Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Американските вооружени сили денеска соопштија дека ја уништиле набљудувачката кула во пристаништето „Шахид Калантари“ во иранскиот град Чабахар. Во објава на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) на социјалната мрежа Икс се наведува дека кулата била дел од иранската мрежа за надзор во Оманскиот Залив. Според ЦЕНТКОМ, преку овој објект Корпусот на Исламската револуционерна гарда следел и изведувал напади врз трговски бродови што пловат низ ...
Гумите за сите сезони (All-weatheр) стануваат сè поголем тренд на возачите. Со нивно користење се намалува потребата за нивна замена двапати во годината. Заштедуваат време и пари за сезонска монтажа, со редовно одржување. Според производителите на гуми, редовната ротација на тркалата меѓу предната и задната оска игра значајна улога во нивната издржливост и трајност. Со тек на времето се оптоваруваат оските на возилото. Кај автомобилите со ...
Најавата за изградба на Национален дата центар отвора важно прашање на кое засега нема јасни одговори. Министерот за дигитална трансформација во најавата на овој проект информираше дека е изработена физибилити студија која ја потврдува техничката и финансиската изводливост на проектот. Но, притоа никаде во најавата не се споменуваат еколошките стандарди и влијанието врз животната средина при потенцијалната реализација на таквата ...
Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на јужниот брег на Мексико, при што е издадено предупредување за цунами. Засега нема информации од властите за причинета материјална штета или за повредени лица по силниот потрес што ја погоди мексиканската сојузна држава Чијапас, а бил почувствуван и во соседните Гватемала и Ел Салвадор. Епицентарот на земјотресот, кој се случил на длабочина од 10 ...
Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРЦГ) денеска предупреди дека ќе продолжи со нападите сè додека САД не ги прекинат нападите врз јужниот дел на Иран и во Ормуската Теснина. „Нашите ефикасни и прецизни напади, што се изведуваат од целата територија на Иран против непријателот, ќе продолжат сè додека не се воспостави мир долж јужниот брег на земјата и воо Ормуската Теснина“, напиша на социјалните мрежи командантот на ...
По актуелната состојба во Гостивар, каде повеќе од илјада граѓани побараа лекарска помош, а поради сомнеж за неисправна вода за пиење, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, преку објава на социјалните мрежи направи споредба меѓу состојбата во поранешна Југославија и денешната состојба во Македонија, осврнувајќи се на деградацијата на животната средина, јавната инфраструктура, урбанизмот и културното наследство. Во продолжение неговата објава: ...
Турското Министерство за здравство соопшти дека отвори нови специјализирани клиники кои ќе обезбедуваат индивидуализирано лекување и советување за млади на возраст од 12 до 18 години што сакаат да се откажат од пушењето, објави весникот „Дејли сабах“. Новите клиники за одвикнување од пушење кај адолесцентите се наменети да одговорат на биолошките, психолошките и социјалните потреби на тинејџерите, кои, според здравствените власти, стануваат ...
Дресот што бразилската фудбалска легенда Пеле го носеше во финалето на Светското првенство во 1958 година е продаден за 4,88 милиони долари на аукција во „Сотби“. Бразил во финалето го совлада домаќинот Шведска со 5-2, а тогаш 17-годишниот Пеле постигна два гола и ја освои првата од трите светски титули во својата кариера. Пеле по финалниот натпревар одигран на 29 јуни 1958 во Стокхолм му го подари дресот на соиграчот Диди, кој подоцна го ...
Жител на околијата на Кападокија во Турција, под земјиштето на сопствениот дом нашол пат до познатото засолниште Деринкују, коешто во случај на војна, напад, или каква било криза, би можело да собере 20.000 луѓе. Всушност, на селанецот му паднало чудно тоа што неговите кокошки постојано исчезнувале низ тесен отвор во подрумот на неговата куќа. Следствено, додека ја реновирал куќата, ја проширил пукнатината за да провери каде таа води и така ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи информира дека во општина Шуто Оризари почнуваат конкретни градежни активности за реконструкција на улицата кон Горно Оризари, која со децении беше во катастрофална состојба. -Денес сум во Горно Оризари, во општина Шуто Оризари, каде започнуваме конкретни градежни активности за подобар и подостоинствен живот на жителите од овој дел на Скопје. Заедно со министерот Ерџан ...
