Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената граница. Пратката пристигнала преку граничниот премин Златарево и била наменета за трговец во Петрич. Пиперките биле задржани и ставени под забрана за продажба додека се чекале резултатите од анализите. Откако било потврдено дека нивото на пестицидот е над дозволеното, бугарската ...
Општина Центар и оваа учебна година продолжува со мерката за обезбедување бесплатни училишни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение во осумте општински основни училишта. Мерката, која Општината ја воведе минатата година, продолжува и во учебната 2026/2027 година, со цел да се намалат социјалните разлики меѓу учениците и да се создаде училишна средина во која секое дете ќе се чувствува еднакво и прифатено. Градоначалникот на ...
Со изведување на наодите од градежното вештачење на објектот „Пулс“ и распит на вештите лица што го изработиле, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште, вештаците кажаа дека „Пулс“ нелегано бил пренаменет од индустриски објект во дискотека спротивно на урбанистичкиот план. Со вештачењето е утврдено и дека биле ...
Центарот за управување со кризи соопшти дека изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 3 се под контрола, а 18 се изгаснати, . Активни пожари има кај село Морани – село Вртекица – село Рамни Габер во општина Студеничани каде што годи мешана шума и кај Видуш, Драгов Дол и Локвица во општина Македонски Брод каде што е запалена ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да сопре со ширењето хистерија, страв и паника меѓу граѓаните. Ќе заврши со една тема, ќе почни со друга. Ќе заврши со водата за пиење во едно населено место, ќе се префрли во други. Па така, СДС почна со Гостивар, со неуспешниот обид за ширење дезинформации за квалитетот на водата, за што експресно беа демантирани, се префрли во Скопје, за на крај да заврши на селската чешма со кисела вода во ...
Поради планирани технички интервенции од страна на ЕВН Македонија, без електрична енергија денеска од 06.00 до 13.00 часот, се корисниците од населбата Белви, како и објектите на мотел Белви и Чеза Комерц во општина Илинден , соопшти РЦУК Скопје. Струја од 09.00 до 13.00 часот, ќе немаат и дел од корисниците што се напојуваат од ТС Инџиково 2 во општина Гази Баба Поради планирани технички интервенции од страна на ЕВН Македонија, без ...
Соопштение за јавност на СДСМ: По враќањето на Христијан Мицкоски од „научната екскурзија”, речникот на ВМРО-ОКГ стана уште поарогантен. Сега ја исмејуваат грижата за здравјето на граѓаните. СДСМ деновиве постојано предупредува за загадена вода низ Македонија, токму затоа што власта на Мицкоски и неговата организирана криминална група ги крие податоците. Поради таа тајност еден цел град од 50.000 жители беше изложен на труење – над 5.000 луѓе ...
Најмалку шест лица се убиени во напад на украинските сили врз регионот Белгород, изјави вршителот на должноста гувернер Александар Шуваев. „Шест цивили се убиени, а четворица се повредени, вклучувајќи и едно дете“, напиша Шувајев во објава на платформата Max , објави Тас. Порано овој месец, на 9 август, шест лица беа убиени и во напад на украинските сили врз градот Белгород. Во масовен напад со беспилотни летала, 15 лица беа повредени, а ...
Во стампедо во хиндуистички храм во источната индиска држава Бихар во неделата загинаа седум лица, а повеќе од десетина беа повредени. Властите велат дека пукнат електричен кабел предизвикал паника кај илјадници верници, јавува АП . Несреќата се случила во храмот Ашок Дхам во округот Лахисараи во источна Индија. Илјадници верници се собрале да се молат на третиот понеделник од Шраван, еден од најсветите месеци во хиндуистичкиот календар. ...
Веќе десет дена трае потрагата по исчезнатиот Љупчо, а неговото семејство и блиските секојдневно се вклучени во обидите да го пронајдат. Неговиот внук Дарко сега излезе со јавна реакција во која бара одговорност и одговори од институциите, тврдејќи дека семејството уште пред исчезнувањето повеќепати алармирало дека на Љупчо му е потребна стручна помош поради сериозни проблеми со менталното здравје. Според Дарко, во периодот пред исчезнувањето ...
