Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека врвните воени команданти на Иран се убиени и дека Моџтаба Хамнеи, син на покојниот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи и негов наследник, е 90 проценти исчезнат. Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп рече дека воените капацитети на Иран се сериозно ослабени. „Тие немаат морнарица. Немаат воздухопловни сили. Сè е исчезнато. Нивната воздушна одбрана е исчезната. Сите нивни лидери се убиени“, рече ...
Најбројни гости во земјава во април 2026 година биле туристите од Турција. Податоците покажуваат дека странските посетители имаат доминантен удел во туристичкиот промет, со што продолжува трендот на зголемен интерес за посета на земјава. Според податоците на Државниот завод за статистика, во април годинава во Македонија биле евидентирани 97.358 туристи кои оствариле 174.649 ноќевања. Од вкупниот број гости, 79,5 проценти биле странски ...
Со одлуката на Апелацискиот суд се поништи одлуката на Вишиот суд во Нови Сад од 24 декември 2025 година и се потврди обвинението на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад за Горан Весиќ, неговата помошничка Анита Димоски и поранешната директорка на Српската железничка инфраструктура Јелена Танасковиќ. Обвинението беше потврдено и против уште три други одговорни лица – Милан Спремиќ, Марина Гавриловиќ и Дејан Тодоровиќ. Во ноември минатата ...
Дванаесет лица се уапсени под сомнение дека упатиле „екстремно десничарска терористичка“ закана кон исламски собир во англискиот округ Сафолк. Апсењата, вклучувајќи ги и тројцата мажи осомничени за заговор за убиство, следат по истрагата на лондонската антитерористичка полиција за собир за време на викендот во Шрабленд Хол, објави Скај њуз . Организаторите на митингот „Ијтима“ во Велика Британија, кој се одржа од 9 јули до денес, беа ...
Интегрален текст од изјава за медиуми на Оливер Спасовски, пратеник од редовите на СДСМ: Оваа прес-конференција ја свикавме во вонредни околности, затоа што она што се случи на седницата на Собранието е вон сите демократски критериуми, особено што доаѓа од страна на претседател на Владата и на кандидат за министер. Целата македонска јавност беше сведок на една огромна нервоза во моментите кога се разговара за дебаклот и за неуспесите во двете ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Левица и ДУИ уште еднаш покажаа дека не сакаат нов Изборен законик, туку политичка блокада. Иако со месеци учествуваа во разговорите и усогласувањето на текстот, во моментот кога требаше да се постигне договор, се повлекоа и го урнаа целиот процес. Венко Филипче после 4 месеци преговори во Собранието за Изборниот законик најде нов изговор и се сети дека му се потребни експерти. Блокадата на Изборниот ...
На 12.07.2026 во 21:15 часот во валандовско село, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово лишија од слобода 26-годишен жител на тоа село. Според пријавеното, тој околу 17:30 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 51-годишен татко. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. На 12.07.2026 во 20:45 часот во Радовиш, полициски ...
Со цел унапредување на меѓусебната соработка за превенирање на појава на пожари, полициски службеници од СВР Охрид и Полициската станица за граничен надзор „Св. Наум” при Регионалниот центар за гранични работи Запад остварија работна средба со полициските службеници од полициската станица во Поградец, при Министерството за внатрешни работи на Република Албанија. На работната средба беа договорени координирани превентивни безбедносни мерки, ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Реконструкцијата на Владата е признание дека министрите на Христијан Мицкоски не испорачале резултати, но најголемиот доказ за двојните аршини е тоа што Панче Тошковски останува министер за внатрешни работи и покрај серијата скандали што го потресоа МВР. Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, во денешната собраниска расправа истакна дека реконструкцијата јасно покажува дека Владата признава неуспех, но истовремено ги ...
Доналд Трамп изјави дека САД веројатно ќе ја преземат контролата врз операциите во Ормускиот теснец и очекува другите земји финансиски да го компензираат Вашингтон за заштитата на стратешки важниот воден пат. „Ќе го чуваме. Ќе ни бидат платени пари за да го чуваме, многу пари. Сакаме да бидеме компензирани за тоа што ги ставаме нашите луѓе во опасност“, рече Трамп во интервју за Фокс њуз. Тој го обвини Иран за кршење на меморандумот за ...