На два дена до одигрувањето на финалето меѓу Шпанија и Аргентина организаторите и локалните власти имаат нов неочекуван проблем, а тоа е квалитетот на воздухот во Њујорк. Големите шумски пожари во Канада и чадот од нив предизвикаа проблем на поширокото градски подрачје. Здравствените служби издадоа и предупредување да не се излегува на отворено (без потреба) и да се намалат физичките активности односно по потреба да се носат и маски. ...
Големи облаци чад од шумските пожари што беснеат низ Канада предизвикуваат влошување на квалитетот на воздухот во големи делови од Канада и во североисточниот дел на Соединетите Американски Држави, покажуваат податоците на Службата за следење на атмосферата „Коперник“ . Како што соопштуваат од Центарот за односи со јавност на „Коперник“, предупредувања за исклучително лош квалитет на воздухот се издадени во градови како Њујорк и Филаделфија, ...
Големи колони возила и подолго чекање се забележани попладнево на патарините на излезот од Скопје, откако голем број граѓани го искористија почетокот на викендот за да заминат надвор од главниот град. Според сведоци кои се наоѓаат на лице место, возачите чекаат меѓу 20 и 30 минути за да ја поминат патарината, а колоните се протегаат на неколку стотици метри. Зголемената фреквенција на возила е вообичаена за викендите во летниот период, кога ...
Повеќе од 12.000 пораки со навредлива содржина биле испратени до тенисерки на социјалните медиуми минатата година, објавија ВТА и Светскиот тенис во својот заеднички годишен извештај за онлајн злоупотреба и закани. Во 2025 година биле анализирани повеќе од 1,2 милиони објави и коментари на социјалните мрежи. Повеќе од 12.000 објави на платформите биле категоризирани како навредливи, а 3.726 објави како сериозни злоупотреби, вклучувајќи ...
Црна Гора се подготвува да го укине безвизниот режим за руските граѓани од 1 октомври, со што ќе се стави крај на политиката што е во сила речиси 18 години. Според подгоричкиот „Дан“, кој го цитираат и други медиуми, мерката е дел од хармонизирањето на визната политика на Црна Гора со правилата на Европската унија пред евентуалното членство на Црна Гора во Унијата. Амбасадата на Црна Гора претходно изјави дека земјата мора да ја хармонизира ...
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави денеска дека Словенецот Славко Винчиќ ќе биде главен судија на финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина. Неделното финале ќе биде четврти натпревар на овогодишното Светско првенство за словенечкиот арбитер кој ги судеше дуелите од групната фаза меѓу Бразил и Мароко (1-1) и Јордан – Алжир (1-2), а беше главен судија и во шеснаесетфиналето меѓу Мексико и Еквадор (2-0). Винчиќ ...
Вештачењето нарачано од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) во рамки на предметот „Мазут“ утврдува дека испорачаниот мазут ги исполнувал пропишаните стандарди за квалитет и технички карактеристики. Предметот во моментов е на одлучување во Вишото јавно обвинителство, откако јавната обвинителка Вилма Коларевиќ ја запре истрагата поради недостиг на докази. Прашањето за квалитетот на мазутот беше ...
Турското обвинителство побара доживотни и и дополнителни казни затвор во времетраење до 37 години за 14 лица обвинети за априлскиот оружен напад пред Израелскиот конзулат во Истанбул. Според вчера објавеното обвинение, учесниците во инцидентот се товарат за извршени кривични дела обид за убиство, обид за уривање на уставниот поредок, членство во вооружена терористичка организација и нелегално поседување огнено оружје и муниција. ...
Од прогласувањето на прекинот на огнот меѓу Иран, САД и Израел, на Иранците постојано им се кажува дека војната е завршена. Но, во исто време, нападите, заканите и дипломатските преговори продолжуваат. Иранските власти еден ден зборуваат за преговори, напредок, па дури и за ублажување на санкциите, само за следниот да предупредат за одмазда, понатамошни напади и закани за критичната инфраструктура на Иран. Тоа постојано осцилирање помеѓу ...
Финалето на Светското фудбалско првенство во кое в недела во Њу Џерси ќе играат Аргентина и Шпанија ќе биде само втор официјален натпревар меѓу двете репрезентации во историјата. Единствениот натпревар досега беше одигран во Бирмингем во групната фаза на Светското првенство во 1966 година, кога Аргентина победи со 2-1. Аргентинците и Шпанците одиграа 13 пријателски натпревари, на кои Аргентина победи шест пати, Шпанија пет пати, а два ...