Нови нервози вечерва за викендашите кои се враќаат од Охрид кон Скопје. На патниот правец од Стража кон Гостивар се создадени огромни колони возила, а сообраќајот се одвива бавно. Според информации од возачи кои во моментов се на овој патен правец, за делницата од Стража до Гостивар се потребни од еден час до час и половина, зависно од интензитетот на сообраќајот. На повеќе места возилата се движат во долги колони, а повремено има и ...
Шведската компанија „Џетсон“ го создаде првиот летачки автомобил „Џетсон Уан“ што овозможува 20 минутно летање со помош на џојстик. Со максимална брзина од 102 км/ч и тежина до 95 км, возилото е наменето за кратки патувања. Направен од алуминиумова конструкција, едно седиште и осум електрични мотори, „Џетсон Уан“ се смета за автомобил на иднината со веќе распродадени примероци до 2027 година, по цена од 128.000 долари. Новите нарачки ќе се ...
Според ново истражување, спроведено во Мајами, Флорида, САД, научниците дошле до заклучок дека комарците не ги избираат своите жртви случајно. Имено, природните супстанции што се наоѓаат на кожата на некои луѓе ги прават многу попривлечни за овие инсекти, што објаснува зошто некои луѓе имаат десетици каснувања кога се надвор, додека други речиси и да немаат ниеден белег. Комарците не се само здодевни летни напасници – тие пренесуваат болести ...
На 15.08.2026 околу 19:45 часот во Скопје на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.А.(20) од Скопје по претходна пријава дека во спортска обложувалница со закана со остар предмет се обидел да одземе пари од вработената. По целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено ...
Кристијано Роналдо во интервју за „Вог“ изјави дека сериозно размислува за крај на својата кариера. – Ова ќе биде веројатно мојата последна сезона во фудбалот, изјави популарниот CR7. Роналдо има договор со Ал Наср до јули 2027 година, кога ќе има 42 години. Португалецот е на чекор до неверојатен рекорд односно му фалат 30 голови за да стигне до бројката од 1.000 голови. Лигата во Саудиска Арабија почна, а Кристијано Роналдо нема настап по ...
На 15.08.2026 во 21:10 часот во СВР Скопје Ј.А.(35) од с.Студеничани, скопско пријави дека од заталкано зрно од огнено оружје бил оштетен панелот со која била покриена гаражата во нејзиниот дом. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 15.08.2026 во 20:45 часот во СВР Скопје С.Ј.(39) од Скопје пријави дека во близина на неговата куќа на подрачјето на Драчево пронашол заталкано зрно од огнено оружје. Се преземаат мерки за ...
Германски град во близина на белгиската граница им препорача на жителите да се евакуираат, бидејќи голем шумски пожар во Белгија се шири кон Германија. Според соопштението на властите во градот Моншау, пожарот моментално е на 1,5 км од германската граница и на 1,8 км од најблиската населено место. Пожарот, што уништи речиси 3.000 хектари шумска област, е еден од најголемите во историјата на Белгија. Иако не се очекува пламените јазици да ...
Од паметно управување со стресот до избор на хоби, виталноста се гради преку навидум мали одлуки. Многу луѓе ја одржуваат својата ментална острина, емоционална стабилност и љубопитност и во своите осумдесетти години. Додека генетиката игра улога во стареењето, начинот на живот и секојдневните навики, исто така, влијаат на здравјето на мозокот. Од редовно вежбање до квалитетни врски, неколку едноставни навики можат да помогнат во одржувањето ...
Првакот Вардар втор натпревар во низа е поразен откако попладнево загуби на гостувањето кај Струга ТЛ со 1:0 во дербито на третото коло. Вардар имаше шанса да остане непоразен во дербито, но во судиското надополнување на вториот дел Давид Бабунски (90+5 минута) не реализираше пенал (го промаши голот). Единствениот гол на дуелот го постигна Христијан Малески во 61.минута. По голот стружани не реализираа уште неколку шанси за зголемување на ...
Повеќе од 700 камиони натоварени со меѓународна хуманитарна помош пристигнаа во Авганистан преку Пакистан и покрај речиси целосното затворање на границата меѓу двете земји, кои се во конфликт една со друга, соопштија денеска ОН. Конвојот е натоварен со „храна и основни хуманитарни производи“, изјави Олга Черевко, портпаролка на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни работи (OCHA) во Авганистан. „724 камиони натоварени со ...