По бегството на 41-годишниот Александар Лазов од Кочани од полициската станица и распишувањето меѓународна потерница по него, директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Александар Јанев, отпатува во Кочани за лично да ги утврди сите околности под кои осомничениот успеал да избега. Јанев соопшти дека заедно со дел од својот тим извршил увид во полициската станица, нагласувајќи дека станува збор за сериозен инцидент кој ја нарушува ...
Ново вознемирувачко видео од меѓуврсничко насилство предизвика силни реакции во јавноста, откако снимката почна масовно да се споделува на социјалните мрежи. На видеото се гледа девојче кое е опколено од група врсници, по што е изложено на физичко насилство, додека останатите присутни го следат настанот без да интервенираат. Според информациите што се споделуваат во јавниот простор, инцидентот наводно се случил во еден од поголемите градови ...
Македонската радио-телевизија (МРТ) го комплетираше својот раководен тим откако Програмскиот совет го избра Џуљиан Шабани за нов заменик-директор на јавниот радиодифузен сервис. Од Програмскиот совет информираат дека изборот бил спроведен во согласност со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и со важечките подзаконски акти. Шабани е дипломиран во областа на администрација и менаџмент. Во постапката за избор учествувале осум ...
Петнаесет месеци по катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а околу 200 беа повредени, законската рамка што ја регулира работата на ноќните клубови и дискотеките останува речиси непроменета. Единствената суштинска измена е забраната за употреба на пиротехнички средства во затворен простор, додека клучните препораки за спречување на идни трагедии сè уште не се преточени во закон. Ова е главниот заклучок ...
Зголемените температури, климатските промени, урбанизацијата, но и сè почестите патувања и меѓународната трговија придонесуваат за ширење на болести што ги пренесуваат комарците, крлежите и другите вектори во нови региони. Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) предупредуваат дека овие фактори го зголемуваат ризикот од појава и ширење на вектор-преносливи заболувања, особено во летниот период. Од ИЈЗ апелираат граѓаните да бидат информирани и ...
Пишува: Мирослав Трлин дипломиран економист во пензија Секој денешен работник е утрешен пензионер. Оваа реченица звучи едноставно, но во неа е содржана суштината на целиот пензиски систем. Додека сме во работен однос најчесто размислуваме за платата што ја добиваме денес, а многу помалку за пензијата што ќе ја примаме утре. Сепак, токму денес се создаваат условите за нашата иднина. Пензискиот систем не е само прашање на сегашните пензионери. ...
Градежното вештачење за трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а над 230 беа повредени, беше главна тема на денешното рочиште против 34-те обвинети. Пред Судот сведочеше професорот од Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски, кој заедно со тим од повеќе професори го изготвил вештачењето за причините и околностите што довеле до катастрофата. „Ова е еден од поважните докази во ...
Западот се обидува да ја избрише руската култура и да ја прекрои историјата за да ја спречи земјата да црпи сила од неа, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Таа тврдеше дека затоа се уриваат споменици и се обидуваат да ја уништат културата, со цел Русија да се лиши од нејзиниот извор на сила, пренесува ТАСС. „Верувам дека токму затоа оние што уриваат споменици или се обидуваат да ја уништат ...
Околу 400 пожарникари денеска го гаснат големиот шумски пожар во познатата шума Фонтенбло, јужно од Париз. Пожарот избувна доцна синоќа во близина на автопатот и досега уништи 800 хектари шума, соопштија властите. Два авиона канадери, што собираат вода од реката Сена, исто така се вклучени во гасењето на пожарот, објави одделот Сена и Марн. Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека се мобилизирани сите ресурси за борба против ...