Бројот на ученици и студенти што се сместени во домовите за основното, средното образование и во студентските домови во 2025/2026 година изнесува 5.232, што претставува зголемување за 7 проценти во однос на претходната 2024/2025 година, објави денеска Државниот завод за статистика. Во 2025/2026 година во државава имало 9 студентски и 19 домови за ученици во основните, средните и средните верски училишта. Во нив е обезбедено сместување за ...
Ова суеверие датира од Светското првенство во 1990 година, кога тогашниот претседател Карлос Менем ја посети фудбалската репрезентација на Аргентина кратко пред да претрпи шокантен пораз од Камерун (0-1) на отворањето на мундијалскиот турнир во Италија. Менем подоцна во јавност беше прогласен за „муфу“, аргентински жаргон за човек кој носи голема несреќа, и колку што е познато, оттогаш ниту еден аргентински претседател не присуствувал на ...
Кина денеска ги отфрли како „чисти измислици“ изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во своето последно обраќање до нацијата повторно ги покрена обвинувањата за мешање во претседателските избори во САД во 2020 година. Трамп синоќа го обвини Пекинг за нелегално добивање на 220 милиони записи од гласачи во САД, вклучувајќи имиња, адреси и други информации што се користат за регистрација за гласање, и за обид за „местење“ на ...
Секторот за односи со јавност при СВР Битола информира дека синоќа во 19.50 часот евидентирале пријава за напад на ресенец од мечка. Од СВР Битола посочуваат дека во ресенското село Курбиново, Н. И. (41), жител на истото село, додека собирал печурки, бил нападнат од мечка. Веднаш по нападот, Н. И. бил однесен во Битола по што му била укажана лекарска помош во Клиничката болница. Секторот за односи со јавност при СВР Битола информира ...
Идниот британски премиер Енди Барнам денеска беше официјално прогласен за нов лидер на Лабуристичката партија откако беше единствен кандидат што ги исполни условите за избор и ја доби поддршката од пратениците и придружните организации на партијата – објави „Скај њуз“. Претседателката на Националниот извршен комитет на лабуристите, Шабана Махмуд, рече дека Барнам е легитимно избран лидер на партијата. Тој доби 379 номинации од пратениците на ...
Денеска (17.07.2026) околу 08:00 часот, полициските службеници од РЦГР Север, постапувајќи согласно Оперативниот план за спречување на криумчарење преку државната граница, на подрачјето на с. Танушевци, поточно на граничната линија помеѓу с. Танушевци и с. Мијак, забележале лица како вршат претовар и размена на стока во товарно возило „фолксваген“ со косовски национални ознаки и товарно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки. Веднаш се ...
Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против едно лице за спречување службено лице во вршење службено дејствие. На 16 јули, на локалитетот “Камени Кукли” во селото Куклица, Кратово, осомничениот 41-годишен британски државјанин го спречил постапувањето на двајца даночни контролори кои вршеле службени дејствија на контрола во однос на претходно поставени обележја за привремена забрана за вршење дејност. Тој фрлал со камења кон ...
По повеќе од 24 часа непрекината работа на терен, целосно е отстранет дефектот на главната водоводна линија во Делчево, а водоснабдувањето во градот постепено се враќа во нормала. Информацијата ја соопшти градоначалникот Иван Гоцевски преку објава на социјалните мрежи. Според него, водата повторно е пуштена во водоводната мрежа по полноќ, откако надлежните служби успешно го санирале сериозниот дефект на главниот доводен цевковод. „По 24 часа ...
На 16.07.2026 во 20:00 часот во СВР Битола е пријавено дека во атар на с. Подмол, прилепско, бил пронајден превртен трактор, претходно управуван од М.Т.(54) од с.Канатларци. Од здобиените повреди, М.Т. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција, а увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп. На 16.07.2026 во 20:00 часот во СВР ...
Основниот суд во Гевгелија му изрече доживотна казна затвор на 40-годишниот Петар Станковски од Богданци, кој беше обвинет за свирепото убиство на својата мајка, извршено во јануари годинава. Трагичниот настан се случил на 11 јануари во стан во Богданци, каде што мајката и синот живееле како потстанари. Според обвинението, по расправија поврзана со неговото лекување, Станковски ја нападнал својата мајка со нож и ножици, нанесувајќи ѝ повеќе ...