. Мицкоски рече дека чекале изборите официјално да завршат за да можат да го објават повикот за аплицирање, за кој што рече дека трае до први јануари 2026 ...
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови во форма на невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Во Скопје, следува период на ...
Сообраќајот на патниот правец Градско – Велес, кој беше во прекин поради незгода, во 11:30 часот e пуштен во двата правци, соопшти АМСМ. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар ...
Тимот на Електродистрибуција специјализиран за откривање неовластено користење на електрична енергија утврди основи на сомневање за наводна кражба на електрична енергија во станбена куќа во сопственост на бизнисмен од Штип. Констатирано е противправно користење на електрична енергија во објект на улицата „Борко Талев“ во Штип, манипулација на сите три фази на броилото, велат од Електродистрибуција. Од таму додаваат дека е направен записник за ...
Сарказмот е како добро вино – не секој го цени, а само малкумина знаат како мајсторски да го користат. Додека некои луѓе се мачат да разберат ироничните забелешки, за други тоа е природен начин на комуникација. Астрологијата открива дека мајсторите на сарказмот често се раѓаат под одредени ѕвезди, а нивните остри умови и остри јазици ги прават кралеви на интелигентниот хумор. Шкорпија Ако постои знак кој има докторат по темен хумор и сарказам, ...
Бисан Јунис стои тажно пред неколку шатори опкружени со урнатини и остатоци, пустош што стана вообичаена глетка низ Појасот Газа. Малиот камп е уште едно импровизирано училиште во кое нема место за нејзиниот син тинејџер, Карим. Војната меѓу Израел и милитантната група Хамас остави повеќе од 600.000 палестински деца во Газа да ги пропуштат последните две години од училиште, објавува „АП њуз“. „Повеќето училишта се уништени“, изјави таа за ...
Окружниот суд во Бихаќ го осуди Мехмед Вукалиќ, поранешен домар во средно училиште во Сански Мост, на 42 години затвор, објавија локалните медиуми. Вукалиќ (62) беше прогласен за виновен за убиство на директорот на училиштето Нијаз Халиловиќ, секретарката Нисвета Кљуниќ и наставничката по англиски јазик Гордана Миџан. Тој ги уби сите тројца со огнено оружје. Беше осуден на 14 години затвор за секое од трите убиства, а доби и дополнителна една ...
Ѕвездата на ријалити шоуата Ким Кардашијан е најсреќна кога сите очи се вперени во неа. Откако го прослави својот 45-ти роденден и предизвика доста возбуда со своите провокативни фотографии на Инстаграм, сега им зададе тешкотија на фотографите. Кога беше запрена на влезот од хотел во Рио де Жанеиро и и беше побарана изјава, ретко кој можеше да се концентрира и да ја погледне Ким директно во очи. Кардашијан избра црвен лежерен фустан кој малку ...
Поранешниот командант на британската морнарица, лорд Алан Вест, денес предупреди дека рускиот напад врз Украина ризикува да се претвори во целосен конфликт со западниот одбранбен блок и дека Велика Британија веќе „всушност е во војна со Русија“. „Доста е тешко да се види како некој ќе излезе од овој конфликт бидејќи не сакаме целосна војна меѓу НАТО и Русија. Русија би изгубила – а опасноста од нивна загуба е прашањето дали потоа би ја ...
30-годишен маж осомничен дека контактирал девојчиња преку мобилна апликација, ги поканувал да му испратат фотографии од нивните тела и им предлагал да се сретнат и да имаат интимни односи е сместен во затвор во Риека, пренесуваат локални медиуми. Истражниот судија на Окружниот суд во Риека му одредил на П.М. (30) притвор поради ризик дека, доколку биде ослободен, би можел да влијае врз сведоци, жртви на кривични дела, објавува порталот Бурин. ...
Во Белград е во тек голема полициска потрага откако 24-годишен маж беше застрелан на Канарево Брдо во неделата. Напаѓачот го пречекал пред зградата каде што живее, а тешко повредениот млад човек е во критична состојба и лекарите се борат за неговиот живот, пишува Телеграф.рс. Според сведоците, напаѓачот носел перика и бил виден во близина на зградата еден ден пред пукањето. Го застрелал младиот човек во градите додека се приближувал кон својот ...
Во периодот од 01.11.2025-16.11.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 10.210 издадени платни налози, 2.983 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР. „Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 55 лица, од ...
Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека од денеска е отворен Јавниот повик за доделување на вредносни ваучери за студенти за набавка на електронски уреди, кој се спроведува преку Националниот портал за е-услуги – uslugi.gov.mk. Сите студенти може да аплицираат најдоцна до 20 декември 2025 година, а реализацијата на ваучерите, односно подигањето на уредите, може да се изврши до 31 декември 2025 година. Чекори за ...
„Биномот ДУИ-СДСМ го користеше европското знаме не за Европа, туку како крпа за да ги избрише трагите на Никола Груевски и да ја спаси кожата на Сашо Мијалков. Под маската на „хармонизација со ЕУ“, тие гласаа за измени во Кривичниот законик за кои денес гледаме како целото општество пати“, велат од „Влен“. „Ова не беше закон за европски стандарди, туку понуда за амнестија за заробување на државата, потпишана од ДУИ во име на Албанците, но во ...
Од денеска до 24 ноември, во организација на Мрежата на медиумска писменост, по седми пат ќе се одржат Деновите на медиумска писменост 2025. Членките на Мрежата и нивни поддржувачи, ќе организираат повеќе од дваесетина настани на различни локации низ целата држава, а некои настани ќе се одржат и онлајн. На овој начин нашата земја се приклучува кон Глобалната недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО. На денешната Конференција за ...
Пратеничката од партијата Левица, Јована Мојсоска, денеска, на нејзиниот Фејсбук профил, порача дека власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема повеќе ниту еден аргумент да го одлага одржувањето на надзорна расправа за трагедијата во Кочани, имајќи предвид дека обвинителниот акт е поднесен пред повеќе од еден месец. „Власта е на потег… Надзорна расправа за трагедијата во Кочани мора да се одржи, а тоа го ветуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Во сите ...
Толку млада, а веќе глобален хит, прекрасната актерка Мили Боби Браун (21) не престанува да го краде вниманието на целиот свет со своите модни изданија. На едно од нејзините последни појавувања на црвениот тепих, таа подготви незаборавен стајлинг, а сега се потруди да создаде возбуда и на социјалните мрежи. Millie Bobby Brown is getting into the Christmas spirit with her new clothing line and a festive “Elf on the Shelf” look ...
Млад полицаец од Горна Австрија се нашол во сериозна неволја бидејќи наводно ги открил локациите на полициските радари во WhatsApp група со повеќе од илјада членови. 27-годишникот утре ќе се појави на суд во Велс под обвинение за злоупотреба на службена должност. Од почетокот на 2023 година до крајот на 2024 година, возачите во округот Феклабрук имале моќна алатка за избегнување казни – информации што доаѓале директно од полициските редови, ...
Познатата манекенка Ирина Шајк се појави во Прага на презентацијата на календарот на Пирели за 2026 година и ги воодушеви сите со својот екстравагантен моден избор. Руската убавица е позната како некој што често изгледа лежерно и опуштено, а најдобро се чувствува во широка облека, но кога станува збор за црвениот тепих, таа секогаш е подготвена за изненадувања. Овој пат, Ирина беше и драматична и провокативна. На црвениот тепих се појави во ...
Премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил објави дека заедно со градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски биле во вечерна обиколка на градот. „Вечерна обиколка на плоштадот и дел од Градскиот парк. Се беше чисто и средено како што доликува за нашето Скопје! Го посетивме и Луна Паркот за кој наскоро се започнува постапка за негова реализација“, напиша Мицкоски. За вечерната обиколка на социјалните мрежи објави и градоначалникот ...
Украина ќе увезува гас од Грција за да обезбеди снабдување со енергија за претстојната зима, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Зеленски, по средбата во Атина со грчкиот претседател Константинос Тасулас и премиерот Киријакос Мицотакис, изјави дека договорот ќе обезбеди уште еден пат за снабдување со гас со цел да се обезбеди увоз за зимата колку што е можно повеќе. Договорот ќе покрие речиси две милијарди евра потребни за увоз ...
На 13 декември во МКЦ со почеток од 19:30 рап групата Пука Козметика прославува 30 години од формирањето. Во киното Фросина започнува да се раскажува приказната на групата од своите почетоци до денес, во лобито потоа е предвидена промоција на винил изданието 30 години Пука Козметика и коктел за присутните, за вечерта кон 22:00 во денсинг салата да продолжи музичкиот дел со концерт на Пука Козметика и другарите. Пука Козметика е група на пионери ...