Експертски панел на Европската Унија препорача ограничување на пристапот до социјалните мрежи за деца под 13 години низ целата Унија, велејќи дека употребата треба да биде дозволена само под родителски надзор или за образовни цели, јавува ДПА. Барањето на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, беше откриено денеска во Брисел, додека владите ширум светот дебатираат за тоа како најдобро да ги заштитат децата и тинејџерите ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа напредуваше на најновата ранг листа на ВТА објавена денеска и се наоѓа на 208. место со 367. бодови. Ѓорческа напредуваше 14. позиции поради нејзиниот одличен настап на овогодишниот грен слем турнир во Вимблдон. Триесетиедногодишната Ѓорческа успешно ги мина трите квалификациски рунди и стана првата македонска тенисерка со настап на грен слем турнир, пред да биде поразена во првото коло од ...
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, во расправата за реконструкција на Владата, се осврна на министерството за здравство и потенцираше дека честите кадровски смени не ги решаваат наталожените проблеми во здравствениот систем, кој се соочува со недостиг од лекови, нефункционални институции, кадровски дефицит и партизација: „Денес тука дочекавме да назначиме и трет министер за здравство во две години владеење. Ама лицата со хемофилија ...
На 12.07.2026 околу 06:45 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје е пријавено дека починал М.А.(56) од с.Миладиновци, скопско, кој на 08.07.2026 бил донесен со тешки телесни повреди, со кои, според пријавеното, се здобил откако паднал од првиот кат од терасата од куќа. По насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција. На 12.07.2026 околу 06:45 часот во СВР Скопје ...
Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната собраниска седница за Предлогот за разрешување членови на Владата, рече дека разрешувањето на министерот за култура Зоран Љутков е признание за неговото неуспешно работење и за целосниот застој во културата во изминатите две години, откако ВМРО на власт. „Две години имавме министер актер кој навистина треба да признаеме дека многу добро ги одглуми овие две години. Две години ...
Општина Илинден направи значаен чекор во унапредувањето на својата туристичка промоција преку изработка на современ 360° визуелен водич, реализиран во рамките на Договорот за соработка со „Македонија на дланка – Агенција за туризам и маркетинг“, носител на националниот проект „360° Визуелен водич – Македонија на дланка“. Новата дигитална платформа овозможува интерактивно и реалистично запознавање со природните, културните и јавните содржини ...
На 12.07.2026 во 10:45 часот, полициски службеници од Полициското одделение Маврово го приведоа Ѓ.Р. (56) од Гостивар, кој го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување во с. Галичник, за време на одржување на манифестацијата „Галичка свадба”. Истиот ден во 20:40 часот, на ул. „Браќа Ѓиновски” во Гостивар, полициски службеници од ПС Гостивар, повторно го приведоа Ѓ.Р. затоа што го нарушувал јавниот ред и мир. По извршеното ...
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 13.07.2026 околу 02:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Скопје, на територија на Карпош, било опожарено патничко возило „пасат” со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Р.. Од пожарот биле оштетени и патничко возило „фолксваген туран”, сопственост на Д.М., патничко возило „сангјонг”, сопственост на С.С. и деловен објект, сопственост на Г.Л.. Огнот бил изгаснат од ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во армиската касарна во Ќојлија изврши увид на градежните активности кои во моментов се реализираат на објект во оваа касарна. Проектот тежи 10,7 милиони денари, обезбедени со буџетот на одбраната. Овој објект минатата година доби целосно нова кровна конструкција. Мисајловски при увидот порача дека прекинува праксата на неинвестирање во армиската инфраструктура и дека посветеноста кон менување ...
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Лазаров Александар (41) од Кочани од татко Методи и мајка Даринка. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање од Основен суд Кочани за сторено кривично дело по член 215 став 1 вв.член 22 од Кривичниот законик. https://mvr.gov.mk/mk-MK/potragi Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Лазаров Александар (41) од Кочани од ...
Полицијата во Атланта е запознаена со историјата на односите меѓу Англија и Аргентина и се подготвува за сложена операција пред полуфиналето на Светското првенство во кое двете репрезентации ќе се соочат в среда навечер по средноевропско време во овој американски град. Снимки од помали судири меѓу аргентинските и англиските навивачи од саботата веќе циркулираат на социјалните мрежи. Една од нив покажува како англиски навивач разменува удари ...