Министерството за внатрешни работи, преку Одделот за криминалистичка полиција, во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и во рамки на меѓународната соработка со надлежните служби од Косово и Грција, спроведе повеќемесечна истрага за организирана криминална група инволвирана во меѓународен транспорт на наркотична дрога. На 14.08.2026 година во Солун беа лишени од слобода македонски и ...
Центарот за управување со кризи информира за нов пожар над селото Вржале во околината на Скопје. Поради непристапниот терен утре наутро планирана е и воздушна интервенција, а екипи ќе останат на терен во текот на ноќта. – Поради непристапниот терен, кој не овозможува целосна локализација на пожарот со интервенција од земја, за утре наутро е планирана и воздушна интервенција, која ќе се реализира во зависност од временските услови и ...
Папата Лав Четиринаесетти повика на прекин на актите на насилство врз палестинските цивили на Западниот Брег, јави ДПА. „Го обновувам мојот апел за прекин на насилствата врз палестинското цивилно население на Западниот Брег“, рече папата. Тој го упати апелот од својата летна резиденција во Кастел Гандолфо, во близина на Рим. Папата ја повика меѓународната заедница итно да поддржи решение за две држави „за праведен и траен мир – сценарио во ...
Центарот за управување со кризи попладнево информира дека до 18 часот на ниво на државата се регистрирани 14 пожари на отворен простор од кои пет се активни, а три се под контрола. Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер во општина Студеничани, кај месноста викана Видуш во општина Македонски Брод, кај селото С’лп, м.в. Горно Село во Општина Велес, со проширување кон с. Карабуњиште и селата Добрино и ...
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир еден од најесктремните десничарски политичари во владејачката коалиција на Бенјамин Нетанјаху, јавно заговара убивање 30 до 40 луѓе во Газа секој ден. Тој тоа го изјави во подкаст-разговор со Ром Браславски, поранешен заробеник во Газа. Двајцата разговараа за опоравувањето на Израел по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. Бен-Гвир критикуваше и намален интензитет на ...
На 15.08.2026 година во 23:20 часот, полициски службеници од ПС Гостивар го лишиле од слобода И.Д.(37) од Гостивар поради тоа што околу 23:20 часот влегол во домот на неговата 32 годишна девојка, вербално ја нападнал, а потоа ѝ го одзел и искршил мобилниот телефон. Набрзо потоа, пред зградата и физички ја нападнал, нанесувајќи ѝ телесни повреди констатирани во Ургентниот центар во Гостивар. Тој е задржан во полициска станица и по ...
Четири лица се уапсени под сомнение дека предизвикале пожари на подрачјето на Задарската жупанија во Хрватска, соопшти денеска задарската полиција. Како што е наведено во полициското соопштение, лицата биле уапсени откако граѓани пријавиле сомнително возило и однесување. Четворицата се приведени синоќа на поширокото подрачје на Бенковац, а полицијата спроведува криминалистичка истрага за нивната можна поврзаност со предизвикувањето пожари во ...
Вчера (15.08.2026) во 19:15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги привеле Ж.В.(22), Ј.В.(19) и М.В.(47), сите од Кочани, како и И.А.(46) од село Баница, струмичко. Лицата биле приведени затоа што по претходна расправија на ул. „Тодосија Паунов“ во Кочани го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувале шест лица. По преземените мерки и целосно документирање на настанот, против лицата биле ...
Полицијата во Гостивар привела 45-годишен маж по пријава за физички напад врз неговата 35-годишна сопруга, а дополнително биле пријавени и други форми на насилство што, според пријавата, траеле подолг период. Денеска полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода И.Т. (45) од Гостивар. По пријавата за физички напад врз сопругата, кај него било измерено присуство на 1,01 промил алкохол во крвта. Во текот на вечерта, ...
Ефикасноста на полицискиот хеликоптер во гаснењето на пожарот над селото Драгов Дол, во Општина Македонски Брод, е зголемена со поставување монтажен базен во близина на пожарната линија и реката Треска, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Со поставувањето на базенот, хеликоптерот повеќе нема потреба да лета до езерото Козјак, што претходно траело околу 15 минути. Сега водата ја полни од базенот во ...